Среќен роденден на дечкото @nevermet18 голем да расти @Oneo среќен и тебе Не знам кој друг славеше нешто Нека се редат само убави нешта И на сите школарци нека им е со среќа Д утро Синко спие , мама дреме на фемина . Праве неделен јеловник за бебушка. Вчера пазарував за него. Еден куп житарки земав. Па и некоја кутија на Хипп и Холе, ново приборче за јадење,три кутии адд , вода, шампонче , ситници од аптека .. и оп,,отидоа 10.000ки. Не ќе да пазарам веќе вака на големо. Многу ми се виде Маж ме кара- а не ти е многу вика коа трошиме у кафана , за детето ти е многу Нека се живи и здрави само , за нив мора да има. Ве читам за свекрвите па се замислив како ќе се понашаше мојата да беше жива . Не можам да прежалам што живееше 90 год а сепак не дочека внуче да фати во рака А толку сакаше. Криво ми е и што не и ја исполнив желбата , РистО сакаше да и се вика внукот , на неа Ама па и на дедото беше голема желбата единствениот внук да му го носи името. Ајде , нема да се лути мајче моја ,знам јас. Го гледам календарот , празникот се паѓа четврток и одма звонам на мајка да прашам дали може да се "ослободи" од кај брат ми петок,наредниот ден за да дојде и да сврзе 5 дена тука . Аааа планот е направен вели ,идам уште во среда . Јас жива среќна . Одма звонам на маж да го израдувам дека ќе акаме пак Он па право се заангажира да закаже една спа масажа и за двете. Обавезно така со нешто ја честиме мама коа иде.. педикир,маникир ,фризерче ...стално со по нешто ја тинтраме Следниот месец на внучко му е роденден. Две годинки ќе полни. Зјапам по нет што да му нарачам на моето за дотерување за таму. Имам направено една поголема нарачка од Џорџ, не знам ќе стигне ли до тогаш. Одбрав и еден убав комплет за роденденот на моето ,ама рано ми е некако уште сега да нарачам за во декември . Нема да оддолеам да не му го облечам до тогаш, па ќе си створам дупли трошоци Циција бре Доста шкрапав Да станам да вклучам една перална и да почнам ручекот. Времево ќе ме шекне. Од толку дожд еден куп пари ќе дадам за струја од што сушарата врти секој ден Врти сучи цел пост само за пари лафам Убав ден мајки и дечиња
И мајка коментира. Ама полесно ќе ја решам. Отрпнав. Исто, хахаха за грев децава. Пие цел време одмрзнато молзено, гајле нема. Честито прваче, 5ки да реди.
Дали некоја ги пиела за време на доење апчињата за железо Fero Folic од Грција, железото ми е многу ниско после пораѓај па незнам дали смеам...
Ве читам често ама прв пат да се наканам да ви се придружам тука. Имам толку работи што сакам да ги споделам ама ајде едно по едно. За некоја недела почнувам со работа и можам да кажам дека овие 9 месеци беа невиден ролеркостер од емоции и случувања. Не можам ни да замислам како ќе биде сега кога ќе тргнам на работа. Сакам да верувам дека ќе имам супермоќи и дека ќе постигнам се што сакам, ама нешто ми кажува да си ги намалам очекувањата. Се плашам како ќерка ми ќе го поднесе тоа иако знам дека ќе се навикне, се плашам и дека тек сега нема да постигнам ништо, а многу се обидувам да поставам некој ред со дете, обврски, фамилија, и се останато. Криво ми е што немам другарки мајки па со нив да си ги споделам маките. Муабетот со мајка ми или свекрва ми не е тоа тоа. Ме мачи и што мислев дека ќе успеам да ослабнам дур да се вратам на работа, ама не бидна. Толку непроспиени ноќи, плачки, нервози, немање време за ништо, за мене па ич. Се надевам дека сега со работа ќе ми се врати таа сила и волја за слабеење и средување, ми фали малку тој дел од себе што претходно сум била. Се на се, да се биде мајка е прекрасно и претешко. Но, тоа е, се би направила за мојата прчла.
На тема непотребни коментари како што гледам секаде исто е. Зошто ика му студи, зошто плаче гладно е, немаш млеко доволно. Ќива го настинавте детето. Облечиму чорапи ладни му се нозете. -Само на дедо вака му се смее, јас најубаво ја успивам. -ела ми кај баба кој ми те лути тебе. Девојчето мое. -го научивте само во раце -како лилјаче го направивте нека се учи на светло И денес бабата на мм најнов коментар слабо ми било млекото да сме и даделе ад хахах. И кажувам овие глупости само на вас стариве ви текнуваат. Млеко или имаш или не. Е како така и кравите некои имаат тенко млеко. Мислам споредбата со крави. Ама со неписмен и неедуциран народ не можеш да се разбереш. Затоа игнор
Ајде и јас да објавам едно текстче тука. Вчера се дотеравме јас, тато, бебка и првачето мое. Ќерка ми прваче стана, ја гледам и не ми се верува. Малце се срамеше,не мислев дека ќе е така пошто дома уста не затвара и е главна… ама сум се излажала. Бебе се изнагледа, се изнасмеа таму демек нешто разбира Искрено се плашам како ќе се адаптира во школо, несака да ме остави дома сама со сестра и па затоа и денес почна со изговори:стомак ме боли,заб ме боли, ми се спие. Ама ќе пројде и ова знам, па со другата ќеркичка ќе дојде истотот и така истите работи ќе ги мислам, размислувам... Имајте убав викенд
Од болница не испуштија со 2500, прво мерење 3800, сега дома го мерам, 7 недели напраи, окоу 6кг е. Има бутки за штипење. Првите денови бев опседната да качи на килажа дека мн слабо мк неше. Буквално на 2 саати му тупкав.
Ја пуштија дома со 2625 гр, денес 40 дена има, 4035 мислам беше. Точно 1.400 качила. Само на доење. Машала. @fana кога правеш 40 дена? Да видам таман ли сум јас со броењето Кај мене свекрвата е далеку, ама мајка ми е овде Ние се расправаме за бројките на облека. Што имало врска, нека било поголемо, ќе сум засукала ракавите. Бебка плива во 62,она запнала 62 ка. Да си износела И така сестра ми купи летно 62 и 68 и ете останаа со етикета. Алергични се на 56 ка, а бебе уште си носи 56. Сега и е дури таман.
И јас со овие 40 дена да си прашам за сигурно. Прв ден се рачуна наредниот по пораѓајот? Или тој ден кога се роди?(јас доцна вечерта се породив). Јас мислам денот по пораѓај е првиот, и после кога бев на контрола пример пишаа бебе старо 5 дена како мојата математика исто. Ама дома ми викаат да не е денот кога се роди прв.
Да денес ти се 40 дена, јас денес зедов молитва, исто се породивме на 25ти.Се рачуна од првиот ден кога се родило.