Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Се пукнав од смеење :rofl:(poolparty)
     
    На Oneo, Snowflake92, Speechless и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.601
    Допаѓања:
    2.606
    Пол:
    Женски
    Ау со солзи ме насмеа оваа бабава.
     
    На Oneo, Speechless, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Ane1988

    Ane1988 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2020
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Да пишам и јас за првпат во темава а инаку редовно ве читам Ќе пишам затоа што ја почнавте темата со доењето Кај мене беше следната ситуација Ме примија во болница со надминат термин а јас ниту болки ниту отворена После 4 дена седење во болница веќе почнав психички да паѓам Им велев да ми дадат провокација или царски затоа што на цтг на бебе почнуваа да му паѓат тонови ама по нивно небило така само било успано за на крај во 6 вечерта да завршам со царски и тоа целосна анестезија затоа што и после двете боцкања во рбет мене анестезијата ми делуваше само во нозете Утредента бебе ми го донесоа само на 5 минути да го видам и тоа беше се за тој ден ама затоа пак наредното утро додека ми течеше инфузијата ми го донесоа и го оставија кај мене и ми рекоа откако ќе завршам со инфузијата да го ставам на гради и да го дојам Ни да ти покажат ни ништо а јас прворотка Инфузијата заврши и јас го ставив на гради а тоа милото влече ли влече ама јас млеко немам Им кажувам на сестрите а тие гајле си немаат да влечело за да надојде млеко Цели 5 часа се мачевме и на крај барав да го дохранат затоа што многу плачеше Го нахранија и ми го вратија и пак истото да сум го ставала на града Цела вечер се мачевме за да утрето сабајле кога го ставив бебе на цице почна крв да тече на што сестрите беа упорни дека не е ништо тоа и да продолжам да го дојам ама кога ме виде докторката ми рече никако доење додека не заздрават градите Бебе беше ок цело време барав млеко и го хранеа ама јас психички се срушив Како ќе ми дојде млеко ако бебе не цица Цели 4 дена не ми дозволија да го ставам на гради а јас се масирав и одмолзував рачно колку можев за да ми надојде млеко Речиси цело време си преплакав и се нервирав зошто дозволив тоа да ми се случи На испис ми рекоа да си купам млеко и да го хранам со шише затоа што сум немала млеко Значи толку лошо искуство ми беше тоа во болница што и денес солзите ми идат кога ќе ми текне Да несакат да ти посветата 5 минути или да ти покажат нешто едноставно не се замараат а јас недоволно едуцирана мислев ќе се породам и веднаш ќе почнам да дојам Кога си дојдов дома беше друго Градите ми заздравеа и почнав пак да го ставам ама му давав и АД Млеко ми надојде ама не доволно или пак бебо беше мрзелив да цица и повеќе го сакаше шишето па теравме комбинирано
    Сега сме веќе големи 6+ ама сеуште имам трауми кога ќе ми текне на тие денови во болница кога по цели денови плачев и се нервирав
    Многу сакав да дојам и уште сакам ама за жал сега цицаме само ноќе
    Коментари од сите страни зошто му давам АД ама само јас си знам што се не направив за да ми дојде повеќе млеко ама кога нема нема
    Без разлика дали е доено или е на АД знам дека сум му најдобрата мајка на мојот син
    Извинете на долгиот пост ама морав некаде да се искажам и да се пожалам колку не се обрнува внимание кај нас на едукацијата и помош при доењето
    Гушкајте ги малечките премногу брзо растат
     
    На marchi-cool, Bubi*2, Coco31 и 20 други им се допаѓа ова.
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.461
    Допаѓања:
    32.534
    Пол:
    Женски
    Паркот во капиштец. Вчера ме стрелаа со поглед мажи, жени и по некое куче додека седев на клупа и јадев сладолед а бебе си мљацкаше од шише во скут кај татко и :rofl:
     
    На Bubi*2, Oneo, le.dentiste и 8 други им се допаѓа ова.
  5. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.327
    Допаѓања:
    33.666
    Пол:
    Женски
    Доеле или не, Бог не створи да сме совршени мајки на нашите деца, такви какви што сме, со сите несовршености.

    Го дојам синко уште, 15 месеци има. Има денови кога цица како новороденче. Мислите мене не ме осудуваат за тоа?
    Доиш? Уште цица? Полна уста заби, знае сѐ да кажи и цица? Немаш млеко, вода е тоа. Одбиј го побрзо, тешко ќе ти биде после. Како сакаш да ти јади, кога цица...
    Бла, бла, бла, бла.. Кој ве врти.

    Мојата доенечка приказна постои благодарение на Нате (доење со љубов) и персоналот во плодност. Сите насоки што таа ми ги даде во тек на бременоста, исто постапуваа и во болницата. Кога се породив, бебе веднаш ми ставија на града, пред да му ја пресечат папочната врвка. Беа покрај мене и ми помогнаа за сѐ. До небо и благодарам на сестрата што беше на смена ноќта кога ми надојде млеко и не знаев што со себе од болки и температура. Преседе цела ноќ со мене и ми помагаше да се молзам.
    Фала ѝ на Нате шо секогаш беше тука за сите предизвици, проблеми и дилеми. А ги имаше поприлично.

    Дали е лесно? Не.
    Дали им е полесно на мајките чии што бебиња се на ад? Не.
    Не е лесно мајчиснтвото, ако немаш еден, ќе имаш друг предизвик. Само да се живи и здрави, друго сѐ ќе помине.

    Никогаш, никогаш не сум ни помислила да осудам мајка што не дои, дури и на другарки додека биле бремени ако се грижеле дали и како ќе дојдат, сум давала поддршка дека секогаш има алтернатива и барем денес не треба да се грижиме кога има мал милион формули на пазарот.
    Ама премногу ми е жал што нашиот персонал во родилиштата не е едуциран или е едуциран, а не ги едуцира мајките. Ми е жал што голем дел од педијатрите и патронажните сестри не се замараат да се посветат на едукација за доењето, туку гледаат на бебето како робот од книга и аха, мора за толку дена да качи толку грама, по таа и таа формула му фали уште 20мл млеко дневно. Мислам... :x

    @Bubce38 царица си, ме пресмета.
    Најсреќен роденден, да ти се исполни желбата. :^:

    @Honny јас користам на ело козметикс, задоволни сме, синко е пребел. Имаш цела тема за крем за сончање, читни можи ќе најдиш нешто посоодветно.
    За циклусот и јас сум за никаде.. со циклус без циклус.
    Ај па мош ќе ве почастам по една пијачка за втора цртка :wasntme:

    Синко крена газ и пушти некој чекор. Шо пие кафана?
    Да растрча убаво и ќе почастам постапалки.

    Денов жежок и тежок, јас прв ден без температура. Ме истресе убаво ковидот овој пат. Надвор 40°, јас со 39.5° температура. Весело :drunk:
    Фала му на Бога барем Јован лесно мина.

    Одам да дробам салата, денес на мени пастрмче.
    Имајте најубав ден. :sun:
    Гушкајте убавини од бебиња и деца. :hug:
     
    На marchi-cool, Slonce91, Bubi*2 и 24 други им се допаѓа ова.
  6. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Доење...тема која беше начната од сите околу мене уште кога бев бремена. Сите беа со ставот Мора Мора да доиш, биди упорна не се откажувај!!! Одма комплекс ми набија дека јас Морам да го дојам своето бебе! Ок, се породив во Ремедика и морам да ги пофалам дека за доење сите се 100% посветени. Толку многу форсираа бебе да фати цицка и се трудеа да ме научат. Они кога ќе го наместеа бебе фаќаше града, јас пробував и никако не ми успеваше! Бебе плаче за млеко јас неможам да го наместам, а млеко 3 капки...им го давав назад за да го нахранат и се осеќав многу лошо. Психата ми беше дека Морам да дојам по секоја цена. Ок, ми дадоа силиконки и бебе убаво си фати. Дојдовме дома и продолжив со силиконки, муабетот дека Мора да дојам продолжуваше, јас сирота по цели вечери со бебето на цицка. По 3,4 саати навечер седев на фотеља, рацеве не ги осеќав, купив и перница за доење ама рацете ми откажуваа. Бебе ќе фати цицка ама колку ќе се надпи. Ме учеа да бројам голтки за да знам дека бебе цица. Тоа влече јас во уво претворена и не слушам дека голта. Значи нема млеко...ок, ќе седам уште само нека цица уште некоја капка...си полудував од мака! За неспиење и умор да не зборам. Дури и се одмолзував ама тоа немаше ни 10мл млекце. Градите ме болеа страшно,ланолин еден тон потрошив и веќе незнаев како се викам од умор. На сето ова, уште бебе не креваше на килажа па добив коментар од свекрва дека не ми чинело млекото, слабо ми било! Со плачки завршував а на бебе во ремедика ми рекоа да му давам дохрана Ад само 3 пати на ден и да продолжам со доење. И така 3 месеци умрев за да почне конечно бебе да цица без силикони а јас да станам попаметна и бебето место во креветче да го "учам" да спие си го земав на спална, го избркав маж ми во дневна и кога ќе посака бебе да си цица одма да го надојам на кревет. Се си дојде во нормала, бебе си качи килажа и супер почна да напредува. Ех да сум сега со овој ум на почеток не би се трудела ама баш ич да дојам, тие трауми останаа длабоко во психа дека мора да дојам! Сега синко е 7.5 месеци, цица, јаде кашички и пие по 1 шишенце Ад пред спиење. Да, сега уживам во доењето признавам ама патот до тука беше многу страотен,хаотичен, тежок
    Мајки, ние како жени сме мнооогу издржливи суштества и капа треба да си симнуваме една на друга. Се ќе издржиме за нашите малечки а тие ќе не наградат со своето растење и развивање. Не се ставајте во тој бубањ и вие дека мора да доите затоа што лошо делува на психа, дека сте немајки ако не доите и слично. Уморна мајка не чини, сепак им требаме на нашите бебчиња полни со енергија. Толку на таа тема.
    Општо, бебињава брзо ни растат. Се проаѓа и се ќе заборавиме еден ден, само нека се живи и здрави. Ете синко ме награди вчера ми пролази. Се стопив ! Уште не седи, ама го гледам има напори и за тоа, па се надевам дека ќе седи во брзо време. Не ми се иде на работа, уште ден месец и треба да се вратам. Многу ми паѓа тешко, убаво ми е дома со синко, обожавам да си го гледам цел ден и да си играм со него. Многу ќе ми фали ама мора да се работи. Незнам дали свекрва ќе го чува или ќе го праќаме во градинка. Не сум ни за една од тие алтернативи ама ќе видиме...
    Ве гушкам мамички, да уживаме и да се гушкаме додека можеме со бебчињата, брзо си растат мачињата
     
    Последна измена: 10 август 2022
    На marchi-cool, Slonce91, Bubi*2 и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.601
    Допаѓања:
    2.606
    Пол:
    Женски
    Е мајка и мојов вчера убаво пролази, денес се бркаме низ стан. Исто 7.5м е, туку кажи ми гуга слогови како ма ма, та та, и останато. Не знам дали треба да се загрижам, си имаме ние наша комуникација, се разбираме, се смее, по цел ден му зборувам но се уште не ми гуга слогови. Звуци, крици да. И јас до вчера ми се одеше на работа, ама како се ближи време се повеќе сакам да се гушкаме со синко.
     
    На Lovebug01, Mom's_life, Bubamaricka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Ајде честито мама, нека лазат малишаните! Моево вика Ма ма и Ба ба, ама не секој ден, пред 2 недели вежбаше по цел ден дури и без глас, само отвараше уста ма ма ма ма, ама нешо престана деновиве не вика веќе. Демек научи и толку хаха. Си збори он на негов јазик нешто ама не е конкретно како што беше. Дури мислами незнае сеуште што значи мама, баба. Не се секирај, секое е различно, ете кај другите бебе им седи,моево уште не, ама кога ќе му дојде на него тогаш ќе проседи, твоето ќе прогуга...се ќе биде во скоро време
     
    На Lovebug01, Bubce38, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.267
    Допаѓања:
    67.849
    Пол:
    Женски
    Ехеееее, добредојдовте мајки во светот на коментарите за тоа како го одгледувате вашето бебе/дете. :D
    Тоа е само почеток, потоа секој се осеќа слободен да ве праша ако е слабо дали јаде нешто, ако е полничко по некој совет за што да јаде, па за облекување рандом луѓе на улица дека е претопло/преладно, коментари колку сакате. Се отрпнува и само мхм, и толку, не се ни става на крај памет. Секогаш некој има да каже нешто, не знам зошто луѓето мислат дека децата се како општа своина достапна за секакви коментари. Некој чуден феномен.

    За доењето само би рекла ни фали едукација и помош зашто е навистина напорно додека се фати ред. Ете, сплет на околности се случуваат и доаѓа до тоа што доаѓа. Ќе пораснат, па ете, ќе ви солат за друго памет, немојте да се секирате дека без совети ќе останете. :D

    И моево се спрема за школо, какви радости се тоа, броиме денови веќе. Се опреми со ранче, малку по малку докупуваме. Девојче на мајка, порасна, ама галениче ми остана, врзано за мене, обесено ко мајмунче. :D
    За ништо не би ги сменила сите тие моменти, уф колку брзо ќе поминат...

    Да дремнам малку, па може да се шетка некаде.
     
    На marchi-cool, Bubi*2, Oneo и 24 други им се допаѓа ова.
  10. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.740
    Допаѓања:
    175.988
    Пол:
    Женски
    Јас околу мене имам ептен многу комшии. Сите имаат снаи , внуци нели. Си живеам со сите.
    Маабетџика сум си јас
    Ама има 2-3 баби што знаат да ме изнервираат. Додуша веќе не им фаќам за зло, почнав да ги мајтапам коа ќе треснат некоја зелена .
    Пред нецел месец една ми вели
    - Зборува Славен ?
    Не,велам
    - Треба да почне веќе да кажува основни работи , боите да ги распознава , да кажува како прави секое животно ...нашиот внук вели од пред 6м тоа све правеше .
    И јас ко шо ме дал господ неуред , викам
    Ааааа моето не е многу по зборење. На него само моливи и боици дади му. Он цел ден црта.
    И на терасата имав некои листови од внука ми што е цртала коа иде овде ( 7 год е она ) и и ги покажувам на бабата.
    Види и викам , мене ме нацртал , ама ногу грда сум во неговата глава изгледа. ( Внучка не ја бива баш а многу сака да ме црта )
    И Со сиот ум бабата ми вика :
    Добро е бре , ќе се научи , важно се труди детето.

    Зборуваме за 6 месечно бебе
    Добро било нацртано ! Важното е што се трудел !!!
    :@:@
    Шта речи а не заплакати:(
     
    На marchi-cool, Bubi*2, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 36 други им се допаѓа ова.
  11. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Вторава баба од твојава колекција ме потсети на мајка ми од вчера со муабетот:

    "Му никна заб?" (малото вчера наполни 6м).
    "Не".
    "Бре што инат дете ќе беше, до сега требаше еден заб барем да има".

    Ја со прашалници останав (facepalm)
     
    На Oneo, Сара Лав, Mom's_life и 12 други им се допаѓа ова.
  12. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.461
    Допаѓања:
    32.534
    Пол:
    Женски
    Ах ах, за мерак. Мојата е 8 и нема запче. Магарешки инает :worried:
     
    На Mom's_life, Tea SK, marta993 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Си добив и објаснување на моите прашалници, старите викале ако до 6 месеци немало запче детето инат товарен ќе било (facepalm)
    Како кажат старите, така :headbang:
     
    На Bubamaricka, Mom's_life, Snowflake92 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.601
    Допаѓања:
    2.606
    Пол:
    Женски
    Баби пророчици, хаха
     
    На Bubamaricka, Mom's_life, lovely91 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    99.514
    Јордановска, на глас сум се изнасмеала:D
    Овие стариве се значи бетер од мали деца:x

    Малата се роди со светли очи, леле викам само да не и се сменат, тоа ми беше единствена желба цела бременост, само светли очи да има.
    И свекрва ми силна, матна - нема да и се сменат, не доиш, од мајчиниото млеко се мени бојата:!::rofl:
     
    На marchi-cool, Oneo, Milobebence и 14 други им се допаѓа ова.
  16. marta993

    marta993 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    29.058
    Пол:
    Женски
    Здраво и од мене, одамна не сум пишала ништо, немам време ни 5 мин за себе. I’m tired of being tired... :|
    Ќерка уште не врзува повеќе од 3 часа сон, спие до мене, цице на мегдан, јас функционирам со 5-6 саати сон веќе 13 месеци. Станувам пред петлите во 05.30, на нога 8 часа , дневно правам во просек 9 илјади чекори на работа, ја земам госпоѓицата од градинка, дома глумам кловн играме се шетаме низ цел стан, никако сама да се заигра, кај е таа мора и јас да сум до неа.
    Сега не сака ни да дремне откако ќе си дојде дома, пред две недели барем тогаш одмарав со неа, сега нема шанси ни до тоалет да отидам, мора да ја земам со мене па да си правиме муабет.
    Сопругот доаѓа во 17 часот, ајде ручек, ајде играње пред спиење, ајде мама направи нешто за вечера, ајде мама дај го цицето за успивање.... Ии дошло 20.00 часот, спреми за градинка, собирај играчките, туш и тишина, нозе во вис и време за себе..
    Од наредна недела почнувам со втора смена, многу ми е мака.. До сега цело време јас ја успивав малата, со цицање за 15 мин е кома. Тато се плаши од плачењето нејзино не се ни обидува да на успие.. Сега се мислам како да направиме, јас доаѓам дури во 22.00ч , којзнае како ќе биде без цицање по цел ден и заспивање без цице. Секако викендов ќе пробаме, но не знам колку ќе бидеме успешни.
    Важно таа супер си напредува, лази трчајќи, убаво си зборува на нејзин јазик, пола се разбираме а пола не е важно :D
    Нема обиди за одење, уште не е сигурна и не е цврста, не се брзаме:)
    На одмор таман отидовме, крена висока температура, се жалеше на увцињата, па наредниот ден директ во Систина на ургентен, отитис, ни препишаа антибиотик. Сега си е како нова, само криво ми е за пропаднатиот одмор. Ќе имаме уште многу лета заедно си се тешам:):)
    Поздрав од мама и од Вера, гушкајте и бакнувајте ги дечињата и имајте убава вечер :hug:
     
    На marchi-cool, Bubi*2, Oneo и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Ајде добро вечер и од мене :beer:
    Пивото наточено, детето у кревет филм спремен, уште маж да се накани да го седне газот или ќе си го пуштам сама да си гледам, ич не ми чуе (poolparty)

    Бебуш вчера наполни 6 месеци еј!
    Сите викате брзо лета време, е стварно лета. Некад ќе се исклучам у сред играње со него, ќе ми се деси блекаут на секунд и кога ќе "вратам", го гледам и си викам "Еј, абе ова е мое бебе бе" :o:drunk: Имам бебе што ме гледа право у очи и се смее на глас веќе, збори нешто на негов јазик, а ја демек го разбирам и повторувам по него, па он реагира демек "Мамо ме разбраа?!!!" и така до недоглед.

    Никад не сум била некој дечар, да заиграм бебе/дете боже сачувај, ама сега сите песни на Дарко Биберко ги знам :tmi:. А он златен кога ќе каже тоа малото на почеток на песната Дааркоо Биберкооо се топи од радост :inlove:
    Така сите каши ми ги лапа без проблем, само мама да пушти Дарко да пее за бананите :rofl:

    Нека нѝ се живи и здрави на сите децата и да си имаат сите дечиња кој колку сака, е толку имам да кажам на темата :l:

    Сабајле бевме на педијатар, го носам секој месец на контрола после полнење месец и му кажувам на типот дека ортопедот му дијагностицира Harrison sulcus на детево и му зголеми доза на D3 од 2 капки Пливит на 8 капки. Па кога ми се фрлиии... "ОРТОПЕД НЕ ОДРЕДУВА ДОЗА НА D3!" Ја првпат слушам ова. Вика "Тоа ти е исто како ја наместо гинеколог да ти кажувам за цистит* (facepalm) Ме извади од такт, заборавив све што сакав да го прашам у врска дохрана, за месо кое и од кога да почнам да му давам на бебе, само гледав да фатам пут под ноге.
    Па уште не сум му облекла пелена на дете, он вика други пациенти да влезат у ординација. Како не го запцув не знам (lalala)

    И така сега сум во потрага по нов педијатар, пошто форумов повеќе ме има советувано од него за многу работи.


    Еве го муж иде, пуштам филм алелуја. Чувајте се жени и бацки до малите (zilmer)
     
    На marchi-cool, Slonce91, Bubi*2 и 21 други им се допаѓа ова.
  18. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    17.305
    Пол:
    Женски
    Ајј што убаво се распишавте, еве и јас покуса да не останам.
    Спакувани, наместени, успани (маж и бебе) а мама недепилирана… па се знае кој останува на крај несреден и треба да не спие и да направи пакт со дедо боже денот да се продолжи за 3-4 часа минимум па се да се стигне нешто, и некој ќе рече не мајка, епа кој и да ви рече дека сте не-мајка, помалку- мајка и било што друго, е тој е Не-човек.
    Ќерками се понаша исто ко на @IRBBB новороденче, цврста храна ако ми се посреќи ќе апне. Коментари, ти си крива шо не јаде, не и давај да цица а ова моето се тресе за цицка ко лудо… Ич не ме интересират!
    Јас многу подршка имав и на пораѓај и после тоа во врска со доењето, многу ме храбреа и бодреа сите женички таму, им се заблагодарувам до небо шо ме трпеа таква испаничена што мисли дека нема млеко и детето и е гладно…(facepalm)
    Искрено сакам веќе да ја одбијам ама не поради коментарите, туку поради исцрпеноста ама не по секоја цена, ќе видиме.
    @marta993 почесто пишувај, твоите постови ми предвидуваат што да очекувам во наредниот период, оти ќерка ми ист табијат ко твојата е, ама ти супер мамичка си :sun:
    Од секојдневието, денес правевме смаш кејк фотосесија. Утре летаме за Македонија 5ти лет по ред на беби. Сабота правиме роденден и ми се плаче бе ќе врне,катастрофа! се надевам грешат!:@
    Денес бев на пазар меѓу другото купив и цигари за мм па на каса ме прашуваа дали имам 18 години :$ а ја далеку од таа бројка сум, ама убаво ми дојде:angel:
    Да не должам оти несредена ќе си останам, за ненаспана веќе си знам дека ќе бидам.
    Добра ноќ :hug:
     
    На marchi-cool, Slonce91, Bubi*2 и 16 други им се допаѓа ова.
  19. Sailorgirl

    Sailorgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2021
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    444
    Пол:
    Женски

    Хаххха оваа бабава - комшика твоја, нешто слична на бабата моја, ( свеки, на мојата свеки :rofl:)
    Седиме пред некој ден, и синко весел мрда , брбља нешто на негов јазик, се смее, да го гледаш и да се топиш од радост, и бабава се врти и ми вика : " Леле колку лошо и немирно дете си родила, што е ова место не го држи, братучед му, ( од другиот внук, омилениот нејзин внук, па малото) баш си е паметен и мирен, срце на баба, кај и да го оставиш, таму ќе го најдеш,ова твоево ептен живо..(facepalm)

    Од коментари за гледање на туѓо дете, сите најпаметни се прават и појќе знаат..
    Е на тоа, кога ќе ме испровоцираат премногу, знам да им одговорам
    " Сте имале деца, сте ги гледале како што сте сакале, сега ова е мое и јас најдобро знам за моето дете."
     
    На marchi-cool, Bubi*2, Oneo и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Lalalupsi

    Lalalupsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2022
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Мајки дали работи Веро Џамбо во недела и продавниците во него?