Ден мајки Еве ме и мене со "поплака" од синко. Ноќеска накај 23:00 се разбуди со страшно силен плач. Се испотресовме со маж, дека заспани и ние и одеднаш слушаме вресок. Лелееее Паника на нивоу Думкај думкај , не бре , се тегне. Понудив млеко , водичка ...плука. Мава со раце , со нозе , се тресе и урла на сет глас. И следува испад од маж- да го носиме на доктор Оти он водоинсталатер е нели Не ти е срам му викам , да го носиш син ти оти плаче ? Т нема , запчето пред тоа некој саат му се подаде , не кашла , не шмрка ...шо ќе му прават на доктор му викам. Па да кажеле зошто плака !! Оти педијатрите на грав гледаат зошто плака БЕБЕ За брзо се искака и се подсмири. Го успав и излегов на тераса да пушам. Го слушам се пикнал маж во веце и раскажува на тел како плачеше бебето. Го имитира и објаснува све до детал. И шо ти вика колешката го прашувам ? Нормално било вели , си растело. И имаш коментар - не бре , не, вие младите доктори само тоа знаат - ништо не му е . Еми ај да го носиме на магнетна му викам, или ехо на стомаче да правиме, или дај кажи на што испитувања да го носиме . Не е нормално му викам да плака пола саат за НИШТО Молчи и се смее под мустаќи. Паничар , огромен паничар . А воопшто не е таков , не знам оти вака се протресува за син му Валда му треба време да се навикне. А баш сега гледам дека сме во скок, и тоа кај громчето. Бар така протумачив јас. Не ги баратам нешто тие скокови, ама мислам тоа ќе е . Утрово па имавме супер бебе. Насмеано , едно станување за кактусот се фати ,се кара со него, му збори на норвешки , сака да му ја земе гитарата . Циркузи На тема сушење алишта . Јас неговите сеуште во сушара ги сушам, ептен ретко ми се случи летото да ги обесам надвор , претежно само коа ги перам бањарките и постелнината надвор сушев. Многу време губам постели собери. Вака буткам у сушара и готово. А и немам 100 штипки секое едно боденце, лигарче, чорапче да го штипнам Неодамна една од моите фамозни баби комшивки ме оговарала - На Славко снаата дал го пери тоа детето? Абе едно шејче ( ова е парче облека ) нема спружено на тераса Маж отиде на визита до работа. Му нарачав да ми донесе две буречиња. Само чекам да свирне колата и да се наместам на маса Мртва гладна сум Мислам дојде
На 4 ти спрат нема ништо веќе од ова, плус затворена е терасата. Јас би во сушара, ама немам. И јас во Скопје не би слушела надвор алишта.
Јас сега видов дека @Eli23 ме тагнала Добар ден мајки Бебушка има 10 дена,во понеделник сме на контрола, едвај чекам, да ми биде раат душава. Малку имам грижа на совест за доењето, млеко имам/в ама пошто хранета беше со шише, си го бира шишето пред цицето. Цицето и е за галење само. Два дена бев упорна да ја дојам. Прво во болница и кога ја мереа видеа дека паднала на килажа, па затоа ми рекоа дохрана плус доење дома. Се убаво тоа, висеше по 1 час на цице дома,пивни,одмори, после си пиеше ад убаво.. поголемата штом ме видеше дека ја дојам, вриштење да и ја дадам бебка, таа ќе и дала млеко, таа ќе ја држи..и денес пресеков доста е цице,само да се мачиме. Не можам поголемкава да ја запоставам, ниту со малечково да се мачиме.. криво ми е, пошто поголемава ја доев, а сега со ова пптешко оди. Па и секој што ќе се јави прашува, дали доиш, убаво е да доиш..аман. И свекрва исто. Неа ја подбрав убаво. Кога цицаше поголемката, ми велеше давај и ад слабичка била да се поправела. Сега греота бебето да не цица..го одбра денот да ми паметува можам само да кажам. Освен ова што ми тежи на душава, друго е се супер. Се навикнавме, исполнета сум. Софи многу ја сака даде, тука ми е полесно . Се надевам другарки ќе се Кога плаче и вика нито нито бебе, немој пачеш даде тука Да помине некој месец и големката да ја спремаме за во градинка, зашто со двете лудило ќе е дома.
Пред месец дена кога бебко го носев на вакцина, го мереа и ми рекоа во ред. Но, сестрата ми е познаничка и и викам абе многу малку ми напредува. Првите два-три месеци супер после по 400гр едвај. Вика еве гледам на 4м ја дуплирал родилната, а треба после петиот месец. Дали е весел, дали не плаче, си спие, си кака? Викам да, дури какаше и по 8пати некогаш. Па што сакаш? Дебело дете? Ова е пргавко, си претка си мрда, си е весело. Гледај да биде здраво само. Килограмите се само бројки. Ме утеши малку, ама пак мајка како мајка, мислам дека ова дете ќе биде манекен
Греота комшиките, си ги стаила во мисла. Јас имав коментар добиено од комшика, аа тебе лила ти е омилена боја? А викаж да, од кај знаеш? Па по алиштата што ги пружаш.
Истата мака со доењето. Дојдовме дома 2500, предвреме родени со жолтица, само спиеше. Ќе цицне 1 мин ќе заспие. Ќе сменам пелена, ќе сменам града, пак 1 мин и заспива. На 2 саата не се будеше. Решив да се молзам и да го пркнам. И така дојам со силиконска брадавица+шише за одмолзено, постојано се секирам за млекото. Тоа бара на 2 саата, а јас немам на 2 саата, на 3 4 саати ми се полнат обично. Цело време имам грижа на совест, а и сите коментираат абе пробај на града, јас ко да не сум пробала, ќе ти се одвикне итн. Барем да не ми секне млекото додека почнеме со дохрана.
Ваквите комшии сигурно знаат и кок бр гаќи носиш Се мислев и за пумпа ,навистина, ама јас со две годишно дете дома, сами, навистина не можам така. Јасно ми е, мали се, немаат сила да влечат...нас не испуштија со 2170гр. Не можам да дозволам да падне уште на килажа. Ама коментариве од луѓево без осет не можам да ги разберам. Еден подршка да дадеше..не бе..
Еве ние направивме 6 недели, бев на екслузивно молзење но јас млеко имам исто дури некогаш помалку а бебе има поголеми потреби веќе и комбинираме некако до ад, на повеќе часа ми се полнат градите на 3 часа како што бара бебе едвај 50-60мл вадам. Уште добивам такви совети да го ставам на града а бебе дрчно вришти на града не ми цица и неможам да се нервирам сериозно голем стрес ми е тоа пиштењето. Ич да не се секираш тоа што не е до нас не треба да не грижи. Колку е млеко толку е, па има полно здрави прави деца израснати со ад. Имам пишувано јас за неделата на доење ќе паднев во депресија од што не можев да го цицам, ама еве поминува. Ќе молзам дури можам и имам млеко и тоа е. Ај дур сум тука да се пријавам. Дојдовме на поседенка кај мајка ми, во колата уште креветчето и спалната што не ги собра да ги земам Бебе еве цел ден спие, око не му видоа. Го капевме па кога ја писна Омодре од плачење, прв пат тоа се случи и да се пофалам воопшто не се исплашив, бебе си го бара тато изгледа, претежно од корито кревет татко му како попот со крпата го носи и така имаме некој ритуал секоја вечер па може и му фалеше тоа Што да правам, кејфот е голем на баба и дедо па не би да им го расипам да си одам уште утре, нека се навикни и тука малку Имавме и малку потешкотија во заспивањето, бебе го ставивме измеѓу нас на спална со мајка ми па неа и беше страв да не го потисни во спиењето Го ставивме во корпата од количката и оп пак имаше вриштење, среќа си го носам гнездото од дома, тоа му е омилено спие како бајче во него, ене не се ни поместил сега Решена работа Ај ќе издржиме неколку дена да му го фати редот баба па можда ќе ни затреба да го оставиме. Некако имам веќе доверба во свекрва ми и го оставам неа без да го мислам, ќе го биде и тоа со мајка ми? Ама свекрва ми секој ден е со нас и се знае затоа така, а мајка ми ги изгледа двете чупи од брат ми па таа знае и повеќе од мене за бебиња. А баш моево бебе ич не е захтевно, спие без проблем, плачи кога е какано или гладно и тоа е, просто кажано бајче ама ете се забудалив и јас изгледа Ај добра ви ноќ, да одморам малку
Со нас е залепен и не мрда сега Кога е поднастинат идат во др. соба со татко му, ама плачки е тогаш, он сакал сите да сме заедно, не било фер, не разбира и не Добро утро кога веќе пишав На море сме, некој ужива некој не Синко не излегува од вода а кога се враќа во хотел одма скока во базенот. Детска радост , сакал тука да живее повеќе да не се враќаме Бебушка нема поима кај е, вчера имавме обид да цица на плажа ама сите не видоа , ја ставам тетра таако за инат ја бутка и со раце и со нозе Па си реков повеќе не, хотелов е на сама плажа , ќе си се качиме и вратиме. Седи кратко и се враќаме јас и она , они продолжуваат Некако немам желба за бањање , секако одморов за синко ми е Дури спијат сите да дремнам уште малку , па да одиме на доручек .Имајте убав ден
Ние се спремаме да одиме во четврток. Се мислам како ќе биде. Нема да сме на сама плажа, ќе мора да цица на плажа. Или да си пешачам до апартманот со него во раце.... Треба да вадам силиконска, да цица сто саати, да ја одлепи силиконската 5 пати, па после таа мрсна не лепи, па после пак гладен, па молзи па рани.... Ама големата барем да ужива.
Јас во кола се пикав кога требаше надвор да дојам, имам ептен срам. Ама дај не зезајте на плажа се сите полу голи, ќе си доите таму, какво покривање, не се оптеретувајте. Крај краева некоја лежалка по на страна фатете и нека цица бебе.
Добар ви ден, мајки. Бебе заспа па да шкртнам малку додека одмарам. Денес недела, ден за генералка по дома. Ги извадив сите можни алишта што ми ги давале роднини, овие денови изнакупував (колку што се може) нови за во градинка, денес исправ, исушив, здиплив, и сѐ прередив во шкафовите. Да ви пишам па да изџогирам и уште нешто да досредам додека спие царот и доста бев вредна за денес. За после планот е да си играме малку во двор, да се бањаме, па ќе одиме на гости кај една другарка. Едвај чекам да ви кажам право. Секогаш штом влезам таму, мајка ѝ ми го зема од раце, го шета, го игра, јас не мора да трчам по него, па си муабетам со другарката на раат. Туку, да ви кажам ама ме изнервира еден глупав муабет. Мајка ми вчера го чуваше малку (30 мин) и отишле до кај една комшика. И госпоЖата му викала: АбЕ ТаТКо ти Ти ЧеСТиТа ли РоДеНДеН?? Оти нели не може да ти тече животот ако комшиите не се информирани за секоја ситница. Мора они да знаат шо и како. Има среќа што уште е мал, ако уште еднаш дознаам дека прашувала такви глупави прашања има да ја измарширам, нема да се осмели веќе да ми прозбори, не па да треска такви глупости. Глупача. Таа истата кога дојде на роденденот ми вика: ја дојдов само да се најадам, па за брзо ќе си одам. Ич да не дојдеше, бог да чува. Друга пак, викала: јас ќе дојдам да видам шо поклони собрал од роденденот. Шо ви е бе луѓе? Едвај чекам да се иселам од овоа маало, очи да не им видам.
Јас затоа на комшии не им муабетам, само оддалеку им мавнам ракичка и толку. Ем испоштовани ем глава не ме боли
Јас не те знам сега како си преќутела. Не знам кај живееш, мислам дали во Скопје или мало место, ама ова е типично за малите места и многу ме вади од такт. Имам една тетка, она е така радознала, после секој роденден се јавува да праша што добил синко за роденден, демек да честита де ама ус тоа колку пари собрал, што купила тетка му, што баба му, а она колку да и помине редот и да се каже дека баба купила ќе му прати едни чорапи синтетички и некоја топка кинеска или некои пижами што крцкаат од синтетика и ќе се налути ако не дадеш на нејзините внуци. Многу ме нервира. Оди и кажи и одма дека не е нејзина работа тоа и дека ако уште еднаш ја слушнеш ќе си го добие уште поубаво. Додуша и мајка ми ќе си го добие што преќутела.
Лол. Мајка ти шо не се погодила да и каже еее стан му купи, ти па за честитање ли дојде муабетот Кретенка
Она си преќутала само, будала жена. Ја ѝ реков, следен пат кажи ѝ мене да ме праша, па ја ќе ѝ кажам. А на истата таа, ќерка ѝ е самохран родител. Ај да земам ако не нејзиното внуче да го прашам татко му шо му купил и дали му дава пари секој месец. Ама битно на туѓиот живот да се фаќа сеир.
Hiiiii Да шкртнам нешто вака. Денес неделно на берење грозје Во превод, маж и другар берат, јас се лулам, беба е искомирана Човечуљаков од утре тргнува во градинка. Се молам на сите космички сили да се разјаде оти нервиве отидоа. На млеко, банани и воздух живее буквално. Среќа кс е уште добра ајде Додека сум тука да прашам, овие дечкиве собрале грозје за извоз. Што можам да направам освен ракија?