Добар ден мајкички, еве и јас да чкртнам нешто брзински. Кога ли пројдоа скоро 9 месеци??? За 2 недели почнувам со работа. Ме фаќа депресија што се вика, ич не ми се оди, бебе е уште мало, му требам, убаво ми е да си го гледам 24 часа на ден. Сега размислувам како ќе му биде, дали ќе биде гладен, жеден,најаден, нема веќе цице кога ќе посака и сигурно ќе биде гладен....офффф, крајот не ми се наоѓа ако ми верувате. Свеки ќе го чува ама којзнае како, и гарант ќе ми досаѓа 100 пати на телефон...бебево прдна,што да правам? Сега ждригна, а да му сменам пелена, а да го пресоблечам? Ептен сум им потребна на работа инаку ќе терав со боледувања до 1 годинка на бебево. Ни во градинка не ми се дава, а веќе нема ни место, од една страна си викам па подобро свекрва да го чува, ама ако нешто се заинати ќе го дадам во приватна градинка. Батем некој месец дур фатам врски за во државна градинка. Ете, гледате, хаос ми е во глава веќе од мислење. А да, и за јадењето се секирам што ќе го прави свекрвата дали ќе му се погоди густина на кашичките како јас што му правам...отидов да дрмнам едно кафе за да не ме стега главата од мисли...гушкајте се домче со бебуши мами и уживајте во секој момент со нив
Мајка, не му се толку секирај. Штом свекрва ти за сѐ те прашува и не праве на своја рака верувај дека е подруго. Како што другите пораснале така е твоето. Дали ќе биде кашичката погуста или поретка, мазна или со парчиња не е битно ако дете јаде. Битно да е најадено
Моево на 8м во градинка појде. На 8м чоколадо им даваат за ужинка. Кога слушнав косата ми се крена. Ти си барем сигурна во тоа што детето ти јаде и што оставеш тоа ќе јаде. Сигурна сум дека подобро ќе му биде дома отколку во градинка, барем додека не потпорасне уште малку.
Ако почне со градинка ке почнат и вируси и бактерии. Подобро нека си седи дома, има време за градинка.
Не сте сами Ќерка ми 2 години има. Освен макарони и шпагети со сол, помфрит, ослич и некооогаш мевце, ништо не јаде. Секој ден исто јаде. Многу се нервирам, зашто и готвам по 2,3 јадења на оброк, со надеж дека ќе пројаде. Само бљак ми вика. Здравје планирам од март некаде ,ако успееме да ја примат во градинка, може таму ќе почне да јаде. Се надевам помалечково нема да биде како неа, бар нервози да немам
Mamicki da ve prasam znam deka lek za veke pojaveni stri nemat… tuku dali znaete kako mozam barem da gi pra beli? Imam ogromni debeli stri ceveni na stomak barem vaka beli pomalku ke se gledaat
Освен да не и нудиш од јадењето што го сака. Внук ми јаде само 4 јадења, ама кога отишле на гости во друг град немало и видел невидел маф направил се( 3 дена јадел храна што не ја јаде 2 ипол години). Во градинка немаат интерес и јаде само сув леб. Цел ден пробај да и нудиш од тоа што си направила.
Сум пробала, ми вели мама Софче боли пупа.. дека стомачето ја боли.. И не знам зашто ама прави како нагони за повраќање , а и неколку пати така ми поврати од јадење што не го сака.. и се исплашив и од тогаш не форсирам..
Секој кој изработува режим би требало да ти направи да не влијае на доење. Уосталом, храната не влијае толку, колку течностите на количината на млеко. Важно да се храниш балансирано и доволно. Најдобро да ти изработи некој стручен, не следи режими од интернет. Ако сакаш пиши ми ЛП, можам да ти помогнам околу тоа. Исто ќе споделам со вас овде постпородилна програма за зајакнување на абдомен. Пријавувањето е уште до утре. Ако некој смета дека има потреба, детали има на линкот. https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdvZX-CgA7jBVVLoub5VBPfchKDFEV3eQU2gKCp2D066AvbuA/viewform
талог од кафе и маслиново или кокосово масло, мачкаш, масираш, виткаш во најлонска фолија да стои 15тина мин и миеш со млака вода. Само сака упорност за да обелат, а и без ова со тек на време ќе обелат.
Добро утро, ние станавме. “А” не знае што сака. Пробуваме да цица -заспива, шише - нејќе, а гладен е… Тешка ноќ помина, со многу плачење, Се надевам денот ќе е подобар.
Седнувајте на маса, порачувајте што сакате, јас денес частам. Изминаа 33 лета. Му викам на синко мама денес 30 итри има. Прашува дали од денес ќе сум била итра . Ова е втора година по ред јас да не сум во еуфории, не си го сакам роденденот. Го нема ТОЈ, кој секогаш точно на полноќ со откачена порака ми го честиташе роденденот. Ја нема најискрената честитка од срце дадена. Потоа и уникатен поклон добивав. Како и да е, посакувам само да имам сила и да бидам до моите две сонца. Денес дека роденден, славенички јас генералка во спална. Големиот замина на утакмица во друг град, пресреќен беше, златен, едвај дочека да отиде. Бебко околу мене, верен придружник ми е. Ви посакувам убав викенд на сите.
Мајки ние сме 3 недели скоро. Дали ги носите малите во двор малку 5-10 минути или нон стоп дома сте. Мене веќе почна загушливо да ми е нон стоп дома. Постарите ми викаат да седам дома со него. А докторот ми вика нема гајле и да го носиш надвор во двор само да не е на сонце директно. Јас вчера малку го прошетав бебе во дворот и денес. Што мислите за ова седење дома цело време?
Многу е лошо седењето дома и за тебе и за бебето. Искористи го времето, сабајле и приквечер е пријатно. Кога ќе фатат студови ќе го бараш ова време Колку можеш повеќе шетај. Од 5тиот ден шетавме со син ми, барем 1ч си поспиваше во количка секој ден.
Моето е родено во јули. Од кога направи недела отидовме во викендица и по цел ден надвор беше. Подобро надвор него под клима цел ден.
Ако седев дома ќе побудалев. Во октомври е моето родено, после 1 недела шетавме секој ден. И за тебе и за бебето е добро надвор. Да имав двор уште ехееее.
На вакво време обавезно вади го надвор во двор. Не е зима па да седите затворени. Не треба да се носи во гужви и затворен простор, а за во двор или на тераса дури е пропорачливо.
Ние сме три ипол недели , секој ден шетаме по саат време низ парк , ти штом имаш двор не ни размислувај , подобро е и за тебе и за бебе да ве фати воздух малку додека е убаво времето