Здраво мами Да куцнам некој ред пред спиење и јас.. На вага конечно две бројки (95), на пораѓај пред 2 и нешто месеци 125... Пресреќна! Со бебки уште мака мачиме со грчеви во одредени периоди од денот. Испробав буквално се, ама само благо подобрување.. До кој месец вообичаено траат грчевите и знае ли некоја како точно да го подготвам тој чај од ким.. ? Уште тоа не ми е испробано. Иначе сакам да ги шеткам на гости кај моите, 20 минутки сме со кола ама таму ми се по цел ден будни и некако покенкави и вознемирени.. До сега бев 2 пати, и не знам дали да ги носам еднаш неделно или да намалам..Мене ми е порелаксирано, кај баба е најубаво ама нив некако не им се соработува, си сакаат домче изгледа Вие колку често одите и дали ги шетате? Моите обожаваат да се возат во кола. Имајте убав сон и умни бебиња.
@Mateas грчевите траат додека да созрее доволно дигестивниот систем за да може убаво да си го вари млекцето. Вообичаено до 3тиот месец поминуваат. Јас давав чајче од ким, во 100мл зовриена вода ставав 5-6 зрна ким, оставав да стојат 10-15 мин, процедував и давав до 30мл за 24ч. Ова е моето искуство, најдобро консултирај се со педијатар. Јас би да пишувам, ама ми клапнаа очите за спиење. Алармот вика за помалку од 5 и пол саати треба да сум будна. Ќе мрчам утре цел ден. Имајте спокојна ноќ мајки.
Испеглав еднаш дур беше уште у стомак и кога и ја спремав собата. Сега машина посебно за неа и сушара и толку. На потењево уште и пегла ми фали.
Здраво жени, ме тагна @Erika.greeneyes па додека се мазиме со беба утрински да куцнам. Ми се погоди мирно бебе, дури и кога се мачи од грчеви пробува да е тивок ама јас мајка како мајка бдеам навечер го чекам да прекине па да спијам. Вчера направи синко месец, последно време занимација му се контрастни картички и само ги разгледува кога е буден. Некогаш како повеќето имам грижа на совест ако поплаче после бањање дека е гладен и сака одма цице, а и доста сум параноична, само листам бебешки дијагнози и детево со сила болно го правам. Другарките се сите немажени и без деца, па постојано малиот мангуп има тетки на гости кои го занимаваат. Инаку маж ми не го осеќа навечер, спиеме тројцата во иста соба и сега за сега супер си функционираме. Ви посакувам на сите мами убав ден, од денес решив да правам убави работи за мене за да се намали мојата посесивност малку.
Добро утро Додека спие да куцнам некој збор два Со бебушот се мачиме да стои исправено , а веќе е година и 3 недели... Со маж не сме баш во добри односи откако се роди бебушот, може е до мене зашто сум сеуште тврдоглава и премногу заборавам.. па незнам како да го исправам тоа за да сме пак во супер однос барем сега кога е веќе дете да си уживаме во најубавите моменти.. Се испожалив тука Убав ден мајки
Чајот од ким ми е спас!!! Прстофат ким, 100 мл. вода, некое зрнце шеќер да не глуми дека ми се дави пошо така праи коа не му е по ќеф и две каранфилчиња. Дозата се менува на два дена, давам мало лажиче (пред/после) секое второ трето доење. Спас видов, се изнаспав и малиот ми е бајче
Утро Нареден скок вика тек у октомври, а синко се буди на пола саат ноќе со плачење. Почнав да не го ни слушам од што ми се плаче за спиење Не знам пост-ковид последица ли му е, ама сакам да ја нема и да се врати у нормала, иначе готова сум да ја барам Dr. Goodnight. Му дадов ноќна на Хип пред некој ден чисто да видам дали ќе спие подолго, ма јок бре детево си сака да си џвака цицка цел ноќ од кеф. Ајде по едно дупло за сите, частам кафана
И јас сум прозвана од труднички па да ставам некој печат и тука за почеток. Бебка за 2 дена прави еден цел месец. Женска права! Бодињата што и ги купив 56-62 и рачунав дека ќе ги носи првите 3 месеци изгледа ќе останат во првиов месец. Нека е живо и здраво ама не испуштија од болница со 3300гр, за после 20 дена да има 4540 гр Е сега грчевите се посебна прича, едно 4-5 дена незнаев што е ден што е ноќ. Чајот од ким ( јас правев во 100мл вода пола лажичка ким) го пиеше како ние вода ама со ова дете не ми се покажа баш најдобар избор. Тука читав за пробиотикот биогаја дека знаел да прави проблем па го исклучив на неколку дена, а истовремено воведов и чај од анасон 100мл дневно па некако олабавија грчевите. Не дека ги нема, ама сега сме 2 пати дневно на еспумисан место 4 до 5 пати дневно. Почнав да го пишувам постов пред саат време инаку. Во меѓувреме бебе се разбуди и таман да завршиме дневна доза со сите капки, цицање, пресоблекување...тука улетува и голема дада лута како пиперче зошто не и дозволувам да гледа на тел додека е вклучен на полнач, па ај и неа да ја истинтрам да не се чуствува запоставено и еве сега за мир во куќа со едно окце гледаме заедно серија на нетфликс додека она седи до бебушка и ја чува додека спие, а со друго окце мама ѕирка во тел и куцка Тоа е се за сега а не е уште ни 12.00 часот
Како се менува дозата мила? Јас дека дојам мислев јас треба да пијам, не знаев дека неа треба да и дадам.. И пред секое второ доење правиш чајче или истото се дава ладно? Фала
Кога сакаш и дете и телефон во раце вака ќе пишуваш како полу писмена. Извини, гледам лошо сум се изразила. Јас пијам мала количина преку ден, најчесто сабајле бидејќи до 15ч. се кај нас грчевите интензивни и знам да се напијам една чаша еден саат пред доење овој период дека сега ми се мачи за какање или рано сабајле како ќе стигнам. Јас давам мало лажиче на секое второ доење, му доаѓа на 4-5 часа. Инаку на два дена ја менуваш дозата мислев фрлаш што останало и правиш ново чајче. Јас вака го “флаширам”, шишенцево е некои 40мл и ни до пола не го трошам, значи даваш баш мала количина, пола пластично лажиче од оние за сируп што се овални плитки -5/6 капки некаде.
Здраво мајки. Како сте ми денес? Јас скапнав веќе, а денот едвај прекрши пладне. Утре славиме роденден на бебуш, пардон, на господин големо детенце , па мајка денес цел ден пазарува, спрема, дува и лепи балони, абе лудница. Денес нешто не сакаше да заспие, дури сега заспа. Изгледа ќе крати само на една дремка. Леле мори мајко. Страв ме фаќа како ќе се справувам со него, како што е брз како авион не можам ништо живо да постигнам покрај него. Се научив првата дремка да чистам, готвам, јадам, итн, а за втората сме натемпирани. Скоро секогаш сме излезени, па имам прилика додека тој дремнува да се изнаправам муабети со другарките, да грицнеме нешто, да се напиеме по некое кафе. Додека е буден ручаме, "чистиме", и обавезно во двор нешто "работиме", т.е. Ја "копа" бавчата на дедо му.
Мајки добар ден. Ние скоро цело време висиме на цице, а се тргнам вришти. Не знам колики ли се, или прв скок во развој. Другарки кои се породивме овој период како се вашите лавчиња? Од грчеви е или скокот? Читав 3та недела бил првиот. Е 3та од раѓање или од термин? @Mari-Li исто да се јави на каса, мислам не ја читнав тука.
Таман работа срцка, сите сме така со бебе и телефон Фала ти најмногу, ќе пробам..се надевам ќе и помогне и на мојава. Од утре практикувам, па ќе пишам што сме направиле
Јас да ти кажам право уште не сум се осудила да ги прелистам тоа ,,скоковите,, Едноставно си терам. Ако земам да читам и да се оптеретувам со тоа ќе бидам ко во труднички што бев со сите дијагнози! Ако прочитам дека нешто треба или не треба да биде, а кај моево е обратно ќе се мрднам. Сега за сега решив да се терам како со првото пред 10 год, тогаш скоковите не беа вака дефинириани, туку ко ќе прашав педијатар или било кој абе зошо вака детево јаде/нејаде, плаче/не плаче...имаш еден и единствен одговор....ПЕРИОД Е ЌЕ ПОМИНЕ
Скокот е изгледа, вчера мојата јаде и бљуцка.. зашто нормлно не и собира толку храна. И од 12 до 2 навечер кенкаше од стомачето. Од раѓање се рачуна веќе све.
Здраво и од мене. Не знам колку време ќе го пишувам постот, затоа нема добро утро/ден/ноќ кафиња наздравје, ручеци и слично. Еве сме како тераме 3та недела со мојата другарка, сами со мм без никаква помош го полагаме најбитниот испит во животот.. и добро ни оди. Да се пожалам грев ќе направам, ама знае да ме остави со 2-3 сати помалку спиење како вчера, таман ќе решам да легнам и ете ја спремна за журка среќа па се уморува и заспива. Е сега покрај доење што ме гледа како all day buffet и сум и на сервис цело време, мајка чисти, ручек прави, све по список. Од дома имаме излезено еднаш на прошетка и до педијатар, тато иде пазари среќа работи од дома… и тоа беше страв да не плаче дур има состаноци ама бубаче е глас не и се слуша кога тато работи. А мене да ми кажувал некој дека ќе ми е убаво дома да седам … Вакви уште 10 би исчувала што викаат, ама по едно. Инаку многу ми одговара тоа што нема никој од нашите во близина, па да им текне да дојдат. Ќе им ја пуштиме на камера кога ме мрзи да и зборам, се занимаваат ќе дадат по некој вишок совет ама ништо злонамерно и најчудно од се дека многу ми е убаво што е центар пажње мила на мама… мислев ќе ме нервира тоа, ама знам дека една е мајка, а и секако преку телефон не можат да замараат до толку. Таман кога ќе стекне навики и ќе почне да разбира ќе ги види и ќе ми е посигурно да ја оставам сама. Инаку совет за сите идни мајки што читаат, не купувајте гардероба на newborn посебно не едноделни пижамки затворени кај нозете две недели и беа точни некои не ги ни облековме, мислев се собрале ама не… раснат со брзина на светлината. Убав ден мајки, да посетам и деуга тема сега имам некои прашања да искористам кафе пауза и дремка на ќерче.
Мами ѕирнете го линкот можеби некој ќе го интересира предавањето. Во среда е, бесплатно на ZOOM, ќе се зборува за пред и постпородилно вежбање и постпородилна депресија. https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdmJ7NULE_oK1i4ViuCBmRp9EXlM2uBMTeDX0_ckKHkKON6kw/viewform слободно шерувајте доколку мислите дека некој би сакал да слушне и научи нешто ново
Јас само би ти рекла не ги потценувај бабите, нек ни се живи и здрави ама како што они знаат да исперат мозок на внуче ни ѓаволот не знае
Хахаха ме утеши сега, ја па се радувам таман ќе почне да разбира, ќе стекне навики и ќе види. Нема да можат да и влијаат, а изгледа баш идеално време за перење мозок ќе биде. Се надевам барем нема да прифати да се облака по вкусот на свекрва ми.