Легната или на страна и мене ми кажаа баш на доктор така и да се чека да земе воздух или евентуално да се штипне за побрзо да дојде до воздух
Легната да и на страна. Првиот пат кога ми се случи сама бев во соба а мајка ми беше дојдена и јас инстинктивно на страна ја свртев не дека знаев. и викам по мајка ми и таа дојде вика не се плаши ми објасни. Јас готово нозеве ми се пресекоа.
Вчера притисокот ми се крена од тоа засркнување, сами бевме никако не можев да ја вратам ептен воздух немаше. Првото не се засркнуваше ич, мрзливо цицаше од почеток, со ова на секој подој се случува. Исто и јас ја вртам одма и тапкам, некогаш и дувам во лицето да дојде при себе побрзо, така ми кажа педијатар.
Ништо. Ја гледам и чекам да и помине, она се дави и продужува со цицање. Секако цица на страна не ни има многу што да се направи.
Иста ситуација сме и ние , само главчето на страна , по грбчето и ништо не и е, башка што ми бљуцка после секое цицање зошто се прејадува ама добро , мала е уште
Здраво мајки Денес срцево ми е полно. Бевме на месечна контрола, некој ден порано ја направивме ама нема врска. До сега качила 1кг а и пораснала. Некои алишта веќе не и се точни а и памперсот веќе и е мал. Како вчера да се роди црвчево мое. Мене се иста ми седи, а таа машала расте со брзина на светлината Секој ден се повеќе се заљубувам во тие коси очиња со големи трепки Умна на мајка, уште спиењето да го средиме и ќе биде бајче Денот и ноќта и се помешани. Ама ќе се издржи. Се надевам ќе смени. Толку од мене, малку се испофалив ама нема да ми замерите обично не ги сакам луѓето што се фалат. Само сакав да ја споделам со вас радоста. Имајте убава вечер
Аии мама, со лесно да мине. Ќе одиме следна недела на мерење па ќе видам шо ќе каже педијатарот. Тоа е за до 1 година? Дека доенчиња им е во називот? Била некоја на детска клиника во оддел за доенчиња и метаболизам за да сподели искуство што опфаќа прегледот и совети?
Ах бре луѓе срце да заболи, фала богу здраво и живо ти е бебенцето и нека ти е секогаш. Ќе го носиш 9 месеци, ќе спремаш, ќе чекаш чедо свое за некој да си игра играчки на крај. Со тужби дефинитивно мора да се почне, да имаат одговорност барем пред законот ако немаат пред себе си како луѓе со совест. Се најдобро мајка, нека ти донесе бебче многу среќа, а ако правдата ја истераш на виделина ќе си го најдеш и мирот.
Хелоу мајки Да ве поздравиме и ние од домче Заврши и овој одмор. Ми се остануваше уште некој ден,ама маж сепак мораше да се врати за работа. Ај, Ми вети дека ќе појдеме уште еден викенд крај на септември. Ако не се расипе времето ептен. Ова одморче ми беше дефинитивно најубаво летово. Морето милина , топло топло , а надвор не кој знае колку жешко. Супер Синко ни е многу исончан . Ама се изнабања детето. Сабајле вечер , све у вода. Цел е на татко му,љуби га мајка. Да ги оставиш нема по 3 часа да излезат од вода . Едниот само за цигара би излегол,другиот за јадење Истеравме и шопинг у КосмосО. Купив некои партали ,појќе за маж , ама он ептен беше за подновување. Јас имам. Мене и мама многу ми е шие, така да , стокмена сум јас . Направив една поголема нарачка од Некст, одвај чекам да стигнат. Све џиш бои И едни скроз црни тренерчиња нарачав. Многу го бендисувам синко у црно коа е облечен И татко му многу сака да го облакаме во црно или бело. Ич нејќе сина боја,во ниедна нијанса не ја сака . Поубаво во црвено да сме го облекувале отколку во сино вели Изгледа запче ќе му излезе на Бубич, бар така ми се гледа мене. Па земав по со време да најдам колачиња од кај да порачам. Купив калапи ама кој ќе се бафта, а и нема шанса да направам јас такво нешто, да ги декорирам така, нема шанса. Многу сум пипава у рацете Се изнакупував житарици за бебе, па тропски овошја , па моцарели , кисели млека , путери ...одвај се снајдов у ЛидлО Кој знае ќе изеде ли све од тоа детево или ќе треба мама да помогне,да не се расипе нели. Сакав уште да пишувам ,ама Ми се пие едно дупло македонско кафе ОдоХ да си направам Убав ден мајки на најубави дечиња мечиња
Hola Ви пишувам со едно око, со другото мижам зошто apparently бебе е во 3 скок. Дневно спие на 3 рати по 5 мин, навечер од 8 до 2, 3 ќе сврзе и после е кенкање до 7, и тука веќе мора мама да стане зошто децибелите се појачуваат. Презаспивање? Како да не. Да поместам рутина не можам јер госпожа од што не спие преку ден, 7ипол веќе очите и се затвараат. Туку moms, ги возите ли кенкавите бебуши сами во кола, и која магија ми треба за такво нешто да изведам? Не можам веќе во маало да шетам, ама ова чудово е такво плачливо, не се осмелив сама да ја возам. Иако сум строго против електронски уреди за деца, мислам дека ќе морам некогаш да прекршам правило за во кола ако не успеам на другиве конвенционални начини. При крај со нервиве пак, преку ден од што немам време да јадам саглам само бутам глупости и благо. Како не се родив у некоја богата турска или америчка фамилија со 6 слугинки и 3 дадилки на помош. И така.
И јас сакам некој трик за возење со плачко мој. Живеам во оддалечено место од градот и за да излезиме мора со кола а срав мие со него сама да возам бидејќи е плачко. И вака сум затворена дома. Иначе купивме кенгур бидејќи само враце сака ама и во него неќи многу многу и пак мама се мачи. Преге се слушнав со мм кој е на работа и му се жалам бебево само плачи и само враце е и ми вели не супер си е детето. Да супер е друг да го чува. Јас си знам како мие. Па и сношти многу често ми се будеше дали е скок или што е работата незнам. Скроз си се запоставив немам време за ништо малце депресивно ми делува секојдневиево. Дајте некој совет апетитот да го намалам ова доењево ме тера само на јадење а сакам да ослабам малце ич не си се сакам ваква.
Се вклучувам во групата на ,,незадоволни,, пред огледало. Пишав и пред некој ден, ако постој некој режим притоа да не влијае на доењево веднаш би почнала. Се мислам од утре да намалам леб( и онака не го јадам многу) и благо. Газирано не пијам откако се породив, ама мислам и водата што ја пијам се лепи на мене. Не можам да се поднесам повеќе. Туку, големото дете денес земаше свидетелство, плус пофалница во најдобрите, сега официјално е трето одделение. Мама и покрај немањето време преку ден, успеа да смучка една чоколадна торта без печење,инста рецепт. Пофалби од мм добив дека била прекрасна. Денес ќе почестиме кој ќе дојде. Синко мајкин и на ситници најмногу се радува. Бебули кенкав и нервозен периодов. Дали применливово време им влијае и нив, не знам. Почнавме со вкусеви, и мислам нема да биде гурман како бато. Само да не одам по него со лажиците и да се молиме.
Јас го возам на предно седиште до мене со исклучен airbag и ме гледа и му подавам играчки и му зборам и така стигнуваме до потребната дестинација Пробај може ќе успее. Ама моето е уште во транспортерот има 7 месеци. Сега кога ќе му ставам седиште ќе мора позади сам да си седи па ќе видиме како ќе биде. Ќе го терам транспортерот дур можам затоа што со него ми е позгодно. И кога ќе ми заспие во кола можам со се транспортер да го извадам