Јас имам позитивно искуство со двете докторки, Палчевска ми го води синчето 4 години, а Муратовска ми се погоди лани на породување и она ја води ќеркичката.
Rasti, rasti so golema brzina, kolku e itra, mama ne bara ama po tata plachiii, mama samo ako e nervozna. Macetoo i auuu auu (kucheto) i se omileni vo dvor. Pocnuva da se pusta za odenje, a jas baram kolacinja za koga ke proodi stabilno mnogu saka deca posebno dadinja ama da se pogolemi od nea a bebinja ne bashh.. Se osekam premoreno od so trcam na site strani, ama ke pomini i ova faza. Kukjata e prikraj se lepat plocki, uste malce laminat i vrati, da pocnime da se mestime i konecno da imam i jas pomosh od majka. Ke si bidam vo rodniot kraj mi faliii, a bogami i sakam da pocnam narabota. Malce mi se vrti vo glata 2ro bebe ama mazot nekii Neka rasti uste malce chupeto pa ke saka bratce ili sestrice Ubav den majkii
@Kaja991 и на мојов омилен му беше 'татоу', ама во последно време, особено откако почнав на работа како крлеж е закачен за мене 'мама, мама, мама'. И додека цица прави пауза за да ми викни и додека не му речам 'молам љубов?' не се откажува од викање. Ај добар ден мајки Вчера толку се опуштив во тишината, шо се почувствував ко тенк да ме згази кога почна синко да вика дека е станат од спиење. Не стасав да се доискажам. Досега има само 4 кеца. Сега наеднаш му растат две 4ки горе и една 2ка горе, една 2ка долу. Л У Д Н И Ц А е можеби мал збор за неговото врескање, трескање и гризење како куче. Отпор за слекување и облекување имаме оддамна, ама сега почна да негодува да се капи, да се бориме за раце и лице миење.. Како да не е истото дете шо уживаше да се мие и само пушташе вода и црцкаше сапун. Сега само плачи за четката за заби, ама не сам да се мие, туку и тој шо е со него. Па покрај него по 100 пати на ден заби миеме, шо и не е така лошо. Конечно почна да се вози во седиштето, дури сам бара. Упали финтата со книгите, цела библиотека направивме в кола. Листа, ми покажува шо има на сликите, кое животно како прави, па ќе се разминеме со комбе или мотор и ептен се возбудува. Пред некое време му купив фломастери. Кога ме виде маж ми, мислам дека ќе ме убиеше со поглед. И го чекав да не е дома за да му ги дадам на бебе. Онака полна со ентузијазам, ќе шкрткаме Мхм, двете раце и двете нозе си ги обои. Ама барем пресреќен беше И секако, ги складирав за на зима, нека се кашка надвор дури е топло. Конечно појдов на гинеколог. Ехото е добро, сега ќе чекам резултати од брисеви и пап. Матичната вика дека на ехо сѐ изгледа супер, дури се чудеше за чудните циклуси. Ми даде и хормонски статус да проверам кога ќе добијам следно, да видиме шо се случува. Туку, мене сарма ми се пријади некако. Знаете дали има кисела зелка во големиве маркети? Сте користеле некогаш, да ми кажете дали е океј? Ве поздравувам мајки, имајте најубав ден.
Здраво мајки Деновиве со овие чудни есенски температури ме потсетува дека летово е на залез А толку многу го сакам, му се радувам, едвај чекам да почне секоја година и пак пребрзо ми поминува Морам некогаш во животов да живеам на море Дали за 10 години или во пензија планот е тој. Бебе расте секој саат мислам. Цицалче прва класа Вистина е кога викаат дека како растат така се малку полесни за чување. Попладне можеме раат кафе да испиеме со маж додека си игра на под бебуш. Рано заспива, па имаме време и за некој филм или да се сакаме Обично заспивам и јас со него ама тоа е во денови кога ќе се префорсирам цела куќа да ја ставам у ред. Скокови веќе не пратам, у кој сака нека е само нека не почнуваат тантрумите. Се спремаме за одмор полека. Следна недела заминуваме во Албанија. Никогаш не сме биле па се надевам на убаво искуство Инаку му изби тројка една долу горната исто е набабрена деновиве ќе ѕирне и таа. У рекордно време ги вади забите, фала богу без некои потешкотии, не можеш да го приметиш. Цел на мајка, душа раковска Каде може да се договорам и второ дете да биде ко прво, со некои ситни измени? Честитки за новите бремености. Да можам 4 деца би имала. Од секогаш таа бројка ми била во глава. И се воодушевувам на така храбри родители што имаат повеќе од две деца. Да смислам што за ручек денес и да се пакувам уште малку од работа накај дома. Ве поздравувам
Здраво мајки Ме нема на темава да пишам долго време, ве следам колку можам. Ќерка ми за некој ден 19 месеци ќе прави. Оди веќе во градинка и закачи стрептокока во нос, се лечевме две недели и сега не ја пуштам, првин да одиме на одмор па после Лани не бевме никаде а оваа година ќе одиме во Турција со уште 3 пара, едниот пар има бебче 6 месеци. Се надевам ќе преживееме. Сабајле во 5 часот е летот, прв пат ќе ни биде на сите. Да ја немав Виолета сигурно сега ќе ме фатеше анксиозност пред поаѓање а вака со неа немам простор да размислувам за мојот страв, повеќе мислам како таа ќе го поднесе летот, дали ќе спие, дали ќе плаче... Детево ми дава некоја сила, мислам дека се може да направам за мојата фамилија Инаку има 10 кила, јаде ама малку и кажува толку толку готоло Многу зборува и со косата и нејзината висина изгледа за поголема. @Chanell* со среќа, честитки!! Ептен ми е мило за вас, те следам од почетокот на твојата втора бременост и сите што пишуваа во труднички тоа време со мене и баш како што пиша @IRBBB ми даваш надеж дека некогаш ќе се окуражам за второ
Здраво мајки Честитам за бременоста. Ви се восхитувам на сите што имате деца со мала разлика. Јас со бебе упс дете што не јаде и не преспива ноќ туку се буди милион пати не се осудувам, а одсекогаш сум сакала да имам деца кои ќе бидат со мала разлика во години, ама сега откако добив ќерка некако сакам цела љубов на неа да и ја дадам, сигурно и второто и третото и секое наредно толку многу се сакаат, оти нема ништо поголемо од мајчино срце и љубов ама сега за сега така е. Се пофалив ли дека конечно се симнав под 60 кг, цел ми е 57 а сега сум 59 Два нови збора од пред некој ден научи малото апа (опа) и аде (ајде) знае да прави со раката на устата како индијанец исто и брм брм со прстето, ако и се карам со прстот и таа ми враќа Инаку да ви кажам дека детето ми е приспособено да преживее во секакви услови, пред некој ден стои на вратата од тераса и имаше една мала пеперутка интересна и беше и бидејќи се покажува со прстот ја смачкала и пеперутката паднала на земјата само што се свртев еве ја таа ја става пеперутката во уста, спремна е за survivor . Инаку така ја касна и пчела оти со прстето таа се мора да допре, важно не е алергична. Сега на 30ти летаме сами, многу немирна е станата и многу ми е страв што ќе правам сама со неа, до сега со мм се менувавме ама тој сега порано замина а ние останавме. Единствена надеж ми е дека ќе спие со цицка во уста. Од септември почнувам на работа, мини џоб еднаш неделно по 6 часа. Многу се радувам што ќе излезам од секојдневието а и малата треба да се учи дека постои живот и без мама. Друго не знам што да пишам најважно кога ќе се распишете вие добивам и јас нагон да шкртнам нешто.
Здраво мајки, ние пораснавме, прошла недела прославивме прв роденден. Се си пројде супер, малку плачки на почеток, дека многу народ и дојде ама се опушти после, па си заспа во количка и ја пративме славеничката дома со баба и дедо, а мама и тато останаа пивце на раат да тегнат . Во градинка си тера, топ и е погодена учителката, најдобри другарки се, со фризури ми ја враќа дома . Е сега 2 недели оди, па 3 дена дома ама мора да се пројде и тоа. Се одвкнавме од цицање. Не дека беше некое цицалче ама искрено не верував дека за 3 дена ќе заборави дека цицала една година. Многу се будеше навечер, на саат, на два, ќе џвакне цице и толку и беше. Претепана бев, мозокот не ми мислеше на работа, со маж за глупости се каравме. Година дена, доволно беше. Е сега приметувам повеќе си ја сака мама. Само да се гушкаме, да се галиме. Кога цицаше, а ме видеше на плачка ја тераше, ко опседнато со цицка. Друго детуле е сега само да се гали и да си спие цела ноќ. Неверојатно . На работа пуна пареа како по обичај ама уживам. Ме исполнува тотално да станам сабајле и да одам да го користам мозокот. Надвор истура, ич нејќам есен . Периодот од септември до декември коа ќе пукне еуфорија ми е сив, бљак. Толку од мене, бебе спие и јас ќе си легнам кај и да е. Гушки
Ние куртуливме со ден температура, ден болки невидени, ама бебо од вчера со тт до 39.5 Погрешна терапија дадена од локалниот педијатар, "махерот" на тепка му даде ТРИЦЕФ зашто посумња дека слушнал нешто на слушалка (ни крвна слика, ни црп ни бутур). Бебо стварно се закашлува ама од носето што му се слева, мене страв ме фати да не му спушти на плуќа и потенцирав да го преслуша. Боље да не му кажев. Ииии му бапна инекција ДЕКСАМЕТАЗОН "за да се освежел" . Од освежување, се испрепоти и изгуби боја детево, пребледе ко крпа и не му се враќа крв у лице уште. Сеуште ми липа од траумите, денес цел ден ми плаче а и ја барабар со него Интуитивно одма запнав да го носиме кај доктор Симонида во Систина на второ мислење и не зажалив. Нѝ рече дека нити детето има тахикардија, нити забрзано дишење, нити нешто на грло или плуќа како што ни беше кажано, за таков антибиотик од ракав да препише дотичниот. Ме упати утре сабајле крвна слика со црп да му направам и според неа ќе утврдиме што понатака. Е ова веќе ми звучеше логично, жената е стварно доктор. И така јас сум во потрага по тесла да го исправам исчуканиот матичен и да го решам за на век.
У наше село он е едини педијатар и затоа се курчи така додека не му се "падне" некоја мајка како мене на "лотарија" па да го "венчам" Да, во потрага сум по нов педијатар дефинитивно.
Добро утро Бебе станато од 6:30 јас жива ненаспана. Го чекам денот кога ќе поспијам повеќе, спанка голема сум Нов ден, нови беснотилуци ме чекаат. Бебе активно почна да се фака за работи да стане, се му се здосадува само наоѓам нови занимации ама снемувам веќе идеи. Во некоја фаза е и само кенка плаче ништо не му се погодува, незнам дали се заби или што му е. Вчера беше многу тежок ден, секое заспивање плачки како кога беше бебе и имаше грчеви, се надевам денес ќе биде подобро. Иначе сакав да отворам дискусија за мајки кои за секое едно само зборат како нивните деца се најнај како се е розево они никогаш немале проблем со спиење, јадење, заби итд. Мислам сите за своите деца си имаме мислење дека се најдобри и највеќе си ги сакаме ама па да неможеш да направиш нормален муабет или да прашаш нешто, одма муабетот се врти како они немале никаков проблем како нивното дете без проблем извадило заби( а се вртам кај мажот и ми вика е да тој период со заби е ептен проблематичен), како никогаш немало проблем со спиењето, како они никогаш не биле нервозни итд. Дали само мене ми смета ова? Имам пар пријателки вакви и стварно почнав да избегнувам веќе дружби со нив од што ми се пренапорни и неможеш нормален муабет да направиш. Дали сте се соочиле со вакви работи или јас сум ненаспана и нервозна па ми сметаат такви преувеличувања како се е бајно и совршено?
Добро утро и од менеконечно и јас тој збор да го кажам. Од денес сум сама со деца. Мм работно во странство. Ќе излажам дека сум сама. Дома имам и свекор и свекрва ама исто како сама. Помош од нив 0,2%. Си сакале мирен живот без обврски . Е тоа е!! Имам многу за кажување на оваа тема но не овде! Се надевам дека мм не чита овде бебе претрка, си јачи мускулите. Цеце најмногу на свет го сака. Наутро кога станува прво за бато прашува. Сакам да се сакаат многу. Јас и брат ми еднаш не се имаме скарано.одсекогаш сме се почитувале. Секогаш сме тука еден за друг во добро и во лошо сега сакам ќере да почнува да ги почитува семејните вредности.таа ми е многу паметна. Не дека е моја ама некако е многу созреана за нејзини години се ми помага. За се отворено си разговараме Дечиња! Само да ми се здрави и весели друго се се средувабебе се мурти оти не му посветувам вниманиеодам да го изгњавам моево торте
@Сара Лав мама те разбирам скроз. Мене ме нервираат такви особи поготово па на инста мајките што нели се е розово, па чат пат ќе пуштат некое стори дека не било така. Да ги видиш насмеани, нашминкани, наспани никогаш нервозни, нетрпеливи совршени едноставно. Не, не и не. Нема такви мене ако ме прашуваш. Кога ги гледам некогаш ми влијаат на психа и самодоверба и си велам добро бе само јас изгледа сум нервозна некогаш и немам живци. Особено навечер кога станува на 1 саат, а ми се спие ми се плаче. Вистина треба многу трпение со бебушите не знаат да кажат што им е ама дека има мајка која не и пукнал филмот некогаш не верувам. И да не можеш муабет нормален да направиш бидејки излегува дека ние се жалиме и не знаеме или не умееме. Може ние сме криви што кажуваме отворено се. Некако родителството последно се сведе на натпревар кое дете прво ќе прооди, ќе пролази. Кое само јаде, итн, што мене лично воопшто не ми се допаѓа. И се некоја мода некои тренинзи...не знам можеби јас сум старомодна еве ајде да продискутираме. Не велам дека се лоши новите работи кои се следат, учиме додека сме живи, и сигурно има бенефити и за детето и за родителите ама слепо следење од помодарство и напаѓање на останатите кои ете решиле поинаку да ги растат децата некако ми оди Секое дете е за себе близнаци па не се исти.
Mom's Ај да ви кажам за моето перфектно бебе Поминато уште едно тромесечие. 9 месеци and I'm still alive Бебе ми е девојченце цело. Последниве недели буквално процвета. Сега веќе уживам секој миг да го поминувам со неа. Буквално се си правиме заедно и одиме секаде. Мислам дека треба време или мене ми требаше барем да престанам да се нервирам зашто станала порано а јас сум требала да измијам садови и слични работи. Сега сум go with the flow Кратко резиме за фалење Седи, се исправа сама, лазење чекаме. Се мести, падна два пати на образ ама нека биде кога ќе биде. Мајка ми ме испонапна лази ли, лази ли и сега кога и кажав дека се мести да се пушти ми вика ааууу па сега нема брзо да прооди. Заби 5 на број. Си викам без мака ги истера ама она си знае. Може моментот што е лепешка за мене се должи на тоа. Ама we will never known. Спиење две дремки по 1:30, до 2, сама заспива мама да лежи до неа што е успех пошто до 6 се нишкавме. Е сега се научи па да бидам до неа ако станам знае да се разбуди ама почнав да работам и на тоа. Навечер во најдобри денови само еднаш станува накај 4 а во лоши заспива само во 4. Слогови: ба ба, ма ма, де де, та та, аи аи, да да, ае. Маж е убеден дека веќе зборува со намера и посочува. Некои работи уште не му се јасни.Си заигрува сама и по пола саат на под. Ама кога е расположена ако не почнува да лупа со левата нога за да ја земам па почнуваме со истерување на ѓаволот. Правиме чао и здраво Дубак, џампер, гледање телевизија и телефон не се употребиле како метода. Си фатив некој ред пошто сум сама со неа преку ден и си тераме. Исто почна да седи и во други луѓе. Т.е има неколку омилени ликови.Тетин и па боже Господе ќе го види два пати месечно мислиш биле другари во претходниот живот. И сака многу мажи со брада. Јадењето ни е супер. Немав проблем од почеток и така и со тераме. Почна сама да става лажица во уста и сака сама да јаде.Ја оставив неколку пати па кога почна во секое дупче од хранилкаат да става храна па и во уво аааааа си реков девојче мама нема баш толеранција толку. Ќе видам за ова ми е уште отворено прашањето. Работи што не се за фалање Е сега ни е период со драма за мењање пелени, за облекување, за бањање. Пиење витамини ...па мислам дека комшиите мислат дека ја тепам тогаш. Искрено паѓам во искушение да ја оставам во иста пелена цел ден. Сериозно како може од супер расположена кога ќе ја легнам за пелена да се претвори во демон. Што им се врти во глава?!? Лош период беше ковидот и се ми е како кроз магла ама го поминавме. И не сакам да се навраќам на тоа. Градинка од 01.09 запишана ама ќе си ја оставам септември дома пошто сега сум stay-at-home mom. Падна договорот да си седам дома додека не се привикне на градинка и не ги поминеме првите болештии. Здравје од октомври ќе ја пуштам. Ранче нарачано, јас малце збунета ама некако осеќам дека иако е лепешка ќе поминеме добро. Омилени ликови и се две мали мачиња во двор, се топи кога ќе ги види. Обожава гласна музика, одма го крева рачето и се смее. Нејзиниот second favourite person е татко и. Дочекав да се турка од мене за да ја земе тој. А што supe cute смешкање дава кога ќе не види како се бацуваме аааиии. Се изнапишав ама и јас си сумирам впечатоци вака. Мамички буквално го впивам секој миг со неа и не сакам да пропуштам ништо. Во продавница една Албанка ме гледа товарена со количка една рака друга корпа и ми вика така треба, твое си е сега, кога ќе те пушти од рака веќе не е твое. И така ми се залепи муабетот за душа што стварно не сакам ништо да пропуштам. Не е посесивност туку сега сум свесна колку брзо расте. Може пред некој месец одвај чекав да пркне за да ја земе мајка ми на поседок или преспивање а сега си викам а што ако кога ќе се разбуди каже нешто ново а јас нема да бидам тука да создадам спомен. Ахх бебенце кое пребрзо ми растеш Знам дека наскоро ќе ми недостигаат и овие моменти, како и моментите кога ќе прооди, родендени итн. Не верував дека некогаш вакви патетика и клишеа ќе пишувам али fuck it Едвај чекам да видам какво неверојатно девојченце ќе порасне. Чао mom's Одиме да се сликнеме.
Во темава и неубави и убави вести читнав. Гушки за првите, честитки за вторите. Времево погодено ми е. Меѓу ретките сум што сакаат дожд. Конечно се спие убаво. Другите де спијат убаво, ние мајките нишкаме дечиња. Единствено нешто што и двете бебиња имаат заедничко е што се љубители на фен. Ама не од тел., оној вистинскиот. Ако знаете некоја апп најблиску до вистински фен, пишете. Три апп симнав ништо не му се бендисува. Си сака малиот изворен звук. На тема три деца, ќе ми остане неостварена желба. Иако поминав супер со вториов царски, матката ептен ми била истенчена (цитат од докторот), така да ќе си седам мирна. А, секогаш се замислував мајка на три, две девојчиња и едно машко. Имам две машки, така да ни комбинацијата не ја погодив. Опседната сум со телово, многу ми се смени после вториов пораѓај. Докторот ми вика дека поради брзо останување бремена. Сигурно и генетика е во прашање, ама ај поубаво звучи тоа. После првиот бев Ленка манекенка, сега сум како песочен часовник, само тој средниот дел наместо внатре, надвор е. Ужас. Диети неможам ради доење, вежбање неможам ради царскиот...работава - нагоре високо, надолу длабоко. Маж вика убава сум му била. Па и он таков ќе ми беше убав да ми родеше две деца. Ама не сум, сакам да си бидам сексиљава. Здравје нека поминат три месеци па ќе се почне од некаде. Бебињава да ги ручка човек, кога поголемото го гушка малото па на мене ми прави буц дур го држам си поплакнувам од среќа. А, ич не бев лигава. Ме смени оваа дупла среќа. До следно челични жени убави
Јас затоа немам инстаграм, ма не можам да гледам лажни совршени животи бре. Сите си имаме и маки и радости. Така и мене ми е скинато кога ќе направиш муабет и кај сите само совршено и одбегнувам муабети. Си свиркам на страна, ич не бев таков човек, сакав да сум вклучена во се, ама едноставно борбите во животов ме исклучија, на подобро да речам. Бебе активно, преактивно, за 2м се враќам на работа, многу ќе ми недостига таа насмевка наутро. Баба ќе го чува. Плачко е, сака само мама и тато, ама ќе се навикне. Јаде, блендирано, и не форсираме фингер фуд, или што и да било во врска со развојот, сите деца на пријателите се научија а сите различно ги воспитуваа, така што мислам дека многу ја тупиме со овие брзите фази на бебињава наши, се да биде како другите, зошто? Децата преку ноќ менуваат и учат многу брзо.
@IRBBB И јас му давам фломастери, се тетовира целиот. Последно и ушињата ги беше ишарал, па дури и малку од ѕидот. Упс. Инаку за зелката, некогаш купуваме од маркет кисела. Во некои маркети ги има во тегла, во Кам ги имаше вакумирани, сега во моментот не знам дали имаат. Али убава е, во сермата не се осеќа некоја разлика меѓу купечка во тегла и домашна зелка во буре.
И јас кога на инстаграм ќе ги видам сите со бебиња, па шминка, па совршена соба нели крем боја, никакви шарени играчки, нешто да не пробие некоја боја случајно низ неутралниот живот. Не ме хејтајте ако имате вакво нешто плс, убаво личи ама на инстаграм го претеруваат. Совршени слики, со совршено средена соба и бебето со едно мече во рака. Дали е само кај мене вака, или кога си играме на под баш сакам да се снимам, насекаде е се. Ако му извадам три играчки, ќе завршат, над кревет, на маса, во игрална, во креветче... Дома сме хаос, решив дека џабе средувам за дремки кога пак ќе е хаос до вечер па чекам вечер да заспие за да средиме. Мене повеќе ме нервира кога некој намерно се натпреварува со моето дете. Имав таква блиска личност и од цела бременодт буквално заедно што ја поминавме стигнавме децата само два пати да се подружат бидејќи ја избегнувам. Неможам едноставно некој да ми попува и да ми кажува како е најдобро бидејќи тоа они го правеле, а посебно на мене како шо сум ваква своеглава... Имам уште многу да напишам ама ај да не замарам башка и бебе стана од дремка. Се читаме за брзо