@eli25 книшка купуваш ја пополнуваш ти, ја носиш на работа и од таму електронски ја заверуваат. Потоа си бираш матичен лекар.
Значи во лето ми е најнапорно се па и вечерната рутина. Многу е топло и излегуваме покасно околу 18 часот зависи, некогаш 17 некогаш 19 часот, до 20:00 (кога зимно време сме во кревет веќе) и дома вечера, бањање, спремање за облека за утре, станот хаос е како крадци злато да барале од 20 до 21 часот. Во 21 легнуваме додека заспијат 21:30 ама некогаш се случува едното дури 22:30 да го фати и тогаш веќе сум како вулкан што избива со радиоактивна содржина. Ако е претешка вечерната рутина ми треба време откако ќе заспијат да се прочистам од стресот со сладолед или нескафе, зависи колку тешко и двете може, еднаш месечно и чипс чувам во тањир и пуштам телевизор ама нит гледам тв нит го јадам чипсот битно онака депресивна улога да заземам и ми поминува се. Не знам како ќе го преживеам летово многу ми е топло. Едвај чекам септември. Јас не можам да поверувам дека некој сака лето. Јас сум за повеќе деца на помлада возраст, одма после средно значи, па после факултет кога ќе одат на школо тие, и баби и дедовци на помош што живеат во друга куќа/ стан, модерни, што не знаат ни една бабина деветина и не се досадни, со осет се. Во некој период сум што се знае дека од него само добро ќе произлезе ама скренувам моментално. Добра ноќ
Хелоу Кој знае од кога немам пишувано тука. Ја заборавив темава. Дојдов маките да си ги кажам. Пред месец дена ќерка така силно ми стапна, т.е. ми скокна на градата додека лежевме, абе господ у пижами го видов, цела ми ја смачка. Уште ме боли на местото на допир, под ареолата. Ми е страв на лекар да одам Не знам дали е паметно нешто да мачкам или зелки да ставам.. Згора на сѐ и ковид фативме, лесно минавме со по ден-два температура ама 5ти ден каде што седиме дома, како 5 месеци ми се гледаат. Ужас тешко. Малава вади тројки, неподнослива е. Добро колку трае нервозата од забиве?Долните се малку пробиени се гледаат врвчињата, а горните секој момент треба да пробијат, натечени се. Ептен ја мачат изглеа. Не сака играчки, не сака активности, не сака цртани, абе ништо не ѝ е погодено само ‘мама мама’ пишти плаче со прстите во уста. Сака надвор со децата да игра, ги гледа од балкон и се дрецка да излеземе. Ајде со кола се развозуваме кај што нема луѓе ама само попладне кон 19ч пред тоа ми е прежешко. Се буди ноќе точно во 00:30 плус минус пола саат за на спална да ја земам. Ова трае веќе 2 месеци. Една ноќ нема да речам дека убаво спиела и не ме побарала. И така немам нешто посебно друго да кажам..Си се изнажалив тука ама тоа е што е, се надевам дека подобри денови доаѓаат
За да ја осигураат доволно е да им јавиш на работа дека сакаш да биде преку тебе. Јас така направив и ми потврдија дека ја осигурале, а книшката треба накнадно некој ден да ја однесам само за да ја заверат. Откако е осигурана мислам дека веќе можеш да ја пријавиш кај матичен.
Ве читам цело време ама не ми се вдаде ни време ни шанса да пишам нешто. Сега идам од работа па од бус чачкам. На мака сум, физичка психичка емотивна секаква. Ми доцни циклусот 5 дена. Во план за дете веќе не сум. Ама еднаш сонив сон, добив информација дека некој чека бебе, некој многу близок и јас сум рекла изненадено - да знаев ќе ги сочував алиштата од син ми ама џабе, бебето е женско. А сопругот па сонил како сум купувала материјали и сум шиела фустанчиња за девојче. Искрено да кажам не можам веќе, истоштена сум т. Е така се осеќам таман малото пркна (3год ќе прави) сакам малку да се растеретам од тие обврски да се посветам на домот работата па и на себе малку. А и доволни се две деца. Не знам. Некако се осеќам како да ми е смачено од деца, уствари од сите обврски и напорите за подигање на бебе. А ептен негде длабоко сакам деца, кој не сака посебно девојче, двете ми се машки. Ама не можам. И на крај од сите тие мисли си викам ајде Господе давај таму каде што треба.
Mislam deka moze, moja prijatelka samohrana majka napravi sega 3 polnomosna za da odi deteto na kamp, da odi so nea i da odi so baba dedo i gi napravi do dekemvri 2022 bez konkretni datumi tuku za toj period.
Можеби не велам не, ама како и да е мислам дека така е сосем небезбедно за малолетни дечиња и по мене недозволиво. За да продадеш туѓа кола треба да има на кого се продава колата до ЕМБГ со купопродажната цена со се и до датум на продажба, не па за дете да изнезеш надвор од граница, некако ми нема логика. Нејсе.
Taka e taka epten se soglasuvam i jas se cudev kako taka se izdava polnomosno za 3 razlicni luge so rok do nova godina ama ete mojata chudesna zemja Makedonija i se e mozno
Здраво мајки, еве ме и мене прв пат во темава. Ај што бременоста не си ја осетив, многу брзо ми летна со пропратни други обврски, него и бебе многу брзо ми расте! 6 недели и 4 дена денес, толку мала, а толку голема. Дека секој ден го поминуваме заедно јас ја мислам кој знае колку порасната, а кога ќе ја земе некој друг сфаќам колкацко ситно колаче е. Многу станав посесивна, со тешко срце ја давам на други, ич нејќам ни да ми ја гледаат, ни да ја нема повеќе време. А не оти сака кај други многу, лепенка за мама, мочкам со брзина на светлината, за јадење да не зборуваме. Коментари очекувани, не ја учете во раце, сама треба да е во количка, сама да спие, бла бла, а никој го нема почувствувано моментот кога бебе заоѓа од плачење, си реков никогаш веќе, макар да ми отпаднат рацете. Првите 2 недели ми беше таков шок, промена, плачев повеќе од неа, ама сега сме добри, ми доаѓа тешко ама повеќе е убаво, стресот за опасности се намали, полека фаќаме ред. Кој би рекол дека толку ќе се радувам на прдење и подригнување. Секој ден нешто ново имаме, дефинитивно после 1виот месец имам ново бебе во кое сум заљубена. Мама сега чека породилно да почне со шопинг и еден куп играчки.
Да шкртнам и јас збор два дур спие Бубич. Тегнам кафе у двор И продавам патлиџани три за сто, три за сто...како алва одат на дедо доматите Бубето е интересно, на сите купувачи им се смее, пружи рачиња коа го закачаат Ми порасна бебето а јас не осетив ништо . Колку само била убава улогата - Мајка Не можам да замислам колку ќе плакам од среќа кога за прв пат ќе ми рече -мамо. Додуша понетрпелива сум да го слушнам да рече - тато Нека ни се живи и здрави само , нон стоп тоа си го повторувам Маж спие од дежурство, го чекам да стане да го причува малото , а јас да спакувам торбиците. Сабајле пак ќе тркнеме на три дена до морето. Најавија жештини па ние брзо брзо да избегаме од овде. Ама следната недела има да се одморам како човек. Ќе се оди Велинград ( мислам кажав веќе). Ама пуста радост оти и мама и тато ќе идат со нас па само тоа бумкам. Не можам да дочекам веќе. Се буди бепка Да и дадам млекце па да го носам кај татко му, а јас раат да си фатам по дома. А морам и јас да се средам за на плажа де Гушкајте дечињата мајки Специјална гушка до снајка @eli25
Во темава не беше забрането жалење така? Заспаа и викам конечно да здивнам и става ѓезве за вода за обично нескафе кесичка и слушам плаче бебе, не бе викам ова мора да ми се причинува и си продолжувам филџанот да го измијам од првото турско недопиено утринско кафе и го слушам стварно плаче, и влагам во спална иста глетка бебе на стомак и гледа накај врата ме чека да дојдам да одговорам на плачот Јас и деца, значи ич не ме бидува за позитивно родителство, да треба таков текст да напишам за милион долари јас нема да успеам. Реално или негативно кој како сака нека го нарече експерт сум Многу се потресувам, малата стомак рече дека ја боли ама чичко гугл за прв пат смирувачки одговор ми даде дека најчесто е безопасна болка ама родителите паничат и одма одат на лекар Ок имало и позитивно нешто, малава, бебето што плачеше 24/7 и беше (и сеуште е) тежок карактер, цело време ме моли да сме седнеле во некој кафич. Не беше возможно на кафе со неа ама ете помина и тоа и сега таа мене ми вика. Едно седење можам да издвојам кога седеше мирна таа си зеде играчки од дома си ги нареди на маса, пред да одиме си ги собра, мирна, паметна, културна, и бебе седеше во количка мирно седнато и си реков леле што убаво вака никогаш не било до сега Темава е многу слабо активна како да нема мајки на форумов, ептен чудно Да пробам пак да уживам во едно нескафе Со второто дете изум ми е турското да го покривам со алуминиумска фолија за да не се излади Е сега и за третото (не сум бремена) имам изум, електрична четка за миење забу, ја ставаш во креветче или во транспортер и вибрира и испушта звук како бели звуци Може и треба да си легнам @RainBow Дали може тема за сите ние што рековме никогаш уште едно дете? Не знам како би бил насловот за пократок да е ама да може да се најде на лупата. За сите што рековме и колку деца имавме после тоа и како се случи намерно или не, какво мислење имаме после тоа…
Хелоу и од мене Си седам вака на тераса, со еден џин тоник до мене ( три капки џин, и многу тоник ) ве читам па реков ај да ве поздравам.. Синко денес ме измори саглам.. Си бевме кај моите 5 дена, таму ладовина, двор, уживанција.. Секој ден по 3 дремки од саат ипол имаше, не можев да се начудам.. Денеска, едвај пола саат дремна, и цел ден кенкаше, ама вечерва кенкањето кулминира во страшно плачење, и едвај се смиривме и заспа.. На раб на лудило бев, малце ми фалеше да си се исплачам и јас со него.. А дојдовме дома со наполнети батерии, и во нецел ден си ги потрошивме треба изгледа да не врати мм назад кај мојте Спремаме свадба/крштевка, почеток на септември, ако нема некои измени, па уште од сега се секирам како ќе издржи синко цел ден мрцварење, музика, луѓе.. Уште една недела, полниме 6 месеци, пола година си замина.. Преееебрзо синко ми расте, прав црвец е, место не го држи, се врти, лази, се дига да стане, милион акробации во рок од минута..А, јас седам и се топам додека го гледам, па уште кога ќе ми се насмее, срцево мислам, ќе препукне од радост И така, се распишував и јас.. Бидете ми поздравени женскик имајте убав викенд
Здраво мајки. Ајде и јас да се приклучам во темава, мајка по втор пат, породена на 10ти. Прво бањање денес, цицање и нормално типкање со една рака. Уште не можам да си дојдам на себе од царскиот. А и ќере големава станува невозможна.
Честитки мама Како е бебче? Ти како си? Голема ќере љубоморна е? Моја другарка мака мачи со поголемото и љубомората веќе 7 месеци
Откако наполни 10 месеци детево, јас се препородив! Многу се радувам. Како сѐ да научи преку ноќ. Ама буквално сѐ знае. Сам оди. Сам се искачува и се спушта по пиклеровиот триаголник. Сам си ги мести кутиите една врз друга, формичките ги става во точното дупче, ми дава патики да му облечам, ми покажува точно што сака, му велам да го донеси слончето, тој од сите играчки баш слончето го носи, дури и заби си четка пред легнување... Секој ден си потплачнувам по малку како некоја будала. Колку брзо ми порасна бебушчето, од едно мало ќофтенце веќе се претвори во детенце.
Здраво мајки како сте? Не ми се верува дека дојде ред и јас да пишувам во оваа тема. Денес правиме една недела како вчера да се породив а тек поминала една недела. Мене бременоста дур трепнав ми помина така сега и бебето ќе ми порасне. Сега само спикаме ручкаме и тоа е, некои 10тина или 20тина минути е будна и заспива пак. Оваа недела имам помош свекрвата ми помага, ама од понеделник со маж ми сами, малку страв ме фаќа како ќе се снајдеме.
Опааа живнува темата, ако ако... нек се прераскажуваат овде убавите секојдневиа на мајките со нивните плавковци! @gjoker4e твоите постови многу потсетуваат на времето кога јас бев мајка со едно поголемо дете и едно бебе. Се се одвива во брзање, па не стигнува денот, па луксуз било кафе да се напиеш, па здрмува и депресија... ехеее, се сеќавам беше и кај нас исто. Ме фаќаше она чувство на вина дека не го уживам тој период од нивното растење, како да си потајно посакував да потпораснат! И се мислев дека едно од децата ми е подзапоставено. Ако се посветам на големата, леле совест ќе ме докрајчи дека малата не била со мене... и обратно! А тоа бил толку убав период, кој малку поопуштено требало да го живеам... Сега се веќе поголеми девојчиња, и да признаам полесно е. И овој период си има свои убавини, се топам кога заедно си играат, кога големата ја облекува малата, кога малата наутро прашува - каде е дада! Заедно се тим, кој многу ме радува а понекогаш страшно ме нервираат. Понекогаш и се караат, ма и се скубат за коси... интересно ни е по дома! Другооо... летово многу ми годи, не дека уживам во жешко време , туку ми е супер што денот е голем и времето на децата е супер исполнето. Им помина интересот за цртање, режење , боење, ама сеуште се возат велосипеди надвор, се игра со другарчиња, играат и на маалското игралиште, нешто книга, нешто телефон и исполнето поминал денот. Често одат и на село и од таму се враќаат со случки за нив несекојдневни. Леле радости е за новороденото теле, за мелкото кое со количка го носат некаде, за коњчето, мачорот, кучето ... Извалкани , уморни , импресионирани... пресреќни! Тоа мајки! Ме фаќа жал дека пола лето помина. Планираме и одмор, ваљда Грција, ваљда август ќе е... јас сакам сами, мм сака со друштво! Одам, убав ден на сите!
Ама ме потсети ова на мене Јас од мајка ми имав помош 20тина дена и кога си замина она јас останав во шок. Како и што ќе правам сама. Верувај одма ќе се снајдеш И многу полесно ќе ти е сама со мт Ај добар ден. Божем Грција ќе идевме , ама ништо. Маж имал некој тежок пациент на одделение, па морал овде да се вртка. Си појдовме Дојран. Не е лошо колку да се мавнеме малку од дома. На синко па ич не му мења езеро ли гледа , море ли. Он е воодушевен само надвор да е И да има ногу луѓе и шамата околу него. Љуби га мајка, цел е на нас Кафанка му е втор дом Се ближиме до полни 7м, а мене ми се чини ко неќни да имав позитивен тест, а вчера да се породив. Многу, многу брзо бре лета времето. Фино ќе беше да бевме многу многу помлади и да имавме можност за уште 2-3 деца да имаме , ама тоа е . Нека ни е живо и здраво ова , само долго да му се радуваме, збор нема да изустам да копнеам по друго или па да барам уште некоја убавина да ми се деси. Ми ги услиша дедо Боже молитвите , ми го даде Славен доста е Гушкајте дечињата мајки