Мамаситас хелп,останувам без коса дефинитивно.Породена пред 3ипол месеци косава почна да ми опаѓа на 2м по пораѓај и мислам дека имам уште 20% коса на мене.Јес да ми паѓаше и после првиот пораѓај ама не олкуу а и тогаш имав и од фазла коса а сега и така бев за жалање,па и на психа ме мавна.Знам дека ќе помини ама ќе треба перика да си купам
Исто се чувствувам. Мене покасно почна да ми паѓа. Синко еве 8 ми месец тера јас уште ќелавам, и така немав многу коса, и се уште вадам снопови, не знам кога ќе престане, ставав алпецин и нема некоја промена освен што ме наполни првут, кога се видам на слика ми се плаче, дупки насекаде, жална сум.
Земи Биоксин шампон и од витамините за кожа, коса и нокти на Солгар. Мене таа комбинација ме спаси, сега имам антени насекаде, а паѓањето престана.
Иста бев, до кај 8 месеци ми паѓаше како луда и наеднаш престана. Ништо не ставав јас а сега сум со еден куп нова коса. Дупките се пополнија што се јавија предходно. Е сега малку е смешно кога ќе врзеш коса ама па коса има. Ќе се среди постепено
Добро утро! Ние со бебко сами, мм на работа, големиов залепен е за баба му и дедо му, па дури и спие кај нив. Ако, мерак му е, уште свеки да го имаше она чувство на баба, со ќеф да го земе, ама не, она си е ладна. Како со сила да го зедоа вчера. Инаку еве скоро недела се тука, добро ни оди, они заминаа на село(може очекуваше да биде обратно) малку да средат, па ќе терале одмор од понеделник. Јас турбо деновиве, големото дете ми порасна, во сабота полни 8години, па цело време тсму сум насочена. Иако, он воопшто не е заинтересиран. Јас и ден денес се радувам на роденден, ова дете дали од инает, дали за внимание, ма ништо не го интересира. Карактер од баба му, камен. Инаку да се пожалам, кога се тука бебко сакаат да го држат во раце, ај попуштив два три дена, после им кажав дека не оди вака. Еве сега ако не ме гледа, вика не стои сам. А јас сум 24ч сама со две деца, уште во раце да го носам ми фали. Толку мајки, одмарам дури цица бебе, па се впуштам во акција.
ако сите имале млеко немало една жена 5 бебиња да дои логика нула. Еве јас првото дете не го доев, месец дена беше мачење за мене а глад за него а млеко имав за две деца да дојам. А за второто после 2 дена од пораѓај ми дојде млеко и го доев речиси 3 години. За првото исти муабети а у зашто не доиш за второто а у па што е тоа 3 години а цица, до кога ќе го доиш дур заоди на школо? Како сакаш речи ама народов за се ќе има коментар. Да не беше сплет на околности да заминам на болница со големиот можеби и уште ќе го доев.
Здраво мајки кафе на раат да се испие, мајка ми дојде малку да ми помогне зошто дома ми е хаос не средено, последно јадено нормален оброк (зготвено јадење) пред месец дена. Бебе има скоро месец мене хормони сеуште ме маваат си плачам кога си ја држам во раце сеуште не ми се верува дека е мое бебе. Не успеав да ја дојам а толку многу сакав имав купено цела опрема за доење, до почетокот на неделата се обидував на секој начин да добијам повеќе млеко безуспешно. Одлучив да престанам да се обидувам повеќе психата ме убиваше и го доживував како мој личен неуспех. Што е тоа е.... Бебе заспива во раце мене толку ме смирува и ми го полни срцето можам цел ден во раце да си ја држам затоа мм спротивно од мене ќе ја научела по цел ден во раце да биде Имаме две кучиња до неделата беа кај моите додека да се средиме ние дома со бебе. Првиот момент на запознавање нема да го заборавам ја душкаат им мириса на нешто ново за 5мин.ја заборавија дека постои кога почна да плаче избегаа што подалеку како ќе ја трпат во стан ако неможат во двор Прв пат ќе одиме заедно за викенд во викендица со бебе малку на свеж воздух и да избегаме од жешково Скопје. Едвај чекам....
Здраво, мајки. Бебе дремнува, мене не ме фаќа сон па да ви пишам малку. Ја фативме короната, пак. Аман. Бебе сега е подобро. Ептен сум среќна, одамна вака не сум се радувала. Го гледам конечно доби сила, си игра, скока, ептен е весел денеска. Јас ако не сум нај нај, сонцето малечко да ми е добро, па за мене лесно е, ќе издржам. Покрај него секако заборавам на сета болка. Туку, во овие моменти гледаш на кого му значиш. Од толку народ што одржуваме контакт секојдневно, и јас, и моите, и сите знаат дека сме болни, абе еден не се јави да праша како сме, дали имаме за јадење, дали ни требаат лекарства... Ок, освен една пријателка што не е во државата моментално па не може никако да ни помогне.
Со лесно да поминете Ако немате помош за пазарење, или било што друго кажувај. Имам роднини во твојот град, ќе се организираме некако (ако добро памтам од кој град беше ) Па и да е др град, има начини
Фала ти на понудата. Да имавме апетит ќе требаше да ве организирам, вака преживуваме со по една чинија супа за доручек, еден варен компир за ручек и една круша за ужина.
Имаш пријатели на фемина. Ако нешто треба ти праќам по карго за еден ден кај тебе ќе биде. Нека помине побрзо и полесно.
Синомарин, аквамарис се солени раствори и слободно можеш. Можеш исто и да се инхалираш со синомарин или со обичен физиолошки раствор.
Е мајки мајки, сеуште се сеќавам на мојот прв пост овде, а еве дојде ред да се фалам дека го купивме и првиот школски ранец. Мајка е во блага паника, не знам кога дете ми дојде на ред да се запише во школо, кога порасна волку. Прееска во Просветно дело се смее продавачката, леле вика како знае да чита, види го како голем чита. Не знам искрено, досега не сум видела дете волку да се интересира за читање и факти, енциклопедии му се задолжително четиво, сите лектири што ги читавме ние во 1во ги има поминато, ги почна и од второ, па има и многу јака меморија, памти факти, работи кои ќе ги слушне еднаш веќе ги запамтува и не ги заборава, многу лесно и брзо учи песнички... Се надевам искрено нема да му е досадно во школо здравје кога ќе тргне. А мама еве ја лежи, бебе расте, малку се префорсирав викендов и сега одмарам. Не ми се верува дека следната година ќе бидеме 4ца, мама кралица и 3ца бараби, кој е ко мене. Нека ми се живи и здрави само машкуданчињава, од најмало до наголемо, мама има да пере чорапи и да се сеќира кога нема да си дојдат дома на време. Се надевам најискрено ќе одгледам добри и посветени мажи, дека ќе бидат вредни и паметни, дека ќе ги почитуваат жените во нивните животи и дека нема да бидат лоши луѓе.
Утро мајки Ние, т.е јас малку мамурна Излезени бевме сношти , така до покасничко, пивнав винце скоро литро и сега главче ме боли. Ама оправдано, т.е со повод пиев. РоЏенданка беХ Изволте торте Долго време све иста желба имав коа дував свеќички. Веќе ми е остварена таа , па годинава сменив малку. Сеа си посакав да дочекаме со тато и на малото љубовче заедно да ја дувнеме и неговата 44 ка Скромна сум ! Бебушка ми е дете за пожелети Кафански човек, он навистина мнооогуу ужива да седи во кафанка и кафич. И многу се радува коа ќе го ставиме во столче за бебиња таму. Сака и он да седи со нас на маса . И само зјапа што имаме во чиниите за јадење. Гурман невиден е , лапа да не му е од око ама ногу си е јастелитко. И стрвно! На мајка му Бројам денови до третиот одмор Уште 15 дена и пак ќе скитниме до морето. Имам мноооогууу капини за берење. Годинава се посебно товарени. Све оставам за денес утре, ама морам да ги соберам. Дел ќе замрзнам ,дел ќе направам слатко, дел мармалад. Не оти јадеме тоа ,ама па греота е да пропаднат. Да идам само да видам дал е слободна комшивката за да ми го причува СлавенЧЕ. Жената е во пензија , бивша бабица , ептен ми е од поверение , куќа до куќа сме и навистина многу ми се наоѓа. Стално ми вели - абе оставај ми го саат два дневно, одмори си или заврши си работа што имаш. Ама не ми иде на ред да и го оставам бебето а јас да прилегнам дома Е вака, за да завршам нешто , бива Убав ден мајки и дечиња Уживајте Му се гледа крајот на летово