Абе нека пие детето млеко колку му се пие како диета. Да не надминува 1л во 24 часа. Инаку може да плаче и за многу други работи не само за млеко
Мајка, аптамилот е тешко млеко за стомачето, му требаат барем 3, 3.5 часа да се свари затоа и се препорачува барем 3 часа да има меѓу оброците. Да не ти плачело зашто ја мачело стомаче? Иначе не знам зашто толку те искарале, не е тоа драматично качување килажа. И моиве многу качуваа од 1.2 до 1.4кг на месец, педијатарот рече дека е над горна граница ама кога прашав дали треба да намалам рече не. Мали ни се родиле бебушки, побрзо напредуваат.
@Joraa пробај 120 мл да му дадеш. Откако ќе испие 90мл стандардно ранење, за 5 ми после здригањето да испие уште 30. Да се дојаде убоо. Може подолго ќе седи најадено без плачки. Мислам може за возраста 120, на кутијата така пишува, јас Хип Комбиотик имам дома. Инаку не се секирај, и моето бебе излезе од болница 2500, за 2 месеци се напраи 6кг. Среќа го дојам, еднаш во денот дохрана Ад и пие чај Бекутан, па има што да кратам јас. Исто велеше докторката многу било дебело. Ќе ослабат коа ќе почнат да трчаат. Ете ја ќерката 7 години е едвај 26кг, сучка е, никако да се здебели. Нема правило, бебиња се, лежат.
Здраво мајки, јас имам ќерка која е 10 недели, единствено плаче за јадење а јаде многу и често. Ја дојам и после јадење повраќа, дали свежо млеко или ко урда. Докторката кажа е во ред, вади вишок и нема потреба за загриженост се дур качува килажа, а качува по кило ипол на месец. Дома се е исповраќано, ние исто по неколку пати и мирисот на бебе кој сите го зборат, мене ми е еднаков на скиснато млеко. Бидејќи ја извлекоа со вакуум, главата и е многу неправилна, и со вратот се врти само на десна страна, никако не сака на другата и од тоа ептен е сплескана. Јас се породив во странство, тука за тој проблем одат на остеопати и еве ја носиме неколку пати, има подобрување но уште е сплескана на десната страна и веќе сум загрижена. Дури бев и јас за болките во крстот и ме оправија. После природен пораѓај, тука на жените им следи 10 неделна терапија за зацврстување на перинеумот со некоја сонда, тоа не сум го почнала зошто сакам прво да се вратам во МКД. Едвај чекам да си дојдам дома и да ја покажам на мајка ми и другарките, но уште го чекаме пасошот. Мајка ми после скршена рака не можеше да го држи ни фенот, а е 75+ години, но ми кажува дека вежба дома со шишиња со вода да може да ми биде од помош и да ја придржува. Така, си кажав, имав потреба да пишам, и среќа што постојат вибер, ватсап и вакви групи инаку би полудела тука сама и носталгична.
Истата мака со повраќањето и ние ја имаме , и јас прашав ми рекоа ништо не е зошто супер напредува, ама пак не сум раат
Да, особено кога вади и низ нос, и ти се чини дека во секој момент ќе се задави. И за да го исчисти носот, кива а јас мислев е настината.
Легнувај ја под 30% и не и давај да цица толку често, нема друг лек. Она всушност го повраќа вишокот. За да легнуваш пдо 30% стави под душечето тврд голем предмет, книги или има едни специјални како триаголни тврди такви за подигнување. Можеш дури и цело креветче да го дигнеш, под ногарките да ставиш на едната страна нешто. Е како ќе ја научиш да цица помалку не знам, евентуално цуцла да воведеш па да ја лажеш така, друго нема.
Утро мајки 05:43 е, а јас веќе втора цигара палам со кафето. Синко во игралната си игра на велико. Станати малку пред 05ч, свеж - свеж, расположен , распеан... Ама и како нема да биде коа вчера ми заспа уште во 18:00. Нит вечераше нит го избањав, нит млеко пиеше. Накај 22:00 го разбудив, викам бар млекце да се напие, цуцна некои си 60 мл и продолжи да спие, кома. Ама затоа сабајле во 04 и нешто почна со бабааа, мамааа, бууууу... Виде дека Не го тангирам па зема да се кара И ајде викам станувај Бубо, толку за денес од спиењето, ќе си дремниш на ручек. Па штом станав викам дај ј продуктивна да сум бар . Замесив некоја пишиичка ,кај и да е ќе стане и маж за работа , па ќе го поигра за јас да ги спржам Ќе се накркаме поштено уште у цуцулови зори На рати го пишувам постот Дошло 06 ипол веќе , време е да пржам . А богами време е и за доручек да спремам за синко . Само да ѕирнам тефтеро шо вика за денес ОдоХ мајки Гушки до дечињата
Баш денес бев на педијатар да го мерат од тоа што бљуцка после јадење, и се чудам како се смени вака, па јас порано лигувче не знаев што е, ништо не му капнало ни додека пие млеко а камоли да повраќа Истиот одговор штом супер напредува нема гајле. Мојов пие 90мл на еве скоро два месеци и кога ќе поврати што му останало?