Здраво мамички Јас на кратко само да се пофалам дека проодевме Во саботата почна да пробува, во неделата веќе почна да прави по 3-4 чекорчиња а вчера по 5-6 чекорчиња. Кога порасна бе бебево толку брзо? Многу ми е смешна сега. Она си лази многу вешто уште од 6 месеци и многу е брза и сега сака одма да трча а не е стабилна и ко пијаница од кафана коа се враќа е
ја ќе се умешам за кутрето, имам две дома ги чувам, самојед и бишон ниедна не се доближува до бебето цело време на земја е на меки коцки, заобиколуваат се што е нејзино она ептен им се радува и ги сака ама овие бегаат од неа, малото дури и се плаши така да и ја очекував како тебе, е сега кога ќе почне да лази планирам да и земам и ја вакво нешто
Здраво Денес малечката падна, не и е прв пат ама овојпат малку повеќе се повреди и си заработи модрица на челото се исплачавме и двете и помина ете како ништо да не било, сега и одам по газето и ја разгалувам . Откако стана подвижна не можам да ја испратам, а таа мене ме следи во чекор, секаде со мама. Ама ми порасна бебето кога ќе и се насмеам ми возвраќа и после 7 ми скок многу работи научи и усоврши. Многу се радува на сите околу неа, кога ќе види некој вика ејјј и крева рака за поздрав. Главна ѕвезда е каде и да одиме, бевме на одмор еден куп луѓе од сите страни на светот запознавме бладарение на неа. На одмор супер ди поминавме, по пат супер. Летот траеше 5 часа, имаше кенкање ама се на се добро поминавме и во двата правци, а имавме и пат со воз 2 часа. Од компанијата со која што летавме доби first flight certificate додуша не и беше прв лет, ама мислев дека ќе и биде убаво сеќавање. Таму првиот ден се плашеше многу од вода па не сакаше никако да влезе, како минуваше времето се опушти ама само за во базен во морето никако не сакаше. По цел ден бевме на базен или на плажа или излезени да шетаме ама температурата си беше константна и не повеќе од 27 степени. Нејзе и годеше еден куп другарчиња запозна, и многу брзо ми помина, кој ќе чека до година пак за одмор. Сега главен фокус ни е роденденот што следува за еден месец. Се е договорено уште да дојде времето и да се дотераме! Друго не ми текнува @kostovaivana лесни чекорчиња на Калина Поздрав
Јас имам самојед исто кој е голем и го чувам во двор и сега бебе малтезер, самоједот е одличен со деца, син ми израсн со него, колку е мирен, син ми уште пробува да го јавне, и нема шанси да го гребне или турне многу е внимателен ама малтезерчево 1 месец го имаме син ми го збесна, цело време е како бркнато во штекер, тоа е внатре, фаќа играчки, алишта, се живо влечка, и апе многу,со него и син ми у комбинациј бебе ни во оваа ограда нема да е бш сигурно, ке видиме како ке биде.
ау чим е толку мало знам ужасни се малите раси, ќе ти треба уште од почеток ограда, ние ја имаме бишонката година ипол уште ни демолира се по дома и едвај ја научивме да оди надвор цела година и требаше, а самоједот ни е постар и таа е препаметна, ама па и двете бегаат од бебето луда куќа сме дома да не бидам оф топик, со лесно
Фала мами Ти ко мене си, и мене месец дена унапред цел роденден ми беше испланиран . Најубаво да си поминете и чекаме слики
Ајде една тема... Дали би ви било ок да оставите дете кај баба и дедо и они без да кажат да го однесат еден ден до Бугарија? Не се работи за мое дете ама искрено се шокирав така малку.
Полномошно им било дадено за 1 месец во трајност да го носат на одмор (да не прецизираат датуми) Од одмор се вратиле после недела дена отишло детево кај баба и дедо и мајкава не можела да ги добие на телефон и и пишале ние отидобме за бугарија ќе де вратиме до вечер
Маж ми не ги носи децата без да каже каде ќе оди, а не пак баба и дедо. Јас би била лута. Мајка ми и свекрвата до двор или до пред зграда за да ги изнесат ме прашуваат за дозвола. Туку ме загрижува како тоа дете поминало граница без родители. Едит. Сега прочитав дека им било дадено полномоштво, изгледа премногу слобода си земале бабата и дедото.
Што не ги пријавила во полиција Полномошно кога се дава нели е со адреса на престој и за конкретна држава. Ја кучево кога го вадам ми бараат точна адреса на престој да поднесам зар за дете е за цел месец полномошно?
Не знам, јас размислував како би јас реагирала во таква ситуација.... И мојте родители да се нејќе да ќе ја чуваат веќе ни ден. Не знам детали околу полномошното толку ми кажа жената дека полномошното го дале за да можат да го однесат на одмор детето со тоа што не де знаело точен број на денови па направиле за цел месец, детето најверојатно поминало граница со истото полномошно....
Зависи колкаво е детето. Ако е поголемо, не знам 15+ веројатно е по негова желба/иницијатива/барање. Тогаш ќе им се лутам нив, ама повеќе на себеси шо сум потфрлила како родител да не ми каже детето каде оди. Ако е помало, тоа ќе им биде последно гледање без мое присуство, небитно за кои баба и дедо се работи.
Се работи за дете од 6 години. И 16 да има ,зар се оди по памет на дете? Не знам шокирана останав од светов како некои работи толку лесно си ги дозволуваат.
Не се оди по памет на дете, ама на 16 години не можеш да го излажиш/поткупиш за да оди негде или да направи нешто ако не сака. На 6 можеш и те како.
Не не би било ок. Мислам дека ќе ги кренам во воздух вака да ми направат. И секако никогаш повеќе не би имале прилика ни до двор да го однесат, а не надвор од држава. Едит. Кога сме кај ова. На пример кога даваш полномошно/ дозвола како се вика тоа, да го изнесат од држава, дали ставаш датум од до или како иде?
Јас бесна сум кога го оставам дете кај свекрва ми, и кога ќе се јавам по неколку саати и ми кажува на гости на крај од градот отишле, не пак надвор од државава. Ќе ја направам големата од моја страна… и со прашање не знам дали би го пуштила не пак без прашање. ц ц ц