Веќе е време за второ кафе. Да има некој да ми донесе на готово. Да има некој да ми чува дете, ја да кулирам. Да има некој да ми зачисти. Да има некој ручек да ми спреми. Почнав поезија да пишувам. Конечно се наспав. Од 12 на полноќ до 11 на пладне само 3 пати станавме. Му бутнав млекце сеуште нерасонет, 2 пати се одмолзев и назад во кревет. Среќна сум Лајф гоалс. Да ги натерам тазе мајките да пишуваат, фали дружбата од Труднички. @eli25 @fana @Yowannty @Freckles. @kristina.k @Kate Rina 93 @Erika.greeneyes И другите тазе мајки што се срамат да пишат.
Добар ден мајки .. Одамна немам напишано ништо, ве читам кога имам време.. ама сега ми се собрале повеќе страни, да најдам време ќе прочитам.. Немам ништо за фалење ама имам за жалење морам некаде да се испразнам, немам енергија .. Дете од 1,5 година не е нормално по 2 саати да не спие и да се врти низ кревет и пак да не заспие. Лежам до неа трпам, трпам, да видеме што ќе прави ама навистина претерува, јас незнам како да го натерам детево да си спие нормално.. По цел ден е залепена за цице, од 24 часа таа 15 е на цице, немој господе ако не и дадам готово плаче, вреска цел стан е во вис, навечер се буди 15 пати. Немам сила цел ден го поминувам во заспивање и јадење.. Еден ден јас или срцев удар ќе добијам или на психологија ќе завршам со ова спиење (не спиење) нејзино … Уште од мала беше иста и таква си остана, од тогаш се мислам за др. гуд најт ама уште не сум сигурна дали ќе вредат толку пари.
И јас денес сум како воз да ме прегазил. Две вечери дежурам и сум тотално ненаспана. Завчера бебе прими дтп, добар беше цел ден ама ноќта реков ај да го надгледувам. Тој си се наспа ама јас останав ококорена. Вчера од сабајлето кемкав, нерасположен и топол. Цел ден го помина со некоја грда тт до 37.5 ама го истошти. Ноќеска пак дежурав, он пак си се наспа. Денес е ново бебе. Како и брат му така и он, сите вакцини со тт. Им завидувам понекогаш на мајки кои кажуваат дека немаат проблем со вакцини, не сетиле кога бебе извадило заб. Е моиве деца изгледа сакаат да се центар пажња нека се здрави и живи само. Денес бебе проба крушка, неколку лажички. Не можам да проценам околу јадењево, дали ќе не биде или ќе се молиме со чиниите низ маало. Големиов мора поручек да го носам да провериме вид, се жали дека не гледа терминна државно нема, приватен др немаме во градов, па ќе го носам во оптика. Ако има потреба, ќе отидеме и до скопје. Се нервирам што немам време да си ги средам веѓите, да се издепилирам, пеглам после 22ч кога сите спијат. Веќе не можам и во огледало да се гледам, многу сум подуена. Кажете ми, дали некоја имала некој режим на исхрана а доела, бебе е веќе 5 месеци ама нема сеуште целосен оброк?
Кратка ќе бидам ама морав да се пофалам, синко го извади првото запче!!! Два дена се мачеше и не ми даде да го пипнам да видам, со прст приметив дека нешто грепка и еве денес го начекав и го видов првото запче, мама и тато се пресреќни и и си паѓаме во несвест од среќа! Да му се редат бели бисери и и сите со лесно да си ги извади! Ве гушкам мајкиии
Мене уште во труднички ми иде да пишам. Ни ваму, ни таму сум. Чудно чувство до пред 5 дена во меше ми беше, сега до мене, дури се фаќам како чекам да мрдне. Сношти прва ноќ дома. Нормално ненаспани сите. Не прифаќа во креветче после доење, веднаш се буди ако ја оставиме па пак одново. Реков ова нема да спие со нас, ќе се трудам упорно овој пат. Ме фаќа страв на толкав умор да спие до мене, па се менувавме со мм. Големиот неочекувано љубоморен првиот ден. Одма прашања кој сакаш најмногу денес не ја остава цел ден, до неа е залепен. За неколку дена почнуваат на училиште ме фаќа страв како ќе се посветам на двајцата, знам дека ќе се чувствува запоставено. Тоа е во кратки црти, чекам и другите мами да пишат, ми фали друштвото од труднички.
Ручек се крчка, бебе мало спие, женска голема надвор со другарки, мама на тераса со кафенце и листање на темиве. Се спремаме за во школо наредна недела, прваче. Се надевам ке се организираме добро… еден натаму друг наваму. Кучето ни се врати дома од дресура, па одма позитивна енергија имам дома, можам цел ден да се растрчувам Утре ќе си го посветам денот малце за себе,нокти,коса, да се улепшам малце
Hiiiiiii Кај сте бе мами? Ако видовте некоја на плоштад како се објаснува со рандом старица на клупа, не бев јас Не можам да поднесам непобарани совети и коментари ама ич Гревче било бебето на АД, требало кравјо да му дадам. Кај беше до сега бе бабе да те земам за матичен педијатар? @Eli23 вака ако продолжиш наспана, може и книга со поезија ќе издадеш. Инспирација ти доаѓа наспана изгледа
Здраво мајки Чекам бебе да стане па видов таг од Ели фала душо Утре бебац е еден месец и сакав да го сликам со балон. Цела нова Битола ја свртев да најдам балонче бројче 1 малечко за на стапче и не можев да најдам, или имаше малечки ама немаше 1 бројче или воопшто немаше, а во Џамбо имаше малечко бројче 1 ама розево Лудници Ајде заминав, бебац кенка. Повелете кафенце и благичко
Барем еднаш дневно поминувам и тука. Уште малко и ќе ви се придружам. Ај нека излегува веќе Ааа и нема шанси да ги премашам вистинските болки нели? Почнав да се плашам веќе.
Здраво мајки. Бебушко мој наполни три месеци ама одвај чекам малце да порасни. Многу е плачко значи по цел ден никако не му се погаѓа раце веќе попаднаа. Дојдовме демек на поседок кај мајка ми ама со душа чекам да си одам. Ем бебко уште повеќе плачи тука ем моите се нервираат ме жалат и подобро дома да си одам. Сега и реков утре сакам да си одам и одма се лути ич не те видов седете уште малце незнам што. А мене толку место не ме фаќа. ( Не мислев дека јас некогаш ќе го речам ова зошто пред бебко ова уште си го осеќав за дома а таму не.) И така незнам што друго да кажам секојдневието мие ептен монотоно. И им завидувам на тие мами што си шетаат секаде со бебето јас неможам со плачко мој. Среќа имам голем двор па таму го шетам .
Мене еднаш ми рекоа дека гревче била зашто сум ја внела во Тинекс гола (без чорапи), а имало клима и отворени фрижидери...бтв надвор беше 32 степени
Спиеме со мм на раати. Само заедно никако . Јас два саати, он два саати. Сеа јас дежурам, ама бебка спие, реков да легнам. Се погоди една мува досадна да влегла дома, ја бркам цел саат. Ја утепав сеа ама се мислам дали да легнувам, ќе стане бебо. Инаку добив циклус и значително ми се намали млекото. Шта чемо сад?
Ќе ти заврши циклусот и ќе се врати млекото, нормално е. А зошто спиете на рати? Бебе спие? За млекото и сонот е многу битен.
Јас мака со спиење со синко сум немала и затоа не разбирам, ова веројатно ќе биде ко бато, што знам. Бебе заспиваше во 8ипол, јас до 11 најкасно во кревет и до сабајле спиев со 1 станување за молзење, а после четврт месец некаде и без тоа станување си спиев ко топ. Еднаш се будам за у вц го гледам си гледа наоколу, си разгледува, си викам којзнае детево дали спие цела ноќ, битно мајка спие. Од 4м и цела ноќ преспиваше, јас мака со спиење не видов. Може и затоа не разбирам кога ќе ми рече некој цела вечер седи будно не спијам. Сеа не спијам оти од сон ме разбуди бешиката и почнаа низ глава да ми се вртат глупости некои и иди заспи. Спанка сум, признавам.
Јас со ќере 2 години станував на 2 саати. Подоите и прекинаа одамна, таа стануваше за млеко. Што не пробав, џабе. Додека една ноќ самата од себе не врза до сабајле.