Кажи и следен пат, аааа па јас не знаев дека и ти си трудна, ај со лесно, што убаво врсничиња ќе си бидат со НАШЕТО. Жглап!
Уклучи мм клима во дневна на 26 степени, а бебе во спална облечено по ДОЛГИ (ова зборувам за во станот кај нас во скопје) Пред да се враќаме за Битола ми вели свекрва ми: климата синоќа камен камен ладно не знам шо мислите МЕНЕ ми е бебето да не настине. Како ми се споиле жичките, ќе експлодирав и има голема среќа шо ништо не искоментирав пошто стварно ќе беше големата. НЕА и било да не настине бебето. Аха. Значи мм кур го болеше за бебето и НАМЕРНО ја уклучи за да го настине???? Јас и мм знаеме низ што поминавме од кога се роди тоа бебе и сега би направиле намерно нешто за да му го загрозиме здравјето? Нема нешто што ме нервира повеќе од тоа некој да ми се прави дека повеќе го боли него за моето дете од мене. Добро вечер мајки. Накратко да ве поздравам. Контролата на бебац помина одлично, наредна контрола по еден месец. За 20 дена качил 700 г, милото мое дете Имајте мирна ноќ мајки
демек мајката го љути бебето индиректно тоа сакаат да кажат. Џабе и расправање и се луѓе без осет. Некогаш и ќе преќутиш да не стане голема. Ама пак по свое си тераат. Не те оставаат ти да бидеш родител, нон стоп околу него па таа најубаво знаела да го смири му го знаела карактерот. Мислам пази добро таа да не му е мајка случајно? Чим така тргнало нека му даде и цицка, ама не нас снаите како крави што даваат млеко само за тоа сме ние според нив. За се друго они знаат најдобро ние младиве ништо не знаеме.
@nevermet18 најсреќен роденден на твојата ѕвезда водилка, жив и здрав да е, голем и безгрижен да расти! ❤️ @AngelOfArh со среќа на првачето, големи успеси да го пратат! И дај од тортата наваму и на два пати, нема да се лутиме. @Oneo среќен роденден и тебе мила, од убајнила да не куртулиш! (нема слика за тебе, голема си ) Добра вечер или ноќ мајки во ниедно време Денес со 200км/ч успеав да појдам на работа, да анимирам бебе со моторче во газе, да се дружам со @kostovaivana, да пречекам и испратам гости и да се спакувам. Со списоци за патување напишани на 3 листа А4 формат. Со мали букви Не знам кај се наоѓам сега де, смолкнав кутија со сладолед, шлапам, пишувам на фемина и се прашувам како ќе станам сабајле за на работа. После тоа ќе си одиме дома и во среда здравје Боже конечно, к о н е ч н о одиме на одмор. Со маж ми ко деца за на екскурзија се радуваме на овој одмор. После многу дешавки, заслужен ни е. Следниве месеци нѐ очекуваат принови кај 3 пара преблиски луѓе и онака ме дрма еуфорија на најјако, дури и трема ме фаќа на моменти од шо ми е мерак. Само нека дава Бог сегде кај шо треба, на сите рацете да им се наполнат. За синко шо да кажам, убав на мајка бега од Калина ко опален Таа ко гушка, тој вика по мајка му Да видам дали така ќе биде и за некоја година Завчера после генералка ми го смолкна чаршавот од масата. Либе полнеше вода, јас си топлев јадење за мене, а тој се врткаше околу нас и во дел од секундата прц. Секако масата беше поставена за јадење. Тој гладен, ние гладни, плус отепани од умор. Ми се умираше Ама кој ми е крив, се оставало дете само на 2 секунди? Последниве денови хит му е курето. Сака да го ѕирка, да го фаќа. Па се научи како му ги кинеме гаќичките на слекување и пробува сам да ги слечи за да си го гледа. Среќа што не знае боди сам да откопча. Многу се радува на книги и нон стоп му купуваме. Сакам да можам сите му ги купам. Ама прво да спечалиме. А за тоа, прво да се одмориме. Имајте спокојни соништа, гушкајте љубови најголеми. ❤️
Da da :] A nekogas koga nema da se smiri bebe ke go zemam i odma pocnuva... Ete abe vidi racete ti gi znae, mu mirisas na mleko... leleee ludilo
45 дена како сум породена јас уште никако да се префрлам на оваа тема... Уште си ги читам труднички и си сочуствувам со сите што ги фаќаат болки, па идат на пораѓај Ваљда бебе ми е мирно па уште и второ и некако подобро се снаоѓам овој пат.
Добро утро! Сончев поздрав од Грција. Да шкртнам кратко пред да се врати мм од вода и мама да се "жклубне" Деновиве на одмор прееемногу брзо ми поминуваат. Бебе хрчи на плажа, вчера планот ји беше дома да спие тој седечки на плажа ќе заспиеше и решивме прва дремка тераме на плажа, таман до кај 12, после жешко е. Денес испланиравме да спие тука, бебе не се даваше, пола сааат го нишкав низ плажата Ама заспа, успеав Одморов супер сега за сега, да ме прашаше некој првиот ден ќе кажев малку ми фали да си идам дома. Првата вечер дали 3часа се на се заспа бебе, по пат од кога го ставивме седиштето хаос, вриштење 4часа Дај кажете некоја финта за назад? Еве мм искача, тоа значи мама завршува тука и иде во море. Се читаме за брзо
Да бе вчера баш ми рече децата се сакаат ама внуците уште поќе демек таја го сака моето бебе поќе од мене. Само коментира се чудам некогаш како се воздржувам да не искоментирам баш вчера ми рече плачело оти малце му било млеко не го најадувало јас незнам што треба на бебе од три месеци грав да му дадам да јади. А за облеката веќе да не коментирам на плус 40 ладно му било ќе сме го настинеле.
Добро утро мамички Да се придружам и јас да шкртнам нешто , со спиење немаме проблем уште а беба е 5+ месеци се надевам така ќе си остане и нема скоковите да ми ја пореметат нас друго не мачи држењето во раце секоја секунда додека е будна сака да е у раце и да разгледува , “ да прави муабет “ и да се смее ( држајќи ја ви пишувам ) skills а мама ја боли стомакот ама што да се прави ќе се издржи битно наспани сме Толку од мене за денес и за прв пат. Гушки Btw: утре летаме со беба некои tips за мирен лет?
Генерација се со моево и исто прават Додуша се трудам и се мачам повеќе да го оставам на кревет, ама јас да сум до него или брат му и да го анимираме цело време. Играчките ги пробува по еднаш и не се интересни. Најмногу ме иритираат домашниве, ајде да те земеме малку во раце, гревора само лежиш. Кога ќе правам ручек елате земете го, кога го бањам другово дете, кога мијам коса на рати,и вршам работа во вц, а вие сте дошле на пола час и во раце сакате да го држите. Аман веќе
И кај нас иста прича.. Кенка бебе, оти бебе е, нормално е дека и ќе кенка и ќе плаче некогаш, и ете коментар од свеки : " Што ми ти е бабе, што ти направија овие, ела ми кај баба." Мене секундарно + и - ми се споија, али среќа мм побрз од мене па и свика. И ова е само една мала ситница, колку ги имаше додека бевме помали, секој ден нешто имаа да искоментираа и да ти дигне притисок. Пошто нели јас мајка, не му мислам добро на син ми и не го сакам, таа појќе од мене го сака
Hiiiii Со среќа и со лесно на сите што тргаат во градинка/школо Гушки за поддршка до сите ненаспани мами - ова за сите непобарани совети и коментари. Мајка ми ја ставив во ред, и кажав уште едно братче дека сакам, гледам желбата за чување на бебе и е голема Е татко ми друга приказна... За него било чудо како бебето 9 месеци го НЕМАМЕ разболено, вечно гола била. Е тоа што ни е дома 537°, небитно. Еве и облеков пантолони за деде да е среќен Си викам чим со овие двајца не можам да се разберам, тек што ќе беше со свеќи и свекор да ги имав Ваљда општа тепачка. На малку повесела тема, женскава прави 9 месеци утре. Од денес официјално украси по дома нема. Од сабајле се трга се што може да и се залепи на рачето оти директно во уста се испитува и дегустира. Ама за јадењето, same old. Си мислам дека само воздух му треба на бебево, пошто ни вода не пие и така. Она си знае ај, голема е Нека се расправаат со нејзе во градинка Забче немаме, мајка ме тера на испитувања за калциум да ја носам. Среќа што ми беше смешно кога ми го кажа тоа оти да бев малку напната, сеа муабет немаше да правиме. Сте виделе некаде некој без заби онака? Да прашам? Постов 4 пати го допишувам, еве ја се пентари по масата моментално. Fun Убав ден мами
Да и кажиш на мајка ти дека забите се веќе оформени уште во бременоста. Еве јас на скрининг и ги видов на мојата, а за среќа и пораснаа на 12м ама знаев дека ги има, нели ги видов . И за среќа викам затоа што цицаше и откако и пораснаа ме гризеше ненормално се додека не престана со цицање. Ама како и да е сите се исти. И јас имав коментари како бебе без вода на 2м, а цица и зошто само таа не е проодена, а сите трчале веќе. На 16м прооди и мајка ми порача постапалки оти таа беше најсреќна.
Хелоу хероини и од мене! Абе кој што сака нека каже, мајка си е мајка, и никој подобро не мисли и не прави за детето од мајка! Била таа болна, изнемоштена, ненаспана, жртва ќе оди али своето дете сигурно нема да го остави туку така без грижа или да му наштети, незнам како не разбираат ова, ко да не биле тие мајки. И да, треба некој орден да ни се даде за се што можеме да истрпиме, и физичка и психички.. Вчера ние имавме многу напорен ден, мене прв ден од циклус, болки у кичма, синко трето запче вади, горе кецот, нервозен, кенкав в раце цел ден. Не знаев кај терам вчера.. Од кога го заспав, прилегнав на под, рамно за грбот, ми дојде подобро и така сум заспала Али денеска друга прича, ме почести синко со спиење до 9 часот, се разбуди почна да се мази, да си гуга, да се смее и мене срцево ми се стопи. Од ден на ден се поинтересен е и се повеќе разбира, со дубалето ни прави фешти по дома Наредна недела ќе правиме свадба/крштевка, па малце се секирам како ќе издржи, се надевам ќе биде добар.. После тоа одиме на краток одмор, и едваааај чекам.. Толку од мене.. Кафето е готово Убав ден хероини! И среќен почеток на сите што имате првачиња
Здраво мајки да пишам и јас да си ја олеснам душава. Прв ден во градинка( 19 +) , јас бев иницијатор да ја пратиме да си игра со дечиња дека по цел ден со мама и станува досадно, секогаш сум сметала дека градинките се најправ избор, деца треба да растат со дечиња. Но денес срце ми се кинеше кога ја оставив, тој невин плач, стоев во ходник и си плачев и јас, колку само сакав да влезам внатре и да си ја земам да ја гушнам најсилно, и кога читам постови погоре како сите баби и дедовци се погрижливи за наши деца ми се одмилуваат. Кое срце може да сака повеќе од онаа на мајката и татко, никое, толку, со никој повеќе и не дискутирам. Но ете јас уште си стојам пред градинка со насолзени очи и чекам да дојде време да си ја земам, а таа голема девојка мајкина си игра во двор со другарчињата (толку беше од плакањето). Колку само брзо ни растат, се надевам ќе и бидам другарка за цел живот, таа ми е смислата на секој ден. Поздрав мамички гушкајте се
Предлог, да отвориме нова тема со наслов ,,Бисери и мудрости од баби и дедовци,, има да биде најпосетувана Туку, среќен почеток на сите ученичиња денес, нели имаме и деца освен бебињава. Среќно ново поглавје на првачињата, од денес се впуштаат во предизвиците и суровоста на животот. Знам како се чувствувате денес вие мајки на првачињата, прв пат ги испуштате од рака своите деца, ги впуштате кон најважното поглавје во животот. Нека има и по некоја солза, мајки сме. Го испратив и јас моето момче третаче, ама прав ерген е, дури денес видов колку брзо ми порасна. Се занесов малку, ама емоцииве се посилни. Нека биде секој ден убав како овој.
Деновиве неможам да пишам. Таман мислам бебо заспан тој отворил очите. Само на цицка, се бори, се лути... Јас преморена. Ќе одиме Охрид на викенд. Бебе е неполни 2 месеца, јас за него зсдолжена и свеки за помош. Се надевам ќе пројдеме ок. Секако нема да се бањаме, само со количка по плажа . Коментарите сите сум ги чула. За првото ме полудуваа, сега во фаца им се смејам. Некни ми вели свеки под перница да ставам ноже кај бебе. Ме убедува дека сум ставала и за големата, а таа спиеше без перница со душек нели по препораката на педијатрите. Јас не памтам, она памти...нејсе, ќере мн сака математика па свртив на шала, викам на ќере дигитрон може под перница сум и ставала и поштено си се изнасмеав. Свеки немаше друго што да каже. Отрпнав. Гледам веќе да ја користам помошта без да заушувам мн зборењето.
Тебе ноже мене метла ме тераше да ставам(као ко ќе била сама со метлата да седела).Најпаметно ти е помалку да слушаш што збори ама па понекогаш не се преќутува.
Добар ден лавици Значи шо ме тераше да си ја видам раната од царскиот, благ ужас ми е стомаков и кај вас ли е така? На контрола бевме на здраво дете супер е бебац, еве го обесен на гради. Остави го во креветче одма отвора очи. Може дека мама не е во креветчето Ништо посебно не кажав за пишување со една рака и толку е доста. Одам да се пробаме во креветче. Имајте убав ден лавици