Мене ми кажаа ако си родила пред пладне е 1 ден, после пладне следниот ден. Така било во црквата, пладнето било битно. Појдете до најблиска црква ќе ви кажат.
Да на 25 сабајлето. Еве и @Bebetoo ми потврди. Не зедов молитва јас. Изумив, а и чист треба да си така? Никаков однос со маж? Плус уште крварам.
Ние доцна дознавме за мала молитва, мм отиде му рекле шише вода оди купи, купил мм, го истуриле и од чешма некоја напоните наводно обична вода, што ти јас знам и ми ја носи, во водата за бањање да ставаме до 40дена. Таму и му кажале кога се 40 дена. Ние не седевме дома на 10 дена излеговме на шопинг у Веро, на 1ви мај бевме кај јатрва ми у викендица, ама си бев на голема молитва, бевме по куќи, па ручек кај свекрва ми и тој ден дури вечерта се прибравме. А до тогаш секој ден одевме кај свекрва ми на ручек, демек јас да се сконцентрирам на бебе само, да го научам да дои, како да не. Ами ако односот со маж е грев, како стигнавме до тие деца. Мислам само крварењето треба да е застанато, а ако уште крвариш не бацуваш икони и крстови. Малце ми е дискутабилно ова со црквата ама ај.
Мислам и крварењето нема врска со молитвата, зошто баш во молитвата кажува попот да се прочисти/исчисти мајката што побрзо.
И кај мене не е скроз престанато крварењето ама ќе земам задутре. Уствари не знам ни дали е крварење или некој исцедок ... Односи не сме имале. @AngelOfArh до 40 дена смееш каде сакаш да одиш и ти и бебето, но до зајдисонце да сте дома. Алиштата твои и на бебето ако се сушат надвор треба да се приберат дома исто пред да зајде сонцето.
@fana Фано свекрвата или мајката да не седат на профилов? Ај за тоа прибирањето дома, ама Озбилно ова со алиштава?
Да кога ќе те земаат од болница се зема мала молитва ти даваат вода да ја потрошиш до 40 дена. За тоа ако си покасно породена не знам, јас се породив 16:46 па го сметав тој прв ден.
Да да. И со првото и сега. Не излегувам навечер и алиштата ги земам дома навечер. Мала молитва зедов исто. @LaDyDoLl да. Така ми кажале дека треба и шубе ми е да игнорирам
Фана ма, ги знам и јас адетите, ама и сега и со првото не ги терав. Овде после зајдисонце се дишеше, таман за шетање. Навечер уживаше. Јас заборавив дека има мала молитва. Што беше тоа? Водата од црквата нели? За првото ми зедоа, зедов и голема. Сега и деновите ги мешам.
Додуша јас еве 5 месеци немам извадено алишта надвор, ради што од сонцево ми мирисаат грдо. Си ги сушам на сушара долу во ходник. Милина, меки и со убав мирис. Нашите пак, како намерно откако ќе заспие армијава јас пружам на тараса. Едино што ми останало како шубе, да не ги тресам трошките од чаршафот навечер. Тоа никогаш не го правам. @JuLleE да, мала молитва и крстена вода со која го бањаш бебето 40 дена.
Да се породам среде лето и дома да седам, никад па ни тад. Шо вика Џули навечер тек се дише. Ама кој како си сака, нема правила, па така Фана си се осеќа, така ќе си праи. На крајот од денот важно е да ти е мирна душата за да можеш да имаш сила да чуваш бебе.
@JuLleE мала молитва и крстена вода за бањање на бебето до 40 дена. Тоа е за него. Голема е на 40 дена. Тоа е само молитва ( нема вода ) и е за мајката.
Да бев Мк сигурно ќе си земев, овде требаше да закажувам, а и изумив. Цела вечност ми се виде откако се породив. До некни гости имав, и ми летна времето. Буквално секој ден некаде одевме.
Никогаш не оставам надвор алишта преку ноќ. Ни за бебе, ни сега кога се големи, ни за нас. Ќе ги најдам полни со сештотии, пајаци, комарци, оси, башка прашина. Па пак да ги преперувам. Не фала.