Скроз те разбирам, по 9 месеци се навикнуваш не дека станува нешто полесно ама повеќе се движи, малку повеќе може да се занимава самостојно, ако оди во градинка уште поубаво, башка ако се враќаш на работа е тоа е одморот Ние до ден денес си купуваме ручеци ич не се замарај И сега на 13 месеци залепена е за мене, одиме на гости кај баби дедовци, пијам кафе и си јадам на раат како да не ја познавам Едноставно такви ни се децата, повеќе си сакаат внимание и друштво, за година две ќе биде друга приказна. Како и да е, јас и во тие да кажам “тешки” моменти кога немам време ни да отидам до тоалет, се тешам дека за кратко и тоа ќе се смени, да пробам да уживам во нив, сигурна сум дека ќе ми фалат.
Ова стандард ми е, од кога стана лепенка, буквално кој и да дојде на гости или да идеме и да се заигра јас одам на страна и пијам кафе на раат и ѕиркам од далеку
Нема лесно! мојата има 5 години и уште е лепенка за мене. Се надевам на училиште кога ке тргне ке најдам спас . Да се надевам дека тогаш малиот нема да ја замени. Само да наполни година и терам на работа тамо е спасот
Што знам, јас па стално имам време да се средам, а ѕверкава е 300 на саат. Кога бев на породилно полабаво се облакав, тренерчиња, хеланки, шорц ама па стално се потсредував за надвор. Е сега косава моја си е природна фризура, па можда ради тоа посредена делувам увек. Откако тргнав на работа, станувам пола саат порано, легнувам пола саат покасно да сум средена. Таква бев и пред да станам мајка, таква сум и сега. Не ми се случило неналакирана, ненашминкана несредена да одам на работа. Кога ќе видам колешка ко од поплава извадена дошла на работа, на ништо не ми личи. Јас ако се прашувам за се има време ако сакаш. За вежбањево некако не ми се вежба. Једино ми смета стомаков малку ми е опуштен ама ништо посебно. Ваљда памти тело што вежбав толку години. Килажава ми е само 5 кила во минус од пред да останам трудна, би си ги вратила да можам, сега некако многу сум слаба, не си се свиѓам. Не ме пцујте, од увек сум била потресена за изгледот. И 10 пути да се разбудам вечерта, ќе станам во 6 да се шминкам. Опсесија ми е малку да сум стокмена, можда и претерувам.
Супер е тоа мама се. Ама ако бебе спие мирно. Ама ако станува ноќта 120 пати а исто насабајле почнува да се буди на секои 15 минути.... е тогаш е друга песна.
Здраво мајки Што убаво активна темава. Во врска со доењето и јас не се чувствувам како да правам кој знае што. Имав среќа што на болница многу ми помогнаа, па така продолжив да го дојам. Ама и во бременоста не бев нешто многу да речам заинтересирана за доење. Читав, се информирав не велам не, ама не со мисла дека мора да дојам. Мене потешко ми е одбивањето отколку доењето. Пишував и во темата за доење, заради тоа што веќе почна да боли доењето со силиконските брадавици сакам да го одбијам, ама никако не ми успева. Го дојам само за ноќното заспивање и еднаш сабајле. На вечер ако не му дадам града зајдува, се удира намерно со главата кај ќе стигне, хорор. Многу се нервирам дека незнам како да успеам да го одбијам. Можи треба да сум по упорна ама стварно незнам како да го смирам навечер кога писка и вика "меме" и ништо друго не го интересира А коментари имало и ќе има секогаш. Исто сите прашуваат дали го доиш па дури и преку порака. Сега па колку се нервирам дека не можам да го одбијам, па уште се запнале сите исто да кажуваат, голем е, доста му е, вода е тоа... Незнам како не им е срам, на никоја мајка во животов не сум ја прашала дали дои. Приватност е тоа. А за доењето во јавност, храброст добив од форумов. Еден месец мислам имаше бебуш и требаше да правиме некој испитувања, па прашав во што да земам молзено млеко со мене Сите ме искараа да си дојам слободно и така бидна. Од тогаш вадев града кај и да посакаше синчето За спремање со бебе или дотерување сум имала време секогаш. Моето си беше многу мирно бебе, кај ќе то оставев таму си лежеше/седеше. Сега знае да чепка секаде, да отвара по фиоки ама ако планирам да се дотерам/шминкам, гледам да се спремам дури спие. Иначе синчето прооде конечно Ова проодувањето до сега најмачна фаза ми беше. Сакаше да оди и само ме тегнеше за рака, така да шетаме низ дома а не се пушташе сам ама бидна и тоа. Оди веќе 2 недели скоро, сега почна и ептен брзо да оди. Ова е вистинско време за слабеење. Го пушташ надвор да оди и си трчаш по него цел ден Чекам да ми се јават за од септември да оди во градинка. Многу сакам да оди, се надевам ќе сака и тој. Толку од мене да поработам уште некој сат и легнувам. По едно колаче за сите
Лесни чекорчиња Мартинче И ние имаме причина за частење го прославивме првиот роденден, ајде и на торта Се што ќе напишам или ќе биде излишно и веќе кажано а нема да долови како се чувствувам, само ќе си кажам дека мајчинството уште по емотивна ме направи. Си плачев од среќа точно во 00:51 ја гушнав и заспавме. Торти две имавме едната јас ја правев другата порачувана, мислам дека ќе познаете која е која.
Добро утро, друштво! Јас пак прва пишувамтоа е мајчинство Ако слушнете на вести дека некоја жена се има онесвестено од неспиење да знаете дека сум јас синко го мачи меше, башка скок има башка вакцини. Се ни се собра. Се искака му олесна да го пресоблечам и пак ке пишам
@Oneo @IRBBB лесни чекорчиња на Мартин и Јован )) @Dancewere среќен роденден на убавицата, нека е жива и здрава! Браво мама за изработката, искрено повеќе ми се допаѓа твојата ))Се надевам убаво си поминавте на прославата
Добро утро! Недела. Ние( читај јас) конечно се наканивме да преспиеме на село. Си мислев бебе ќе плаче, навикнато си е на дома, никаде не сме излезени еве скоро 5 месеци, па да мкнам торбици, ама ај да му угодам на мм. Па добро поминавме ноќеска. Си заспа нормално 20.30ч.после поплачи ама се си мислам меше го мачи периодов премногу се смени. Од какање по 7-8 пати во ден, наеднаш скрати на еднаш и тоа густо дури и парчиња има. Инаку си е мирен, е овде повеќе му се удоволува сите во раце го држат ама ајде, премолчувам. Големиов пак пресреќен, можел цел ден да игра во двор, со топки, со другарчињата, да вози велосипед на раат. Вика да не си одиме и денес Во мисла сме и да направиме една мини крштевка, додека се баба и дедо тука. Без гости, само кумот, родителите од мм и моите ( ако имаат сила да дојдат). Забави не правиме, таква ни е ситуацијата, сакаме детето да си го ставиме на ред што се вика. Јас сакам баш сега за Богородица, ама дали ќе ми се прифати предлогот, не знам. Денес на мени риба на скара, ќе мириса цееело мало. Денес и не треба сенка, супер временцево е свежо, али ќе уживаме надвор. Убав ден!
Си легнуваме синоќа со синко и он заспа рано рано, јас до 1 серија зјапав и ај да легнам и јас гледам испотен, ај викам ќе го преслечам. Го средив, го облеков и го покривам и да го бацам и му викам Многу те сакам мами! Добив одговор во сон, лајкче со прстето Љубовен ми е ептен синко. Утрово му направив убав доручек како во ресторан, со сите салтанати што ги сака и ми рече дека сум била најдобра готвачка од сите во нашата фамилија Мед еден медосан! И така дојдов да се пофалам оти сами дома нема на кој да се пофалам. Да испијам кафе мајки, оти притисокот си го барам под чергиче од што ми е низок па да се фрлам на чистење, планот беше да одат во село моиве ама нешто се предомислуваат па сепак да исчистам денес и да ми е чисто. А ако одат сепак ќе ми биде чисто цела недела, само да уживам на дома. Убав ден мајки!
Мојава далеку од тоа дека цела ноќ спие. Кога ќе се разбуди 3 пати само за да се закачи на цицка, частиме сабајлето. Ама па таков ми е мајндсетот на мене, да се средувам
Океј е мама. И мојот е таков ама попушта нога бебе станува на 15 минути после 5 саат сабајле и со презаспивање до 8. А нема кој друг. То е муабетот.
Така е. Се согласувам. Да си останеше мојава ко што беше во 4ти скок, сигурно немаше да ми е паметот во средување него на психијатрија ќе завршев ко што сум со тенки живци
Детето е секако на прво место, ама за мајки што имале многу различен живот претходно, а добиле бебе кое плаче голем дел од времето и сака исклучиво кај неа во раце, психички е многу тешко. Мене лично ми мава на самодоверба, ем нејзиното плачење, ем тоа што не можам да се средам, дома што не е средено под конец... И кога ќе ти рече уште некој ама не си ти битна сега, бебето е - уште толку те погодува, да мислиш дека си лоша мајка само зошто сакаш да си средена или 15 минути за себе време во денот... Мојава ете, се погоди да плаче константно ако не е во раце, педијатарот се чуди, крева раце, мајка со среќа нека ти е терсене бебе имаш. Го прашував ортопедот да не има проблеми со грбчето што вреска чим ја оставам, ама не, нема, едноставно си е плачка. Стварно уживајте во бебињата кои поспиваат или лежат сами, или може некој друг да ги држи оти многу голем благослов е.
@Dancewere најсреќен роденден на Софија, голема и безгрижна да расти! ❤️ И мене повеќе ми се допаѓа твојата торта, сечи едно парченце @Lovebug01 @marta993 фала ви мами, постапалките се крчкаат, ќе частам наскоро Добар ден мајки на најубави бебки и дечки Маж вари кафе, па кој е за, нека повели. Ќе смучка и едно секси нес ако сака некоја Ве читам за средувањето и искрена да бидам и јас пред да станам мајка мислев 'ех, секој има 5 минути да се среди'. Ама сега сфаќам дека некогаш тие 5 минути одбираш да ги потрошиш во спиење на пример или оброк, то е, приоритети. Ама се трудам да сум секогаш средена за на работа. Не знам за вас, ама мене многу позитивно ми влијае на самодовербата кога сум средена и така убаво се чувствувам. Почнав на работа на почетокот од месецов. Ми фалело да имам и друга обврска надвор од домот. Прифатив да сум дел од нов проект, така што ќе имам повеќе работа, а ќе треба да одам и на едукација, па дома и да учам, ама ако, оддамна го сакав тоа и се радувам што одма ми излезе прилика. Некако со раширени раце за работа ме пречекаа, ама ако, не се жалам. Уште точно 3 недели до одмор. Одбројувањето веќе е започнато. Се подновивме со либе со купачи, на малиот само еден пар му купивме, сакам да земиме уште едни за да можам да му ги сменува суви/водени. За деца купачите како зимска јакна да купувам, навистина претеруваат. Му изнакупивме уште животни на синко за во колекцијата. Рака на срце јас повеќе од него му се радувам и ги играм, тој прасето и бизонот ги обожава. И туку гртулка на сите диви мачки, пресмешен е Зедовме и нови книги, само една доби сега, другите се складирани в кола за да му ги дадам кога ќе патуваме, да не му се веќе видени и досадни. Денес за ручек манџичка сакам да правам и некои колачиња за ужина, а за вечера сакам некои ќофтиња од киноа или просо да правам, па ако имате рецепт, споделете. Да искористам евтина струја и тоа шо не е многу жешко, па да бувта рерната денес. Инаку благодарение на маж се убедив да купиме мултикукер и жени ако сте во можност да си земите оти вреди секој денар. Ем брзо се прави јадењето, ем превкусно е. Одам да засукам ракави. Имајте најубав неделен ден. Гушкајте љубови најголеми. ❤️ ПС: имам аутокорект на моб и сите глупи и бесмислени зборови во сите постови се благодарение на него.
Според мене таквиот начин на размислување "не си ти битна сега, бебето е најбитно", е погрешен и е цврст темел за поспородилна депресија. Ако мајката не е среќна, како бебето ќе биде среќно?! Јас немав излезено меѓу народ што се вика асално 3 ипол месеци откако се роди ќерка ми. Бев влезена во бубањ секој ден. Да напоменам дека она до 3 месеци само спиеше, не беше нешто захтевно бебе. Сва среќа што бев на прослава прв пат после пораѓај, на прагиот кога и почнуваше 4ти скок. Да требаше тие хорори од скокот да ги трпам, се уште неизлезена од бубањот, не знам како ќе се справев. Искрено откако почнав да се мешам по народ, кај кај полесно ги пријдов сите неспиења, плачки и држење во раце по цел ден, за да спие. Не знам, моево искуство вика среќна мама, среќна беба ама па фала богу секое бебе си е прича за себе.
До збор се согласувам со @Tea SK. Ќе ја надополнам само ова- ти си тазе породена и се бориш сама со времето. Ама се надевам дека за многу скоро ќе сфатиш дека никогаш повеќе дома нема да ти е чисто како пред бебе и храна зготвено како пред бебе и ти средена, излезена, прошетана... Ќе одбираш приоритети, а јас се согласувам дека најголем императив треба да ни е ние да се чувствуваме убаво и да го одбериме да го правиме тоа што нас не исполнува секој пат кога сме во можност. Да, бебето има свои барања и потреби кои растат заедно со него, ама мора да најдуваме време за грижа за нашето тело, психа и дух. Така и децата ќе ги воспитуваме дека треба да се сакаат себеси и да се грижат за себе и за своите потреби.
Не е терсене, каков збор. Едноставно си има поголеми потреби од другите бебиња, затоа споредби се излишни. Сака повеќе блискост и допири и не се чувствува безбедно кога ќе го оставиш. Некои бебиња се природно посмирени и немаат толкава потреба од допири. Ќе го оставаш на маж кога ќе дојде, да си земеш за себе 15 минути. Се согласувам дека време за себе треба да се има, ама не по цена на тоа мало бебе да плаче. Ниту пак тоа знае или разбира нешто. Ќе си поделите обврски, време, ќе си најдете начин. Знам што зборам зашто моето беше такво, во ништо не седеше и порасна во раце. Еве и сега си е такво дете, сака да се гушка секогаш, уште си ја има таа потреба од близина. Како и луѓето и децата си се различни. Бебешката фаза брзо минува, ако е за утеха, иако ни се чини тогаш дека е вечност, ама малку по малку како раснат полесно е.