Мајки, ќе почнете ли да собирате албум од Светот на Биби? Јас купив веќе, па ако има некоја мајка да се менуваме понатаму.
Во продавниците на Светот на Биби и на страната што им е за онлајн нарачки ги има. Наградата ќе била изненадување, така пишуваше на фб
Утро мајки 7ми ден на одмор и просто не можам да објаснам колку само уживаме Тука е м и л и н а!! Се изнаспиваме за сите пари. Навечер т паѓа и до 12° , денски доаѓа до кај 28-30. Синко па е препрепрекрасен. Атракција е во вилата Поготово коа доручкува. Кога ќе ја види чинијата прво има 5 минутно радување , пеење и смеење на цел глас. После тоа се смирува и почнува да јаде , со таква сласт што сите се редат околу него да го гледаат Значи, со задоволство му правам кашички наутро Го капиме по 3-4 пати во базените, топли се нели. Де во гума го клаваме, де во раце малку. И коа ќе дојде време за излегување плаче. Он би цел ден да плУва Ама насмевката коа го бањавме е неопислива Уште 4 дена имаме за уживање и ќе се прибираме домче Јас би уште две недели да поуживам, ама мора и да се работи, т.е мм треба да работи де Ај, крај на август пак ќе идеме до Грција на 4-5 дена. Ама тогаш ќе сме сами, без мама и тато . Но, синко ми е веќе голем дечко , а и умен е , немаме гајле со него Тука е веќе 09 ч, да пиеме уште по едно кафенце и да се оправаме на плажа. Ладно е сеуште , Бубич е наоблечен како право сељаче Баба нашла решение како да не му е ладно Вака ми го облекува наутро Уште кафе да ставам за убав почеток на денот и се одјавувам Едит Не бива веќе да прикачувам слики, успори нетот . Убав ден мајки Гушкајте малишаните
Мајко која уживалница е, браво. Абе во гума се бања, срце. Кога читам како јаде му се радувам. Гушки. Уживајте.
Добро утро мајки на убави дечиња Како дојдовме кај мојте на гости еве веќе неколку дена бебко презаспива цела ноќ и станува сабајле во 6часот како алармче. Ама да не зборам дека по цела ноќ го бараме само цоцето, се врти, па заплакува воопшто не спие цврсто и мирно. Инаку тука кај мојте скоро по цел ден сме надвор, има голем двор, доста сенка па користиме. Малку надвор, малку внатре и денот поминал. Искрено не ми се ни оди накај дома, по цел ден сами дворот сенка фаќа дури приквечер, а ветер имаме нонстоп. Се мислам веќе и јас да воведам трет оброк, толку слатко јаде и испушта звуци со секоја наредна лажичка. Ама некако сме ограничени со глупавата алергија што неможам и ништо млечно да дадам. Некако осеќам едно исти оброци ми се вртат. Уште му блендирам, а сакам да почне и пасирано да јаде ама многу некако како да се дави и ми е страв. Онојден бевме надвор и одеднаш целиот се исфрли лицето околу устата накај очите беа црвени, по тело мали брунчиња со црвено околу нив едни поминуваат други се појавуваат. Се исплашив многу, а немав никаков сируп за да му дадам. Среќа му поминааа, а уште незнам од што даде таква реакција ништо ново од храна не му дадов тој ден. Жлебините го чешаат и нервираат многу, колку се разбирам долните ми изгледаат како набабрени па очекувам во скоро да видиме и ние забче. Па да правиме колачиња Гушки до сите вас
Повторно ќе ве замолам постовите и прашањата да ги упатувате во соодветните теми. Имате посебни теми според возраста за прашања за искуства и совети. Оваа тема е само за муабет и споделување секојдневие, а не за барање совети.
@Bubce38 те молам пишувај почесто! Секој твој пост ми ја полни душата, насмеана го читам. А и мали морам да признаам ептен слаткиш ти е! Здраво мајки, Бебе нана, мама се наручка, спремна каша за бебе и остана малце слободно време еве да искуцам секојдневие. Деновиве претпоставувам е во шести скок, ептен е дразлив, од секој звук се плаши, а и со спиењето си има мака, си плаче во сон Ама ајде ќе помине. Почна многу хиперактивен да станува, не седи на едно место никако, само се вртка насекаде, па пробува да лази ама некако газето тешко му е и се влечка по земја.. Па џитка играчки на сите страни, намерно и ненамерно. Нешто ново што прави ни се беси во креветчето, му ја кренавме едната страна бидејќи до сега спуштена беше ама толку веќе, кај и да е и душекот подоле ќе треба да оди. Приметувам се што наумил ќе направи, ах слатки маки ќе си имам со детево Морам да се пофалам дека вода почна да пие Колку страв ми беше на жешково нејќеше ни вода ни чај да пие... Од вчера еве се пропи се надевам ќе потрае. Деновиве малце ќе шеткаме, да му смениме, сетивме дека сака промени иако сите ни викаа бебињата слабо се адаптираат на нив, нашиот обожава да смени нешто па макар и некој нов да дојде дома, или пак ново играче. Нејќам да помислам дека уште малце се враќам на работа, порасна синко. Ми се плаче, некогаш навечер си ги гледам сликите од кога заминав во болница до сега и си плачам . Вчера имавме една ситуација, имено сине нема шанси да те гушне ама, комшиите бушеа нешто и од страв ме гушнал не ме пушта. Прв пат си помислив еј родител сум, во мене некој гледа сигурност. А и деновиве имам некоја желба за второ ама мора уште малце да се подослабе и таман да не ми се блиску со овој царски. Ама искрено нема многу да чекам си викаме со мм годинка да направи и да удриме на проба Да не биде многу на долго и широко ќе скратам тука па ќе пишам пак, а и еве го бебе станува! Убав "продолжен" викенд мајки
Бебе супер кенкава после два дена температура. Тато прв ден температура=10 кенкави бебиња Мама трет ден крени спушти ама универзумот решил да ме подупи уште малце па ај и еден циклус истерај си рече Сакам во некоја пештера да исчезнам и да си одболувам на раат
Д.ден! Не можам да се привикнам на обврскиве со две. Почнаа грчевите на бебо. Со се ќе се справам, само тоа неконтролирано пискање не го можам.
Добра ви вечер. Немам ниту еден позитивен збор за оваа вечер, ама сметав дека треба да го запишам ова некаде, да го запомнам овој период... Да забележам дека и ова ќе помине. Не сум добра воопшто. Имам ужасна депресивна епизода, толку црни мисли одамна не сум имала. Знам дека темава не е за тоа, и не сакам толку убава тема да ја полнам со негатива, ама најмногу ми е криво што мислам дека и бебево пати со мене. Се чувствувам како немајка, како најлошата, најнеодговорната мајка на цел свет. Не можам да си го погледнам роденото дете. Не можам да седнам со него, да го играм, да му зборувам. Многу ми е жал за него... Само се молам дека нема да трае толку долго оваа психичка состојба за да ме памти како ваква... Не се сакам вака. Сакам да му бидам мајка на своето дете. Сакам да соберам сила за него. Да го чувам, да го галам, да му пеам, да бидам присутна во секој момент...
Како сакаш разбери ме, ама многу подобро ќе биде за тебе ако прифатиш дека и ти си од крв и месо, дека ти треба момент за себе и издувен вентил, дека можеш и ти да потклекнеш, што побргу се помириш со тоа, толку подобро за тебе и детето. Знам дека си сама мајка, дека дете само тебе те има, знам се тоа, ама понекогаш за да се смири твојот оган во душата нема ништо да се случи ако го легнеш порано, ако му пуштиш тв да го занимава, ако го дадеш некому на 1 час да го причува (ако има таков) и да се издуваш ти, отколку да чувствуваш вина и да се потресуваш. Ти го кажувам ова како мајка која иако не била сама буквално, првите месеци, па и скоро 3г од неговиот живот поминаа само со мене, маж ми беше нон стоп на работа и тоа по 18 часа и кусур, дур не даде отказ, и иако сум мајка која не дава телефон и таблет, на тв сум пуштала цртани за да одморам, да погледам нешто на нет или да молчам едноставно. Дај си сила сама, никој нема да ти даде тебе за право и да ти каже А браво, иако си не за браво, за медаља си. Држ се! Не можам да ти кажам Знам како ти е, не знам, ама знам дека ти е тешко во ова лудо општество и вака како млада мајка, а камоли уште сама мајка без помош. И слободни издувај се овде, ќе ти олесни.
Требало нас мајките да не програмираат да не мора да спиеме првите 4 г. на детето. Девојчето ми беше цело исфрлано , никој не знае да каже од што. Матичен на одмор , замена... ај ќе ќутам. Тоа инекции, зајдувања сешто. Вчера дури се повлече , ама имаше друг проблем со ноџињата , не знам ни дали е поврзано... И ноќеска во спиење ми падна од кревет ... па ми се вриштеше. Како можев да спијам
Мајка немој да се обвинуваш Уште многу ќе паѓаат, едноставно не можеш секоја секунда да ја допазиш. Синко прв пат ми падна од спална на 10м, а веќе знае и сам да се симне ама ете го гледав и падна
Знам падната е сто пати , и белег има на челото. Ама овој пад некако тешко ми дојде , веројатно дека се измачивме скоро цела недела по болници , во страв, не наспани. Ти благодарам
Син ми беше вакво бебе, весело насмеано,сегде атракција кај и да го однесевме, комуникативен од раѓање, мал глумец, такво е и детенце сега, некои деца таква ѕвезда еве и ова се гледа како зрачи, шират позитивна енергија, како сонциња се.
Да те утешам, во рок од 1м, извади сипаници, падна на глава од креветче од висина од 1.40м и дремевме цела ноќ на ургентен, направи коксит на колена, а на крај разви баланитис на курето и му се залепи цело, за нецел месец се ова се деси. Жален беше да го гледаш. После тој месец не јаде веќе месо и риба, ма не јаде скоро ништо што јадеше.