Очекувај дека ќе се разболува. Бебе мое за 9 месеци прележа 3 бронхита,сипаници,3 пати бактерија имаше и вируси со температура.
Мајка обично толку мали имаат уште имунитет од мајка, не би требало да се разболе од досегашни искуства што сум слушала на тие со две , обично после 5 -6 месеци полнуваат да си ги примаат и они вирусчињата ..
Мамички денес ми мерат притисок и ок е ама имам големо очукување на срцето 2 пати ми мераа беше 110. Вчера се породив природно. Во ред е тоа или не?
Моето бебе сабота годинка ќе прави,настината беше само 2 пати за цела ова година а имам две деца школарци.Антибиотик е пиена еднаш само поради инфекција на уво(неповрзано со децата).Така да не се секирај ,не се сите деца исти.Некои се повеќе осетливи некои не.
На доење е или АД? @Mari-Li извини покасно враќам , тераме одмор. Ковидот го мина лесно на месец и пол, додуша гревче беше , ден и пол, два со 38.4 температура Носе ко носе , затнато чистевме. Сега поаѓа синко во градинка, коски ми се тресат. Онојпат во Систина на контрола, јас потресена викам фати ковид , она вика е шо дека Големо чудно , лесно проаѓаат. Ептен лабави некако. До 6 мес. наводно имале имунитет ради доењето и антителата од мајка, кога ќе размислам подобро синко 6-ти месец првпат се разболе и директ Козле ако има врска тоа. Со бепка повеќе сме во соба, мачење ми е на плажа со неа. Одиме по саат, два , навечер шетаме поприлично доста Дојдовме ради бато, битно ми е он да ужива и да е среќен. Е бидејќи сме на сама плажа, оди на море па претрчува во базен па пак се враќа , убаво го шета татко му Тато заспива прв пред сите
Дојдов специјално да се фалам!! Софи ги направи првите чекорчиња ние сите вакви Детето се уплаши од нас почна да плаче, па ајде аплаузи,охрабрувања за пак да пушти некој чекор… Не ми се верува детево порасна, радост е секој нејзин успех, срце мајкино. Еве ја дојде ме влече за блуза и вика ајде, во превод толку од овој пост Ќе частиме пристапулки овие денови. @Bubce38 бели бисерчиња да ги реди
Ве замолувам да не ја полните темава со прашања за кои веќе има теми. Оваа е за муабет и споделување секојдневие. Имате теми за совети и искуства според возраст, кога ви треба совет и мислење обратете се таму.
Добра ви вечер. Денес излегов без бебе. Леле која слобода луѓе, не ми се верува дека го дочекав и тој ден. Како друг човек да сум. Бев со другарка и другар, се шетавме, се изнатрошивме пари, ептен убаво си поминав. Другарот па ми вика абе требаше и малото да го земеме, тој ќе си го занимавал. Наредно излегување ќе му го оставам, па нека се шетаат тие, баш да видам колку ќе издржи. Пред некое време така излеговме со едни другари, се разделивме и тие си го земаа, ќе го шетале. Хахааа. За 5 мин по брза постапка ме бараа на телефон.
Добро утро, цуца моја (скоро 14м) се разбуди во 7, а легна во 22, стандард секое сабајле. А знам дека не е наспана. Отвара очи и бега од креветче, преку спална, и лази наназад да се симне на земја.па ајде си поигравме скоро саат па пак ја успав. Катастрофа сме. Во колку стануваат вашите? На велико оди по мебел и брца кај шо не треба. Изгледа ќе го барам времето да ја носам во раце. Синоќа излеговме на прошетка и кенкаше во количка, стандард. Ја земав, во раце кенка уште повеќе, а инаку се смешкаше штом ја земам. Пишти пишти се тегне. Сакала цуца да оди. А кај ќе оди кога не е спремна. Се клати цела. Ја фаќаш за раце она трча. Ако ја фатам само за едно раче ќе направи некој чекор и ќе почне во круг. И така на враќање ја оставивме во количка пиштете цел пат. Леле многу ми беше жал, ама не сака ни в раце. До дома ќе се враќавме 2 саати. А јас и мм туш ладни, беба плаче а ние буткаме количка. Пијам кафе сама еј, беба се доспива, замислете. Ова не се случило од лани ова време. Моето црвче порасна, се лути ако не е по нејзино и одма крокодилски солзи. Шо правите во вакви ситуации, ги оставате да вриштат.... абе сака по нејзино и точка. Сака да биде на земја по секоја цена. Изгледа од денес најдолга дестинација ќе ни биде до лулашки . Ноќеска стана 3-4 пати. 2 пати и дадов млекце за да презаспие. Жива гладна е. Малку јаде и тоа, се осеќам немоќна околу јадењево. Бај д веј.... во колку им давате вечера, а кога легнуваат? Млекце пред спиење? Следна недела ќе одиме на мерење, се надевам дека не намалила, уф од лошо имало и полошо. Леле постов каша попара. Убав ден мами
Еве конечно да си напишам и јас нешто. После толку време прв пат да седнам раат. На одморче бр. 2 сме во Ханиоти и толку убаво ни е не ми се иде назад. Првиот одмор го поминавме со температури. Имам толку многу да напишам, ама скапана сум. Среќа што на одмор ни се плус дедо и тета па мама може да одмори... После цели 11 месеци прв пат со мм бевме сами на ручек.добра ноќ ве гушкаме
Се осеќам многи неспособно и разочарано во поглед на хранењето. Не знам каде згрешив ама ич не сака убава храна. Јаде само леб сув и тоа, јогурт, палента, јајца варени, грозје, банани, овес и ретко супа или некоја манџа. Не сака зеленчук никаков, месо нема шанса, компири не. Ни со лажење, ни никако. Ептен со сила треба да бутам, а не сакам така, не сум го терала никогаш.
Мама за утеха кај нас само до првите две работи што ги имаш набројано со јадењето сме. Дали ми е криво? Премногу... Дали вината во себе ја наоѓам? Апсолутно не. Бебе секогаш понудено со тазе оброк во милион варијанти и не и не и не. Во еден од пет дена ќе му се погоди да изеде нешто. Едноставно не е секогаш до нас. за поддршка!
Добро утро!!! Кој е за кафе ? Јас сакам појако. Мозокот ми е сарма. Ќерка само што тргна в градинка веднаш почна со кашлица. Во мозок ме мава. Две години оди в градинка вечито само кашлица со шлајм. Два дена во месецот ако беше здраво. Цела бременост така со болести лани ја поминавме. Веќе ме нервираат овие од градинка па и уште брисеви ми бараат на почеток од годината. Се мислам и да ја отпишам но сака да оди си сака дечиња. Па како е кај децава цел ден ке биде ок ке си игра и навечер де ке почни да плачи да се жали, па да кашла... За бебе ми е најмногу тоа е уште мало. Инаку лани кај што сакав на работа да одам гледам сега оглас за вработување објавиле но штета не можам. Бебе мало,породилно тече... Некако мене не ми се погодува. А мм па доби понуда и за друго работно место. Само тој бил со такви квалификации Изгледа ке прифати и на две работи ке оди. Како ли ке успее? тоа е живот. Како што се поскапува секој гледа плус пара да зема. Јас како и обично прво да се пожалам но сега и да се пофалам. Се спремаме за крштевка на синче. Ке одиме во бигорски кај нашиот отец. Одвај чекам. Тамо ми е како дома. Само гледам облека за деца. За син некое костумче со машниче, за керка фустанче. Како бонбони ке ги стуткам. За мене се мислам што? Дали некои панталони со висок струк гледам во мода се пак или фустан? Има време ке шетаме по бутици и ке пробуваме додека не погодиме. Ај да допијам кафе и да се фатам за работа
Добро е, сте пишале некој пост, гледам ме нема на оваа страна , па си "земав за право" да пишам Ај добро утро Сеа станав , трет ден како е мајка овде, а ќе седи дури до понеделник . Милина. Сношти и оставив што да му спрема за доручек , дури и на лист и запишав. Во ред тоа, ама коа и ја ставив вагата пред нос и и' објаснив од кое колку да мери ја донервирав. Ќе ми ја фрлила у ѓубре вика. Она две внучиња изгледала ( и уште ги чува на брат ми) па пораснале и без вага и без тефтери. Ж'чки бљуа коа ме гледа со тетратката и со моите јеловници Абе не ме занима и викам ти како правиш , овде редот е така , ќе читаш и ќе мериш И мерела, па шекнатата ми мајка запишала на лист од кое колку ставила. И мртва озбилна ми вика : Бубе , абе мајка наместо 60 гр што си ми пишала тиква јас ставив 56,5 гр. А банана си ми пишала мала, немаше малечки па ставив пола . Да не ја утнав многу работата вика И капини не успеала да скине од дворот , па видела малини у фрижидер и наместо 4 капини ставила 5 малини дека помали се нели И глуми загрижена за грешката . Овај пат ти простувам и викам, ама гледај да не се повтори Па зема да ме оговара на брат ми и снаа ми, им раскажува прикаски колку сум била опседната. Ќе ми пројде , знам . Ама па стварно ми е огромно задоволство што се окупирам вака со исхраната на бепка Инаку детево секој ден нешто ново учи. Сега е во фаза на тапшин тапшин танана и на 2 мин прави браво со рачињата Сношти излеговме да прошетаме малку , седи во количката и нон стоп шлака со рацете. И се смее Ние топење Закажав за фризер претпладнево , ама ќе се јавам да презакажам за приквечер. Ме мрзеше сабајле да станам да го однесам маж на работа и да си ја земам колата, па сега не ми се оди пешки . А овде такси да најдеш е помалку веројатно од Бинго да ти се падне За утре е во план до Дојран да се шетниме. Мајка е голем љубител на дојрански крап па ќе ја носиме на едно ручече. Одам Ми дадоа обврска да го прередам шкафот на синко и да сум спакувала све што му е мало. Маана ми најдоа што све ми било по шифоњери. Требало све што Не носи веќе да ги ставам во вакум ќеси и да ги дигнам негде . А каде е тоа негде кој знае. Јас затоа правев една соба само со шкафови и ормани,да не морам во ќеси да складирам под кревети, над кревети . Ама еве, шефицата вели не требало така Морам да ја слушам инаку не ми бега целодневно предавање. Е сега дефинитивно одам Пет пати ме викна веќе
Hiiiii Еве едно појако кафе за добро утро Беба релација градинка-баба и деде денес. Им се уарнило на моите. Мајка ми дури и подналутено "јас сум дома 4 дена, барем бебето да го дружам, досадно ќе ми биде онака". Да бе, досадно ќе и било. Нека се радува ајде Во градинка била мирничка. Негувателката ми вика ќе прооди кај и да е детево. Ништо чудно, како се понаша Од понеделник ќе седи повеќе, до 10:30 Научи да прави "чао" со рачето. Повеќе личи дека сака да те мавне, ама ќе се усоврши Освен штрајкот со јадењето, друго е се по старо Убав викенд мами