Дел од стварите ѝм се такви, дел се супер. За на тепка и ја веќе не нарачувам гардероба од таму. Дел се смалија, на некои ѝм се испра буквално сликичката (на овие тренерчиња со Џери како грицка сиренце преслатки, Џери го снема после перењето ). Спојлер: Слика Едни шпикозни што викате намерно купени 2 броја поголеми, штом ги исправ еднаш ги облече и толку.
Ама таму секако се помали калапчиња. Едит: и по самата цена се приметува квалитетот. Имам порачувано доста работи, тие шо се поевтини не се воопшто квалитетни, а поскапите да. Последно 2 пара тренерки од по 700 и 750 ден порачав, ем зимски дебели, ем супер му се погодија, квалитетни. Само шо земам 2ка за дете од годинка.
И јас дојам со силиконски, едно што бебе уште во болница пиштеше на града и нејќеше да фати, друго што од доење на синко и лошо поставување на града (дека прво дете, мајка неискусна) печалив такви рагади на десна дојка да парченце ми фалеше од брадавица . Дури и сега преку силиконска кога ќе ја наместам лошо ме боли исто како со синко. Искрено и јас не знам што би правела без нив. Не знам дали влијаат на лактација, ќере последниве недела дена е на ексклузивно доење, претходно беше со АД после подој 1-2 на ден. И јас секаде читам како ги навикнуваат мајки бебињата на доење без силиконски, ама јас искрено не можам ни да се замислам без нив... се надевам нема да штети да си продолжам со нив
Мапет ич немаат квалитетна облека, плус сум приметила со 200 ден се поскапи од другите онлајн продавници. Истите шпихозни кај нив 600ден , на друго место 400. Квалитетно што не се собира кај нас само од ваикики се погодило
Здраво мајки. Некако едвај наоѓам време за да пишувам тука, ептен кога имам некој проблем па така и сега само ќе се жалам. Мака ми е од тоа што да не навредам некој, после јас си патам. Само се прашувам како може народ без осет да е, ама јас сум си крива. Скоро 3 недели бевме кај мојте, маж ми е во странство. Последниве месеци некако не се осеќам и психички многу добро кога останувам сама, ме фаќа страшна нервоза бидејќи секој ден ни е исти и вака подобро да бидам кај мојте па и имам помош. Во куќава не сум сама, по спратови различни живееме ама немам некоја преголема блискост па и одкако сум породена се сами со маж ми, а сега па сама јас и подобро ми е секако во таа смисла. Дојдов тука пред 3 дена на маж ми слава па ајде нема смисла. Кога дојдов пола куќа настинати и тоа убаво, свекор ми го гушка, бацува бебе. Му велам не му се доближувај толку блиско, ме погледнува и ме прашува зошто? Па зошто си настинат му велам! А, ништо страшно бе ми одговара! Детето на етрвата ептен настинато па не го праќаат и во забавиште. Ама кај нас дојдоа, ќе седело на страна. Вирусот е со неа па и кај и да седи. Да не ме сватите погрешно децата многу ги сакам и цело време со мене беа, ама ова моето е мало што после несмеам ништо да му дадам. Ми велат не е страшно, еее па немора да значи дека ќе прифати и бебето. Денеска цел ден е плачлив само сака как мене во раце, си имал мака ете ми настина. Ми доаѓа сега да се јавам и да ги направам лом. Толку се нервирам што сега пак јас сама се ова треба да го поминувам, додека нив ни беше сеедно ко бајаги јас ни го бранам детето. Може конечно ќе сватам дека треба само за моето дете да си гледам, како сите што си прават.
Здраво мами, Конечно и јас да пишам во темава. Кога бев бремена често знаев да навратам на темава да си читкам и душата ми се полнеше, едвај чекав да се роди и моето мало и јас да ги доживеам истите моменти. Ние имаме 16 дена веќе и морам да признаам дека почетоков ми е премногу тежок, полн солзи, неспиени ноќи, напорни денови, тешки мисли за тоа дали сум добра мајка, дали правам сѐ правилно и слично но, на крајот од денот кога ќе погледнам во неговите мали очиња мислам срцето ќе ми излета од љубов. Не знам дали е период и дали поминува овој психички и физички умор, но често се плашам дека поради истиот нема да дадам сѐ од себе за моето малечко.. и највеќе ме убива овој период до 40 дена, сите напнуваат никако излегување до тогаш. Па така си седиме и си гледаме од прозор, чекаме тато да се врати од работа за да имаме со кој да си размениме по некој збор. Се извинувам за тажново мислење, се надевам дека наредното ќе е подобро додека се навикнеме и се снајдеме во новите улоги.. Дали кај сите е ваков почетокот и дали и вие чекавте до 40 дена за прошетка?
Почетокот кај мене беше исто така тежок, плус се мачевме со доење. Првите месец дена не ги ни памтам, како во бунило ми се. Инаку не чекав 40 дена никако, го вадев надвор по 15 мин барем. Јас мислам да го извадиш на воздух и за твоето ментално здравје ќе биде добро. Гушки
Тежок е почетокот нема на кој му е лесно и ние сме 29 дена, а тоа дека треба дома да седам а се чуствувам добро јас мало сутра, овие денови кога беше сончево надвор со количка ја шетавме и додека ја возевме не мрдна толку убаво и дојде на беба а и на мама. Да напоменам ако се чуствуваш добро ти и можеш да излезеш не гледам зошто да ги слушаш другите. Плус ќе ве фати воздух времето е топ сега само да не врни. И да напоменам царски бев породена ама се чуствував јас ок за да можам да излезам. Така мами ако си добра ти и сметаш дека треба да излезеш ич не слушај други
Јас ќе седев 40 дена дома, дали една недела издржав. Секој ден сме со бебуш надвор по два саати. Ужива, спие. А и јас можам да си бркам обврски. Ама затоа кога ќе дојдеме дома, од цицка не станува. Не е дека е ненајадено. Почнаа сами ко чешма да течат. Бев да купам нови облеки, се ми надрасна. Совет ако чита некој уште непороден, не брзајте со облеки. Барав за 3 до 6 месеци, бебуш ни месец има. Ни со пелени го стигам, ни со облеки. Ако, нека ми биде живо и здраво, па што ми е друго работа. Кога ќе ми текне прв ден кога дојдов дома, ми идеше да скокнам, се дерев по сите, не знаев што правам и што треба да се прави. Сега сум си горда на себе, релативно брзо се навикнав. Само се уште ги имам оние застрашувачки мисли. Цело време го скенирам бебето и ѕвонам по луѓе да прашам дали е нештото нормално или на доктор да го носам бебето. Особено кога ќе се засркне со млеко, срцето ми подзастанува. Битно многу си го сакам бебуш. Кога ми го земаат од раце, не знам што со себе. Не сакам на никој да го давам. Ептен сум посесивна. Дури и на тато реагирам. Само сакам кај мене да е и до мене да е. Уште малку ќе се бањкаме, само некако да го засака процесот на соблекување, бањање, мачкање со креми, облекување.
Тешко е на почеток и тоа многу, посебно тие 40 дена се највеќе тешки додека еден на друг да се навикнете, ама подоцна ќе се навикните. И мене ми беше тешко и тоа многу си мислев како ќе го чувам бебево, ќе можам ли, добра ли мајка сум дури и плакав некое време, ама еве ми помина се навикнавме една на друга и не ми е страв повеќе.
Нормално дека е тешко, пред се затоа што имате нова улога, мајка. Најпрво вие треба да се навикнете на тоа. Посебно ако е прво бебе. Дали постапуваме правилно, дали сме добри родители, многу дали... И со второ бебе е слично, стравот е ист, само што му доаѓа некако како реприза. Грижата на мајката кон децата секогаш е иста, и кога се мали, и кога ќе пораснат и кога ќе остарат. Најдобро е сами вие во главата да си зацртате дека сега ја имате најубавата улога, дека токму тоа малечко суштество ве одбрало токму вас да бидете негов вечен заштитник, негова потпора, негов свет. Цела тежина и мака се заборава кога ќе ги видите тие светли очички и невина насмевка пред вас. Затоа уживајте мајки
Добро утро мајки на најмалите човечиња на форумот Да шкртнам во мојот Фемина дневник Моја беба денес за прв пат ме поздрави со гугање, смешаци и секакви убавини за добро утро Се стопив готово, заборавив на спиење и идам кафе да си правам. Убав ден на сите
Хола момстерс Есенски љубовен поздрав. Девојката ми почнува во градинка. Веќе е заљубена во учителот, децата не ја занимаат. Цел е со тетоважи, и во нејзиното детско главче тоа мора да е премногу интересно што по дома само си ги шкртка рачињата за да биде како него. Со бебо во вечна борба со себе си. Да го заспијам за да одморам и да издржам да не го бацам дур спие оти ќе се разбуди. Признавам почесто не издржувам. А тој е толку кроток. Мирно поточе. Со него се е толку лесно. За разлика од неа, која и ден денес е брза река. Од првиот момент кога ја допрев, сеуште е луда трчаница. Со него пердув мекан, како за се да се има време. Како светов да функционира по сосем друго време и темпо. Исти, а толку различни. Утрата ми се најнапорни и истовремено најшармантен дел од денот. Делам кафе со фрустрации и љубов во иста мисла. Живеам за кратките оддишки оти тогаш гледам и чувствувам се синхронизирано. Остатокот, се вртиме во бубањ од емоции. Час фрустрација, час љубов, а во животов само боја посакувам.
Мајки незнам дали прашањево е за тука но морам да прашам .. Дало на некоја мајка после пораѓај царски рез папокот и станал црн катран???? Јас добив на 40ти ден и сега го приметив многу премногу дури застрашувачки изгледа.....