@fana раната е супер, стомакот што треба да го подигнам зашто надвиснал врз неа not so much Денес мајки јас пак си преплакав. И во болница ме фати таков ден, еве и дома. Баш беше она збир од повеќе ситни работи. Утре сме на контрола и стандардното дали напреднал како треба, па дали млекото му е доволно или е гладен. Додади и ненаспиеност и неизлезеност од дома 3 дена, па маж ми тргна на работа па го нема до 10 навечер, до тоа зашто уличните светла се палат уште во 6. И така. Сега си мезам бадеми со безалкохолно пиво и гледам серија дури ќуфтето спие, пошто да одмори за вечер да правиме журка нели.
Другарка е рамна ко даска после 4 години со дефинирани мускули. Така да ако сме упорни и вежбаме има надеж. Фала здравје да имаш.
Здраво мајки Денес фб преплавен со слики од првачиња и горди родители. Милина за гледање Среќно и успешно во новите предизвици на сите. За пет години и ова бебе ќе биде прваче Забележувам дека перцепцијата ми е променета во секој поглед откако сум мајка. Со толкава емпатија гледам на луѓето, а бе сите ги сакам На сите убави настани се радувам, на неубави вести дупло повеќе се потресувам и лично ги преживувам. За малку и на филм ќе заплачам што никад не ми се десило, колку сакал нека е емотивен. Ама ваљда се е тоа нормален процес во животот. Спакувани, средени утре вечер ќе се трга на одмор Очекуваме дека преморени ќе се вратиме ама спремни сме да го издржиме предизвикот. Да заспивам бебе што не е бебе и да се комирам и јас Ве поздравувам П.С Никој пијачка не ставил, да освежиме душа
Секој ден си ги гледам градиве, стриа до стриа... Не знам веќе што да правам, а не ми дава срце да намачкам ништо дека бебуш си цица среќно. Дали некоја е со сличен проблем? Како се справувате? Мислам дека нозеве и стомаков не ми се толку очајни како градите, иако нив никој освен маж ми нема да ги гледа
Па да ти кажам може и порано и' е среден, може уште лани или пред 2 год, ама не ме интересирало да запазам знам дека оваа година и' е топ.
Jas se vrativ na kilazata kako pred da ostanam trudna ama stomakot si visi, e sega moze treba vreme Planiram za nekoj mesec ako imam vreme da povezbuvam po malce pa ke vidime
Денес требаше да го чува малиот баба му за кратко. Остаив одмолзено, одмрзнато млеко. Се враќам, коментар не ти го сака ова млеко, не му е вкусно, кое ти е ова млеко.....а пие без проблем 2 месеца хахаба. Сакав да речам на Здравје Радово е ова, дај ќе ја смениме кравата, дај Битолско. Свашта стариве. Ако не се тепа до задавување за млеко, да си знаете, сменете ја кравата хахаба. @fana што напраи со млекото. Станав да молзам, па те помислив. За стомак и стрии да не почнувам, има за извоз.
Леле , како ја трпиш Мене мајка ми ми коментира ама можам да и вратам па полесно е Кога и давав молзено на почеток, се притресуваше дека и давам АД, ми коментираше само. Вчера на мерење за месец и пол качила 1.200, леле малку било, одам јас во тоалет и ја слушам и вика баба ќе те чува тебе, ќе наполниме шишето млеко и ќе пиеш А претходно притресување за АД , сега јас не сум ја “нацицувала “ убаво, вчера ја држи и ми ја дава и ми вели “нацицај ја убаво” Па следеше лекција , ама џабе притисокот 200. И викам педијатарот рече супер е, она ми вика, а на друг да ја однесеш на второ мислење , цццц. @Freckles. вчера јас потресена во систина бевме на контрола. И викам на докторката малку е кило и 200 за месец и пол. Ми одржа лекција. На доење е ? Да. Не ми е битно колку, битно е да наредува, да е весела, да спие, да полни пелени. Дали е таква? И викам да. Што сакаш повеќе? Ама малку е пак и викам Ми рече кај доено дете јас не бројам грамови на ден. Само да оди нагоре да не паѓа. И 400 гр. да качило, е успех. само да цица Ако ти е за утеха. Решив да не се притресувам. За синко тортура. На два дена мерење. Качил, спуштил. Па дај ад, па исфрли ад. Полудував. Плачев од нервоза. Сега веќе кажав дека сум полабава Ние се спремаме за Грција. Требаше утре, ама во последен час собата за хотелот ни ја земаа , чекавме пасошот дали ќе го земеме вчера, па не наоѓам нешто убаво, на сама плажа, со јадење. Одиме 5 дена , ради синко. А и педијатарот ми рече и бебушка задолжително на плажа , убаво ќе и дојде Добро утро мајки
Ние со свеки за чорапи се расправаме . Штом влезе прво за нозе го пипка и чорапи му облака на жешково.. јас му соблакам намерно пред неа. Коа ќе почне да ика леле што му е, ика од што нема чорапи и слични глупости и обавезно ВОДА ДАЈ МУ ГРЕОТА Е. Еднаш жими се му пикнав со лажичка пред неа еве и викам нејке ја плука. Ај да речеш дс ми помага нешто вака само ќе дојде на еден саат и мрчи. Пробувам да не се нервирам ама некогаш е посилно од мене.
Прв пат ти пие одмрзнато? Не е убаво одмрзнатото, мириса на риба, на пластика, ама нормално е, мешај го со тазе оладено и полека полека намалувај за да се навикне на вкусот на смрзнатото. Како бе малку? Па кило и 200 е, колку да качи, 3 кила. Леле бабиве еј! И најстрашно е што и на нас ни ставаат бубачки во глава да се нервираме. Помина први септември! Возбудени сите по дома, дете пресреќно, центар пажња, подароци еден куп, лепота! Од возбуда едвај заспа. Во средата вечерта пред спиење го гледам се вртка, се тртка, издишува нешто, дека темница и не го гледам викам што му е на детево... Го прашувам и ми одговара Мама јас не сакам тато да остари да стане дедо, дедовците умираат... Малку е да кажам дека во срце ме погоди. И двајцата негови дедовци се починати, па си поврзал. Многу ме натажи. Па го баравме тато да дојде да легне со нас, да се смири и да заспие. И го собравме дури и во кревет со нас, до толку беше. Детската емоција е преголема. Убав ден момстерс!
Бабите. Мајка ми и да речи нешто одма сечам, ама неа можам да и вратам зошто знам и да се налути ќе се смириме а со свекрвата друго е.
@nevermet18 Среќен роденден на синчето, среќен да расти @IRBBB Фала мила, повели на торта Среќно на сите дечиња што почнуваат во училиште/градинка Добро утро мајки Ние будни уште пред изгреј сонце, нормално. Не се научи ова мое дете да спие до покасно никако. Ќе го видам во тинејџерските години дали ќе сака да се буди рано Многу ми е порастен Има 10 заби, кажува да/не и многу е смешен. Ако му давам нешто што не сака вика не не и врти со главата Многу сака да му се кријам и да ме бара, да се бркаме по дома.. На село сме цела недела и цел ден го поминуваме надвор. Синчето лом е цело време, копа со рацете одма кај што ќе види песок, кини лисја и ми ги носи. Ќе го пресоблекува мама, само тој да е среќен Вчера си го изгоре рачето на жешко решо Не прашувајте како стигна до него, не се допазува веќе, секаде сака да чепка. Среќа нема некоја изгореница голема, црвено е малце само рачето, ама убаво си се изнаплачи а и јас со него На темата непобарани совети од баби за среќа ги немам. Мајка ми можи некогаш да искоментира нешто ама секако си правам по мое, така да небитно е што кажала. Свекрва ми никогаш не кажала ни збор, вика ваше дете, ваша одговорност, како ви одговара така правете. Ми одговара така Мм направи поручек, да станам да јадеме. Имајте убав ден и убав викенд
Нека се лути, ич не ми е гајле. Јас да се нервирам за она да не се лути, епа не можи! Среќа мојата не е таква, ама да беше немаше да и молчам.
Цица, ама го мрзи. Ќе ја исцица пола сега, па пола после пола саат, дури се накаде минале 2 саата. Секогаш почнувам со цицка/силиконска брадавица, дохранувам со шише. Млеко кога има, кога нема.