Добра ви вечер мајки. Да ви кажам искрено се преморив овие денови. Родендени, прослави, поклони, купување, пакување, реновирање дома, носење дете во градинка, напорно ми дојде. Не сум седнала. Почна да ми фали тоа време кога ќе си сварев чај, ќе се замотав во ќебе и ќе пуштев некоја серија. Сега од ова не можам ништо да си дозволам. Туку, почна да свикнува дечкото во градинка. Сѐ помирен бил, а од утре се надеваме и дека ќе останува за спиење. Му се заарни изгледа. Дури и другарче си имаме. И така. Брзо ми мина летово, не сакам зима искрено. Што ќе правиме внатре? Ќе мора да смислуваме некои активности, оти нема да можеме омилените работи да ги правиме. Нема шлапкање по цел ден во коритото, копање по двор и трчање по мачки кучки.
Денеска се чувствувам, подепресивно и од денов.. Синко душава ми ја мачи со не јадење.. Секој обид за оброк ни е 5-6 лажичиња и после затвара уста,ти скокај, изигравај кловн, анимирај на секој начин, џабе е Бевме на одмор, таму еден куп дечиња на негова возраст, сите си седат у хранилка си јадат, моево никако.. Згора на се, и вода не пие воопшто.. Со сила давам шишенцето, он ќе си почеша непца со цуцлата и го фрла.. Ми се плаче од мака
Колкаво е? Пие ад или цица? Може се заситува со млекце па после не сака храна. Важно нуди и нуди.. еден ден ќе се изненадиш како ќе почне да јаде
Здраво мајки. Да ве прашам поминаа 2 недели одкако се породив меѓутоа лицето уште ми е отечено. Сте имале ваков случај?? Се мислам дали да почекаме уште малце или да отидам на лекар. Иначе царски сум породена
За 4 дена правиме 8 месеци.. Си цица инаку... Ама со јадењево борба водиме, блендирано никако не сака, се гади одма.. Па се му правам пасирано или оставам да кине парченца сам со забчињата, ама количински многу малку јаде.. За вода пак, да не зборам, на сите можни начини пробав, и шише и оние со сламка, со лажиче, од чашиче мало и пак ништо не успева..
Vaka e od pocetok od koga pocnavte so nemlecna ishrana? Mojava pak preku nok prestana da doruckuva, rucek i vecera jade, zasega inaku ista vozrast e.
Па да, има денови ќе јаде подобро, ама многу ретко.. И пред тоа ај си викав уште е мало па затоа помалку количински, али сега веќе треба да јаде повеќе, а тој инает си тера, стиска заби и никако уста не отвара.
8 мес и два дена, му готвам од книгата Бебе Готвач уште од 4ипол мес. Најмногу сака брокула, батат, морковче, тиквичка, тиква. Имаме 2 запчиња, види тоа да не е нешто, иначе да, треба да јаде. Моево ем цица ем јаде доручек, денес палента со рендано јаболко пола и кокосово масло. За ручек батат и крушка. Види нешто интересно напрај му или јас му давам чашка пластична да си игра ако не сака да седи, иначе си седи на хранилка дрвена од мое време. За сега е ок, сега не знам со следните запчиња како ќе биде, ама треба и ти да јадеш се за да јаде и он.
За јадење, јас никогаш не сум пребирала, затоа сум и за машала Имаме 4 запчиња, кецовите и горе и доле му се излезени. Исто, у хранилка го ставам, го заигравам, заедно да јадеме. Се водам и јас по бебе готвач, само што не блендирам.. Не го пребира тој јадењето, туку си јаде, 5-6 лажичиња, до 10 најмногу. И толку, затвара уста и никако не отвара. А гледам и да нема во скоро цицано пред јадење,демек погладно да е... Незнам што ќе се прави со ова не јадење
А како напредува? Ни јас не можам да и угодам на мојава. Крвна слика правевме пошто беше болна, супер си е. Во висина ја гледам расте, во тежина си стоиме 1 месец на исто. Ама со сила не можам да давам. Расположена е, не плаче, мирна е, си игра. Ако е гладна сигурно ќе покаже некако, може тоа што си јаде и е доволно.
Крвната слика пред еден месец му беше супер, килажата 200гр месечно качува во последниве два месеца, а висината исто му е ок, според месеците.. Исто што викаш, расположен си е, не плаче.. Можеби му е доволно, али јас се напнав кога видов на одмор сите деца околу јадачи, само мојов не.. До душа и тие сите беа со телефонот пред нив, цртани гледаа за да јадат, али јас сум некако поборник против тоа, па до сега му немам пуштено, да видам да не се разјаде повеќе така...
Не знам, јас некако почнувам да се помирувам да ти кажам право. На одмор другарчето наше ни јадеше по 250 грама на оброк, не ми збори за напнување . Да не го видев немаше да знам дека мојава не јаде. Ама не знам, некако длабоко во себе знам дека ќе се пројаде кога ќе почне поубаво да фаќа и да држи. Мислам јас сум гурман ненормален, не може да не јаде
Истооо, не размислував толку предходно, додека не ги видов другиве деца и се напнав.. али ајде да се тешиме, дека ќе се разјаде исто ко нас, и ние сме си гурмани и јас и мм
Може си е такво детето. Освен, сега ми текна, некои витамини да прашаш дали ќе ти препорача матичен за јадење, мислам имаше. И треба повеќе да качува, моево сега повеќе од 500 гр качува, а порано помалку. И ставај му јабуче во јадењата.
И кај мене во спална паѓа на 16-17° , на северна страна е собата. А во салон 18.5° од кога залади ноќе. Пуштам клима , ама само денски доволно ни е, рано ми е за парно. И двете спијат без проблем на поладно кај мене ( од бебиња ) , пижамки на долги со боди/маичка на рамки одоздоле и ќебенце. За баш новороденче бар да не паѓа испод 19°.