Здраво мајки, да шкртнам и јас да не останам покуса. Бебе станува човек, гуга ли гуга, се смее постојано и почна да се кикоти, ваква бев не знаев дека се способни за тоа. Му се смее на мм повеќе, така замислено му збори, љубоморна сум, мене како млекара ме гледа само, од корист. Од лошото, нормално не спие преку ден сама, се држиме во раце, прилично е захтевна ама ајде, не е робот да ми оди по газ си викам И за кучето така викав, леле бре види воспитани кучиња убаво шетаат, мојот да може на глава ќе ти се качи, не можеш да го прошеташ без рака да ти истегне. Уште малце одмор, од надежни 10 дена, само си кратиме, ќе примаме ревакцина, плус ќе ни почне скок па не сме толку храбри веќе. Јас психички малку поокеј неделава, претходната имав 3 нервни слома, стани плачи, легни плачи, не знам дали се хормони или депресија, како биполарна се осеќам, ако не пројде ќе барам муабет со психолог... Поздрав до мм ако прочита, купи ми цвеќе ало. За дружба и јас сум, нормално и моите другарки без деца нигде ги нема, од една страна и криво ми е ама од друга па и не толку, сум имала работа со себични. Некако болна тема ми стана, ама ајде ќе биде подобро си викам. Ги гледав Гилмор грлс па си викам и јас со мојата маза ќе бидам толку блиска. И така, убава недела имајте, ние стандард со гости како и секој викенд, не можеме раат да почмаеме и да се видиме.
Хахах си ме изнасмеала Јас да кажам дека мојава ќерка е копија комплетна на мм. Значи copy-paste. Сами живееме, и повеќе време е со мене и јас 9 месеци ја учам да каже мама и мојов телетабис сабајле гледа во мм и вика та-таааа. А викам не е ова прв збор, ќе те чекам мама да кажеш Со него цели приказни на бебешки си раскажуваат, по мене рика само ако нешто не и е по ќејф или сака да ја држи некој. Како бе вака Е љубоморна сум, богами
Мене па другарките не ми се Скопје, плус се со пораснати дечиња на школо им се веќе, другите сеуште без деца. Сега кога бев се видов со една другарка леле луѓе се искарав сама себе дека само за синко зборував. Кога се приметив и реков што не ме прекинеш. Она нема деца сеуште вистина ќе праша како е синко ама сигурно и здосадив, ме ислуша за се. После тоа се смена муабетот ми раскажа се и свашта ама дури жал ми падна дека сега различни обврски различни светови. Овде сама се изнашетав со синко. Со една колешка од факс као се договаравме никако да договориме... немукает. Така да дајте вистина една дружба да си помуабетиме.
Сосема те разбирам за посесивноста, иста бев со првото. Сеа за сеа не сум таква, оти се знае една е мајка. Кој шо сака нека праи збори тој факт неможе да го смени.
Како дојде до пола шише во денот ? Ние уште се мачиме со 3 шишиња по 90мл … се пробав не и е доволно моето млеко а изгледа ке треба да зголемам на 120
Здраво momsters Вака некогаш ги почнував моите постови на темава. Си го барав последното мислење и ако убаво изсурфав, било негде декември 2020та. Како така си помина времето. Девојката ми порасна, а е сеуште толку малечка. Себично посакувам да не расте и што подолго да ми остане моето мало девојче.. ама тоа е невозможно за жал. Сега е веќе и со нова титула - голема сестра. Моментално растргната меѓу нив двајца, да се посвети доволно внимание за никој да не е запоставен. Со него заљубено си гугаме, со неа сонуваме за големи платна, додека на мали листови цртаме планети и вселени по цел ден, или солар систеР како што таа вика. Мислам дека ова бебе не го бацувам доволно. Едвај се воздржувам додуша ради неа, не сакам да биде љубоморна, ама затоа секогаш кога не не гледа користам момент за брза бацка полна љубов. А како само би го изручкала цел од што е толку сладок. Со маж сеуште среќно заљубени еден во друг и во нив двајца. Минатата ноќ бебули поврза доста часови, па мислам дека се препородив. Еве и вечерва потера од 8 и уште не побарал да цица иако во меѓувреме го преместив во спална и пелена и боди му сменив и вака кога нема грчеви е супер дупер дечко. Мислењево го почнав од вчера кога Ели ме тагна иначе. Пробав да читам прво, па си реков подобро да пишам нешто дур двете раце ми се слободни, па ќе читам кога само едната ќе биде слободна. Ноќ
Би сe дрзнала да означам неколку од тазе мајките,што не дружеа во труднички @Joraa @GoldenFrida @V.N. @Bebetoo @pikachu2 @shz @Vincent @Saf @Black girl @Bibi_23 @Coco31 @cherry89
Прво почнав да пијам мноооогу вода пијам и сок од јаболко, боза и лакта микс чај кога ке ми се посака без некое оптеретување да мора. Ставам бебе прво да цица од една града и додека цица масирам нежно. Ако му е малку го ставам на друга града исто со масажа како да сакам да измолзам но доволно му е од една града. Откако ке се најаде ставам шишиња со топла вода на градите. Ова го држи отприлика сат и пол кога ке огладне го ставам прво да цица од градата на која предходно цицал ако не сака го ставам на другата која е доволно полна да го нахрани. Исто така забележав дека кога ке се врзам неколку часа сон тогаш многу ми се полни градите. Така да си дремкам и денски кога е возможно тоа покрај децава и јас ке се стутками месо почнав да јадам секој ден скоро. Ова е за последниве две недели. јас пред тоа му давав ад 3 по 90 мл во денот но не сакаше го туркаше со јазичето шишенце,а гледав си цицаше добро. Го мерев секој втор ден. Не намалуваше во тежина си зголемуваше и тоа беше добро за мене и за него.многу е важно пред да му дадеш ад прво да цица. Јас ти пишав како му давав да цица, а потоа понуди му ад да видиш колку ке ти испие. Не се откажувај веднаш. Пробај неколку денови за стимулација на градите за млеко и прати тежина на бебе.
Оо мојата омилена тема. Еве јас тазе мајка од труднички префрлена тука па од што ни е интересно јас на темава сум вратена од лани да си читам Колку убаво пишувате баш интересно.. ај си реков кога ќе порасне малиот согурно ќе ни е поинтересно па ќе пишам тогаш поредовно, бидеќи бебо или спие или се витка од грчевите, а да.. или пишти за јадење, леле кога ќе ја отвори олкава.. Па вчерашниот ден конечно беше малку поразличен. Бебе кога сме сами знае да си поспие до 10ч сабајле но кога е тато тука страшно е. Почнува да му зборува да го рассонува па тогаш секако ги транспортирам во дневната и мама спие до 10ч оти нели цела вечер де јадиме де се молзиме Е арно вчера мама не се измолзи навреме и дојдовме двајцата во дневна оти тато беше на работа и 15 минути имаше вриштење Го слушнала баба и веднаш се качи, златен наш зошто ми плачиш итн.. па бебе се рассони и не ми се даваше од сабајле да го земат доли па останав будна Го испив кафето и требаше да оди мама на роденден кај внуката од брат ми сама во игротека бидеќи сме многу мали за да одиме во гужви Убавини, бебе остана со тато и баба му а мама правец во игротека, уживанција сите трчаат по децата а јас лапам ли лапам Не дека децата на брат ми се понашаат како да тете се треба да им угодува наместо мама ама ајде сепак не се смета тоа за трчање Кога заврши роденденот требаше да одиме дома бидеќи тетин не каснал торта, го спаковавме бебе и таму хаос, едната сакала да го држи (4г има) другата сакала да лежи во транспортерот бидеќи и таа била бебе (ако вчера наполни 3г) Среќа нашиов во било каков хаос да се наоѓа спие ли спие Дојде 19ч ние дома мора да почниме со подготовки за вечерна рутина. Дојде и брадучед му да се капат и спијаат заедно, тие се само еден ден разлика двајцата наполнија еден месец пред неколку дена. Претежно заспиваат после капење и ќе ги чуваа баба и дедо а мајките и татковците да прошетаат. И знаете како беше она кога баш таа вечер е хаосот едниот плаче во дневна другиот во спална. Баба вика одете ние ќе се снајдиме нашиот заспија пред да излезиме а братучедот малку покасно битно баба и дедо беа 5ка, се снајдоа одлично со две иако едното беше заспано Така малку одморивме од бурниот ден и еве го пијаме утринското кафе сите комплет, бујрум
Добро утро мајки Денес одиме за Скопје, контрола за бејби имаме на детска клиника во вторник. Не ми е баш сеедно што ќе ни речат искрено иако тој си е одлично бебе. Ми олесна многу кога една стара и многу искусна докторка го прегледа тука во Битола и ми рече: Бурата е зад вас. Одбирам да и верувам. Да помине контролата и морам под најитно да се посветам на доењето и пауер пампинг. Некако накај патолошки тера мојов обид за доење. Ама криво ми е да пие ад. Навистина преубаво цица и сака да цица ама ете, млеко нема доволно и тоа е тоа. Засега Особено па коа ми рече свекрва ми за свадбата на едно комшии: ако сакаш да идиш на свадба ќе го причува мајка ти ќе му даде млеко... Демек и со тебе и без тебе намирено ќе е бебе Знам дека една е мајка, првото на ад ми беше ама таа не ни сакаше да цица искрено. За ова бебе ми е особено важно да цица ем затоа што сака да цица, ем за сето она што го помина на интензивна нега потребни му се моите антитела за да го накрене имунитетот. Се изпожалив јас Ќе се испратам. Имајте убав ден мајки
Здраво мајки Што убаво ни се збогати темава со нови мами, сите со нова бебешка енергија Брзо да минуваат грчеви и непроспиени ноќи На темата пријатели пред и по деца, ситуацијата е иста и кај нас. Имаме тон пријатели, а викенд дојде ли нема со кој да се видиш. Едно време и јас бев на мисла дека не избегнуваат ама отпосле сфатив дека секој си тера свој филм и на сите им е многу подинамичен живот сега него пред 5 години кога влечевме кафе по 2 саати или целодневна кафана пошто немаш куќа за чистење, ручек или машини да вртат. Така што не земам за зло на никој Кој сака наоѓа време ќе се видиме некој саат, кој не не и така се прави селекција на вистински другари и познаници. Денес сабајлечки се дотеравме сите и правец црква. Бебе ужива кога одиме, а и мене ми е посебно убаво чувство. Неделава влегуваме во финални подготовки за одмор, ама сигурно пак ќе пишам до тргнување Ве поздравувам
Добро утро мајки Како сте? Јас еве со бебуш се чуваме, ја оставив да лежи кај и да е ќе заспие. Се намачи овие два дена не можеше да кака па и дадов сега чај од анасон и памперост веднаш го наполни. Полека почнавме да се навикнуваме една на друга не ми е страв да ја чувам како на почетокот што ми беше и за облекување гајле немам сега не ми е страв. На почетокот јас надолу ја пресоблекував мажот ми нагоре. За доењето ми беше многу страв кога во болницата немав млеко дури и плакав се нервирав, кога си дојдовме дома почна да доаѓа млекце ама пиеше и ад сега полека скроз го отфрливме т.е она не го сака баш вчера сакав да и дадам пред цицање да видам дали ќе го сака не сака од шишето да повлече, усте не отвара и после и дадов цице почна да си цица, ич не сакав ад да и давам и добро е што не го пие повеќе си се задоволува со моето млеко. Сакав да прашам мислам од хип ги повлекоа кашичките друго не знам што повлекоа, а јас пијам чај од хип, смеам ли уште да го пијам? Прееска баш пиев. Од болницата почнав да го пијам и не сум го прекинувала до сега.
Само сокот од јаболко на хип серијата со рок до 10.23 мислам дека е повлечен, како што разбрав. Hiiiii и за денес Годишнина на фемина. Цела година сум направила тука Гледам никој не ставил кафе од сабајле, па да почастам @fana ќе помине добро и контролата. Верувам дека докторката е во право За беба нема што ново да кажам, исто како и вчера. Седнав кафе да пијам, си излази до кај мене и еве двете кафе пиеме и читаме што имаат да кажат другите мами, да биде во тек да се јави сваќата @unearthlysarah да ја извести зетот што прави
И јас баш тоа сакав да прашам. Цело време носи ракавици штом и ги тргнам или и падне некоја ракавица одма рачињата накај лицето. Еднаш толку многу се беше испогребала низ целото лице како маче да ја гребало.
Здрави мајки. Преспавме ноќеска некако, со една пауза за шетање низ дома. 3 пати цицаше. Релативно одморена се осеќам. Фанче, и мене најмногу ме болеше тоа за првото, као не требаш ти коа имам млеко остаено. Пробај Лактил капсули. Да пројдете добро утре.
Убав ден,празничен. Нека ни е за многу години. Овој ден ми е посебен, женски, па уште рано си отидов до црква си запалив свеќа за здравје. Демек викенд се надевав мм ќе помогне малку, ќе причува деца, ама не и не, морам да свртам страница и да почнам со нови лекции јас. Не лекции, теми да смислувам не се децава само мои, па не сум им јас и мајка и татко. Блазе вас со стари кои без проблем ви чуваат деца. Нашиве демек дојдоа за нив, ама заминаа на одмор Грчка. Јас од утре да излезам со големово да се спремаме за школо,трето одделение ќе биде, син мој првенец. Колку само ми помага околу бебево, ако не е тој, нема да успеав ни ручек да зготвам, ни до вц да отидам, ни алишта да средам. Го занимава брат му, го пази, многу го сака. Ама има и потреба од мене, па така кога бебе ќе ни заспие, ние двајца си се посветуваме само на нас. Си се гушкаме, си кажуваме, си гледаме серии, си уживаме. Од далеку може да се забележи колку само му фали мојата блискост, онаа што си ја имавме, ама еве вака успевам да надохнадам. Имајте убав неделен и празничен ден, отидов да спремам ручек.