Форумџика на годината

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Козле не се само за ковид сега?
     
  2. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    2.618
    Пробај тие 5,6 лажичиња со голема лажица да му ги дадеш, ем брзо ем повеќе ќе ти изеде
     
    На Sailorgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    2.618
    Колку кила има бебе?
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.076
    Допаѓања:
    18.999
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. :sun:

    Лута сум ифрит. Бевме на роденден и синко си спечали црвено грло. Нос тече фрфори. Температура вчера. Од никаде сега антибиотик ке се клука. Откако ја излечи бактеријата од градинка нема кивнато, нос не му потече.
    Точно знам од кои деца. Болни ги довеле на роденден.
    Идиотизам.
    Ете зошто не можеш глава од бактерии да кренеш во градинка. Ги праќаат неизлечени и си кружи бактеријата.
     
    На nevermet18 и Eli23 им се допаѓа ова.
  5. Bebuli

    Bebuli Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2021
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Na zalost toa e nasiot prost mentalitet!!!
    Abe pred da gi odnesat vo gradinka davaat paracetamol da ne e toplo deteto, ne mi se veruva koja slusnav.Pa kakva majka si dete so temp da nosis vo gradinka mesto da go cuva doma, go maci deteto.Uzas
     
    На MilaSs12 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.165
    Допаѓања:
    5.087
    Ние бевме на 2 родендени неделава. Првиот? Хорор, поголемо детенце, па цела група од градика дојдена, само слушаш шмркање, кашлање, се покаав што отидов. Една мајка ми вика тоа е кога ќе тргнат во градинка, гледаш сите кашлаат. Среќа вториот не беше во игротека.
    На тема болни ги носат. Минатата недела чекаме 5 души ред кај доктор, доаѓа родителов со дете, вика може ли да наслуша само пошто сме на роденден... А детево продуктивна кашлица буфта.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.076
    Допаѓања:
    18.999
    Пол:
    Женски
    Мајкава знае дека се болни бре. На инхалации се уште!!! :@ Ми се иде да ја запалам.
     
  8. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.287
    Допаѓања:
    9.355
    Пол:
    Женски
    Јас требаше да и правам сефте во градинка во понеделник. Една недела е со мрсули. Матичната рече чиста настинка па и ми даде потврда за здрава. Мене ми е глупо да ја носам со мрсули бре па макар биле од преладување. Ќе си почекам да и поминат. Патем стварно колку време може да се влечкаат мрсуливе бе?
     
  9. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.165
    Допаѓања:
    5.087
    2-3 недели толку ни требаше нас :D. А не оди во градинка, а фати вирус и настина и со никој не била во близок контакт, крш.
     
  10. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.205
    Допаѓања:
    3.975
    Пол:
    Женски
    7100 на 7 ипол мес, сега сме 8+ и мислам дека е 7ипол. Имаме доручек и ручек, уште си цица кога сака, на 2 саата сигурно, и станува навечер за цицање едно 3 пати.
     
    На zverkica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.073
    Допаѓања:
    38.099
    Пол:
    Женски
    На тема болни во градинка и ненормални родители, кај мојата во група имаше коксаки. Имало што имало ајде, болните не ги носеа стварно и доаѓа родителската и татково и вика на негувателката - "син ми е веќе здрав, само малку температура, може ли утре да го донесам, веќе нема кој да го чува"

    Негувателката си кажа дека без потврда од матичен за здраво дете ќе го врати на врата ама се надоврза дека ги лажеле дека им течат мрсули или киваат од алергии...
    Секакви родители има..
     
  12. Bibi_23

    Bibi_23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2022
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.174
    Често ми се случува да сонувам вознемирувачки сонови. Дека ми паѓа бебето, ми го земаат и сл. во некои ситуации како пожари, со блиски луѓе кои се починати.
    Сте имале вакви ситуации? Знам во бременост нормално беше со соновите… јас тогаш не сонував нешто многу, ама сега многу се вознемирувам зашто стравот ми продолжува и денски. ;(
     
  13. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.500
    Допаѓања:
    26.187
    Пол:
    Женски
    А дека и матичен советува при зимање брис малце антибиотска крема во носе и ќе искочат добри резултати???
    На 31.12 ланиии , родители со цел непамет , праќаат дете во градинка кое ноќта према утрото имало 40 тем. спиштиле со лек, детево после доручек повраќање и грч проследен со тресење. Цела градинка на нозе, трчаат како муви без глава незнаат што ми е на детето, доаѓа брза помош, носат дете итно во болница, и од болница се јавуваат да им кажат што се случило. Мислам 40 тем!!!
    Стрес на детето, на други дечиња кои се 4-5 години и се свесни дека нешто се случува, учителки и негователки трчаат на сите страни ( вакво нешто не памтат да се случило).
    Хаос…
     
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.076
    Допаѓања:
    18.999
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно каде живееме.
     
  15. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.205
    Допаѓања:
    3.975
    Пол:
    Женски
    Африка.
     
    На zverkica, MilaSs12 и BellaBibi им се допаѓа ова.
  16. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    5.068
    Допаѓања:
    42.786
    Пол:
    Женски
    Ај на матичниот(иако не оправдувам) сеедно му е дали ќе издаде потврда или не. Ама родителов, која душа ја има да пушти дете болно па и со тт во градинка. Зар нема да го мисли, што прави детево,како го оставил таму? Најверојатно таквитр особи се без чувство. Абе јас еве недела дена не сум ни спиена саглам, едното измрсулавено, само проверувам да не е топол, да не грчи, чистам шлајм, ноќе да не му е затнато носето, другото еве го ларингит има со баба им не се застанати, од мене не се делат, не па да ги осгавам некому болни.
     
    На Oneo, mssuniquee, Coco31 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Се е до совеста и дали имат некое ''Р'' во главата.
    Кско некни, стрина ми ја донесе внука и, од сестра дете, да си играт со мојата и нејзината ќерка, не била на школо, повраќала и стомак и глава ја болело.
    И наредниот ден и ќерка и имаше вирус со се температура и 300 пропратени работи.
    Стварно незнам со кој памет мешаат здраво и болно дете.
     
    На Eli23, lovely91 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  18. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.006
    Допаѓања:
    4.878
    Пол:
    Женски
    Со памет што нивното секако е болно баш ги е гајле за другите ..
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    12.006
    Допаѓања:
    179.748
    Пол:
    Женски
    Утро мајки :f:
    Да ве поздравам само , деновиве некако све турбо. Ги користиме последните сончеви денови и све негде сме кинисани. Бевме и до Паралија на два дена. Не толку за бањање колку што имав желба да се акам по тезгите таму :)
    Изнакупував секакви глупости. Демек попусти нели , ама па многу непотребни работи земав :sweat:
    Ај ќе се најдат некогаш за нешто :)
    Татко ми е овде , не спие кај нас де, ама доаѓа чат пат на ручек, кафе . Си дојде човекот 21 ден да си прави терапии во Негорски бањи (facepalm)
    Многу му било убаво и ефтино :)
    Го молевме кај нас да спие и да оди таму на терапии само, ама Не. Он си сакал таму да си се дружи со пензионерите.
    А што ќе се дружи не ми е јасно , таму се све болни , не се ко него само половината да ги боли :)
    Ама ај, нека тера .

    Синко се спрема за одење изгледа. Нон стоп е на нозе , шавра низ собите , лази како моторче да има во газот .
    Имаме прагови од соба во соба , ама тоа не му е никаков проблем, ептен е вешт во преоѓање на прагови :)

    Му излегоа уште 3 заби горе . Сега има 5 вкупно. Лесно ги извади пупу. Само многу лигави , па нон стоп сум со лигарник во раце.
    И на велико кажува мама и баба,постојано си шљамка нешто. И многу се смее , ама навистина многу. Маж ќе му покаже прст ќе му се насмее и овој почнува браво да прави и се смее:)
    Многу ми е интересен.
    Од на ден е све поразличен и поразличен. И ми се чини дека секој ден расте.
    За вчас му омалуваат алиштата.
    Кој што чини јас само полнам ќесиња и ги тргам на страна.
    Ме фаќа нервоза кога ќе видам колку алишта останале необлечени или само по еднаш носени.
    И никако да ми дојде ум. Само нешто купувам , нарачувам ...
    Маж ме кара ама џабе.
    И јас го карам коа ќе ми прави залихи од храна и не знам ти што па кој ме слуша. Помини замини од маркет ќе дојде со 5-6 шишиња зејтин и некое кило сол.
    Урлам коа ќе го видам.
    Така ми направи коа фати короната. Една соба имавме со тоалет , сапуни , макарони , конзерви . До скоро го Трошев тоалетот од пред 2 години купен :sweat:
    Свашта !

    Да му дадам доручек на синко па ќе го изнесам во двор. Имаме насадено марулла за продавање па ми оставија обврска да ја навадам. Цимерите ќе одат на грозје берење. Па кај и да е ќе се вари ракија :sweat:
    И маџун , дедо ќе му направил најубав маџун на имењакО:)

    ОдоХ мајки
    Со помин на болничките дечиња :l::l:
    Нека проаѓа со лесно
    Гушкајте се :f:
     
    На marchi-cool, 24.07, viniMini и 22 други им се допаѓа ова.
  20. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    106.435
    Пол:
    Женски
    Здраво и од мене:l:
    Со години ме нема на темава, многу нови мамички има, некои можеби ме знаат :wasntme:
    Моите веќе пораснаа. Големата со пубертетот на врата, најмалиот прваче. Го однесов средниот на училиште сега, уште некое време јас ќе го носам и земам, иако бара сам да оди, не ми се пушта, три улици треба да префрла а нема другарче што е блиску бар да се заедно.
    Читајќи ве за бебуши и дечиња во градинка, си се присетувам за времето кога ми беа малечки и кога активно пишував тука. Верувајте, како растат, растат и обврските околу нив. Секое си бара посебно внимание. Што од училишни обврски, што од приватни активности, си сака да му се посветиш, па друштва да си во тек со кого е каде е, со кој пишува што пишува. Настрана што имаат родителска контрола на уредите, со многу посветеност, разговор, достапност градам однос во кој стекнуваат доверба, да се чуствуваат блиски со мене да ми се доверуваат, а не да сум извор на страв и да ми кријат. Лесно не е воопшто, времињата во кои живееме сега се многу поинакви од кога ние бевме деца. Секогаш ми доаѓаат зборовите на баба ми, која често вели - да израстиш едно дете е како да ископаш еден бунар со игла.
    Гушкајте си ги дечињата мамички, уживајте во секој еден момент поминат со нив, навистина преееебрзо растат.
     
    На marchi-cool, tina2018, Chantal и 20 други им се допаѓа ова.