Здраво мамички. Еве и јас да пишам по некој реферат во темава Многу сум слабо активна на форумов, за читање шат пат али за пишување само што ќе земам да се олабавам малце ете го синко ми го влече телефонот Ние веќе наполнивме 14 месеци, проодевме и сега сме кај баба и дедо на гости малце на планина пошто неможеме веќе да ги издржиме врукиниве Скопје е претопло. Ние годинава вака го тераме одморов, прошетки на планина, берење боровинки, навечер спиење строго покриени пошто ноќе е прилично ладничко. Али си се наспавме за мерак Јас со мешко еве веќе на прагот на трето тромесечие, на моменти и заборавам дела сум трудна Ај ќе се освестам за некој месец кога ќе го држам и другото синче И ме фаќа и трема и лудило и се. Со синко се доиме уште па ако не го одбијам скроз ќе треба тандем да терам, здравје само Во труднички муабети ама ич не сум активна ,незнам ми фали старото друштво ептен сум сентиментална по вас значи Ве гушкаме мамички, имајте убав викенд кај и да сте и гушкајте ги малите фраерчиња
Толку ли сум ви интересна ?! Е ај да пишам. Ама овој пат не ќе да е све убаво Се вративме од Велинград сабајлево. Таму веќе кажав, убавини. Се изнаспавме, се изнабањавме, се изнапивме... Ама синко пред три часа почна да ми накашлува. И малку омалаксан ми стоеше. Лелееееее. Коа фати татко му....дај амоксиклави, алмацини, далерони...дај да видам што имаме дома ОДМА да му дадеме. Чекај бре Докторе. Ти вака правиш на дежурство на детско ? Не , вели. Епа ?! Какви антибиотици на бебе кое штотуку се врати од место каде е за 15° пониска Т, се возеше скоро 4ч утрово... Накашлувал! Е арно де, чекај ќе следиме . Па фати слушалките ги зема. Да го наслушал. Чист е ! Ама дај бре да му дадеме МАЛКУ атб вели. Ејјјј ме извади од памет. Го гледам помодрел на устата од страв , мозокот не му функционира. Па ајде го седнав да го вразумам да му "објаснам" дека нашето дете само накашлува. Земав му направив 150 мл млеко,си ги испи из цуге, го истуширав, па си лазевме на земја , си игравме лази Буба ... Али коа ќе се накашла , маШ скока до таван. Леле готово е , го разболевме детево , и пак од почеток со слушалките . Ќе си пукнам од него. Не беше бре он ваков. Јас не знам што му стана А добар ми е Буби,сега па веќе е и весел, му ставив сеа зеленчуци да му варам. Посно ќе му е ручочето денес. И за нас ставив една чорба да направам, имав варено телешко во замрзнувачот , па тоа ќе ручаме. Ако седнеме де да јадеме . Пошто моментално сМЕ толку загриженИ што дури и ми рече како сум можела да мислам што ќе јадеме коа гледам дека детето НЕ НИ Е ДОБРО. Ќе си пукнам у глава значи. Утре е на работа, па и дежурен е . Ќе барал да се смени . Јаз'к викам, шо да Не не се оправам без тебе. Оди си таму на работа и не туку ми паѓај у кома Инаку ми доцни 5 дена Ако случајно сум трудна има да излезам на телевизија и да трубам оти сум "изрод". Искрено не верувам , не ни сакам де ама кој знае. Дури вчера ми текна дека ми доцни, три циклуса веќе сум со редовен и нормален ц. Ми прпа за тест. Препишувам дека е од промена на клима. Ќе чекам до утре задутре па ако не добијам ќе му ја мислам И тоа мајки Многу напишав, ништо не кажав. Ама па ми олесна , не ми дава срце да пцујам по љубавсито мој ,а толку имам желба сега. Вака од коа напишав како да ми олесна малку Гушкајте дечињата И едно да знаете Никако да не сте јаделе и пиеле ако не дај боже ви се подразболат децата
Поздрав до докторот,ни јадам ни пијам ни спијам кога се болни Мм вика што ќе јадиме а јас ми викам како можи да мисли на јадење кога децата се болни ..го гушкам малиша,пишувај,една од оние кои со душа те чекаат да пишеш сум
Здраво здраво Беба вчера правеше 2 месеци, голема ѕенцка е веќе, си ги гледам сликите од болница и ја гледам неа, брееее чинам веќе ми збори. Мама се нервира, подлога за сликање не купи, дрвените картички не стигнаа на време па ќе има 2-3 дена задоцнета фотосесија. Посесивноста уште си е тука, освен на маж не ми се дава на некој друг, божем да помогнеле ама јас пак седам на трња кога е кај други, да не не ја држат добро, да не поврати, да не ја дува ветер, ги испрашувам за 3 недели уназад какво им е здравјето, кој знае каков олош сум од страна. Патем, се видов на излог, ќе се онесвестев од изгледот, многу лошо изгледаат овие вишок кг на мене, се издепримирав во секунда, ова ледените чаеви и белиот леб ме сотреа, ама гладна сум бре, од друга страна време ни за тоалет немам камо ли за вежбање, бебе си сака во раце...да пребарам некои вежби за со кенгур м И така, се спремаме за вакцина полека, белким ќе биде неделава па ќе ме читате во Вакцини и реакции од вакцини. Бебе заспа, јас имам еден саат пред да се комирам па да искористам за Gilmore girls некоја епизода, наместо за перење како права недомаќинка.
Ооо до 5м по пораѓај кога се гледав у огледало жива депресија ме маваше, мене пак од слабеење, јадев како слон а станав скачка. Ама се минува и се менува. Гушкај бебе мама.
Добра ви вечер. Да ви шкртнам малку и одам правец "спанчево". Мајка конечно почна на работа. Ќе видиме колку долго ќе трае ова, ама сепак се надевам дека добро ќе ми влијае оваа промена. Сега за сега бебуш ќе го чуваат баба и дедо, а за натаму се надевам дека што поскоро ќе појде во градинка. За факсот... Ќе видиме што и како. Не го брзам. Уште два испита и дипломската ми останаа, полека ќе ги спремам, а ако успеам да ги положам во септемвриска, ќе бидам пресреќна.
Секоја ви чест како функционирате така... Кога ми беше болно детето, јадев па пиев и спиев најнормално и се осеќам баш немајка искрено
НЕ јадеше мојО вчера ништо . Татко за пример. Мајка срце да ја јаде до вечерта и хамбургерЧЕ апна Д утро Денес веќе ми е вратено старото бебе. Малце носето само како да му е затнато , ама ништо. Прскаме аква Марис и добар е. Апетитот за каши е на тројка , малку на млеко ми намали уште на одморот , ама па и водичка пие , така да нема страшно валда. Маж остана дома и сабајлево , но еве го , одлучи да оди на дежурство поручек до утре сабајле. Значи сами ќе си бидеме со синко. Да си се изнагушкаме на раат. 11 дена ми спиеше со баба му на одморот , ми фалат ноќите да се буди до мене Ама па толку сум наполнета енергија , толку сум одморена , како нова сум . Со душа чекам да дојде крај на август па да збичиме уште 4-5 дена на моренце И дајте ај пишувајте и другите на темава, ич не е активна ко порано. Коа немав дете толку многу долги постови имаше , ми требаа по 2 кафиња за да ве исчитам. Сеа ептен ретко да ми се собере цела страна за читање @nevermet18 со среќа на работа
Здраво мајки. Конечно проспав една ноќ. До душа пак се будеше синко на 2 саати за млеко, ама одма презаспиваше, па ми дојде таман. Се почесто големово дете го начекувам како со сила се обидува да се расплаче за нешто. До кога со глумењево нз. Од др страна некни изјави дека сакала да си направи парфем со мирис на брат и и постојано да го мириса.
Добар ден мамички. Да пишаам и јас некој збор Синко активен, преактивен не застанува, што ќе биде кога ќе пролази и прооди, џумбус по дома Наполни 6месеци, кога летна времево пребрзо поминува. Уште 3 месеци и треба да барам нова работа и да го оставам, а толку ми е убаво со него дома. Да почнам лото да играм, мож ќе падне па ќе неморам да работам Иначе уште имаме мака со спиењето, сега кај се буди навечер него и спремен е за играње па морам да станувам да го нишкам да презаспие и така неколку пати во ноќта Утрово го доживеав најубавото чуство, дојде да ме разбиди Се испомкна да стигне до мене и со рачето по лице да ме чепка за да станам јас се топам и глумам дека спијам а тој удира и гали ли гали со рачето, гуга да станам Ииии во такви моменти се забораваш и колку ми се спие и колку сум жива ненаспана Се надевам само со спиењето ќе се оправи да имам сила цел ден со него да уживам затоа што при крај на денот веќе сум преуморна и едвај чекам да заспие, па после едвај чекам да стане и така Буб од нас, одиме на успивање и нова дремка
Здраво мајки Кај нас се исто, ја одбив малата од доење брзо и успешно дури не ми се верува за еден ден дека ја одбив. Навечер станува па мм ја става во количка да презаспие пс ја враќа на спална. Он по цела вечер ја презаспива оти редно е и јас да се наспијам после 4 год доенички стаж!! Официјално од денес сама почнувам да работам без помош на маж! А и он за жал , денес беше да го снима вратот оти матичната се сомнева на спондилоза.. А и сам е крив, сам зема да работи по 10 или 12 часа, работи од дома седи на лаптоп и секако укочен е и го боли после Реално супер го плаќаат но сепак здравјето е најбитно а и греота се е на него, не прашувајте дури срам ми е да пишам колку мрзлива сум Се нешто ме боли, се нешто ми е мака абе ужас! Уште не одлични дали да ја продаваме куќата и да се селиме, татко ми не разубедува сега не било време за градење на куќа се било прескапо, плац нема ни за лек.. стан никако не би можеле сме научени на големо и широко.. Не знам, му викам одбиј ги муштериите да не идат да се распрашуваат по банки за кредити џабе А пусто и сакам да се преселам, да направам нов дом по мој вкус. Ајде ќе видиме што ќе биде .. Поздравии и убав ден
Како сте? Ние супер сме Први запчиња на беби и излегоа на 7 месеца е сега дууури после 5 месеци вади единици горе, волку време на сите ако им треба до кога ќе ги вади?! Како повеќето гастарбајтери и ние ќе правиме гужва во август во Македонија, заби не правиме страв ни е од заболекар шалата на страна ќе славиме прв роденден, ептен сме возбудени т.е. возбудена. Да си кажам и дека добив менструација по 11 ипол месеци.Малечкото ми е преактивно, ми порасна не ми се верува. Се пушта и да оди кај и да е ќе частиме и колачиња. Забележав дека порано на чао маваше раче сега како да заборави или па ептен е концентрирана на усовршување на одењето ама па браво и многу други работи ги кажува и имитира. Читав нешто за регресија на вештини, аутизам и се напнав без некоја причина реално бидејќи малата има контакт со очи, реагира на име (не секогаш), имитира, покажува со прсте, возвраќа на насмевка, вика мама, тата, њам њам и во мачки е заљубена мјау мјау неможе да каже па и за нив вика њам њам колку е смешна само кога сме излезени, и по мачиња и по кучиња њам њам(мјау мјау ) вика… Љубовта спрема мачките од мене и е наследена ептен сум горда на неа, мачкарчњ мое мало За јадењето да не пишувам, ништо не јаде освен леб, кисело млеко, кашкавал, краставица, лубеница и праски и пак е буце од 11 кила среќа цице ја спасува ама па и тоа не е вечно. Многу се радувам што и косичката почна да и се познава веќе ,ептен споро и расне а и каква светла косичка има како самовилка, па дополнително не и се познаваше. Ќе ви ставам и слика
Здраво На работа одмарам предпразнично па да шкртнам малку. Градот убав, празен. По улици само семафори работат, луѓе слабо. Убаво е вака без гужви, свирења и по некоја сочна со мајка, ќорава, и слични епитети Бебе е точно само за гњавење. Се закача и се смее на цел глас. Да можам 24/7 ќе го бацувам и штипкам сегде. Почнува да се гушка и се повеќе да се социјализира со луѓе. Кога ќе се вратам од работа ме стега со рачињата, комотно со џогер може да ме соберат Секоја фаза како ја поминува така си викам е сега уште да прооди, па да прозбори повеќе, а од друга страна жал ме фаќа пребрзо ми расте. Еден ден нема да ми дава да го гушкам и галам колку што ќе сакам. Ќе бега ко диво магарче ама нема да може да се спаси од мојата удав љубов раковска Точно околу роденденот ми се вратија и ме разнежнија сите моменти кога се роди. И ете ја желбата пак низ истото да поминам. Ама си ќутам, на маж сега да му речам второ дете, готово у Топ приоритети ќе го стави тоа Се договоривме уште малку да го пораснеме да го погалиме ова мазале па ќе одиме на зимско дете. И така јас стандардно се распишував, а не дека имав нешто да кажам. Сите уште по нешто да пишат @Bubce38 едно големо кафе да пие Ве поздравувам
Здраво мајки. Да шкртам и јас нешто. Малата си заспа на спалната па чекам да ја ставам во креветче. Цел ден од кога си дојде од градинка ништо не јадеше, буквално ништо. Синоќа поврати, еве преска пак. Синоќа не можеше да заспие сѐ додека не поврати. Којзнае што е веќе аман. Мир да се нема. Сѐ е нешто болна. Пред 2 недели ѝ правија екг, докторката слушна аритмија па инсистираше и на екг. Нѐ прати ѝ на ехо на срце, ама докторката што го прави ехото рече дека нема потреба сега да ја гледа оти до три години било нормално да има шум. И освен тоа кога беше ептен бебе ја гледаше на ехо истата докторка и рече се е во ред и на три години да оди на контрола. Со ова дете сѐ сме по доктори. Не е дека има некоја болест, ама ете настинки,вируси, анемија. Фала богу што барем крвта ја средивме. Со големата во овие 5 години не сме одиле по доктори како со малата за година и пол. Големата освен што е инат тежок, добра е. Некогаш има испади ама дете е. Си бара внимание и она. Ѝ купив книга 1001 ноќ па читаме сега. Многу сака да ги учи буквите и постојано ни кажува да пишуваме зборови и она да ги препишува. Некогаш е злато дете, а некогаш за ситници се луте и кара. Друго што да кажам. Уплативме за одмор крај на август, веќе септември ќе не фати за доаѓање. Едвај најдовме слободно. Кога се чека во последен момент така ќе е. Нема да кажам едвај чекам ,оти знам дека нешто ќе се искомплицира и дека тоа што го замислувам не се остварува. Нека биде како биде, не правам планови, нека си тече само по себе. Тоа е мајки. Утре да одмореме,па од среда пак по старо. Чао
@forumce стомачен вирус хара низ градинките. Минатата недела го поминавме сите тројца. Јас и синко по 2 дена, мм 1 ден. Гадење и повраќање, мислам никогаш не ми било потешко. Бебе не можеше да спие, се утепа од плачење 3-4 саати само си го подававме низ раце. Он вришти, ние не знаеме што му е, дур не почна да повраќа. Мислам срце ми се кинеше дур го гледав. Само давај повеќе течности, електролити, да не дехидрира. Може уште ден да и потрае и после ко нова
Здраво мамички Ве читам често ама никако да се најде време да пишам. Вечерва сум многу возбудена и емотивна па еве прилика . Синко утре ќе полни годинка Ми навираат сеќавања на целото патешествие поминато да стигнеме до него. До нашето "божјо чудо" дете Кога сите веќе беа на раб дека нема да биде, шансите скоро еднакви на нула , мајка беше толку сигурна во себе, со огромна верба и го доби своето златце. Како што кажа докторот "ти направи нешто самата, јас навистина бев песимист овој пат" Што чудо терапии, хормони, милијарда боцкања, исчекување, мирување... Да не должам многу, многу има. Времето брзо ми летна, бебе за час ми стана детуле. Детуле со силен карактер што би рекла докторка. Своеглаво, малку тврдоглаво, премногу мило, гушкалче, мазалче и најголема мамина маза. Да не испаднам немајка и да не искочи дека првото не го сакам(си го сакам и него најмногу на свет) ама ова второво ко да има некое посебно место во срцево. Ко да се гледам себеси, моја сродна душа. Не ми се верува дека толку брзо ми мина годинава. Детуле си пркна, сака да е се по самостално, да истражува, да учи се нешто ново. Се изнапишав а ништо посебно не кажав Гушки до сите и повелете утре на тортичка