Во Македонија е мајки,во нашата жална Македонија.Ќе контактирам со ирл и со адвокат а потоа нормално дека сторијава подетална ќе ја објавам и со град и доктор и продолжението,која голгота ја поминав после излегување од болница со интрахоспитална инфекција.за која истиов доктор ми тврдеше дека не ми е ништо,од леунството дека ми е замислете а јас ближам кон сепса
@SarChee, мајка длабок поклон до земја за тебе и малото, да сте живи и здрави двајцата Во врска со тужба, ако имаш црно на бело на извештајот и на отпусна листа сѐ напишано, тогаш оди напред. Мене ништо не ми напишаа во отпусното писмо и затоа не ни помислив на тужби, зошто знаев кај ќе отиде работата. А извештаите за пациентите којзнае дали ги архивираат стварно, па во случај на отварање на случај да се извадат како докази. Будала не ги сликав, а ги читав секој ден на кревет како ми ги закачува, пошто не се замараа да ми објаснат каква инфузија ми ставаат, зошто пак кеса крв итн. Нејсе. Секој ден му благодарам на господ што сме живи и здрави двајцата, и нејќам ни да мислам на тие денови во болница. Ама затоа па нејќам ни да помислам да раѓам второ дете, барем не во државава. За жал.
Ете затоа и јас 4месеци стискам во себе и си велам господ ќе му врати.Зошто ова е мафија,и не можиш со нив,ќе заташкаат,ќе скријаат и докази и се.Во отпусната листа имам само доказ дека на царски рез е употребувано вакум што не е медицински одобрено.Е сега се друго е кај нив,цтгината од ноќта каде ме држеа во кревет со ниски тонови на бебе,а се друго што ми ставаја и праеа не знам колку и како е заведено.исто и после со инфекцијата оде на болница а немам извештаи тука немам докази ..не ми даваа извештаи исто како да не сум била,и да умрев ќе беше таа не дојде на болница.Затоа се двоумам што да правам дали да си отворам за џабе нови главоболки,а си имам доволно.Знам дека разрешница нема да има Едит:дали и ти имаш нешто доживеано на болница
Спојлер: Искуство Кога ме примија имав веќе лоша срцева реакција, ниски тонови на цтг и ми рекоа 4 прсти сум отворена. Тоа беше негде 18ч. Цтг-то беше цело време лошо, наместо нагоре да одат линиите, тие одеа под контролната линија, па ајде у една сала на едно цтг, па ајде во друга да не не работи во претходната убаво апаратот и така у три сали, се додека не дојде 23ч. и конечно стигна докторот што ми ја водеше бременоста и требаше да ме породи природно. Ме однесоа на бокс и веќе бев отворена 9 прсти, па чекаа да се отворам уште еден прст за да ме породи, иако цтг-то упорно беше лошо. Никако не се отварав, па ми ставија три провокации за да убрзаат. Кој примил една провокација знае колку боли, а не три одеднаш. Дојде постар доктор и виде колку е саат и рече одма да ме носат у сала на царски, ми ставија една епидурална и не фати, зашто не ме измерија у килажа на прием, па ајде уште една. Се породив со истргани болки како за природен пораѓај, а завршив царски. Причината беше демек одлепена постелка и заматена плодова вода, а не срцевата реакција. Утредента на интензивна почнав да качувам тт, викнав сестра и ја прашав дали треба да ме боли раната, по што одма свикаа цела свита доктори и сите ме прегледаа со ехо и утврдија хематом од 4цм, а еден од нив рече дека гледа крварење и надвор од матката, по што беше брзо заќуткан од страна на претходно спомнатиот постар доктор. Ме однесоа пак во сала , пак ме отворија на истото место, што ми правеа бог знае. Овојпат ме успаа со целосна анестезија. Останавме уште 5 дена во болница со малото, во кои примив 6 кеси крв и не знам колку кеси плазма. Се борев со катетар и 2 абдминални дренови за да станам од кревет и упорна бев да го дојам малото, и успеав, насмеана и решена. Не знам од кај толку сила во мене се собра. Малото беше 2 дена во инкубатор ама на крај добри излеговме од болница. Набрзинка нѐ испуштија, пошто имаше многу родилки и требаше да се ослободат кревети, иако дреновите не покажуваа дека сум за дома. На испуштање на ехо докторката виде некоја течност, ама рече "бешиката" била тоа, ми се мочало. Е дома почна дополнителна голгота. Раната никако не ми се затвараше откако ги извадив конците и почна да солзи од дупчето кај што го извадивме конецот. Прво проѕирна течност, потоа и парчиња. Бидејќи не престануваше да солзи, лекарот што ме породи ми рече премивање со физиолошки и чисти гази. Менував гази и купував пакети како да снабдувам болница. Солзењето не престануваше веќе 10 дена, матичниот општ лекар ми препиша Еритромицин за да спречиме инфекција иако лекарот инсистираше дека нема потреба. По 2 недели деноноќно мачење отидов на преврска кај што се породив и бев уште три пати после тоа, од кои последниот пат излегуваа и парчиња коагулирана крв. Раната продолжи да ми солзи уште 10 дена сигурно, по што конечно се затвори. После тоа, на преглед кај матичниот гинеколог ми рече дека сеуште постои акумулирана течност, но дека со тек на време самиот организам ќе ја ресорбира. Поминаа 6 месеци од тогаш, не мислам воопшто на тоа иако зборовите на постариот доктор што ми спаси глава ми одекнуваат во глава : "Не се секирај, ништо нема да памтиш од ова, ние ќе ти бидеме само плашила на сон". И така би. Ништо од ова нема во отпусната листа. По ова искуство, не трпам ни А ни Б од никого да коментира за ниедна мајка, ни за начин на раѓање, ни за начин на хранење на бебето, ни за начин за воспитување, ни ништо. Никој нема право да збори за никого, па ни друга мајка. Секоја мајка знае што истргала за да роди и да останат живи и здрави со детето / децата. Со малиот сме супер сега, он е мојот јунак најсилен Чувајте се мајки и гушкајте децата во секој момент кога можете
Дај Боже сите да сме добри,само ние знаеме што и како поминуваме.Среќа бебето не ти било многу измртварено па излегло здраво и живо
@Jordanovska-K @SarChee Мајки бре кај ве читам со сите ваши искуства па вие сте бре КРАЛИЦИ, ХЕРОИ! Да сте живи и здрави и вие и малите. Дај боже да бидете добри. Многу се изреволтирав, се натажив се налутив ми се измешаа емоции како ве читам. Страшно е ова што се случува со нашето здравство па и правниот систем. Само вие знаете низ што и како сте поминале. Ама има еден господ гледа се. Еве ви на двете по една виртуелна гушка
Секогаш кога читам трауматично породилно искуство целата се ежам, грутка ми стои на грлото. Се ежам на самата помисла од пораѓај и болнички престој на државно. Додека лежев во болница, кога ми донесоа цимерки сите три си плачевме заедно. Сите од медицинска негрижа и непреземање одговорност. Немаше една родилка или нејзиното бебе а да немаат компликации. Доктори неажурни, сестри па ич, никој ништо не ти кажува само ќе тропнат дека се случило нешто и после бегаат без да ти дадат објаснување. На крај на отпусното писмо не пишува апсолутно ништо. Денот кога излегов од таа болница си реков никогаш не се враќам. Настрана тоа, уште ме држат негативни мисли. Додуша целата сум негативно настроена, а и бебуш ми е таков. Не знам дали се заби, само се молам што е можно побрзо да излезат, се измачивме, психички попуштив веќе. Од друга страна пак, почна да си кажува скоро сѐ. Кога сака нешто покажува со прстето, проследено со "дај дај" и виткање на дланката додека не го добие тоа што го сака. Избегнува храна, сака да јаде само ако му се исполнети сите услови. А тоа значи: ќе јаде сам или никако другчие. И тоа само нешта што може да ги допре, парчиња со текстура што него му се допаѓа, па ти сечкај си по цел ден и моли се да пружа рачиња накај храната. Денес изеде едно подебело кругче краставица, пиеше 30тина мл јогурт, 10тина индиски оревчиња и мало парче лубеница. Мислам косата ми обеле веќе, не знам како живее без храна. Ама решив да не го форсирам, јас сум тука да му понудам, а негово е да ме одбие.
Блазе си им на тие што од државно немаат трауми. Пораѓај помина одлично, за докторите немам зборови, ама заради важноста и уфилманоста на сестрите ќе отидевме и јас и бебе. Имено заради гестсциски дијабетес цело време примав натриум и еден ден доаѓа една сестра ми носи 500мл гликоза, и викам ама јас примам натриум, она нее пишува гликоза, и викам не натриум, она пак нее гликоза. И на крај и се развика викам или иди пак прочитај или викни доктор да се разбереме. И оди, се враќа носи натриум, вика ааа да натриум требало. Замислите да ми бапнеше 500мл гликоза, не знам како после ќе ме освестеа. Ај тоа. Туку 3 ден сестрата не знам како го ранела бебе го задави со млеко-целосна цијаноза(за којашто дознав дури на испис). 3 дена во инкубатор на кислород, со антибиотици. Фала му на Бога жив и здрав остана, не сакам да замислам чекано 5г да си одевме без него дома. Од немарност го задавија, ај тоа, туку цел ден се криеја и вртеа муабети што како се случило, за на крај на ден самата да сфатам дека ми го задавиле детето. Очи не сакам да и видам на гинекологија.
Што збориш бе ?!?! И така остави ?? Мореееее, коа ќе и опнам една тужба и се дур не ја испратам дома "сестрата" нема да се сопрам. Ауффффф, ама се потресов . Свака ви час како останувате прибрани по вакви катастрофи. Ќе си речеш , море само нека ми е живо и здраво моето , ама па вакви катастрофи не би смееле да пројдат неказнето. Не можам да кажам ни добро утро Се потресов од двата поста Јас не знам што ќе правиме со воа наше чудесно здравство
Жалосно ни е здравството само механички ја вршат работата (нормално со исклучоци) колку да поминат 8 саати на работа , уште кога одев на пракса на болница се и сешто се изнагледав Бебињата ги хранат со исто шише иста цуцла дури со свои очи сум гледала и кога се породив пред два месеци само се молев некоја бактерија да не добиеме и онака имав многу тежок пораѓај Господ да ве чува
Кажувај шо му даваш за доручек ? И мојата не сака лажичка да смисли. И само на овошје е од сабајле. Ај вие мислам дека барем килажа имате? Колку е?
Трауми немам ама таа будалата што дојде и 2 саати после пораѓај ми кажа "детето ти е на кислородна поддршка, ти легни одмори се" и што излезе од соба без никакво дополнително објаснување зашо, како, што се дешава треба да си поработи малку на понашањето. Сакав да ја убијам. Инаку имам впечаток дека помладите сестри некако поарни се. Имав добро искуство и ваљда повеќе среќа од останатите што дежурна ми беше младичка една. Имаше повеќе емпатија барем од другите.. Немав многу потреба првата ноќ пошто ни бебе не беше со мене ама девојчево на 2 саати доаѓаше у соба за цимерката да ја провери бидејќи беше со царски рез. За ГАК зборам. Пишувам со цел идните мајки што ќе го читат ова да имат на ум дека не е се така црно. Сиво е на државно, ама не е црно А таму каде што е црно - да си идете до крај. До каде што можете. Ако ништо не можете да направете од правен аспект, зборите пишувајте секаде. Може некогаш ќе се оправи ситуацијата...
Ништо. Две недели цело време јаде само краставица или банана, и патлиџан може да помине ако е расположен. Леб сув. Денес пржени рибанки, гледав да ги исцедам колку е можно од зејтин... Ја изеде мекинката од две парчиња леб. Барем не беше сув леб. Мафини или палачинки (во нив му подметнувам или овошјенили зеленчук). Си зема и маслинки некогаш. Знае и зденка да загриза. Јаболко или круша знае да загриза, ама само цели, не ги сака сечкани. Јаткасти плодови за "ужина" си мезе. Вчера и лубеница јадеше за некое чудо. Диња не сака. Сака и тестенини, ама не го сака зеленчукот во нив, обавезно го трга и само така си ги јаде.. Шумско овошје, смокви, урми, праски, зеленчук, во ниедна форма не ги сака... Не знам колку кг има моментално, одамна не е мерен.
Не сака ни парчиња да јаде со раце? Си поразговарала со некој што ти викаат, или пиши и на Ката, мислам она и со проблематични јадачи можно е да работи да ја прашаш. Далеку сме ние... На запад и терапевти за храна има. Инаку едно наше детенце (не мое) 16кг на 6г е, јас викам само мајката знае како и е. Ама здраво е, не се стресирај само многу, пошто со сила не може да ја нараниш.
Така де. Мене ми иди педијатар и ми вика твоето дете кога сум јас на смена само ме нервира, а они го задавиле. И викам што се случи, вика мала аспирација на бели дробови, и викам од што, зошто, ќути и на излегување ми вика ќе дојде другиот педијатар (што ни беше врската, и што тој ден не беше на работа) ќе ти објасни. И викам не вие ќе ми објасните, на ваша смена се случило, и само отрча. Тек кога дојде другиот педијатар и кога и го видов лицето ми стана јасно колку е сериозна ситуацијата. Да младите некако поажурни се.
Консултирај се со адвокат ама мислам дека мора да имаш докази. Јас во државна имав лошо искуство, за среќа на време заминав и се породив на приватно. Со еден документ што имав, контактирав адвокат ама ми рече дека не е напишано ништо со што би победила јас и се откажав. Таму во архива сигурна сум дека нема ништо, видов дека го напишаа само извештајот што го имам јас и толку.
Мама стави го на земја. Јас му ставам послужавник пред него, храната таму и сам си зима. Нема друго. Што фрла, што изгмечи по плочките, битно нешто ќе стави во уста. Знам дека е многу нервозно, ама немаме многу избор...
Здраво, мајки! Убав ден денеска, барем мене ми е посебно убав. Конечно си дозволив еден саат без малото човече, и тоа го поминав со психолог. Па тоа да ти било прекраснотии. Преубаво искуство како за првпат, си закажав и следна сесија и почнувам да работам на себеси. Се надевам дека од тука натаму работите ќе почнат да идат во нагорна линија. Бебуш расте, секој ден ми открива по нешто ново. Колку е само прекрасен, паметен, ама и бељаџија. Денес си влезе во кујна и директ си седна во шкафчето под мијалникот. Секој ден сѐ повеќе ја прави хаос куќава, ама ако, веќе не ми ни пречи тоа. Тој растури, по некое време мама собери и така, цел ден си имаме занимација. Сега дедо донел песок во двор, нешто планирал да прави, па додека да дојдат мајстори имаме неколку дена да буричкаме по песокот. Радости е целиот, низ цел двор го растура, па после зема метлата и го "мети" хаосот, средува демек.