Фала. Добра сум, малце болки и тоа е тоа. Бебо со малку жолтица, инаку добри. Како што не изненади во 35 недела, супер сме. Големата е љубоморна повеќе од што очекував. Ама се привикнуваме. @shz и бебо само спие. Максимум 10 мин будно и пак кома.
Едно потсетување дека темава не е за барање на совети, туу за споделување на секојдневие. За совети имате посебни теми за секоја возраст.
Денот почнат тешко, непроспиена тешка ноќ, маж трета смена, бебе веројатно вади забче па стануваше со плачење секој сат, ќерќичката се разбудуваше повремено од неговото плачење, мачна ноќ за тројцата. Сабајле рано будење од синко во 07 часот, па ајде спремање доручек за него и евеја и керќата стана па ајде заедно го храневме баткото. Одвај дочека керќата да стани мажотми да ја однеси кај моите на базен. Ја спремив замина а ние сами со синко. Тортурата продолжува плачење на секој сат, спиење нема ни денски ни ноќе и цел ден така.
@Eli23 од жолтицата спие. И кај нас првата недела беше така само спиеше едвај ја будевме. Ама брзо се среди иако уште е жолта во лицето само Добро утро. Ноќеска стандард немаше спиење, кога го преспива цел ден навечер е журка. Па и систина на дежурен завршивме, мајка кога ќе испаничи ништо не ја сопира Бато и тато ни заминаа на базенче, јас ја чекам мајка ми да дојде да ја причува, да исперам алишта, правосмукална, џогирање, пеглање… Синоќа исчистив тоалетите, дури дежуравме викам бар нешто корисно Едвај чекам 40 дена да направиме да се удриме повеќе во акција Шеткаме и сега не дека не, ама мериме улици само Имате убав ден
Дали само јас додека дојам ослабувам или има и други со ист проблем? Јас ионака бев слаба сеа сум послаба и од пред да останам трудна
Добар ден, иако се осеќам ко да ми е утро. 2 саата спиење, 2 саата будни. Раната од царски се мислам дали се воспали или само го ресорбира конците. Од вчера само потчепкувам по нешто низ дома, после се жалам не можам.
Еј не го знаев ова Знам дека се слабее ама до толку ли јас сум фит моментално Послаба сум од претходно, качив 7кг. а сега сум минус 10 . Со синко исто беше на доење, симнав кг. ама не до крај, дали дека си јадев повеќе , он кога ќе цицаше јас обавезно по тоа каснував нешто, сега баш и немам време со две деца дома И мислам ме зезна сокот од јаболко секој ден по 1 Л пиев, сега само вода. Па и боза пиев
Здраво мајки Ми се собрале многу страни за читање, ама сите ве прочитав Ние од мај месец не сме застанати дома, само обврски и шетање Во мај правевме свадба, крштевка и роденден. Преубаво поминавме. Мартин мирен, премирен. Кај сите седеше, си играше на музиката. На моменти дури не ми се веруваше дека толку е расположен, дека претходно бев исплашена како ќе биде. Битно тој највесел беше на свадбата од мама и тато После свадбата заминавме кај свекрвата, баба му на мм беше тешко болна, па плачеше по Мартин. Таму бевме на неколку дена и освен ситуацијата со неа, преубаво поминавме. Мартин уживаше на село, цел ден надвор, дедо му земал и базен,па се шлакаше во вода После заминавме кај моите, таму цело време излезени на плажа. Мартин беше пресреќен ама само за играње со камчињата, во вода не сакаше никако. Ми одговараше ова оти и јас воопшто не сакам да влегувам во езеро, море.. Мама си уживаше со кафе во рака Таман се вративме дома,на бабата и се влоши состојбата и повторно не побара да не види и таман стигнавме, не гушна на сите и си почина Душичка ни беше на сите, многу не сакаше особено на Мартин Конечно после повеќе од еден месец, се вративме дома, па цела недела алишта средувам, крај нема Многу ми е пораснато синчево, повеќе и не ми иди да го викам бебуш. Веќе е детенце. На вечер некогаш си плачам од неверување кога порасна моето глувче. Се исправува на се што ќе дофати, многу сака да оди ама се плаши. Ако има некој на другата страна да го чека тргнува, ако не нема шанси да оди сам. Од раѓање си беше мирен и таков си остана. Стои скоро со сите, само не заспива со никој друг освен мене и ретко со татко му. Ама не се жалам, убаво ми е што си имаме некои моменти само за нас Татко му беше и му остана омилен лик. Писка на цел глас штом го слушни дека си иди дома. Штом го гледа него мене ме заборава. Со него сака да јади, да игра, јас небитна. И најважно никако не сака да се гушкаме ние двајца. Него да го гушкаме само Денеска не ни се оди никаде, и двајцата сме дома па да средиме малце оти хаос е. Сега го пијам кафето и да се враќам на работа дури спие Мартин, оти после ми префаќа се. Имајте убав ден
И јас исто, јадам оти треба да јадам глад не сум почуствувала. А додека бев бремена скоро цело време бев гладна добро е на толку јадење сега изгледам како да не сум раѓала, слаба сум како порано.
Добар ден мајки на најубави бебиња и деца Не сум пишала на темава не паметам од кога, ама редовно ве читам. Гледам има и нови мајки и искусни со нови бебиња. Сите да сте живи и здрави. Нека се полни со нови членови, мерак ми е ептен. Обожавам лето, ама ова бе не е лето, пекол е. Поцркавме во метрополата, па избегавме под Пелистер. Таму за нијанса поладно, ама гратис од градот измутирани комарци шо јадат сѐ живо и диво. Во живот не ме каснал комарец, сега целата изрешетена сум, синко потечен на места на убоди, маж со крвави убодни рани. Ко во војна да сме биле личиме. На синче лиценцето му е изобличено од оток на челото, не си личи на себе. Жалче ми е, љубов мајкина. Малтофер допивме конечно, хемоглобин средивме конечно. Дишам раат. Само да го одржуваме во граници, ама без препарати, со јадење ако е можно. Официјално скаран е со овошјето. Ни на слика не сака да го гледа, ми врти страни од книгите со овошја. Па морам да го правам тоа шо никогаш не сум го сакала и да камуфлирам во каши. Е после прашање е дали ќе ја јади кашата и колку ќе изеде. Морам да го пофалам дека е многу вешт со прибор за јадење, особено со виљушка. Мене многу ми беше страв, ама дефинитивно некои наши стравови само го кочат развојот на децата. Со виљушка е добар, лажичка така-така. Ако јади супа на пример, супа има секаде освен кај него в уста. Ама ќе се научи и тоа. Со спиењето конечно сме во шема. Една година ни требаше за да ги средиме денските дремки. Спанко си е на мајка и татко златен, си поспива убаво насабајле. Покасно легнува навечер, ама ни одговара летово да е така, на зима ќе му ја мислиме Цице уште му е љубов број 1. Кога го прашувам дали сака да цица на цел глас вика 'да, да, да!'. Па тоа среќа е невидена, за ништо друго така не се радува. Има еден знак со рачињата шо ми го прави кога сака да го станам од маса додека јади, па сега почна и кога ќе заврши со цицање да ми го прави. Демек доста е, облечи се. Не оди сам уште, само со држење и преместување од еден до друг предмет, онака неосетно дека не се држи. Од прв ден од кога почна да се исправа стапнува на цело стапало, не на прсти и тоа многу ме радува. Засега обидите му се да стои самостојно. Застанува, си аплаудира сам за успехот и бапнува на газ. Многу сака да си игра со коцки, сортери и музички играчки и играчки со типки. Иако најомилена активност му е "редење" алишта, собирање на штипки за алишта, метење со правосмукалка од која претходно мнооогу се плашеше и секако прскање со прскалка и бришење прашина. Уште да го научиме да готви и можи да се оддели од нас и да живее самостојно, така се смее татко му. Му купивме трицикл, бидејќи не засака да седи в количка и се возбудуваше многу кога ќе видеше дете на трицикл. Го сака, ви се верува? Седи во него без проблем и ги вика сите кучиња и мачки да дојдат кај него. Обожава животни и едвај чекам да поминат жештиниве и да го носиме в зоолошка. В парк му приоѓа само на помалите дечиња и бебиња, ги поздравува и гали. Поголемите ги гледа само оддалеку и под око. Ако му пријди поголемо детенце, ги игнорира, ѕирка неосетно само. Битно на сите повозрасни жени им довикува 'бабоо!'. Исто и на некои од моите другарки така им се обраќа, ваљда тоа му е полесно. За одмор ќе чекаме септември. Многу се надевам дека ќе се стави под контрола ковид ситуација, барем колку што може. Мерки и така и така, ама карантини не би поднела повеќе, полудувам од самата помисла. Се одлучивме за Грција, Турција ќе почека за некоја следна година, Боже здравје. Далеку е септември за да бројам денови, ама со душа го чекам. Ај да бидеме поактивни на темава, прелесна ми е. Ве поздравувам сите. Имајте најубав ден, гушкајте љубови најголеми.
Еве ме и мене да пишам некој убав збор Да се изнафалам колку преубаво си поминавме во Будимпешта и колку моево бебе беше најмирно на свет. Летот натака го преспа, за назад цел лет ги вадеше флаерите од седиштето пред нас На аеродроми на сите им се смееше, таму од сабајле до вечер шетавме и пресреќен беше. А и ние. Малку во количка, малку тато со кенгур, доручек ручек и вечера надвор, млекце надвор, радување на музичка фонтана на тој островот на Дунав, успевавме и да ручаме сегде раат, си поспиваше бебе по саат-два па темпиравме. Толку беше се супер што сега мислам дека на крајот на светот можеме да отидеме. И таму си ја преспиваше цела ноќ и остана се непроменето и непореметено. Ми се оствари сонот да ги видам и чујам Pearl Jam во живо, арената преполна, пеење до болење грло, рипање и играње до бескрај. Немам зборови колку ни беше убаво и на мене и на мм, башка после 9 месеци за прв пат сами излезени. Која слободичка било уствари Додека бевме на концертот, бебе и баба си се чуваа во апартманот. Прв пат го оставаме на некој, само што излеговме почнав да плачам. Абе боже сачувај сум ама се опуштив. Толку супер поминале со баба што би го оставала пак и пак и пак. Три часа занимации, јадел и во 9 го успала. Ние се прибираме во 1, тие двајца кома И со свеки се зближив уште повеќе некако, ептен е супер жената. Денес бевме кај неа за бебе да се шлапка во новото базенче. Ние немаме ни двор ни голема тераса. Уште една новост, од утре почнувам со работа. Само утре цел ден во канцеларија за сетирање на нов лаптоп, па после од дома. И мм работи од дома, со флексибилно работно време, па синко ќе си го чуваме ние. Не е многу захтевен, сам си игра, сам заспива, спие 2×2 саати така да би требало да се снајдеме. Одвај чекам некако да работам, ептен си ја сакам работата. Не знам само кога летна времево... Убава неделна вечер мајки, одморете малце, па од утре со нови сили.
@MilaSs12 само што го читав мојот стар пост од пред неколку месеци кај што прашувам за совети и предлози како да отидеме на концертов со бебе и дали би го оставиле дома со баби и дедовци и видов дека твој предлог е да си земеме една баба со нас таму. Од таму и ми дојде идејата па да ти кажам едно огромно фала!
Многу ми е страв и цел ден нешто плачам свекрва ми си отиде и ми е страв како бебето ќе го чуваме. Прееска и сменив памперс едвај панталончињата и ги облеков се испотив, маж ми само паничи не сакал да ја слуша како плаче, срце му се кинело, бебе е му велам ќе заплаклува некогаш. Можеби и грешка направив прво ја пресоблеков па ја нахранив.
На овие горештини јас по памперс би ја оставила, евентуално боди без ракави. И обиди се да бидеш смирена, ако ти си вознемирена, многу веројатно и бебето да биде, бидејќи ги чувствува твоите емоции.
Само што си дојдов од болница, од врата што се вика, сама и сменив памперс и ја нахранив, иако свекрва ми беше тука. И кога имаше грчеви сама си ја оправав по цели ноќи. Нема што да кревате паники, сите се снашле, ќе се снајдете и вие. Ќе плаче, ќе има грчеви и тогаш уште повеќе ќе плаче, ќе пробуваш се што знаеш да и помогнеш и ќе помине. Ќе има и непроспиени ноќи, и сака да јаде, не сака, па бљуцка, повраќа, се искакало, не се искакало... Се е тоа дел од растењето на бебето. Нема поубаво од сам, мачно е, ама твое дете, твои одлуки за него. Баби се баби, ниту се должни, ниту треба да се оправаат со новороденче. Јас сама инсистирав се во врска со неа јас да си правам. Имаше ноќи кога бладав од умор, она вришти од грчеви, ама свесно си ја родив и свесно си ги сносев 'последиците' И не ја наоблекувај во панталончиња долги, многу е жешко, ако е мала. Рацете и нозете ќе и се ладни што е и нормално, немаат циркулација они во периферните делови, води се по грбче дали е топло. Земи ромперчиња, најпрактични се.
Алал да ти е за постов. На првото дете не му се радував асално што се вели првите 40 дена зашто мајка му на мм доаѓаше непоканета, се плеткаше, само нервози ми создаваше. Е сега за ова дете здравје кога ќе се породам, уште отсега му кажав на мм да не помислила мајка му да ми се плетка и да кажува вака- онака и да ми се нуди за бањање, адети да ми тера. Ако сака бебе, има современа медицина, нека роди.