Јас па не ни знаев што било претходната недела Немам многу време да висам на соц мрежи, а кога допирам до нет роварам по али за тракатанци за роденденот (на 5ти јануари е, ама се е смислено веќе а и пола нарачано) и страници за онлајн нарачки И јас сум уште една која не дои, а сум заљубена во своето девојче најмногу на свет. Во болница не ме ни погледнаа во гради, не да ми покажат. На излегување ми рекоа - купи си ад. Фала Купив ад, во меѓувреме ми дојде млеко. Купивме пумпа, почнав да ставам дете на града, она си се научи веќе на шише, па града не ја ни занимаше. Јас се молзев додека имав млеко, не го тормозев детето по цели денови и ноќи на сила да фати града. Ниту па јас нешто посебно се тормозев. Само чекав да ми престане млекото. За коментари, на свеки кога и се јавуваа за честито и право - цица ли бебето? И оваа низ заби ќе процеди - НЕ, НЕ УШТЕ Мене гајле ми беше. Малата супер тера со ад, со едно почна и еве 7 мес е супер, немаше потреба да лутам по разни брендови, фала Богу Кога беше ептен мала, бев и јас наспана и таа. Ред во спиење, ред во јадење, редовни столици, весело и мирно бебе. Само тоа ми беше и битно, а не дали моите цицки ќе бидат во функција за моето дете или не. Искрена да бидам, многу повеќе се замарав и читав за немлечна исхрана, отколку за доење. Рамнодушна бев, ако дојам ок, ако не, пак ок. А за дохрана читав уште во бременоста, цел ми беше да ја научам од старт да не јаде мазни каши и за среќа успеав во тоа. Што убаво си плетка парченца низ устето и после си голтнува, како старо Мислам не можам да постигнам со продукти колку се сакам различни комбинации да и правам Од утре, на дневен ред глутен. Спелта на мени. Добра ноќ и оставете фрустрации од глупи луѓе на страна. Уживајте со малите, само тоа е најбитно.
Во моментов како последна надеж правам power pumping за зголемување на лактација и едно големо благодарам за сите претходни споделени искуства и приказни поразлични од оние во светската недела на доење. Моето скромно искуство (бебе месец и пол) дека доењето не е лесно. Има денови кај што се борам со умор, намалена количина, коментари од страна и слично. Но најмногу се трудам да си го слушам внатрешниот инстикт и едноставно да сфатам дека секое бебе, тело и мајка се приказна за себе.
Конечно во една тема да се приклучам без да ме фаќа срам да читам Како тазе породена пред две недели со царски млеко добив после 4 дена, бебе малку повеќе лакомо се научи на шише и не сака да цица. Првите денови немав брадавици и пробав со силиконска но многу тешко одеше, сега се пронајдов во молзењето и супер напредуваме, ама како што велите прво прашање на сите е дали цица и веднаш со муабети “ ама мора да цица само потруди се, ставај го на града цело време” Како да го ставам? Да вришти и јас да се потам и нервирам? Таман да го изгубам од нервоза и млекото па да не може и молзено да пие Прва контрола на болница пак истото прашање, цица? Велам не, не сака да фати, вришти се нервира и јас се молзам постигнувам цел ден да е на молзено освен ако некогаш измолзам помалку му правам ад 30мл. Ауу велат како така не сака да фати, па мора да сака сега ќе пробаме… арно ама бебе јадеше по пат и не беше многу гладно и нервозно кога фати да цица.. живи страмови, ете велат гледаш како цица. Се враќам дома пак иста песна, вришти плаче не сака, пробав уште два три пати исто беше и се одкажав ќе терам со молзено се додека можам. Сега избегнувам теми доење бидеќи чувствувам вина, па со оваа недела на доење упте малку во депресија ќе паднев но кога ве прочитав искрено ми е полесно Ви благодарам
На мене во болница строго да сум ја доела, па тоа електрични пумпи на секој саат, па болка во градите, па бабици околу мене нон стоп ми покажуваа како да го држам, труднички перници ми носеа да ми биде полесно, детето вришти плаче, жолтица фати, не мочкаше, они не упорни само доење. Такви трауми ми останаа, страшно нешто. Од цела болница огромен комплекс, само мојата соба светеше лилаково од што бебе беше ставено во инкубатор. Па неможеш да им го дадеш така детето, да го наранат, среќа една сестра млада кога беше навечер на смена ја зимаше и тоа строго пред тоа измолзена, па млекото во шприц, а едвај 10мл. Дојдов дома, едно 2 недели се мачев, видов немам млеко и одма на АД. Никогаш повеќе не сакам да слушнам за доење, такви трауми ми остави тоа во болница, тоа не е уживање, мачење е и да мене и за бебето.
Ја ви љубоморам малце што не доите. Иако со второво е каде каде полесно. Првото дете, не фаќаше ни цуцла, ни шише, висеше на цицка нооон стоп. Ама нон стоп. Само така не плачеше. Ако беше прегладнета и преуморна ќе испиеше АД, инаку не. И се мачевме цел прв месец, па во текот на тој месец надојде и млеко. Качи малце грамажа прв месец ама ми рекоа да сум поупорна на града чим не сака цуцли, а што поупорна, по 20ч во денот беше на града. И цицаше после, супер напредуваше. Немав избор со нејзе за АД, па се доевме. Второво, дека со планови да е на шише, млеко ми дојде одма. Од страв од мастит, си се научи на цице иако цуца цуце, а и фаќа шише. Ама скроз различно искуство. Цица брзо и лакомо и не виси на цице, па и со него се доиме. Ама ич не ми е мачно овојпат, а уживање пак не пронајдов. Спие убаво, ја спие и ноќта, еднаш, макс два пати се буди за јадење само и одма си продолжува. Е кај и да си,за 3саати дома да си.
Јас мислам дека со АД е потешко на почетокот, дур се уходаш, стерилизирања чуда. После 6 7 мес топ е ми се чини кога ќе почнат да јадат. 2 пати млеко, 3 пати јадење, поздрав. Ќерка ми 5 пути јаде, вечера пун тањир, а џвака цицка навечер мислиш жива ненајадена е.
Да не те разочарам, ама градите нема да ти се вратат во нормала. Може да пробаш со колагени и вежбање, ама мислам само оперативно може да се средат. @BezglasnaBukva Не знам што е полесно, се е тешко дефинитивно. Едино е лесно што со ад и мм и било кој може да го нарани. Се менувавме преку една вечер за хранење.
Мене ми беше подеднакво тешко и доењето и ад. Големата цицаше на саат и пол, ноќеска се будеше 2 пати, а некогаш и повеќе. Откако ја одбив си спие цела ноќ. Малата на почеток пиеше по 10-15мл пола саат и цел ден бев со шишето во рака, плус се измолзував на почеток, потоа само на ад беше. Среќа ноќеска не стануваше и тоа е предност што си спиеше цела ноќ. Едино кога ја мачеше нешто, дали грчеви дали заби се будеше плачејќи. Туку,малово е многу потемпераментно од дадата. Ја гледа неа што прави и ја копира, само некои глупости праве, сака да се качува секаде, не си игра со играчки, цртани не гледа, само вика мамо мамо и ме влече по собите. На кафе нема шанси да седнам со неа. Дадата од друга страна беше мирно бебе и си играше сама, гледаше цртани, ме оставаше да фанам нешто по дома, за разлика од малото. Ја носевме на кафе со нас и без проблем си седеше. Тотално различни се и двете, како небо и земја се.
Мајки не е битно дали е доење или ад битно е детето да не е гладно. Не знам зошто давање АД се смета како нешто лошо, не, воопшто не е лошо, лошо е детето да плаче од глад е тоа е лошо а да не му се даде АД. Кога се породив на болница многу ми помогнаа за доењето, се помачивме со синко не одеше лесно ама бидна. Две недели додавав АД бидејки немав доволно не напредуваше бебето. И се сеќавам кога пишав во темата доење да се приклучам кога кажав дека давам дохрана добив коментар од една членка, нема да ја именувам, така ме нападна за АД зошто сум давала не сум го ставала доволно бебе на града...па јас толку сум се расплакала и разочарала. Дојдов во темата за поддршка наидов на осуда. Затоа малку треба да внимаваме сите кога одговараме на таа тема со каков тон одговараме. Сите сме после породувањето осетливи уште осуди фалат. Плус доволно коментари имаме од дома па уште и овде истото. Вистина убаво е доењето ама не и по цена детето и мајката да се мачат и бебето гладно и мајката нервозна. И убаво е што постојат консултанти за доење, но и нивното форсирање некогаш мислам дава спротивен ефект. Бев на предавање од Лулка се супер ама ставот дека ако се даде АД дека е крај на светот мене лично не ми се допадна. И мислам дека од таквиот став мајките кои немаат успешни приказни со доењето се чувствуваат (многу го мразам зборов) немајки и имаат грижа на совест, а тоа е сосем погрешно. Сите се најмајки и тие што успеале и тие што не успеале да дојат и тие што решиле од старт дека ќе дадат АД. Пак ќе речам најбитно е детето да не е гладно. Ве поздравувам најмајки!
Истото го мислам. Фанатици ми се исто ко и верските фанатици, оние за здрава храна, фитнес и сл. Многу мразам екстреми во било која сфера од животот.
Утро Изгледа и баби не читаат овде Прееска доручкувавме у двор, ама од предната страна , а таму дедо продава домати и пиперки. Обично не седам на таа страна , ама синко нешто кенкав ми беше , па викам ај таму ќе се плесниме , да гледа луѓе. Иде една бабичка да си купи домати и не гледа дека јадиме кашичка. Прво нешто беше - Не го доиш ?! Како од пушка и велам - Не , не! Аиииии вика , на вештАчко е златното тоа ?! Не, и велам , не е на вештачко ! Е што јаде, мал е само за каши,мора да пие нешто . На формула сме и викам. Формула???? Што е па тоа ?! Молчам . Пак ме прашува - тоа вештачко млеко е , од тие прашоците ? Не бре викам , не е вештачко , адаптирано млеко пие Па коа почна да прашува што е тоа,какво е , од каде е... Од Холандија викам ми го носат, специјално некое млеко ... Ме гледаше ме гледаше зачудено и само изусти - Пази да не е расипано , далеку е Холандија , кој знае како го донесуваат Си замина и ја слушам како кажува на друга комшивка преку 3 куќи што е : На Славе снаа му бебето го храни со некаква Формула еден Синко у меѓувреме заспа Сега раат едно фрапе со млеко до попок и едно 3-4 цигари ќе збучам. Па да видам што да зготвам за нас. За бепка имам неделно мени направено и така терам. Раат сум така, не е лошо и за нас да почнам да применувам список. Гледам слики од одморите што бевме. Не е лошо да си извадам некоја слика за во албум. Само од крштевката имам направено слики и од болница коа го извадивме. А си бев рекла дека ќе полнам албуми, дека нон стоп ќе си вадам сликички. Сеа баш ќе седнам да и пуштам на вибер на таа од фото студиото да ми направат неколку . Убав ден мајки и дечиња
Не дозволувајте да ви влијаат муабетиве мајки, никако! Правилно е и да сакаш и да не сакаш да доиш, правилно е се што ќе одлучиш за твоето дете зошто тоа е само твое и само ти си одговорна за него и само ти ги сносиш последиците од твоите одлуки, никој друг. Нормално под ти мислам на мама и тато, не само на мама, зошто тато е подеднакво одговорен за бебе како и мама. Јас од слушање “попаметни“ дојдов до дехидрирање на бебе и ризикување на неговиот живот и никогаш повеќе нема да ја направам таа грешка, а попалметниот во случајов беше медицинско лице, односно патронажната сестра од поликлиника Ѓорче Петров. Да ја видам некогаш во животов пак ќе ја плукнам, жими се, со второво ако ми дојде пак она ќе ја избркам. Нит јас што сум молзела сум повеќе мајка, нит таа што доела, а најмалку па таа што се одлучила да даде АД е немајка. Крај! Јас од блиска личност во семејството дочекав да ми каже дека не сум права мајка зошто не сум родила природно и не сум доела, што поише да кажам.... Мислите дека ме погоди, ни малку, мене само душата ми знае колку сум мајка за тоа дете, на неписмени не можеш да им докажеш.
Имаше една тема од една членка баш за негативните страни од доењето кои како мајки сме ги осетиле. И многу беше нападната девојката, а доста беше во депресија и ми е жал што се исклучи од форумов и темата што се тргна. Има пар членки како Јеховини сведоци за доење се понашаат. И во право е девојчето погоре доста коментари од околина слушаме па уште и ние да се кошкаме. Никад нема да заборавам дури го доев ме фаќаа несвестици првите денови и се пожалив во ремедика на преглед и советот беше да дојам на кревет ако се онесвестам со бебето на меко да падне Се само ад да не му давам
А има ли недела на адаптирано млеко? Како тазе мајка, коментарите веќе сите ги имам слушнато. За прашања од непознати се спремам, дали е пропроционално да вратам со прашање за прво сексуално искуство? Кога веќе си чепкаме во интима... Јас уште се обидувам да одржам млеко, за жал веќе се гледа на килажата, а тоа ми влијае и на психа, и не знам колку сум спремна да издржам толку големи промени во животот. Сакам да дојам зошто имам екстра плачливо бебе и цицката ми помага во ситуации кога зајдува за 1 минута, а сме излезени надвор. Ми помага и да испијам кафе некогаш, да се успие навечер бидејќи за жал шише не ја смирува и не успева да заспие со него. За здраво, искрено не знам колку ми е млекото здраво на 3 литри сок полн шеќери, бел леб каснат набрзина со некој намаз (јер она плаче и плаче и немам време), нешто благо на дофат колку да не се онесвестам и ништо друго. Пијам и по некој витамин за утеха. Малку е чудно да слушнеш како си немајка ако не доиш, а таа што пуши и пие додека дои е мајка, ама нејсе. Силиконските не ги пушта за жива глава, се трудам ама не бива, ќе видиме што ќе биде, не сакам во целиот овој процес да ме снема, да станам гневна, депресивна, со лоша самодоверба и на бебе да му ширам таква енергија.
Супер е девојчето сега , ние приватно се дружиме , иако сме генерациски небо и земја. Со мајка и сме скроз иста генерација де Многу ве поздравува , нема време многу за форум , затоа ја нема. Претворена е во бизнис женска. Толку млада , а толку големи амбиции. Морав да ја пофалам
Да си направеме ние немајките една недела и да си седнеме на пиво (со алкохол) Тоа секако. И да им кажеш дека исто како да немале секс, без разлика на одговорот
Па кај сте бре жени? Не навистина. Кај сте? Кај мене во парк сите мајки се доилки, сите блиски доеле, да му е на човек срам да извади шише. Се шетам со новороденчево, прво прашање на сите: "-Лелееее пред 40 дена го извади???? Да, викам. Колкаво е? 7 дена." Фаци, коментари, една баба и до Библијата стигна да ми проповеда. Второ прашање: Доиш? Ама секој кој ќе ме види е ова. Првото го доев 2 месеци, т.е цицe со ад комбинирано. Со ова почнав со ексклузивно доење, сега сум пак на комбинирано. Толку ме болат брадавиците, не мора да чекам оно да ги откорне, кај и да е ќе ги откорнам јас. Преморена сум. По цел ден е бебе во раце или на цице, ад не го држи, не знам како е можно тоа. Големото (читај: 20 месеци само) запоставено скроз. Најмногу и ради него се одлучив да давам ад, за да добијам некое време да бидам со него, ама не, се кога бебе цица оно ме вика да си играме. Срце ме пара. Сега е во градинка па конечно и ја да пишам нешто. Одамна не ми било вака пријатно да ја читам темава, секогаш ја замислував да се надоврзуваме една на друга со муабетите, баш како сега, наместо класично пишување за како поминал денот. Се надевдам ќе продолжи во овој дух. Бебе се буди. Се читаме скоро.