Хај, друштво Изгледа јас само навечер имам време за се. Денес да се пофалам на планина фамилијарно. Имаат моите куќа со огромен двор. Ќере се изнатрча па вадеше краставици, пиперки, домати, тикви се дедо и што има посадено. Занимација за неа еден куп Бебе исто му годеше. Умен беше си преспа. Почесто огладнуваше од планинскиот воздух. Сакаше потоа да шетка Дечиња! За нив живеам. Никогаш не помислував дека ваков е животот со нив. Се се мислев дека ке е полесно дека ке сум наспана а не две лепенчиња имам за газов постојанодури и на спална спиеме тројцата заедно ! Како јас си знам. со ќере преубо си поминав дури беше бебе. На спална си спиевме. Потоа и купивме креветче за неа и спиеше тамо но сега не сака сака со мене и бебе. Сака и таа внимание навечер. И не и кратам такво задоволство. Ми е жал да е настрана и да се осети отфрлено. Неа повеке ја гушкам и кажувам дека е мајкина ќерка и принцеза и кога не е тука тогаш со синчето. Мора некој баланс да држам. Ај сега да дремнам оти имам уште за кажување, а ќе ме раздени.
Утро мајки Ми се спие ми се плаче. Синко "потфрли" ноќва. Два пати ми стана и апла бараше млеко. И во 11 ипол и во 3 по полноќ. И толку од моето спиење. Станав и пуштив тв-то и кој знае што зјапав. Па земав здобив една мајонез салатка. Ќе дојде маж од дежурство, нека замези со узото. Инаку синко ми лази како моторче во газот да има. И само гледа нешто да докачи да бутне, да лапне нешто , пробува и комарникот да го отвори, сака да бега на тераса . И многу обожава да ме кубе за коса . Коа ќе ме фати звезди бројам. Му зборам - нееее мама ,не така, ме боли....џабе. Се смее и пак истата песна. Ај, ќе издржам. Само нека биде среќен мама ќе шета и без коса ако треба Возбудена сум Мајка пристигнува денес. И тоа, ќе седи дури до среда. Има да се изнаодморам Но!!! Најважното е што ќе аакаме навечер. Има да се изнапијам жестоко Денес треба да ми стигнат и некои парталчиња што нарачав за мене, па ќе се дотерувам деновиве. Да седнам да го направам неделново мени за бепка и да пречекам маж. Да го стокмам детево и ќе мора да го оставам на татко му половина час. Јас ќе треба мајка да ја пречекам т.е да возам 20-тина км , таков и е превозот. Нема директно комбе до нашиот град,мора вака . Имајте убав викенд Да не се заречувам ама осеќам дека мојот ќе биде прекрасен Чаоооо
Јас само да се пофалам Ја пратив ќерка на гости кај баба и, во Штип. Како треба да се понашам сега? Дома youtube пуштено на најјако, јас имам време за себе. Сум заборавила малку како било. Мама денес ужива Се надевам дека ќе си помине убаво овие два дена. Утре вечер ми ја враќаат. Она па не ме ни погледна кога се качи со нив у кола, сонце мамино гајле и е Моите пресреќни. Сите можни услови и ги обезбедиле. Планови направиле мислиш една недела ќе седи ама ако, нека се радуваат. И мене ми е ќејф
Оооо блазе си ти. И ние овие денови почнавме со 2часовни обиди го испраќам кај баба му да се навикнуваат, ќе се чуваат од ноември. Ептен нејќе со никого освен со мене и со татко му. Лигле е. Ама има напредок. Леле колку ми значат тие 2ч. Се отепам правејќи нешто, не одмарам, ама убаво ми иде. Како препороден сум потоа.
Јас кажав денес цел ден одмарам, утре додека дојдат ќе чистам Абе мојава не е делена ич од мене, ама па не и ни фалам кога не ме гледа. Кога ме гледа е проблем ако не ја земам
Uffff koooolku li e ubavo nekoj da ti ja zeme od race makar na 2 minuti da mozes vo wc da odis sam hahaha....jas sirota 24/7 sama, jas se tusiram samo ako ona zaspie vo kolicka i e parkirana pred tush kabinata, so edna raka vo wc ja drzam taa so drugata odmotuva rolna, jadam so edna raka, cekam da zaspie za da izmijam shishenca so 2 race i taka...stalno si povtoruvam ,,ubavo e da ti se padne 1 milion na loto ama uste poubavo e nekoj da ti rece prodolzi da spies jas ke ja zemam,, hahahah (mala shala, ja sakam najmnogu na svet i iako mi e mnooogu teshko na momenti sepak uste 100 pati da se rodam ova go sakam)!
Здраво живо мајки. Како сте? Оддамна ме нема, еве сега начекав слободно време па да ве поздравам. Пратив деца кај мајка,во план да чистам денес, ама прво телефонот на раат да го прочепкам Турбо со двете по дома,големата цел месец е дома паузира со градинката, те јас на одмор те татко и, ехее искористи убава шанса да се одмори и она. Славевме 4 годинки крајот на Јули, и инстант добив пргаво и бесно девојче, нагло порасна за овој месец мислам и се разбесна до максимум. Малата е 19 месеци веќе, лепенка за мама, цицалче невидено е сеуште па сме као во фаза на редуцирање подои, уште 10те во текот на вечерта ни останаа Ама добро,ништо ново,моите деца се цицо lovers.. Почнува да учи да зборува, уште бебешки ама се труди, многу ми е слатка. Опседната е со миј миј па кој што прави, она или на садопер или на умивалник, мие ли мие. Станаа дадички на бебенце пред некој месец,долгоочекуваното внуче од сестра ми дојде на свет,и е најсладок на цел свет Дадите секоја прилика ја користат да се кај него,го возат со количка,гушкања и галења нон стоп,малку љубоморни се дека баба не е само за нив две веќе, ама добро Годинава прескокнавме одмор и да ви кажам не ми е криво, искористивме викенд до Грција и тоа беше, едвај ги убедував да излезат од водата, посебно големата Цело лето базенот во дворот,се изнашлапаа во него поштено,кој патем беше трет за оваа сезона, мачорот сите ги среди. Амааа вчера ни го згазија пред порта Со маж ми сме во голема љубов во последно време,па имавме време и за трето да направиме..упс Дека сите ни викаа ајде трето,па ние да не задоцниме,да не ни се налутат Не сакам никој да знае и не ми е во план да кажуваме, битно јас за адет го лупнав тестот во соодветна тема, пошо ако не потврди друг дека гледа втора црта,исто ко да ја нема Ќе почекам за преглед сеуште е многу рано, но ако се потврди догодина здравје со моите 28годинки тогаш ќе бидам мама на три. А се подреков тука на форумов лани,дека второто не е родено а јас третото го планирам Страв ми е,треска ме тресе од самата помисла,ама кој ни е крив.. За арно нека е само. Убава недела мајки и дечиња,се читаме во наредна прилика
Честитки мајка! Го видов и јас тестот во темата и како што ме дрма бебе треска, ме охрабруваат тоа тестовите (особено вие на 3то што одите) Дај боже се да биде во ред, да си имаш лесна бременост Убава одлука ви е, не како нас чекај чекај чекај, второто 5г ќе ми направи за 2 месеци И сега си викам, како порано не отидов на 3то, не сакав голема разлика и сакав да си растат заедно трите, а сега веќе ја претерав и пак сеуште сме во мисла кога (не пробуваме сеуште) Јас бремена кога ќе останам, последно ќе кажам на форумот (од лошо искуство). Ставив тест тогаш за второто и цела фамилија знаеја и пред мене дека сум трудна шо се вика Така некој фино лепо видел на форумот (ме познал некој) и отишол и кажал на свекрва ми Залутав во темава и го начекав твојов пост. Ме завлече @forumce кога ме тагна, па пак ја ѕиркам сега од време на време и оваа тема
Мајки, би сакала да прашам како се со калап тренерчињата од Зара. Сакам да нарачам, а син ми е 2 год ама носи облека за година, година ипол, зависи од моделот. Се двоумам кој број да му земам, досега немам нарачувано од таму и не знам.
Ако во твојот град нема превоз за мајка и одиш 20км да ја земеш онда одиш во мојот град Мајки убави! Што убаво заживеа пак темава. Јас секое слободно време го користам да гледам серија или да спијам, искрено ви кажувам, би спиела цел ден ако може. Еден ручек ќе смучкам, нешто набрзинка и ајт на лежење пак, а пред ручекот обавезно спијам. Да се наспијам јас со време оти ова во меше осеќам дека нема да спие, какво си е карактерно од сеа, мислам дека до декември што напраам напраам, после нов шеф ќе имаме по дома, само да е живо и здраво. Убав ден!
Ја не би те советувала да земаш од Зара. Квалитет нула. Секој производ различен калап. Од истиот производ да земеш од истата бројка два комплети, различни ќе се погодат. Порачуваме иста маица од истиот број во две различни бои, разлика колку за два броја. Хеланки на второ перење партал станаа. Горен дел блузи, маички во главата тесни едвај му ги облекувам, а во трупот широки, уште едно дете може да влезе... За мишките па да не зборам. Се луфтира по цел ден. За тренерки не би се нафатила никогаш. Секогаш му земам од Breeze, најмногу ми се погодени според квалитетот и цената.
Ме предомисли искрено, не очекував некој да му каже толку лошо искуство а јас пак планирав повеќе да земам, добро е што прашав прво Брезе знам дека имаат предобар квалитет од нив и зимав, ама некако ми станаа монотони или се диносауруси или мечиња ( барем во мојот град), а од Зара многу ми се допаднаа моделчињата. Ништо изгледа пак ќе се вратам на Брезе или Вајкики Фала ти многу за споделеното искуство
ЦК. До твојот град имам 26км за возење . Ја земам од Дојранската раскрсница , таму каде што се дели патот за Дојран и Богданци. Поблиску ми е така , неголи до кај тебе да идам Ај добар ден Не сум прибрана! Дома не сум свртена Арно што маж денес е на работа па од сабајле си го видов детево . Да се врати , да одмори па вечер пак ќе има искачанка Блиски пријатели ќе слават 30 год од брак. Некни бевме на роденден кај другарка, она 25 год од роЏење славеше , сега ова Интересен круг на пријатели имаме Не знам имам ли пишувано колку бев убедена т.е колку само бев "против" градинките. Све си викав дека мое дете нема да оди у градинка , демек јас ќе си го чувам најдобро. Дури и се карав ако некој ми речеше дека е подобро за детето да си оди у градинка. Ејјјј коа ќе се запенев ! Некни случајно бев до една наша овде приватна градинка. Се заљубив искрено, и во градинката и во негувателките. Дефинитивно ќе го пуштам Бубич таму. Е сеа не мора од 9м , ама на година ипол мислам таман ќе му е. Ај , здравје само. Го нарачав кактусот што игра. Го Чекам курирот да дојде. Баш ме занима ќе го погледне ли детево тоа чудо, или сепак далечинското ќе му остане фетиш Многу се нервирам што толку му се радува на него, а ние скоро па Тв и не гледаме. Јас поготово никако не вклучувам, маж едни вести само ако изгледа. И задолжителната Слагалица на РТС ОдоХ мајки Го слушам тати иде
Од мое искуство зависи од модел ама се поголеми. Маичка од 3-6 месеци сега на 6++ му е голема. Фармерки исто. Нека сподели и друг искуство, ама така како oversize малку им се моделите
Добар ден, нека нѝ е убава неделава Мама и тати позитивни Цела ноќ и цел ден идам од 38 до 39, никако да симнам. Ма Далерони ма електролити, туширање... Не можам ни да се препотам од што ми е висока температурата. Ама мали не смее да пати Маска ми маска, на тераса излегуваме, баба му го игра, се гушкаме, се доиме уште иако имав некаков сомнеж дека можеби од толку висока тт ќе ми се намали млекото ама пу-пу добро е. Е тати од друга страна 37.3 - 37.6 цеееело време и препека луѓе само офка, него ги боли кичма (а мене не ме боли кхм кхм), ќе умирал. Добро бе што муж ќе беше. Ме прашува како издржувам со толкава тт сѐ да постигнам по дома. Викам муже ова е пичкин дим за мене бре (со извинение) Што се не претргав, па ова ќе дозволам да ме бутне. Како не Ден втори, докторката рече до утре ќе ни траат симптоми. Се надевам малиот и баба му нема да префатат иако сме постојано заедно (нужда мења закон, што да правиме). И така мачки. Го изнесов малото у двор и гледам пак се спрема да врне Само да не снема струја пак како вчера и да се сликаме за сите пари. Гушкајте малишаните
Брзо да поминува Јас 40+ темп качував, само бруфен ме спасуваше. Пробај А сите мажи се исти... Тестамент пишуваат на 37.5
Мислам дека претходната колекција на Брезе им беа такви. Јас земав 4 комплети, сите беа со дино. Сега летната колекцијанбеа со животинки. Сега сигурно ќе се поразлични новите модели.
Бев низ бутиците, новата колекција е со дино и со мечиња, може и ми покажале од минатата година, демек од новата е. Ај ќе почекам уште малце, има време до долгите ракави, може ќе има нови модели