Сосема нормално е да се плашиш, нова ситуација. нова улога во која не си била досега. Бебето си го носела девет месеци, делче од тебе е. Не го наоблекувај, нема потреба од никакви панталончиња, ти кажаа погоре, гушкање многу, другото ќе си стане рутина малку по малку. Јас првиот пат не знаев како да ја избањам, среќа маж ми присебен. Немај гајле, ќе се навикнете и двајцата, сите родители сме поминале низ тоа, ама брзо се влегува во форма.
На почетокот беше овде свекрва ми, као за јадење да прави за кое сама инсистираше ( и кое после на глава ми го качи), па почна водичка со лимон да сум дадела, зошто икала не било убаво за срцето, ми се темнеше детето кога ќе почнеше да ика, драми, леле бабе, леле бабино зошто икаш, дај му водичка, та дај му водичка, првиот пат кога доби грчеви детево - ајде право трчете на доктор (само не знам што ќе и правеа таму, кога едноставно тие се дел од разработувањето на дигестивниот систем и логично е да се јават), уште од старт ноќеска да не сум и давала млеко, како така ќе сум ја учела ( јер дете старо 3-4 дена треба да има режим на исхрана и мислиш таа стануваше ноќе, а не јас) ама јас за се си останав доследна на своите убедувања и не попуштив. Да не биде само дека свекрва ми, и мајка ми кога ќе ја видеше на камера без капче, припаѓаше, како во јануари без капче, ама и таа си остана на игнор Затоа од сам нема поубаво. Тогаш си и најорганизиран, можеш да си испланираш бидејќи нема кој да ти се плетка натаму, наваму. На волкот му е дебел вратот оти сам си ги лови овците
Им честитам на сите нови мајки, уживајте и бидете полни со самодоверба, никој никогаш нема да знае подобро од вас за вашето бебе. И јас мојата ќерка не знам дали е бебенце или детенце па се зезаме и старо бебе ја викаме. Ќерка ми да е жива и здрава, темпераментно детенце се погоди, вчера бевме излезени таа на под, одеднаш почна хистерично да плаче и да си го гледа рачето, кога и ја отворив раката има што да видам, оса, се ми беше јасно и ми се стемни веднаш пред очи, прво нешто што помислив беше алергиска реакција… И ги измив рачињата, убодот беше на показалецот па почна да отекува. Среќа до нас имаше аптека па влегов да прашам што како. И немаше ништо само мал оток на прстот што се повлече по неколку часа, плачката траеше само 3/4 минути. Потоа го држеше прстот цело време нагоре и кога ќе го видеше ќе се раскенкаше, многу беше смешна. И да си кажам дека ќерка ми ме врти на малото прсте. Кај мене цело време во раце сака и внимание 100% , кај татко и си кроти во количка. Овие горниве заби колку време им треба да пробијат?! Мака измачивме со нив, цело време сум убедена дека утре ќе пробијат и никако ги нема… Тоа е, ќе чекаме Поздрав и убаво ноќ
Ехх, ве читам и пуштив некоја солза. Ме потсетивте на почетокот. Се вративме од болница, првиот ден го отспавме заедно, ноќта бебе почна да плаче. Ја се тресам, што е и нормално, првпат го гледаш човеков во живот, го знаеш вкупно 5 дена, од кои не сте се ни виделе како што треба, од кај ќе знаеш шо му е и како да го смириш?? Ете ја мајка ми, на секој плач ми го земаше од раце. Се отепав од рикање, неспособна една, не знам сопственото дете да си го смирам, не знам ни што му е, ни песнички знам да му пеам, ништо. Од следниот ден, штом ќе пушти глас, мајка ми пак ни се нацрта во соба. Е ама ѝ свикнав, остави нѐ, како знам и умеам ќе си го смирам, ќе си го облекувам како мислам, така и за сѐ друго. Ако не знам, ќе прашам, ќе прочитам, ќе научам. Ако згрешам, и од грешките ќе научам. И така, собрав сила, неколку ноќи си плакавме заедно, послето се запознавме поубаво, почнавме да се разбираме, се засакавме полека и сега веќе најмилото гласче на цел свет по цели денови по мене вика "мама, мамо, мама, мамо".
Живи и здрави да сте, честитам на сите нови мајки. Не се плаши,верувај дека иако мислиш дека ништо не знаеш се ќе знаеш да направиш за своето бебе. Мислам дека мајчинството е вродено не ти треба никаква претходна подготовка или учител дома,верувај ми од прв ден сме сами со бебе секогаш ќе знаеш кога како да реагираш. Може ќе бидеш ненаспана и уморна ама ќе бидеш среќна и горда.
Јас вечерта кога останавме сами прв ден дома, од паника сакав да се вратиме во болница Ама, за два/три дена си фативме рутина со маж ми.
Не знам од каде овие адети да доаѓала свекрва па и мајка на помош. Они чувале бебе пред 30 год. од каде сега ќе памтат се? И нормални се тие коментари вода со лимон , па зошто не пие вода, па голо е ќе се разболи итн… зошто они така чувале. Ајде и за ручек да правеле , ама неизбежни ќе бидат коментарите . На мајка ќе и свикаш, ама свекрва којзнае како ќе сфати. На цимерката и дојдоа дома и мајка и и свекрва и Господ напомош, 40 дена дома со мајка и свекрва! Јас така ќе се наполнам само со нервоза која сигурна ќе се одрази врз бебето. Од сам поубаво нема И да креваш паника за нешто, таа ќе биде поголема они ако се тука,ќе почнаѕ леле брзо на лекар, леле што му е , си знам по мајка ми кога ќе не напне. Или кога ќе прашаат , кој го бања? А кој треба? Ние прошетавме малку низ уличките со сенка, сега дома бебуш нана, синко игра , вика пее песнички бебуш само се штрека. Шо да ти праам мама и велам, вака учи се со баткото, тишина нема Многу плаче бебушка кога ја бањаме. Онака глас не и се слуша Само за јадење ако поспие малку повеќе , знае да му ја викне Имајте убав ден
Не реков ништо за правењето ручек, зашто се јас сум себичната и лошата, па ајде нека е. И не, не ми правеше на мене ручек, на син и правеше, јас баш после пораѓај немав никаков апетит, ненаспана, мислам дека одамна не сум била толку слаба како тогаш, буквално бев како авет направена. И да, и свикав (и не ме занимаше како ќе си свати, зошто неа прво не ја занимаше како јас ги сфаќам нејзините глупости) пошто многу почна да се опушта жената, зошто јас ај за ова премолчи, за она и таа така се залета што дури се дрзна да ми кажува дека шампончето на малата не мириса убаво. Дај купи Бекутан, да замириса на бебе, што е ова Има уште многу небулози, ама да не изнесувам, ќе се сопрам тука. Не ми треба ничија помош, се си правам сама и сум раат. Досега не ми правела таа ручек, па ни од сега нема потреба. А штета, на почеток баш мислев дека е ок женче...
И јас да шкртнам нешто додека бебе спие. Во врска со свекрва и мајка, искрена да бидам свекрвата е супер жена ама не би издржала да е подолго со нас. Среќа што не сме од ист град Идеме на неколку дена кај нив, колку да смениме, и веќе после 4-5дена сме и јас и мм ајде одвај да си идеме дома. Ми помага, не викам не, најголемата помош уствари, кога ќе е најкенкав го зема во раце и го занимава низ двор, таман јас душа да земам. Синко си бара многу повеќе внимание месецов, ептен ми е срцка. Сака друштво бре Сабајле се буди со гугање и си правиме муабет така 1час. Барам работи за занимавање деновиве на бебуш, ете со тоа сум преокупирана, јас уствари колку досадна мајка сум била легни го на под и на играчка, а има лепеза од иновативни идеи за заигрување. Фала и на тие што ми дадоа тука. Вчера се заигра со топчиња на салотејп, може еден пола час одлепи залепи правевме А како се радува на книги тоа е неверојатно!! Целиот претка од возбуда а му покажам, дури и стигнавме омилени книги да имаме Бевме и на одмор претходниот месец, го преселив станот во кола мислам дека, од страв и возбуда како ќе е, имав различни очекувања и бев спремна на се, ама супер си поминавме во врска со бебе. Од прва не ја сакаше водата, ама со мама цуцла и песничка си се опушти, па на крај дури и сам се пушташе накај морето да го допира и да претка со рачиња Ептен беше интересен додека седеше во гумата само си ги лижеше рачињата Во врска со спиењето, првата дремка ни ја правеше кратка на одмор ама разбравме дека веќе во количка не му е комотно да спие, секако дома веќе и на меше спие, а таму и му е тесно веројатно. Ама па затоа втората дремка беше претепан и не мрдаше 2саати. И така женски, да не се заборавам јас со пишување, и да идам некој ручек да му смислам што да му направам... Се читаме за брзо
Со првото ме пукнаа и свекрва и мајка. Па двете собрани коа ќе се, тандем невиден. Сега не планирам стресот ист да го тргам.
Од ова што ве читам, почнав да се плашам. Со првото дете,свеки ни дојде на гости дури кога правеше година, странство живеат. Сега, ги очекуваме следна недела, ќе ни бидат гости три месеци, ама ние имаме различни куќи, сепак знам дека ќе им биде мерак да бидат повеќе време со нас. Ама, никогаш не ми рекла или ,,дала,, некаков совет. Дури и вика ти си знаеш како треба, не се мешам. Баш ни следи период на воведување цврста храна а она е голем противник да се купуваат готови каши, поборник е да се јаде свежо зготвена храна, овошје и зеленчук, дури ќе ми донесе блендер од странција, прибор за бебче. Единствено што ми е мисла е доењево, не дека се срамам, али пак свекор тука, а бебе цица по 325736 пати на ден некогаш, знам дека ќе ни биде незгодно.Ќе пишам како ќе се одвива текот на настаните.
Ич не се уструќавај да си доиш, дома си. Ваљда ако ептен не ѝм текнува да ти остават приватност у такви моменти, ако ѝм кажеш да не се увредат.
Убав ден мајки. Од страв за жештиниве во најава, ние избегавме на село. Воздух милина, куќа ладна камен уште бебко да се навикнеше да спие тука, он е градско бебе Од сабајле рано рано, бебко го однесов на вакцина, прими рота и превенар. Само да нема проблем, нека помине со лесно.Со докторката се изнамуабетиве, ја испрашав се, абе вика да ти е прво дете ај, ама за второ вака да се потресуваш. И си викам во право е, се нешто си наоѓам, секоја дамка на него мене ме потресува. Изминатиов период во кој доживеавме најстрашни работи, секој ден дознававме за нова дијагноза, нов третман, нова терапија, и на крај заврши трагично, се резултира сега и на сопствените деца да имам страв за се. Големиов пак завчера ,,столчил,, пчела, го каснала на дланка, тој и така си е со дебелки прстиња сега како кебапчиња му се Мачкам Синопен па гледам денес отокот поспаднат е. Денес на мени нема готвење, има скара нека се дојаде и сите сити и задоволни.
Сега ја гледам темава, и баш се утешив. Последниве 3 дена бебето ми е пораздразливо, а вчера толку почна да плаче, прв пат да не може да се смири. Мислев дека го боли нешто, одвај го смирив, ама се изнаплакав и јас, не можев да се смирам со саати. После прочитав дека било во скок во развојот, сосема заборавив на тој момент. Ама добро, чим не сум само јас со плачките . Инаку си мислев дека не сум нормална, особено на почетокот за се си плачев, дури и кога ќе му влезеше вода во очи дур го бањам хаха. За мајки/ свекрви очигледно сите сме со слични приказни, само на своја мајка ќе и кажеш, а маживе малку потешко ставаат граници со нивната. Конкретно немам помош од ниту едната (ни за бебе ни за дома + готвење), а и мислам дека е подобро така. Најмногу ме повреди дека јас испаѓам лоша затоа што не давам да се бацува бебето на лице и на рацете (има 2.5 мес), а сверквата, на работа има контакт со заболени од ковид, сипаници и слични работи опасни за мали бебиња. Мислам дека тоа треба да си е јасно и дека не треба да потенцирам, па на крај испаѓам вештерка што „не давам да се гледа детето“ (што е сосема неточно). Знам дека секоја баба си го сака внучето, но пак треба да има граници и да не ми вика „Не се замарај па и ти ееее“. Кој може да не се замара за здравјето на своето бебе? Инаку си го шетам детето надвор уште од 10тиот ден, и пак има контакт со луѓе, но не сакам да го допираат и бацуваат. Исто така има периоди во денот кога не е соодветно за посета, пример кога одвај заспало, треба да се бања, вришти за доење (или ја сум по гаќи и веќе го дојам), само луѓево немаат осет, мислат дека се е на повик и може да дојдеш кога сакаш. Ако кажеш не, готово лош си, не го даваш бебето, зашто си таква итн... Ако има некој курс за справување со вакви ситуации и како да станам побезобразна кажувајте одма доаѓам
Јас на свекрва ми еднаш врата не и отворив така. Доаѓа ненајавена, јас едвај детево сум го заспала, ми спие во раце, периодот од 4 до 6 мес само така спиеше, некој тропа на врата. Јас си седам не отварам, ми пишува отвори јас сум. И јас и вратив ти си ама бебе во раце ми спие, не можам да отворам. Од тогаш не и текна ненајавена на дојде .
Колку глупаво се осетив пред малку. Не сакам никој да се чувствува обврзан да му купува нешто на детето само затоа што му се роднини. Ок е да немаш. Ок е да не сакаш да се трошиш за него. Ама ептен глупо е кога лажеш и тоа толку проѕирно. Приказната е ваква. Бевме на гости, однесов поклони, и женава ми вели еве и јас купив една маица за бебето, толку можев да си дозволам, знаете дека немам за повеќе. Ок велам, фала, не требало да се трошиш воопшто. И дома ја гледам маичката, H&M, со цена во евра. Значи не е купена од тука, т.е оваа жената не ја ни купила, туку ваљда некој ѝ ја дал (не беше ни бројче приближно до тоа што носи син ми, за ептен големо дете, како за во школо беше, веројатно не е ни купена за него, туку му била мала на некое дете па ај да не стои така). Ништо не реков, ама се осетив глупаво што ми вика дека маицата е од неа, а воопшто не е така. Можеше да биде искрена, немаше ништо да ѝ кажам... Али ок.
Хајахахахха Ова ме потсети кога еден пријател се враќа од Америка и после некој ден жена му ми дава фустан и незз уште што и ми вика еве за тебе пратиле и гледам на фустанот закачено ливче со името на снаата за внук што не ја мирисаат многу многу. Мене па смешно ми беше.
Да не ми беше ептен блиска роднина немаше ич да се позамарам. И комшии ми давале алишта од на нивни братучеди децата, па отворено ќе ми кажат, а ова ептен нејзина крв носи детето, ќе ме лаже.
Хаха ме потсети кога прва братучетка на татко ми доаѓа прв пат да ја види ќерка ми(точно годинка беше тогаш ќерка ми) и ми дава кутија со патики… црни адидас ( ми е гајле за бојата ама сепак) … број 31!!!Нејзините деца (15 и 9год) некое не стасало да ги носи па ајде. Значи не ми носи ништо поарно бог да чува. Ај да е број, два, па и три поголеми патики… ама ќерка ми тогаш носеше 20ка. Мене срам ме фати и за неа. Да премижам и да немаат пари.. што не е воопшто случај. Едмоставно некои луѓе се оперирани од срам
Утро мајки Станата уште од 04 ипол па не знам што со себе. Море уживам искрено. Маж дежурен е од вчера, ќе си дојде тек после 07 ипол,синко спие до кај 06 ипол. Тоа значи скоро 2 часа само за мене Си направив дупло кафе , нагрнав едно тенко ќебенце и уживам на тераса со цвеќињата. Многу ми е убавко коа скроз сама го пијам првото кафе, во тишина и со можност на појќе Вчера на раат се спремав , нели утре идеме Велинград. Кој знае ќе ми собере ли све у кола Доброто е што сега не носам лежалки, чадори, гуми, базени...додуша ставив едно мало базенче за синко. Да не го капам во ептен топлите води таму. Со душа чекам да одиме. Има по цел ден да лежам во топлите води. Многу го сакам Велинград , ми се свиѓа што надвор пирка ветре а ти пливаш во топла вода Татко ми нашол многу убав смештај . Резервирал два апартмани ,еден мал и еден голем за 4ца. Викам тој големиот за нас , малиот за нив. Ааааа, не вика мајка ми. Јас и татко ти во големиот ќе бидеме , мора така , за да има место СлавенЧЕ на широко да си спие Она го направила планот моето дете со нив да биде Ако. Ич не се бунам. Дури и се прерадував.има да се наспијам и да се изнаодморам цели 11 дена Од мене барала само на лист да сум и пишувала што за доручек што за ручек. Она ќе си му готвела она ќе си го хранела и ОНА ќе си го шетала навечер по парковите . Ние многу сме го м'кнеле по ресторани Нема проблем и за тоа и реков. Ќе ти ги распакувам сите негови ствари кај тебе у соба и чувајте се . Јас за мене ставив дури 3 книги. Има само да читам и да пијам коктели раат Маж па пресреќен оти јас ќе возам , он ни таа обврска ја нема сега. Леле одвај чекаме За недела дена полниме 7м, бебево веќе ми е детуле. Почна да лази , додуша појќе на назад ползи ама се труди , го гледам дека многу е упорен да лази И нон стоп е насмеан . Не знам такви ли се сите дечиња , ама овоа моето е нон стоп насмеано. И тоа на сите им се смее, во сите оди во раце , кога има некој друг со нас не ме рецка мене, си сака да се дружи со другите И мм почна се појќе и појќе да "помага" околу него. Веќе знае и пеленка и да му смени , млекце веќе одамна му дава тој кога е дома . Е не го храни цврста храна , сега има страв да не го задави ( боже сачувај ) па нон стоп ме кара да не му давам пасирано . Мазно да било, и тоа потечна да сум ја правела кашата . Нема грешка Туку вчера вадев од шкаф некои нови алишта за синко . Се запрепастив колку 'партали' имам со етикета. Многу од нив нема да можам да му ги облечам ниту по еднаш. Во смисла дека летните сега му се големи а догодина ќе му бидат мали. Исто и зимски имам мали бројчиња , кои сега му се мали , а не па во ноември да му се фатат. Ги спакував фино лепо и ги складирав. Ќе се носат некаде за поклончиња. Убавки се , не дека не ми се свиѓаат ама ете ,не дошло ред да му ги облечам на моето . Јас додуша имам ненормално многу ствари купувано изминатите 5год. Имам кажувано , годините дур се боревме со стерилитет , јас секој месец купував по некое парталче , играчка. И си ги редев на закачалка.де машки де женски работи , ама појќето неутрални. И стално си ги разгледував,па си фантазирав и си замислував како ќе му стои одредена облека. Многу верував дека НЕ купувам за џабе , иако мајка ми кога ќе дојдеше и ќе видеше што све имам накупено ми велеше - Бубе немој бе мама толку да се надеваш, немој вака да правиш , ме сеќираш. Па ќе и се развикав - Ако мислиш дека нема да станам мајка сместа да си одиш. Па ќе идеше жената до дуќан и ќе купеше и она некое комплетче и ќе му напишеше на етикетата - Баба те чека со нетрпение И све така . Купувавме , фантазиравме, правевме планови што и како ќе биде ЕДЕН ден. И еве ги тие денови. Дојдоа Пак се разлигавив Ама од среќа сега Не знам за вас мајќи,ама јас се уште не можам да поверувам дека сум МАЈКА И сега можеби некој ќе превртува очи на погоре напишаното ( дека мама ќе ми го "превземе" детето на одморов , ама ми е гајле Јас знам дека мајка ми тоа со задоволство го прави , можам слободно да кажам дека она е во поголем транс и од мене оти дочека внуче од мене За татко ми па да не правиме муабет. Он е во тежок делириум И така Се распишав а не гледам дека 06 ипол дошло. Да идам да скинам некоја јаболка и крушка и да ги обарам. Просото кисне , па со пола банана доручекот ќе е спремен ОдоХ мајки Гушкајте дечињата