Имам едно прашање: Дали гости кога ќе ви дојдат гости (да го видат бебенцето)-новороденче, намирисани со парфеми, со колонски...итн му смета на бебето? Или јас за бадијала се нервирам и не игра некоја улога..? Јас лично кога се мијам ставам крема за лице и раце без мирис, дезодоранс стик без мирис... што знам, така беше за в болница правилото и сега тие неколку работи и дома продолжив да си ги користам по тоа правило е некако ОК ми е и мене и се чувствувам и јас некако спокојно и пријатно. Бебчето го знае мојот мирис.. Но некни беа комшиите едни (млад пар, мн сме блиски) и иако немаме упте 40 дена поминаа да не видат. Ок , ако ...секако сне биле и ќе сме со нив секој ден заедно па беше незгодно да ги одбиеме, но напарфиморани ...па и сакаа да го поддржат. Вечерта дојде едниот дедо, и тој се средил душата све, ама станот на колонска мирисаше цел ... Дали претерувам? мислам, никому ништо не реков-но цело време си мислам на тоа
И јас ништо не ставав да не и смета, креми додуша исти користиме со нејзе, ама парфеми не сум ставала, освен атиперспирант . Мене ми смета кога некој е избањат во мирис, ама од гостите ништо не му е. Ехе колку работи сега ќе почнат да ти сметаат и да замеруваш, а се безвезе и не можеш да им кажеш немој парфем да ставиш. Твојот мирис ќе си го знае и со парфем и без парфем не се секирај.
Бебе е нецели 7 недели и е преслатка. Ама како тазе мама ми е многу напорно. Дење само во раце спие, навечер се мачи со грчеви. Од кога се породив не сум спиела повеќе од 4-5 саати, и тоа најчесто расцепкани. Пред некој ден многу ми се слоши, снемав здив и мислев ќе се онесвестам. Неколку дена ме заменаа мм и свекрва ми по саат два за да дремнам, па малку се опоравив. Бебе имаше инфициран пеленски осип, ја мачкам со антибиотик и антимикотик, неколку дена има пролив, денес мм носи пелена во микробиологија. Знам дека е глупо, ама цело време се преиспитувам дали е моја вина, многу ми е жал, а морам да прифатам дека допрва ќе се разболува како секое дете. Некогаш можда и ќе е моја вина. Грчевите друга приказна, од втората недела како почнаа, кога почести кога поретки, ама си ги има. Давав колипрев без резултат, ама мислам дека згрешив, нагло ги прекинав, се прашувам дали тоа и направи дијареа. Се надевам нема да и предизвикам нетолеранција на лактоза за цел живот. Како што го пишувам ова сфаќам колку претерано звучи. Цело време се мислам дали грешам нешто, во спиење, во јадење, во менување пелена, во играње... Од друга страна осеќам дека се губам себеси од што цел фокус ми е на неа. Професионалните амбиции ми се на пауза ставени на неодредено време, се борев да сменам кариера долго време и само што стигнав блиску забременав (планирано), пак се оддалечив. И како што го пишувам ова си викам колку сум неблагодарна, си имам бепче преубаво што го посакував долго време, а размислувам на работа и кариера. Ама не сакам да ги потиснувам мислите и чувствата, имам искуство со потиснување и никогаш не завршува добро. А и некаде во позадина цело време работи економската криза, поскапувања, и како ќе издржиме ако не се вратам на работа за брзо. На позитивната страна, бебушка се повеќе се смее, гуга, има обрафчиња и бутчиња и е многу слатка. Секој ден се повеќе и повеќе ја засакувам. Фантазирам дека ќе си играме, ќе си возиме точак, ќе си одиме на пазар и на сладолед. Измешани чувства во комбинација со недостаток на сон. Одлично комбо што би сакала конечно да го надминам.
Уживајте мајка. Мала е уште. Не се враќаат тие моменти. Макар биле преуморни. Мојов 9м наполни, на почеток исти чувства имав, како да се изгубив себе си(од преактивна на раб3, останав дома) со долгочекано бебе, а се уште не бев пронајдена во улогата на мајка, мислев дека не знам што правам и како правам. Како мине време се посигурна ќе стануваш во одлуките за бебе. А како ќе мине време да се тргне на работа се почесто мислам како ќе се снајдат без мене(како крај на свет да е, како само јас да знам како со него). И се повеќе сакам да сум со него.
Мајки да шкртнам и јас, последнове неколку дена ми беа ептен тешки. Бебуш е права лепенка за мене. Како почнавме само со доење значи се научи и на цице си бара да спие. Ансе тргнам од него одма плачење. Страв ми е и да излезам со количка да се прошетаме зашто е таков. Додуше последните денови толку бевме окупирани со спремање свадба (не наша) што немаше ни време за шетање. А за свадбата - не ме ни остави во ресторан да идам, маж ми сам оро водел. На фризер - вртат плачел. На шминкање истото. Кај невеста дома пак ме станаа од асталот. За во ресторан го спремивме и ај да идам и јас да облечам фудтан, кога почна да плаче маж ми не' остави дома, какво одење. А и тој се врати во 10. И ајде вчера да сме се собрале сите на кафе - таман се облеков, се фаќам заквака и погодете - бебуш плаче на цел глас. И пак маж ми сам отиде,а јас останав со него да си плачам. Па после ме фати грижа на совест зашто бебушко ништо не е крив. Само сака да сум до него. Не дека и јас не сакам да се гушкаме и галиме, ама сакам малку и да се излуфтирам. И така.
Колкаво е бебето? Дали има некој воспоставен ред на доење? Кој ти го причувува за да појдеш некаде? И јас така не го оставав бебуш ич сам па кога ми дојде јајцето на газ да морам да одам во болница за некои анализи види Бога ти како не плачело по мене, како успеале да го надојат со одмолзено млеко или адаптирано, а најчесто и спиело подолго кога не сум била дома да му давам цицка во првите 10 секунди кога ќе отвори уста за плачење. За болдот ако требало да оди со вас, го надојуваш, се облакаш и одите, не може постојано да е со градата во уста, сега ваљда не е бебуш две недели стар Инаку лепенката си ја возев јас во количка, надоен од дома знам имама час иполовина најмалку за да прошетаме, ако врисне го земам, седнувам на прва слободна клупа и го дојам, секогаш покомплицирано ми било да најдам облека соодветна за доење во јавност а да одговара на приликата отколку дали да го носам со мене,дали да го оставам, дома, кој да го чува, што да му даде за јадење, како да го успие
46 дена е. Порано кога дававме и ад свекрва ми го причувуваше, ама како сме со доење си се научи на цице да спие. А сега немаше кој да го чува, зашто сите беа уште побитни гости на свадбата од мене. И така си седев дома. Ама вака за излегување ќе видиме дали ќе сака со свекрва ми да седи. Знам кога му дававме мое измолзено малку се мрштеше на почеток.
И јас да чкртнам нешти брзински. Синко утре полни 9 месеци, пројдоа за час како и на сите други мамички што брзо им лета времето. Синко си расте со брзина на светлината, во рок од еден месец прво пролази, па другиот ден седна, извади 2 заба, уште 2 се готови да излезат и почна пред десетина дена и да стои. Сака дете да оди веќе хехехе, се дрпа за мене или за креветот и сака да се исправа. У петок сум на ортопед па ќе видиме какви насоки ќе ни даде за проодување. Паднавме во несвест за првото запче, а тек за проодување на инфузија со маж ми ќе не носат хахаха. Почна да вика мама, баба и аба (тато), се повеќе разбира што му збориме, сака да јаде со нас на маса, во количка кога се вози знае и за раче да се држиме, абе пресладок ни е! Нека е жив и здрав, газот да му го јадам хехе Инаку денес прв ден на работа ми беше, прв пат се одделив од синко, сабајле солзи ми дојдоа и киднав низ врата. Свеки го чува ама пак ми е тешко. Башка кога го видов на камера во соба како спие сам на кревет, уххх ептен ме фати жал, како не сум си сега до синко да си лежам и да си го чувам...абе тешки емоции имаме ние мајките...добро де...малку сме си и луди нели? Кога се вратив дома синко се израдува и де изгушкавме убаво, го наручав и правец двајцата во кревет на спиење,ухх ми се врати срцето на место. Него да си легнам, треба рано да станам за на работа...добра ноќ мамички, гушкајте бебчињата
8.350 баш денес го меревме на контрола. Матичниот вели добро си напредува, да не се стресираѓ многу. Почесто, по малку да го хранам..
Добар ден. Дојдов да се пожалам. Не дека нешто се фалев претходно ама вчера и утрово врв. Деновиве некако опуштена бев во однос на хранење на малишанка моја, и нудев повеќе избор и што касне тоа. (Со по 1-2 ракивчиња на ручек ) Вчера дојде баба на гости и си реков не се замарам многу за денско спиење, кога ќе сака тогаш. Бидејќи секогаш јас ја зимам и ја носам да ја успијам, ....никогаш не покажува знаци за спиење. Па имам чувство дека за мене мислат дека сум некоја која го тера детето да спие а не му се спие. Беше превозбудена од баба и нема абер за спиење. Јас ја носам во спална она се симнува и оди во дневна. Прво заспивање во 14ч. Ми пукна филм од квичење и излегов да пазарам, се враќам она се успала кај баба во раце. Спиеше до 15.30. Си викам таман вечер до 21 ч. Ќе се успие. Абер немаше луѓе до 21.30. И давам млеко она го истура. А јадеше во 20ч чоколино (70 мл....абе се прејаде мислиш ). И така во круг до 22.00. Почнува да плаче за спиење и не сака да се успие. Искрено не знам како се успа во 22.45. ....ми се идеше да испокршам се дома од нервоза. Башака баба кај нас, абе лудило. Ноќеска цела ноќ кенкање, вртење, плачење. Ќе направам млеко, ќе цуцне малку и толку, во канта. Сабајле уште во 7 почна плаче кенка со затворени очи. 1 саат во раце ја држев за да спие и ми пукна филм и сменив пелена и стана. А баба цело време коментира вие не знаете да ја нараните дрн дрн демек се и бранам....е ај ако не па да и дадам ресана да јаде а она ништо од оброк не јаде. Сабајле ги оставив да јадат тарана и излегов. Се враќам баба нервозна....абе ова дете ништо не изеде. И пуштив и телефон ама џабе. Не сака и не сака. Плаче. Еееее викам нели не знаеме како да ја раниме (демек бебешки храни сме и давале). Викам гледаш како е, а не ми веруваш. А она препотена. Па она излезе на воздух. Абе хаос. И дадов Чаша јогурт 60мл де. Па кенкаше за спиење деКа недоспана. И конечно се успа. Белким 1 саат ќе дремне. Преодна фаза изгледа ќе крати на 1 дремка, ама тешко ќе е. Пошто не е некој спијач. Мака ќе мачиме. Се изморив пишувајќи.
Сабајле почнав да пишувам да ви се пожалам за денов, ама не стигнав ни да се допишам, ме пресекоа со уште лоши вести. Покатастрофален ден не сум имала. Бев на интервју за работа, излезе дека сум добила погрешни информации за работата. Ајде тоа мина, ми објаснија што, како, зошто е тоа така. Сѐ на се ок излезе, ќе видеме дали ќе се јават за од понеделник. После тоа па на испит. Последен требаше да ми биде. Ха ха. Можно е да ми дадоа погрешен тест, ништо чудно. Ај шо самиот испит си немаше врска со тоа што го имам учено, со книгата, со ништо, туку и добив напад на астма на сред испит. После толку време. Лелее не се дише луѓе, едвај се смирив, мислев дека ќе умрам. Таман излегов од испит, ми ѕвонат од градинката. Одма да дојдеш, детево примира тука. Како да дојдам бе луѓе кога не сум ни во градот. Ме испаничија лвл 100000. Си дојдов, го земам, ми кажуваат така и така одма на лекар, ич не е добар. Идеме на доктор, вика абе на детево ништо не му е. Па и денес божем на заболекар ќе идев, ама ваква никаква нема шанси. Ќе треба да одам кај матичниот да се консултирам за астмава и за дишењево. И онака бев настината, мислам од нападов уште толку ми се искомплицира.
@brm_brm глупо е да речам дека те жалам или не знам ти што, ама баш сочувствувам со тебе. И со сите мајки чии дечиња се нејадачи. Претпоставувам колку е нервозно, имав во фамилија нејадач, сите се нервиравме. Ама пројде и тоа , сега си лапка, скоро па на ништо не се наоѓа маана Знам, лесно е од страна вака да ве тапшаме , ама што ќе правиш . Стисни заби и издржи. Ќе мора да пројаде еден ден. Јака си ти , многу помина , се изнамачи и дур ја земеш во раце. Ќе биде, све ќе биде Д утро Мене веќе срам ме фаќа од комшиите. Почнавме во 5 ипол да стануваме А у колку да станеме , коа он си легнува у 7 ипол , a мама и тато у 9. И во 05 кукурек свежи Еве го , грабнал една играчка у раце и се кара со неа Испи само 90 мл млеко , белким ќе издржи до 7 ипол за доручек . Ќе правам јуфки и денес за доручек . Неќни му дадов за вечера,маф ги направи . Мислев дека ќе се грозни , дека мајка ми ги сукаше со адд млеко , ама не се приметува , можам и јас да си ги лапкам На него со урдичка и км, за мене со грутКа овчо сирење Утре полниМЕ 9 м Кога ли летнаа бре луѓе Јас уште се радувам за позитивниот тест за бременост , нема нема па ќе си го погледам малку и ќе си поплачам. Па ќе си го уклучам видеото од пораѓај и на тоа ќе плачам. Па ќе срипам и ако спие у тој момент ќе си легнам до него и немо ќе го гледам без да трепнам И одма земам да му звонам на мм и све е тој муабет - леле Бубо, многу е убав нели Најубав е Бубе, гушни го од мене ќе ми рече и ај, многу сум у гужви ќе се чуеме покасно Одам да му сварам кафе на маШ. ГосподинО прво се тушира , се бриче...па сака врело кафе да има на масата коа ќе влезе у кујна Многу го тинтрам, треба малку ред да му ставам и него . Ама ај...нека ми е жив и здрав и он ,. Ќе терам вака уште некое време . Коа ќе иде у пензија све ќе биде другачие Гушкајте децата мајки
Добар ден. Големата во школо, малото спие. 15 мин го заспивам, а спие 5 мин. Маж на работа, цел ден сами ние. Досадно. Се исто во круг. Се навлеков на серии турски, дека само телевизорот е цел ден дома. И работа во кујна, организирање, прередување. Патем, коа сме кај тоа, имате ли некој систем на редење во елементите, ова долу, ова горе итн? Молзам. Полна во сон да фаќа мали без силиконска брадавка. Тоа откако го сменив шишето ,,како града шо е" со пообична цуцла.
Добар ден и од мене. Ги заспав двете Да каже @mal.ecka некој совет што да правам со двете за спиење, дека Бардовци не ми бега. Едната заспала, другата плаче, па другата станала и ништо од спиењето.. Ни денски да одморам, ни навечер. Не знам ни јас како функционирам, а кај е средување дома, ручек.. Поголемката проблем со ноџето што и влезе влакно, ај тоа го решивме, вчера после бањање ја средив и облеков памперс после 1 час што ќе видам газето и дундето жар црвени, па тоа плачење дека ја боли едвај ја средив и заспа. Денес гледам мозолчиња на дундето на помалата.. му праќам на маж слика и му пишувам погоди од кого е Тој пак се чуди како двете деца со осип се, ама различен. Решив на поголемата да и го тргнам памперсот, и џабее. Два пати се измоча на ламинат.. јас немам живци,навистина не знам како да ја одвикнам а за нејзино добро е, до сега многу креми и памперси сменив.. од урината се прави жар црвена. И така, да си покукам јас Понатаму ваљда подобро ќе биде @Freckles. На свадба не сум била 3 години. Од кога се роди поголемкава. Секаде ја носам ко привезок, на почеток и таа беше така со цицето, затоа за второво сакав комбинирано, ад и доење, не ми беше толку да шетам колку тоа да можам да го оставам дома за некоја потреба, до лекар ли и итн. Испадна малечкава не цица и е на ад. Раат излегувам, вчера и завчера со поголемата на лекар бевме. Ја нахранив малечката и 3 часа знам сум слободна. Муабетот ми е,има некои деца што се така лепенка за мама. Во случајов твоето е мн мало и нормално е, ама понатаму оставај го бар 15мин со други, за да се навикне А не ко мене, се здробив од плачење за поголемката кога лежев во болница, дека не бевме ич разделени.
Најинтересниот дел кај заспивањето, таман мислам заспала цврсто ја спуштам на кревет. И јас од една страна легнувам да се покривам да спијам, таа од друга страна станува. За силиконските баш и јас сакав да те прашам истово. Деновиве одбива да цица со силиконски нудам без си цица. Е сега колку цица појма неам. Слушам голта. Од Едната страна ок е, ама од другата и одеше потешко и затоа почнав со силиконски а и ради јазичето по совет од педијатар. Ма да гледам убаво си влече без нив, ама јас се навикнав со силиконски дека гледав колку млеко тече и бев во тек. Вака ништо не се гледа
Вчера у спиење сам фати. Се чудев. Некогаш нејќе силиконска, некогаш нејќе брадавица. Да се мрднеш. Ќе пробуваме се со ред.
Hiiii Јас сум тука да се изнапофалам. Да ви кажам од старт Моето големо бебе, мало дете денес прв пат остана да спие во градинка. Абе не можам да ви опишам колку беше среќна, весела, насмеана кога ја земав. Почна да јаде во градинка. И ДЕНЕС ДОМА ИЗЕДЕ ЦЕЛ ТАЊИР БЕЗ МОЛЕЊЕ И БРКАЊЕ И ПЛАЧКИ. Кој се занимава со деца нејадачи, и те како ќе ме разбере колку сум среќна. Така другарки, се надевам дека ќерка ми ќе ја држи желбата за јадење без да ми скака на глава и да фрлам храна оти ми е веќе здосадено А да, и малото големо човече веќе почна да стои сама на подолго време. Ќе застане и ќе се израдува и ќе трупне со газот долу па ајде пак станува. Пре сме шна ми е. Денес цел ден сум нешто среќна. Само да не ми е некое затишје пред бура расположениево Маж го нема по цели денови, и ќе го нема повеќе од месец дена. Си ставив сликичка од него до кревет, да си го гледам, оти вака изгледа ќе го подзаборавам малку Не сум навикната да го нема по дома, ама од друга страна па сум заборавила како е да уживаш во тишина со кафе и цигара. It was niiiiice
Исто и јас во дилема дали и колку јаде без силиконските, па пак и ги ставам викам ајде до месечната контрола да видеме како сме со килажа напреднати, а и пустото дека од болница со силиконските сме, многу ме болеа брадавиците без нив ауууу. А што убаво без нив немора на секое да ги мислиш за чистење