Се ќе биде мила. Ќе дочекате ! Славен е навистина бебе за мерак. Да ти е жив и здрав и вие да сте живи и здрави со него.
Среќен Бубче Да ти се исполни и оваа желба и само убавини да те следат Уживам да те читам и кога ми е најтешко ќе прочитам твој пост и ми го разубавуваш денот Славен ти е бебе за пожељети душа невидена Гушки до двајцата
Среќен роденден Бубче! Секако дека ќе си дочекате тоа што сакаш! Јас вака малце да исфрлам сабајлешна фрустрација. Си помислив сабајле искрено да пишам ама сега има и причина. Прво помислив да ви ја кажам нашата "рутина" Сабајле станува во 7, и си пее во креветче, сега ми е посебно интересен што научи да се качува по него па не чека да станеме нас двајца застанат После тоа се пресоблекуваме, и идеме на шетање до кај 9, додека не фати многу жешко. Бебе многу ужива во тие прошетки, си прави муабет, си разгледува паркчиња, им лае на кучињата, им брмчи на колите Денес си застанавме на едни лулашки, од кога почна стабилно да седи го ставаме и ужива. На лулашките до нас имаше исто бебе колку моето, со дедо му. Стандард муабет, колкаво е, како се вика. Следното прашање знаете ли што беше... А доено е? Јас не сум некоја што враќа на постари и збори со полош тон едноставно така сум воспитана и никогаш не сум се искарала со постар ( маж ми не се смета нели ) ми дојде толкава жештина во глава и иако се направив како да не го слушнав мене ме здоболе прашањето. Ако не е доено му фали нешто? Не страдав од постпородилна депресија, страдав од депресија што неможам да доам, што на крај беше измачување и за мене и за бебето. Неделава секој пост на интернет кога го читав ме погодуваше во срце. Искрено. Заспивав расплакана, зошто не успеав, познавав личности што доеа а пушеа цигари, седеа со бебе во задимено дома. А јас не успеав, што претепана се пумпав на секои 2часа. Ама ок е, признавам, ми фалеше едукација. Слушав педијатар за бебе со жолтица да го оставам навечер 4часа без доење. Касно се консултирав со Нате. И ред други работи.. Единствен пост неделава што ме расположи беше кај Нате, којшто самата кажа дека оваа недела не е само за успешните приказни. И така, сите мисли наеднаш ги пишав, не знам како личи напишаново, сигурно сакам кажам не знам речам ама тоа е.. Морав да се искажам негде.
Не знам мајка како сте продолжиле со хранење, ама битно да ти е живо и здраво детето. Јас веќе 7м се измолзувам, најголема причина ми беше неедуцираноста и тоа што немав поддршка, криво ми е, и со премногу умор се измолзувам и уште ги правам тоа, од пуста психа немав сила да се откажам. Дури и втора пумпа купив, првата ми се амортизира. На секој 2ч молзев, леле кога ќе ми текне. Ама се поминува. Да и јас така се почувствував неделава, како само тие што дојат да се вредни за славење. И другите правиме се. Многу товар на штотуку породени жени, поддршка никаде. Ама ајде нека помине оваа тешка прва година, за следно дете живи и здрави ако биде ќе бидам многу поупорна, нема да слушам никој околу мене. Уживајте мајка.
Јас секогаш капа симнувам на мајки кои молзат и даваат молзено млеко, когс бебињата не успеале да цицаат. И нема врска како е хрането бебето. Минатата недела беше посветена на доењето, и нема што другите мајки да се чувствуваат пониско или навредени. Одамна требаше да се воведат едукативни материјали шо болници, стручни лица патронажни сестри кои поради кризава не ни доаѓаат дома( барем во мојов град не идат). Сите знаеме што е најдобро за нашите деца, ама кога некогаш не оди, мора да се бара начин. Затоа гушкајте си ги бебињата повеќе и уживајте, зашто верувајте кратко траат овие моменти. Ние тројца стандард дома. Големиов збеснат е, цела љубомора кон бебето ја истура врз мене. Најмногу со инает, непослушност, дури и непочитување. Пробав секако да успееме да го надминеме тоа, со разговор, со примери, дури и се му удоволував ама не, на крај вчера и го удрив ама пак ми вика мене не ме боли, тепај ме колку сакаш Со татко му е друго дете. Бебко преку ден си сака во раце, спие како зајак, само додека цицка. Среќа ноќе немам проблем, пу пу. Му почна онаа фаза да гледа во очи и раце кој што јаде, гледа по маси и веднаш коментари од страна да му се даде да проба. Среќа и мм ме поддржува, па веднаш реагира. Мое мислење е дека цел живо има пред него да јаде се. Сега до 5-6 месеци најбитно му е млекото и ништо друго, ама кој те разбира, гревота било, машко е. За малку вчера да му дадеа крофна со шеќер во прав Имајте убав ден
Навистина се осеќате помалку мајќи оти Не доите?! Боже сачувај. Никогаш не сум помислила на тоа , дека би била поголема мајка ако се потрудев барем малку околу доењето . Кај моите доктори имаше поделени ставови околу тоа- дали е "смеам" да доам или не, иако како повеќе да беа ЗА. Имав млеко , морам да признаам Пробав , не се пронајдов , т.е не ја осетив таа 'убавина' за која многу читав. Маж пресече и уште на втор ден од излегување од болница ги испив апчињата. Пробав и да се молзам. Тек па тоа колку ме болеше. Нека сум помалку мајка од комшивката, другарката , колешката , золвата ... Ми е гајле Јас на моето дете сум му најдобрата мајка. Цицка Не видело а многу ме сака А тек па јас него Уживајте таму женииии. Нека ни растат љубовчињата во здрави и прави деца , само тоа е битно
Ме потсети на една случка. Беба 2 месеци и ми доаѓаат гости. Женава тивко ме прашува "ја доиш?" Викам не те слушнав, извини. И пак тивка таква "ја доиш ли?" Викам што си бе толку тивка ко грев да е да си го дојам бебето. И и викам тешко ми иде како и да е, ќе се откажам кај и да е, кога не бива не бива. Леле женава глас доима наеднаш "какво е тоа млеко, што е тоа, прашок и вода, па тоа не е млеко" Ама затоа сега гордо си кажувам дека излегувам додека бебето има кој да ми го храни. На нив ако не им е глупо, ох мене па ич. Јас си знам што се направив за цицкава млеко да дава ама виша сила не дава Сега се сетив дека освен вака што упаѓам у муабети, никогаш не сум пишала нешто. Абе што не кажувате дека вака брзо растат прцуливе? Ова е мало човече веќе бе, не е бебе Па и карактер имала, леле леле. Пробај да и земеш нешто од раце, кавги одма Тинејџерка не и е рамна. Пробува да се исправи исто така. Се пентари по мене, по перници, ми дава рачиња да ја дигнам. Преинтересна е Среќа ноќе спие оти преку ден душата ми ја вади по малкучку така кога ќе ја фатат будалите Нешто се научила ќе земе некоја играчка и ќе и се дере па ти трчај од другата соба чуди се што е и ќе те дочека окезена. Добро ќерко, мала си за да ме заебаваш ама ајде Гушкајте малишани
Леле како ја погодивте темава. Мене ме осудуваа затоа што НЕ САКАВ да дојам. Ич гајле не ми беше. Бев во пост породилна депресија да, ама не ми беше тоа изговор да не дојам, туку едноставно не сакав, измачување беше и не се пронајдов. Дури и грдо ми беше некако кога пробував на почеток. Пробував затоа што ми набиваа чувство на вина докторите за атер на детето да сум стиснала заби, тоа било најдобра опција. Утре сабајле, за мене најдобра опција беше шишенцето со АД, кога ќе видев како ќе го изголта цело и ќе се расположи и ќе спие со часови, а не да ми плаче, гради да ме болат и да се стресирам дали е најаден, дали ќе искака, јас што сум јадела/пиела да не му наштети. Свекрвата прво ми викаше демек не морам толку да се мачам, и таа не доела, крв цицале нејзините, и ги пораснала со кравјо млеко. Ама потоа кога ќе дојдеше на гости другарка доилка, или некоја роднина ќе беше прашана дали дои, па она горда ќе речеше дека да, тогаш свекрвата префрлаше нешто во стилот: "Браво за неа, тоа е мајка, жртвува сѐ за бебе, и слободно време и живци, така треба несебично да се вложува во мајчинството." Па оти ти свекрво не се вложи кога требаше ? Не била едуцирана тогаш. Мене не ме допираат постовите од минатата недела, ниту ми е криво што не доев, ни за момент не зажалив. Жалам само што се мачев некој краток период за џабе. Го измачував и бебето и себеси за ништо. Кога ќе ме прашаат дали доев или не, па и пред тоа кога ми коментираа, не ме допира едноставно. Не знам.
Тоа карактерна особина е да се осеќаш ко немајка Еве јас дојам па толку често се осеќам немајка, да има камче да те боде во чевелот, нели. На неколку од тие вебинари од Лулка сум била, среќа немаат за над година, за да не ги слушам веќе. Тој Денис кога ќе распали за тоа конекцијата, доење, од кога ќе се роди да го стават на гради ко да е најважното нешто во животот на детето и ред други работи... Сега имам комплекс дека не ми ја ставија на гради да ја гушнам и да фати да цица во првите 15 мин.. @Speechless животот на детето е многу повеќе од доење. Еве маж ми до 3 години е доен па да не ти кажувам како ме нервира некогаш. А јас сум била на адаптирано па да ме видиш една фина милина. И не значи дека не си пробала се или не си имала доволно едукација, едноставно кај некои е тешко, а кај некои лесно доењето, а тоа што луѓево го имаат извадено од контекст е во склоп на нашиот менталитет и батали ги.
Баш и јас се пронајдов во темава.. Во болница закачивме корона и после 4 дена од пораѓај ми снема млеко и тоа малце што го имав.. А многу сакав да дојам.. ама и јас неспремна тргнав мислев природно доаѓа... во болница никој ништо да ти покаже, ни основни работи.. Од сите страни притисоци да дојам и покрај тоа што немав млеко на крај си го дехидрирав детето па лежеше 2 дена во Систина на инфузија со жолтица...новороденче од 8 дена. На крај пресеков налет се, ќе му дадам адаптирано битно да ми е најадено детето. Сега пијам чаеви, суплементи за надоаѓање млеко колку да имам еднаш дневно да замези или ако е вознемирен ептен да го смирам. Од страна се изнаслушав секакви глупости од типот: има грчеви дека не го доиш, ќе нема имунитет, ќе ти биде болежливо, којзнае што има во прашаците итн. Се трудам да не ме допираат веќе коментари од страна но морам да признаам дека минатата недела секое отварање интернет ми паѓаше особено тешко кога ќе прочитав некоја успешна доенечка приказна...
Ако реално и со факти гледаме на работите, нема подобра опција за бебе од мајчиното млеко. Едно што е најприродно, што ги има сите потребни состојки за потребите на бебето, друго што секогаш и секаде го носиш свежо со тебе и во секоја секунда на лагер го имаш, трето што е утеха за секој бебешки плач,најважно што е бесплатно и ред други работи, да не набројувам. Ама, пак постои ама, напредната технологија, медицина утврдиле дека има друга опција приближна на мајчиното млеко, токму за мајки кои не дојат. И нема тука мајка, немајка,секоја подеднакво знае што треба за своето дете. Можеби и јас со моите постапки на некоја и сметам ама мене баш ме брига, мое дете, мои грижи.
Леле овакви муабети кога ќе слушнам ми се повраќа искрено. 21ви век ли е, или се вративме во 18ти. Па и тогаш имало бебиња што не цицале па пораснале. Криво ми е кога слушам такво коментари, сите сме мајки без разлика дали доиме или не. И мене никад не ми стана јасно што е поентата со глорификувањето на доењето кога ја самата сум порасната на АД, па ни болна сум била како бебе/дете ни па сега како возрасна МАЈКА што има бебе. На тие таквите душегрижници со сласт би ѝм се истурила вака ненаспана пошто нели, доењето е фантастично за бебето и мајката, а нема везе мајката што нема да спие додека не го одбие (80% од жените што дојат де). И така и ја се пуштив у темава како Луна поздрав мајки и не слушајте никој како се чува дете
А ако бебето не сака да цица на кој начин тоа нѐ прави немајки? Воопшто не треба некој да го занима дали некоја мајка дое или не и зошто. Ниту па некоја да се осеќа лошо поради тоа. Се сеќавам уште пред многу години на малата на @mariz која не сакаше да цица и мариз овде прашуваше за совети, а јас и делев памет дека не е упорна, дека не го става бебето како што треба за да цица и дека нема бебе кое не цица. Извини мариз за тоа. Можеби ти не се сеќаваш, ама јас убаво се сеќавам оти ме мавна карма. И моево немаше рефлекс на цицање, нејќеше да фане и тоа е тоа. Мош она е помалку бебе од доените? Ич да не се замарате со други што ќе кажат.
Она што ме фрапираше откако се породив е поставеното прашање кон мене или пак кон мм дали бебево ни цица. Од секој бре, од секој. Па мене никогаш не ми текнало некој да прашам дали бебето му цица. Ниту еднаш на никој не сум му го поставила тоа прашање. Што им е на луѓево, зошто токму тоа и смао тоа ги интересира.
Леле исто, буквално секој еден ме прашуваше/прашува дали дојам. Никогаш нит ми текнало нит некого сум прашала дали дои Стварно незнам што им е на луѓево
Јас ја превртев темата доење кога се породив и ги читав тие мислења ( или слични ) и фатив да си рикам дека правам нешто погрешно