Welcome. И јас бев нем посматрач цела бременост и првата годинка на синчето. Имав некој профил од пред неколку години ама никако не можев да го вратам и да се најавам. Си читав редовно. Ама не секогаш имаше одговор на прашањата кои си ги имав во глава, па решив лично да прашувам и се зачленив.
Мами здраво,прашањево не е за тука ама можеби некоја од вас се соочила со истово па ќе ме посоветува.Породена сум пред 4месеци,не во Ск.Да не речам сега некако почнав да се прибирам од ситуацијата што ми се случи па почнав да размислувам со ладна глава.Вака,Имав закажан втор царски рез арно ама пред закажаниот термин неколку дена добив контракции и намалени движења на бебето.Ноќта кога отидов на болница не беше др кој ме водеше,др што ме прегледа ме хоспитализира и ми рече ќе се слушнам сега со твојот др и ако треба според цтг ќе дојди ќе те направи царски ако не утре сабајле.Ова беше 23ч,додека отворија историја помина полноќ и ме однесојљ во родилна.Таму освен сестри др немаше,на цтг само ги видов конттакциите кои беа до 100,тоновите на бебе не ги видов тие ми рекоја ок е по 3часа ќе ти направиме пак сега спијај,иако јас бебе не чувствував.И да не должам.Ноќта ми направија 3цтг и ме враќаја во кревет на спиење и ми рекоја царски ќе се прави утре спијај,а пред да ме однесат во родилна ми ставика диезапам инекција за да ги намали контракциите знајш да можам да издржам.Ноќта бебе не мрдаше ич,сабајлето дојде др ме спремаја и ме однесоја на царски и продолжи туртурата.Не можеше да го извади бебето да молкнеше мачеше вртеше тегнеше и го извади со асфиксија(без кислород,не плачеше) бело како крпа да не кажам мртво.Свесен беше дека ќе извади мртво бебе па гледаше да ме спасат мене.На сестрата и го предал со зборовите кажи и на мајката мртво е.Фала му на Господ а после и на анестезиологот тие ми го вратија во живот после реанимација а др.ме соши и замина без објаснување кое и ден денес го нема.Јас по еден куп варијанти и размислувања дојдов до заклучок дека бебе беше без кислород уште во стомак и се мачеше цела ноќ,среќа па не умре во мене,зошто кога ко го извадоја тоа не беше модро кско загушено туку ја поминало и таа фаза и обелело како мртовец.Ве молам толку сум бесна,кажете ми дали да го тужам оделението,докторите за занемарување,за загрозување на два животи и непротоколарно работење зошто имаше и доста одстапки,не правење итен цараки при намалени тонови на бебе,на царски рез беше употребуван вакум,матката ми е сечена и хоризонтално и вертикално и на крај бебе со асфиксија,реанимирано со недај боже можни доживотни последици.Памет немам 4месеци,само по доктори со бебе а и душава не ми е мирна за тоа што ни се случи.Се извинувам на огромниов пост ама ова беше нешто во најлратки црти што можам да објаснам
Да тужиш ако имаш извештај напишано црно на бело што се случило. Јас би тужела. Да сте живи и здрави и ти и бебе и се надевам дека ќе пука од здравје цел живот! Едит: едно прашање, ти им кажа дека бебе не го осеќаш? Им го потенцираше тоа и ништо не преземале?
Мислам дека сама си одговори. Во моментов здравството ни е на мета така да можеш на ИРЛ да им пишеш, или најми адвокат добар да ги консултира и почни од некаде. Време е да се доведе во прашање однесувањето во родилиштата, како за твојот случај, случајот на Дона и многу други кои изгубија бебиња дури, до толку беше. Не очекувај дека ќе има брзо разрешница, ама ете консултирај ја Дона, има пишувано по темиве побарај ја, случајот во тетовската болница што резултираше со вадење на матка и почнете од некаде.
Да имам на месенџер разговор со докторот каде пред да отидам ма болница му пишав дека не го чувстувам бебето,на болница му кажував цело време
Не сум била никогаш во ситуација да треба да одам по судови,не знам од каде да почнам и затоа си реков тука ќе ме просветлите.Те молам кажи ми што е ирл и молам ако дона чита да ме контактира искрено мене ми има пребегано незината ситуација
https://irl.mk/mk/ повели. Хипократ гомна да јаде, небитен е. Небива дале Хипократова заклетва. Говеда. ( Се извинувам за речникот )
Одма тужба да си поднесеш најди адвокат. И јавно да си ја објавиш сторијава. Ова е крајно нехумано. И да го објавиш јано треба тој доктор да не оди ниту една кај него
Да не ја утнам, мислам беше @MandyLane ако сум грешка нека извини, ќе ти пише. А ИРЛ се тие кои ги разобличија Жан Митрев.
Па ако убаво читаш и предлагаат да ги контактира ирл па да го пише докторот каде да не одиме како да е во ск. Само потенцирав што приметив. Инаку секако е ужасно тоа што се случичо.
И да не е во Скопје може да го направи тоа. И девојките/жените во помалите места заслужуваат да дознаат со каков "доктор" си имаат работа.
И во другите градови има идни мајки на кои би им значело каде да не одат. А исто и ИРЛ не работат само со случаи од Ск.
Не верувам дека такво однесување од персонал во здравство би имало во друга држава. За жал кај нас здравството е катастрофа
Море има и во свет ама никој не ти кажува. 2 другарки од Холандија дојдоа во систина да следат бременост и да се породат. Ја се изненадив од мајката во породилни за Германија...