Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    6.716
    Пол:
    Женски
    Да. Можеш и обичен душек има и транспортен на преклоп.
     
  2. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    Со лесно,прекрасна новост:inlove:
     
    На 24.07, IRBBB и Chanell* им се допаѓа ова.
  3. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.666
    Пол:
    Женски
    Брезе се одлични но со цените забегаа 1000 ден кожплет тренерки.
    Во вајкики два комплета ќе му направиш за 1000ка.
     
    На Oneo, IRBBB и Kaja991 им се допаѓа ова.
  4. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Ја за 800 ги земам на долги, на кратки летово му земав за 700. Од Ваикики искрено ништо му немам купено.
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.070
    Допаѓања:
    110.886
    Пол:
    Женски
    И мене овие Брезе ми се преценети, 800ден за тренерки кои ја ќе ги носи ја нема 3м, толицко бебе, абе ајде. Рачунај дека ти требаат бар 5 пара, да не переш секој ден, да имаш да смени, мада со 5 пара ништо не правиш. Јас искрено купувам на попусти, фаќам по 200-300ден тренерчиња долни, уште толку горни и што вика Моник за 1000ка 2 пара ќе земеш, колку год биле квалитетни тоа е, за 3м ќе ги надрасне.
     
    На 24.07, Oneo, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  6. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Од кај ги наоѓате толку евтини? Тука на пазар пред 1 недела тренерките беа 1 200 ден. Лани имаше долен дел пижамки по 200 ден, ама ептен тенки, за рана есен. Тренерки долен дел 300. Блузи 250 (лани) ептен тенки, да измрзне.
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.070
    Допаѓања:
    110.886
    Пол:
    Женски
    На попусти во Вајкики, кога има баш попусти, по 199 има долни, по 149, по 249, сум наоѓала и комплет за 299, 399... имаш пример за 899 2 пара или едни долни со 2 горни, или обратно. Особено за помали бебиња, оооо, за големиве веќе нема, за бебиња се има. Летни па маички во Вајкики колку има, сум наоѓала за 99, за 149, 2 пара долни за 249, некој последен број останат пример на улога цена. За мене Вајкики е квалитет баш по мој вкус. Зара имам некое тренерче, маиче, не се лоши, ама да, белешките не им се ок броевите, а за големиве се ок.
     
    На viniMini, zverkica и IRBBB им се допаѓа ова.
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Завршија попустите, нели?
     
  9. Mateas

    Mateas Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2021
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    600
    Пол:
    Женски
    Искуства со педијатар Палчевска во Систина?
    Во период од речиси 2 месеци, на 4 педијатри бевме и никако да најдам некој да ми се допаѓа..Сите за поединечни работи имаат различни мислења..
    А сакам да си фатам ред и да си одиме на едно место.
    Фала ви
     
  10. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.601
    Допаѓања:
    2.606
    Пол:
    Женски
    Ај мајка есента Штип (блиску ќе ви биде) ќе отворат waikiki i sinsay во новиот трговски, па и ние ќе пазариме ефтинко
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.070
    Допаѓања:
    110.886
    Пол:
    Женски
    Во Вајкики стално има некои моделчиња на попуст, последни бројки или лански модели, стално има нешто на попуст. Ако фатиш на попустот попуст па, уште поефтино.
     
    На JasminaKK му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lalalupsi

    Lalalupsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2022
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Новите модели исто им се по 850 денари комплет тренерки, поефтино нема. Долен дел тренерки под 550 нема, зборувам за Вајкики. За поголемите кога беа попустите најдов, ама за малото немаше ништо. Може и јас покасно отидов. Инаку Вајкики кога има попуст, навистина е попуст, јас една година им купив монтки на децата за 500 ден едната.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Само Радица Муратовска ја препорачувам, срцка од човек и душа од доктор ни е:sun:
     
    На V.N. и Mateas им се допаѓа ова.
  14. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.327
    Допаѓања:
    33.666
    Пол:
    Женски
    Добар ден хероини :sun:

    Ајде повелете, кој е за секси нес. :coffee:
    Бебар нанка, маж е излезен, јас ставив ручек да се прави и си сматив едно нес и уживам во тишината. Конечно. :angel:

    @Chanell* честитки од срце, најлесна бременост да си имаш и живо и здраво бебенце в раце да си земеш. :hug:
    Те имам читано низ форумов дека куклите ти се на мала разлика и некогаш кога помислувам на второ, се сеќавам на некои твои постови колку е тешко и се сепнувам. Ама штом сте се решиле на трето, ме охрабри и мене. :$

    Одсекогаш сакав 3 или 4 деца да имам, на мала разлика. Ама есапот дома и на пазар некако не испаѓа ист. :|

    Вчера ме заглавеја на работа до ниедно време, ама затоа денес порано си заминав. Затоа сум толку хајп. 8)

    Пред некое време, можеби има месец дена, комшиите над нас бушеа со хилта додека го успивав бебо. Луѓе онака поспан од памет се извади, се стутка во мене и кога рече плачам, се тресеше како лист на ветер. Еве од тогаш наваму многу почна да ми реагира на неочекувани силни звуци и вибрации. Се тутка во мене или во татко му и плаче. ;(
    Вчера бевме да го стрижиме, се откости од плачење. Стигнавме некоја минутка пред термин и некако немаше време да разгледа наоколу и да се опушти. Од старт кога слушна фен и машинка дека бучат, се пикна во татко му и премираше од плачење. Ни стрижење се виде ни ништо, згора напреку. Прво се изнервирав шо не нѝ дадоа време да го смириме, потоа се изнервирав шо исто ко да не е стрижен, пак е бушав со пршки во косата :|

    Толку од тишината, стана бебарко. Ќе редиме коцки сега. :D

    Имајте најубав ден. :f:
    Гушкајте најубави бебки и дечки. ❤️
     
    На Yowannty, Coco31, Mom's_life и 20 други им се допаѓа ова.
  15. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    @IRBBB Тешко претешко ми беше дури потпркне малата,сега е друга приказна. Кога ќе ми текне се нервирам зошто така сум мислела и реагирала ама човек учи од грешките. Сега уживам во секојдневието со нив.:inlove:
    Ќе помагаат бабите,дедовците, уживаат кога се на гости кај нив,ќе го пораснам и третото здравје :l:
    Овојпат нема да имам љубоморни испади и ќе прифаќам секаква помош што ќе се понуди:rofl:

    Срам ми е да им кажам искрено:D
    Фала на убавите честитки женски:hug:
     
    На marchi-cool, Coco31, Pacient srna и 16 други им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.764
    Допаѓања:
    40.238
    Пол:
    Женски
    Мене кога ќе ми текне каква будала сум била поради тоа што не сакав никој да ја држе големата кога беше бебе, сега ми иде да се упукам. Абе остај нека ја држат ако сакат,одмори си ти. Големата па не беше такво бебе да трча се по мене, мака немаше кога ја држеа други. А малово за таа сметка се се влече по мене. Во последно време почна да пруже раце кон непознати, ама кратко трае држањето, после пак мамо мамо. Не се одделува од мене.
    Честитки за бременоста инаку:l:
     
    На mal.ecka, Mom's_life, danichap и 7 други им се допаѓа ова.
  17. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    38.542
    Пол:
    Женски
    А има некоја ,,забегана,, како мене што има потреба од свекрва, ама свекрвата да си бега на страна?
    Искрено, преморена сум некогаш, едноставно ми требаат 5мин само да здивнам, ми треба разговор со жена, а можам да кажам дека сме во супер однос, од моја гледна точка. Ама она си е навикната да живее сама, нејзините деца ги оставала на мајка и, не пак моите.
    А само да видите големиов колку им се радува, малово подава раце накај свекор, го сака премногу.
    Големиов син еве 8 год знае само за родителска љубов и грижа, никогаш не почувствувал љубов, грижа, мазење па и разгалување од баба и дедо. Само околу нив и по нив е. Ги сака многу, сака да е со нив. Секоја вечер сака да спие кај нив, ама свеки со резерва го зема.
    Знам дека навикнати се да живеат сами, ама зарем немаат мерак што се вика да бидат со децава ако не со нас?
    Ете, си се ,,пожалив,, тука, божем нешто ќе се смени.
    Инаку, бебчо утре полни 5 месеци, активен е повеќе од потребно. Сам никаде не стои, легни го на грб веднаш се врти на меше и претка со ножињата. Во креветче ги става нозете меѓу решетки, заглавува па плаче да го земам. Релаксаторот стои нов, се исправа и си седнува па се нишка лево десно, како пијан :)
    Добивме зелено светло за дохрана, само да немаме проблем со јадење, тоа ми е најважно.
    Утре треба да го носам на вакцина, коски ми се ребрат, минативе не баш лесно ги минавме.
    Големиот е на гости кај мајка, вчера отиде утре да сме го земеле, што сум правела сама, жал му било. Мајкин, преосетлив е и многу се грижи за мене.
    Да ве поздравам и да дремнам некој саат додека бебе спие.
     
    На marchi-cool, MilaSs12, Coco31 и 17 други им се допаѓа ова.
  18. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Добра ви вечер. Јас зачестив тука, ама некако се навикнав, најубаво ми е кога после долг ден си подлегнам и ги искуцкам тука впечатоците од последниот период.
    Ме фаќа некоја страшна паника во последно време. Боже, бебето ми порасна. Си ги навраќам спомените една година наназад, се чудам кога толку брзо мина времето. Нема што не минавме за оваа една година. Ковид, температури, заби, неспиење, нејадење, грчеви... Сите стресови по ред. Кога ќе ми текне на деновите кога се чудев како ли ќе го израснам ова дете сама, и сфаќам дека и покрај тоа што оваа борба е само моја, сепак имам толку многу поддршка, и тоа ми го исполнува срцето и ми олеснува така малкуцку.:$
    Што сѐ научи детево златно за една година, од ден на ден сѐ попаметен е. Посебно ми е интересно тоа што каква меморија има, сѐ памети. Денес му дадов нешто да касне, гризна една апка и го смачка со рачето, па го скарав малку дека така не се прави. Ми се налути зошто го карам. После некое време доаѓа една другарка на гости и му нуди од истото. Овој прво мене ме погледна, па после ѝ покажа дека бил скаран (мафта со прстето) и не зема. :D
    Следна недела славиме роденден и од наредниот ден право во "школо". Се надевам дека ќе му е интересно таму и дека нема да го караат. Он како шо е лутко страв ми е да не го оставаат по цел ден да плаче. :worried: Всушност, да бидам искрена, мислам дека на мене потешко ќе ми падне поаѓањето во градинка отколку на него. Не знам што со себеси кога сум без него. :wasntme:
     
    На marchi-cool, MilaSs12, Yowannty и 24 други им се допаѓа ова.
  19. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    Мајки херои! Па како сте ми?

    Бебо е градинка јас едно кафе сега па пред да се фатам за генералка дома да ви куцнам збор два.

    Оо да бебе е градинка :| едно вакво неутрално зошто многу измешани емоции имам. Ми порасна детето не е веќе бебуш. Градинка тргна убаво се адаптира, протестираше на почетокот малку со нејадење ама еве вчера бил супер. Кога ќе се сетам дека неделата пред да тргне толку бев нервозна со сите се искарав. Многу ме плашеше моментот ама еве фала богу добро тераме. Ми недостига многу. Уште кога ќе заспие дома и ќе се разуспие саат и пол а легнува рано навечер, му викам на мм не го видовме детето денес.

    Ама признавам дека добро ми дојде промена на опкружување и на секојдневие. На одмор неделава полека си средувам дома, па и за мене имам време. За на фризер, за на контрола, за шопинг. Ама пак едвај чекам да одам да го земам синко да го гушнам. И да на шопинг па се за синко купувам хахах за мене ништо.

    Понеделник тргнувам на работа. Па сум местела плакарот да видам што е за носење што не па жени пола плакар фрлив. :wasntme:

    Рано е ама почнав да думам за роденденот. Почнав со порачки од али за украси, балони... :lol:

    @Chanell* честитки мама убава и лесна бременост да имаш. :inlove:

    Имајте убав ден мајки отидов јас домаќинка да будем :D
     
    На marchi-cool, Oneo, Coco31 и 16 други им се допаѓа ова.
  20. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    8.868
    Пол:
    Женски
    Честитки, колку убаво :inlove::l::l::l:
     
    На Ema.Sk, IRBBB, Butterfly0310 и 1 друга личност им се допаѓа ова.