Од 14 до 16 степени се движи температурата кај нас, па уклучувам греалка некое време, спие со две ќебиња, не се многу дебели и таман се за сега.
Се мачиме да се инхалираме од вчера , ова за сефте. Зарипнато и е гласчето. Па Се мислам за приватно осигурување за ќерче да си имам. Оти во бременоста се изнадавав пари во систина, па барем за нејзе да си имам. Преку кој, како се плаќа, што опфаќа, дали јас плаќам за услуга па после ми рефундираат?
Мајки едно прашање не поврзано со бебките, породена сум веќе 8 месеци, овај месец откако добив циклус цело време сум со вртоглавици и главоболки, дали ви се случило и вас вакво нешто и препорачајте што би испитала? Фала
Kako stee mi Julskite mamicki? Kaj mene bebuska supper do sega vcera napolni 2 meseci pa bev malku tazna vetev niz sliki i vika lelee mi rastit devojceto tolku brzo … a mama dobi ciklus i toa lelee kolku mnogu a bas ne ocekuvav deka olku brzo ke dobija .. ama dobro mozda i od toa sto ne dojam
Како сте со циклус вие што доите? Ете трет пат во две недели ќе помислам дека ми дошло и ништо значи во моментот што ќе искрварам и после ништо. Матичната мие на одмор ќе појдам секако на преглед меѓутоа да не има некој со слично искуство. Бев шест недели после пораѓај на преглед и се беше во ред.
Мама а што ја носиш во Систина? Јас еден викенд кога не беше добра на Детска ја однесов, запрепастена сум колку се ок. Со скептицизам отидов, значи од приемно, до докторки, до лабораторија, сите фини, услужливи, завршивме за 40 мин со преглед, земање крв и читање резултати.
Јас во Козле носам,Клиника на дежурен нема шанси. Бебе кога ми беше новороденче со бронхиолит ми викаат нема наод само прскај спрејче. Среќа отидовме утре дента во Систина иначе кузнае што ќе се случеше.
На клиника дежураат специјализанти. Јас убаво сум прошла иако два пати сме биле до сега, вака се темелни доста а и цело време звонат на дежурниот лекар на оддел да се консултираат. А верувај многу брзо се развива симптоматологијата кај децата, моето кога заврши во Козле , во Ремедика ок инхалации, за 3 часа да не може да дише патот во Козле наод пневмонија. Многу брзо спуштаат, многу. Штета Ремедика немаат дежурен Искра е супер , ама една е . И некако пристипачни цени за разлика од Систина. А и Систина кога и да сме оделе е гужва ко на клиника
Со наод препратени од Козле бевме ама они не бебето нема наод. Утре дента со извештајот од Систина одма се симна неонтолог го прегледа и одма не прими на лекување. Минатата недела големото го носевме во Козле со 40 темп супер пројдовме комплет прегледан и соодветна терапија. Бебето исто скоро се гушеше од кашлање одма го боцнаа урбазон и инхалација и одма се смири.
Моето дете на детска клиника го спасија. Надвор пред клиниката докторите го чекаа комбето на брза помош од Битола за да го примат бебето Со Козле сум имала супер искуство со првото дете.
Исто…засекогаш благодарна на докторите на Детска клиника…иако бебето беше родено во петок, таму стигна после смена, па два дена беше оставено со кислород и со нарачани анализи чии резултати пристигнаа во понеделникот и одма беше постапено по нив, ама не се и тие безгрешни…сега и гледам смена на доктори…ама пак ќе речам бескрајно благодарна, ради нив имам дома џамбаз од скоро 2 години
Не сум ја носела во систина. Ама шо знам некако немам убаво искуство со државна воопшто ако немаш некој човек...ало ало.. Па затоа размислувам да и направам приватно осигурување, ако ми е исплатливо.
Приватното ако не се лажам имаш ограничен буџет кој на годишно ниво имаш право за користење. НЕ ДАЈ БОЖЕ да го искористиш, мислам после тоа ќе си плаќаш пак приватно прегледи и третмани.