Зошто пробувате без силиконски брадавици? Така треба или по ваша иницијатива? Јас го сфаќам доењето како уживање за бебе и за мене, не само еднострано. Многу ми е убаво и пријатно со нив. Единствена маана е што перам, стерилизирам на секое. Пробав неколку пати без, бебе не пребира, ќе почне убаво да цица и по некое време пак само брадавицата ќе ја фати како хрчак и до мозок ме боли. Лошо ли е со силиконските да функционирам на долг рок? Како пратени од Господ ми се
Убаво ти пишала @fana Битно е на бебето како му одговара ние ќе се прилагодиме. Не ми е тешко ни досадно миењето. Навика ми стана веќе.
Супер е. Бевме на доктор, си ја врати родилната тежина. Да не урочам. Почна и дупки по облеки да прави, за две недели се ми надрасна.
Јас го дојам веќе 15месеци со силиконска. Никако не фати града без нив. Единствен проблем до сега ми бил што како расти, има повеќе сила и многу влечи. Брадавката се тегни многу и искрено баш е болно. Среќа имаме 1-2 ноќни подои само, денските ги скративме сите. Да го доев 5-6 пати на ден, не би издржала.
Може да влијаат на лактација ама не мора да значи. Некои цел доенечки стаж се со силиконски. Врв на доење е кога уживаат двете страни. Ако немаш мака со лактација терај со нив.
Не сум добра. Не сум добра ич. Многу се секирам за децата, свесна сум дека претерувам. А чувството дека може да пропуштам нешто и да им се случи нешто, не ме пушта. Полудувам и тешко ми е.
Пробувам без силиконски бидејќи ми се смачи и ме притиска околината со коментари. Прави да се двоумам дали сум пробала се, па ме тера од внатре да се обидам
Теди тргај ги тие мисли, гледај почесто да си со луѓе да немаш време да размислуваш. Мене еден период ме фати така со лоши мисли Што ако им се случи на децата нешто Што ако ми се случи мене нешто ,како ќе живеат тие.. итн. Во тој период нешто реновиравме дома,па и некои други планови за на пролет што да средуваме правевме и некако гледав да мислам на тие работи повеќе и што поретко да сум сама, зашто како размислував се повеќе бев за никаде..
Исто и кај мене. Прво беше зошто му даваш од шише, не се трудиш доволно. Треба цело време на града да биде. А сиротото ненајадено. После им викаш имам рани, поубаво ми е со силиконска, ти праќаат разни мелеми од стари баби, како да нема креми на пазарот, само за да го доиш без. Не знам како си даваат луѓето за право да коментираат за твое тело што да правиш. Како да не се доволни хормоните што те пореметуваат, уште сите се прават најпаметни и ти кажуваат што треба да правиш.
@Eli23, како ги трпите не ми е јасно. И ја исто како вас ѝм ќутев сѐ додека еден ден не отерав све у курац (pardon my French) и продолжив да терам по мое. Ем ја мирна, ем дете мирно, а сите заќутеа. Да видите како одма се смени сѐ на подобро. Кој совет - доста молчите и трпите. Мислам, ако не ви смета
Околината батали ја. Ако имаш доволно млеко тогаш не се оптеретувај. Доиш и тоа е битно. Што па им се правдаш како доиш? Пробај за некое време. Некои бебиња поголеми успеваат без силиконските.
Можеби ти кажала да те мотивира. Реално замарање е со силиконски. Јас доев три пати и ми беше досадно на секое да ги мијам.
Мислам дека во мајчинава природа е да се грижиме постојано да не се случи нешто. Ако осеќаш дека ти станува опсесија, те советувам да посетиш психолог Во меѓувреме гледај да се окупираш како што спомна Кате, со други работи. И поврзани со децата, и лично само за тебе. Кафе, фризер, шетање, нешто што ти одговара на тебе. Да ги тргнеш тие мисли на некое време Мене лично периодов што ми следи ми е малку паничен, како ќе биде, што ќе биде, па што ако се деси ова, она.. ама на крајот од денот што и да биде ќе се избориме.
Се изнервирав, купив 2 пара тренерчиња за бебе од 2 месеци, големина 6-9 месеци. Е сеа после перење му ги облакам, до колена. А ги нарачав онлајн од Мапет кидс. Се нервирам, којзнае дали ќе се заменат, плус по интернет нарачка. Од другс страна пари фрлени...
И јас се што сум нарачала од Мапет ми се смалува по сушење во сушара. И сега минатата недела пак нарачав и тоа 12-18 го исправ, исушив и таман да си го носи сега на 10 м.