Здраво мајки Дали легална причина да утепаш маж е што ме разбуди сабајлево чао да ми каже и сега дремам, а бебе спие? Он кај легне/седне таму може да заспие, мене разбуди ме и толку од спиењето за цел ден Ајде барем ќе го погледам бебе дур спие. Каков зен е тоа Мислам дека ликот им се менува како ангелчиња да гледа човек. Инаку денес сме на детски роденден ќе видиме како ќе се понаша во игротека. Многу им се радува на деца, кон сите пружа раце. Едвај чекам да прооди да може да си трча со нив Поддршка за сите мајки што дојдоа и се пожалија, има напорни периоди, првите месеци стварно знаат да се тешки. Ама се поминува. Битно е и мајката да е смирена (колку што е можно) , многу осеќаат енергија бебињата, смирени луѓе смирени бебиња. Во ситуација кога сум осеќала дека прегорувам и не можам веќе, сум оставала бебе кај маж или во креветче и искачам на тераса да подишам сама или влагам во друга соба. Ама толку брзо поминуваат фазите сега да ме праша некој ќе речам песна било. Не за да лажам или да глумам, туку многу работи се не се допамтува, а фокусот останува на убавите нешта. Да читнам што сте пишале по другите теми. Ве поздравувам П.С Кафето од мене сабајлево П. П. С Нека иде и доручек по нарачка на @Eli23
Здраво мајки. Еве ме и мене за прв пат во мајчински муабети. Бебуш е 3+. Моментално сме на ексклузивно цицање, а патот до тука не ми беше лесен. Што мака извидов со еднава града, арно не се откажав. Не сакам да дојам многу долго чисто затоа што имам сеуште болки па не ни уживам во самиот чин, но ќе видиме. Стана во 5:20 цицаше и не презаспа. Ајде станав и јас, поткаснав нешто и направив кафе и нормално тогаш заспа прцлево Еве го сега стана, да се расони и пак да цица. На моменти ми е чудно што сум мајка, го гледам и се чудам какво мало чудо е. Едвај чекам да потпорасне да може да ме гушне, а од друга страна сакам да ми е бебче мало подолго време Не знам дали е веќе во 4 скок или допрва не чекаат плачки ама се надевам нема да е трауматично
Лелееее, само да не биде и моево такво, зошто ќе скренам. Јас сум спанка, не сум наспана ли апам. Алал да ви е на сите како издржувате. Имам на работа колешка, кога ќе ја видам со очи затворени од што и се спие ми се плаче за неа. А колку е смирена, тивка, и со дете и со нас, алал да и е.
Значи ако имало клима требало и тетра пелена да и ставиш. Па сад требало да скоцкаш некоја поезија, она со муви се бркала И јас добив за добро утро Таква болка у стомак си имам контракциите ми беа пичкин дим. Ќе ти се среди млекото, немај гајле. Јас првиот месец ко добив се намали, вториот претечуваше, е третиот јбг не доев веќе П.С: Имате и кафе и доручек, средени сте за денес
@zverkica да се редат бели и здрави како бисерчиња, најубава насмевка да има на лицето секогаш. @LiquidLuna шо ѝ се караш на бабата? Кажи ѝ дека преговарате која крава да ја купите и каде да ја носете на пасење, па @sweetgirl92 I feel you Мојов дури сега почна да не бара в раце (15++). Дај Боже твоето да смени уште сега. Мој непобаран совет е кенгур да си земеш, ставај бебо во него и шетај. Ние до годината го носевме така. @Mom's_life не е причина за убиство мами, љубов е тоа. Ама причина е ноќеска во 4 да го разбудиш оти ти текна дека не му кажа каква реклама виде на тв. Ве испотагирав сите, чисто колку малку дискусија да има, да ја размрдаме темава. Добро утро мајки Пред скоро се разбудив, маживе уште ми спијат, па реков да скролнам сабајлечки на фемина. Шо да видам, кафиња, благца, доручеци, желудникот почна да ми лачи HCl на најјако. Гладна сум ко пес Денес ден предвиден за едно шеткање во парк, друго излегување во игротека. Последниот пат убаво поминавме, дрмнавме по едно пивце со маж дури играше медењакот мој, па да видиме како ќе поминеме денес. Туку мајки, дајте бе да направиме една феминска дружба во градски парк? Шо велите? Бебо се буди, гасам. Не е можно колку е најмек на светов после спиење. Како облаче е. ❤️ Имајте најубав ден Гушкајте љубови најголеми. ❤️
Jas da si se pozalam, beba od vcera so temperatura i ja testiravme i e Kovid pozitivna, nikoj od nas nema nikakvi simptomi.Inaku denes pravi 2 meseci izgleda nema da moze ni Rota da ja primi. Prezalna e, dushava me boli.
Фала ти за тагот @Eli23 Eве ме и мене тука, мајка ко вас. Мајка еј! Го гледам малово и не ми верно дека вакво ќофте е мое. Сега како кроз сон ми е и бременоста, и царскиот и престојот во болница. Дали дека ненаспиена, ама се осеќам како некој сабајле да ми остави бебе во кревет. А бебето, ќофтенцето мое, со нај нај најмека косичка. Мислиш галиш облаче. И си спие мајкин син со ноџиња потпрени до мене. Мама со кафе во рака, скрола ли скрола со очи едвај отворени. Кога се успивавме вриштеше ко да го штипеме. Најаден, пресоблечен, па едино остана нушкање во раце и пеење. Поплака и така, ама заспа. После си беше бубаче цела ноќ.
Издржуваме некако. Кај нас маж ми апа ако не е наспан, па претежно јас седам будна. Јас не апам коа сум ненаспана, ама јадам се што има во фрижидер.
Омилени мои мајки сте се распишале од сабајле па тоа кафиња, доручеци свака част! Бебе спие мм излезен, јас со кафето и Фемина на дружба. Се мислам што да се спрема за ручек. Мисиркино изгледа ќе биде. Топло денес некако, му направивме на синко базен на тераса жива радост е, па се наручка и сега кома. Бевме сабајле фамилијарно тројцата на прошетка, попладне можеби пак ќе се шета да помине денот. Измеѓу по дома ручек, машини, прашими... Се со ред хаха Инаку @IRBBB убава ти е идеата за дружба. Додека пишуваме тука ќе си прикажеме во живо на воздух. Нели имаше неодамна некоја дружба во парк? @Bebuli мајка со лесно да поминете само. Не запамтив која мајка се пофали со забче, се надевам ќе се пронајде, како охридски бисери да се редат и без мака да излегуваат. Поздрав мајки имајте убава сабота
Исто Добар ден Преубаво помината кафе дружба со другарки и нивните деца. Во природа со кафе за носење. Тоа што бебац седеше дома и јас еден подој скокнав и дека ќе ми пукне градата е друга песна. Како беше онаа: Нема и јаре и паре Како пес сум гладна. Отидов мајки
Па не беше баш скоро, можеби има една година. Би имало кворум или да се собираме по населби? Туку мајкички, дајте ми препорака кој убаво изработува колачиња со royal icing? Жената шо сѐ досега ми правеше, букирана била до октомври.
Мајки до кога им пеглавте на бебушки? Имам познаничка ниту му делела алишта на бебето, ниту пеглала после сушење, така со нивен прашок се заедно исперено.
Ќерка ми во октомври ќе прави 5 години. Уште пеглам за неа. Само што не и ги двојам од нашите (а и ги двоев кога беше бебе).
Значи ептен ми е мерак да ве читам во темава! Ептен позитивни муабети, се расположувам читајќи ве. @IRBBB супер идеја, јас би дошла Пукната сум да се дружам со мајки, немам баш другарки со бебиња. Синко и мм спијат, јас кафе си пијам на тераса и се варам. Не е нормално колку не поднесувам топло, одвај чекам да залади. Многу нервоза ми ствара жешково, не сум јас за оваа клима. И бебево е склетџија ко мене, по пелена е цел ден и пак е жива вода. Џабе клима, џабе све. Почнав со работа пред месец ипол, гураме некако. И двајцата работиме од дома, се снаоѓаме сами со синко, ама тешко оди. Почнавме вчера да разгледуваме градинки, по се изгледа ќе мора да оди. Од октомври таму, бар година да наполни. Не можам да замислам да сме сами дома, а он да е во градинка. Уште сега си мислам колку ќе е празно и тивко. Пречудно... Во неделата направивме венчавка и крштевка. Најблиските и најбитните си ги викнавме, преубаво си поминавме. Додека не венчаше попот солзи ми врнеа, се потсетив колку го сакам овој човек до мене и колку ми е животот убав со него. Не дека заборавив туку откако се роди бебе некако се е на трчање, многу нервози и стрес и како да немав време да застанам и да се посветам на нас. Венчавкава ми беше еден мал потсетник, се осетив како заљубен тинејџер А Марко најмирното бебе на свет ниеднаш не заплака. Ни кога го држеше и крстеше попот, ни кумот кога го држеше. Во кафана преспа 2 саати, после како штафетка со сите се радуваше. Најмногу кај чичко му, си имаат некоја посебна врска, да ти е мерак да ги гледаш од страна. Кола си нарачавме, чекаме да стигне во октомври. Одвај чекам да можеме да мрднеме од Скопјево. Со оваа старава скапаница не е сигурно ни до Центар. Се редат полека коцките некако, пред 10 месеци бев толку изгубена, си викав како ќе се поврзам јас со ова бебе, каква ќе бидам во улога на мајка, ама ете. Се си доаѓа на свое место, многу ми е убав животов, имам се што отсекогаш сум сакала. Почесто треба да си ги цениме работите што ги имаме. Ќе се расплачам и додека пишувам, каква лигла сум станала значи Убав викенд мајки, ве поздравувам сите!
@Eli23 јас сега го гледам тагот, опрости. И јас за прв пат да пишам во најслатката тема Уште малку месец правиме а како вчера да се породив. Па уште ми е се како во сон, ме фаќа носталгија за мешето и бременоста. Првиот ден дома после болница беше исцрпувачка цела ноќ без спиење. И тогаш реков леле вака ако е нон стоп како ќе се живее вака? Па дури и на мајка ми и се јавив и реков дека била будала што родила три деца, таа ми вика да не родев три тебе немаше да те има и викам чудо големо и без мене светот ќе постоеше. Бебе повеќе спие дење отколку ноќе ама се навикнав више. Ноќва пример само од 4 до 5:30 сабајле што спиеше и толку. Држевме стража Сега пак јас со некои чудни прашања Многу некако сум љубоморна и посесивна за ќерка ми. Кога други ја држат или нешто кога и викаат око мое ноџе мое ми иде да им речам е мое е не е ваше Или пример личела на маж ми. Или пак хрчела како свекор ми, итра била како свекрва ми.. а јас бе, мајка и ? Некогаш излегуваме со маж ми да прошетаме и само му велам којзнае што прави ќерка ни. Ај побрзо да се вратиме. Не можам никаде да се замислам више без неа. Или некогаш свекрва ми ќе ја земе ми вика одмори ти. И јас сега една грижа на совест едно неубоо чувство зошто не е до мене, одма лошо се осеќам ко немајка Не бев ваква али шта чеш Позз до екипата
@unearthlysarah Ми допре со напишаново. Стварно во животов ти треба малце да се посветиме со мажите. На таа тема, јас морам да пишам дека стварно нас ни процвета љубовта од кога се роди бебето. Мноооогу ми е жал што ние сеуште не успеавме да направиме венчавка. Ама ајде, ќе биде и тоа.. @IRBBB Јас нарачував од cookie booking на инстаграм, е сега не знам дали е тоа ројал ајсинг, ич не се разбирам од тие работи За дружба, може. Памтам претходната ја договараа отприлика кога се породив. Баш сакав да напишам пред некое време дека ептен осамена се чувствувам. Имаше некој напишано вакво нешто памтам. Другарките што немаат деца како да ме одбегнуваат, иако нит ги спамам со слики нит со муабет.. А тие со деца што ни се се зафатени 24/7. Или тоа, или нејќат да се дружат со нас Ептен сум емотивка деновиве, еве викендов претходниот заплакав дека немавме со кој да се дружиме. Озбилно. Океј де, може и ние сме чудни, и двајцата интроверти сме, ама па не сме толку лоши... Само мм ми остана и најдобар пријател и психолог и маж во ова време. Моментална ситуација дома, бебе се беси кај тато, јас умствено одмарам, цело време се мислам да не заборавиме нешто, утре на одмор заминуваме. Пак ја преселивме цела детска соба Ама па добро јас сакам се да земам, мм сака тетрис да си игра во кола и добитна комбинација Одвај чекам!!! Знам дека одморот после деца не е одмор ама па битно тројцата ќе сме си по цел ден заедно Да помине одморов па ќе размислувам за почнување на работа, сега не ми се слуша дека почнувам за брзо
Баш ми е мило што ти разбудив емоции. Иначе јас бев таа што пишував за осаменост и другарки. Да не претерувам, ама повеќе од пола луѓе ми ги нема во животов како порано. Ама престанав да се преиспитувам, сфаќам дека изгледа тоа е нормален тек на животот. Приоритети, различни интереси. Иако јас не чувствувам дека сум нешто сменета. И мене мм ми е и најпријател и психолог и све што треба. Не би рекла дека сме интровертни ама некако станавме couch potatos со коронава. Дома и сами ни е најубаво Убав помин на одмор
Здраво, друштво! Ај за шкртнам дури е мирно! Бебе спие но гасови овие два дена ненормално.и јас имам. Што и да јадам имам гасови.а баш пазам што јадам. Инаку да се пофалам од 3 шишенца ад што му ги давав дневно на бебе сега дојдов до пола шише во 24 часа. Јас му давав по 90мл на шише. Сега помалку и од 50 мл. ми пие во 24 часа. Сето тоа благодарение на вас, девојки!! секој дневно читајќи и применувам секогаш добри совети! . Ќерче е надвор во двор со другарки си игра. Маж уште е странство. Се слушаме по вибер. Многу ми недостига. Кога не е дома сваќам колку ми е битен. Ај да допијам кафе Утре празник ке носам деца в црква. Бебе прв пат ќе причестам. Поздрав, друштво!!