Нормално дека ќе го изнесеш. Па уште и во свој двор не би мислела, а и ти исто, зошто да си нон стоп внатре. Да не е прежешко, да не е ладно, да не дува и да не врне, нема да седите на сонце. Јас се туфкав за во декември дали да излегувам пред зграда, па кога стигна во декември 20 степени се нацртав надвор, дома не ми се идеше немаше 3 недели.
На 3 недели ја носев од Илинденска до Партизанска цел круг, а не па за во двор да и се мислам. Баба ми удар ќе имаше кога слушна дека сме шетале пред 40 дена ама па се помири после
Јас ја шетам секој ден од кога сме дојдени дома, буквално сегде. Дали во кенгур, во количка. Зашто дома да се седи не разбирам? Иако шетањево е повеќе за мама. Беба овој период само спие и баш и е гајле каде е Али мојата психа, фала ми кажува секој ден
Здраво женски. Ги имав најужасните 2 месеци во животот. Многу сте испишале па ќе исчитам со ред зашто само тука на мајчински можам да се "одморам". Големиот ја скрши раката капак на тоа мораше оперативен зафат. Верувајте. Воздух снемав во моментот. Не мислев дека дотолку ќе биде. Истеравме 3 дена во болница мислам ништо помачно нема. И јас сум била пациентка со скршеници предизвини од сообраќајна незгода ама полесно поминав отколку сега со детето. Капак на сето ми беше тие корона тестирања кои ми го кренаа притисокот бидејќи со негативен тест тие ме испаничија дека сме позитивни. Замислете вечерта при прием тестираат ти кажуваат ок е влегуваш во соба најнормално за утрото да ти кажат дека тестот уствари бил позитивен. Јас па сирота уплашена поверував. Се свестив кога видов дека не сме изолирани и дека никој не влегува со скафандери кај нас па дури и маските им беа на брада. Побарав ПСР. Кога дојде докторот да го земе син ми на операција уствари вика двата теста ви се негативни. Врвот беше кога се искарав со една сестра која не носеше маска а ние во ходник шетаме за да не се залежи детето. Ми вика вие не смеете да излегувате се водите позитивни. Ами викам камо тебе маската ако е така? Со 2 негативни како може да не водите позитивни? Одговара ТАКА МУ НАРЕДИЈА! Разговорот ни заврши со моите зборови ФАЛА ШТО НИ ГИ ОТВОРОВТЕ ОЧИТЕ ДЕКА МАНИПУЛИРАТЕ СО БРОЈКИТЕ. Истеравме еден месец дома со гипсена лонгета шокот беше кога требаше да почнеме со фиикална терапија. Скршеницата зарасната детето нема движење во раката буквално никаде. Физијатарот испаничен вие не сте за кај мене детето има паднат нерв нема ја што да му правам. Не знаеш кај да тераш а имаш дете со очигледно сериозна состојба. Седиме се чудиме не знаеме кај да се обратиме, детето има нефункционална рака. После некое време излага физијатарот се сожали и не посочи прво преглед на Невролог да се направи. Неврологор, како и многуте во здравството дрска и нервозна. Ама додека ќутиш и не покажеш заби ќе те шетаат лево десно. Завршивме работа и почнавме со фиикална. Резултати на минимално движење дури после 2 недели. Друга мака - двајцата вработени едното дете мало другото зависно од помош. Кој кое дете ќе гледа. Едвај успеав да извадам боледување за нега на дете. И таму малтретирање не знае кој што треба да даде,фондот не одобрува продолжување под изговор дека имале многу "пациенти" на товар. А уствари немаме врски за да ми продолжат. Стравот да е поголем од утре треба да почне на школо (досега беше на боледување) а деца ко деца се туркаат се тепаат а кај него е тоа ризично зашто најмал удар може да предизвика повреда и да не врати пак во операциона сала. Колку повеќе операции толку повеќе компликации. Да не зборувам за финансиските трошоци, принудена сум да подигнам уште еден кредит (покрај двата кои ги има маж ми) зашто мора да продолжи физикална терапија приватно бидејќи не можеме да патуваме во друг град за на државно. Тешко ми е за сета оваа ситуација најмногу што гледам мало дете кое има ограничени функции а двете раце му се потребни. Дете кое место да се радува трча и игра да треба да пази и да се трга настрана од гужви и другарчиња. Се надевам ќе се смилува Господ па да се биде во ред како порано. Пазете си ги дечињата и бидете секогаш покрај нив. Се надевам дека ќе се читаме со некои подобри ситуации
Сте се обратиле ли во клиника за физикална медицина и рехабилитација ? Да видите дали примаат дечиња за стационарно лекување, возрасни знам дека примаат, така не би морале да патувате ако не сте од скопје плус има големи стручњаци.
Ke bide se vo red, treba vreme, ama i budnost nesto da ne promakne, pa da bide docna. Kako padna sinceto?
Мајки мојава нејадачка, 14м. За прв пат касна кроасана, на зезанција (сувиот дел). Ми ја тегнеше раката за уште и отвараше уста. До сега благо нема пробано, само бебешки смоки и бисквити. Се трудам за убава исхрана ( но освен овошје малку и нешто зеленчук друго ништо не јаде и стагнира) ама ова со кроасанот ме замисли, дали да и давам вакво нешто?
Мојот е пребирливко особено за зеленчук, сега веќе има 2 години ама штознам после годината незнам точно може 14 15 месецо кога бил почнав од очај соленки понекогаш бискотчиња такви работи животинско царство нормално не тпа оброк да му е туку служиме доручек ручек што и да е колку јаде јаде па потоа измеѓу до следното јадење ако не сака од понуденото овошје зеленчук сум нудела такви работи. Според мене се што е умерено е ок. Не е во ред ни да се претерува со ограничување на детето зошто кгоа веќе нема да можеш да го контролираш ќе биде највкусно забранетото. Сепак тоа е мое мислење
Јас мислам не. Ништо корисно нема во кроасаната, освен што ќе го наполни желудникот и ќе се најади, никаква корист, само штета. Сама види во составот. Подобро кроасана од пекара што трае ноколку дена, а не со месеци. Дали си пробала да дадеш домашни мафини со јајца, овесно брашно, путер, кокосово масло, урми, какао, цимет, лешници, ореви, кокос, банана, било какво овошје... зависи како ќе ги прифати, можиш да комбинираш. Исто и солени варијанти со урда, путер, зеленчик. Тешко е со нејадачите знам и јас имав такво дете (можеби до некаде сеуште е таква) ама треба да експериментираш различни рецепти и вкусови, веројатно нешто ќе и се погоди . Ама па викаш дека јади нешто од овошје и зеленчук, не мора количински да јади, кога веќе е нејадач гледај тоа што веќе го јади да биди корисно.
Пробав неколку пати мафини со банана ама некако ни мене не ми беа нешто вкусни. Дал беше до рецептот нешто непогоден. Пошто во принцип супер готвам, да не се фалам де . И баш заради тоа ми е мака. Овошје и зеленчук наоѓам начин и јаде ама житарки никако. Кутии имам еддн куп на хипп инстант житарки ама лажица нејќе да види. Ако имате рецепти проверени кажувајте во соодветна тема може.
Палачинчиња и полпети со овес, спелта, овошје, зеленчук, месо. Да не се мачиш имам и за извоз да ти дадам, не дека ги јаде мојава, а се убив од правење. Ама јас си ги кркам. Оние со риба ми останаа за следна недела ко ќе дојде риба на мени.