Како црн? Мене папокот ми е темно кафеав сега. Природно сум породена. Ама знам дека таа боја како и линеа негра ќе ги снема со тек на време, така ми беше и во првата бременост.
Да прашаш гинеколог најдобро Штом не боли, би требало да не е ништо страшно, ама за секој случај консултирај се
Ај малце посмејте се на мојот памет и давајте совет. Купивме кенгур (https://www.encimenci.com.mk/kengur-nosilka-hip-seat-denim-chicco-791470900) уште додека бев трудна, и пред некое време маж ми го пробувал и оставил во дневна. Средував јас низ дома, го видов него и да го спакувам викам чекај овој сунѓеров внатре да го фрлам стои уште неотпакуван кенгуров(ја фрлам подлогата на која е предвидено да седи бебето- види слика), а ќе го користиме каде и да е. Е сега, маж ми денес го пробува и ме прашува зошто фали тврдиот дел како седиште од кенгурот и мене ми текна дека го фрлив, а ѓубрето веќе замина и така сега ја немаме потпората и не знам како и дали може да се замени тој дел… Давајте совет што да се прави, многу сум смотана ама не ми ни текна тоа е…
зашто носилки реално се за помалецки, да не држиш во раце. За вака големко ко на сликата, не е страшно. Не ти е неопходен
Стругај мајка гадно е тоа, кај мене така беше. Прво мислев дека е нијанса на кожата ама испадна гадно. Исто царски. Претпоставувам дополнително дека е и од јодот што не мачкаат пред царскиот.
Јас имав од золва ми кенгур. Додека беше малечок двапати го ставив тој цврст подлога дел, кога беше свртен кон мене. Сега веќе не го ставам ми пречи, не дека многу користам кенгур ама за до продавница на брзинка некогаш и не го ставам веќе тој дел, дури ми смета, претесно ми е со него, а веќе на напред гледа малиот.
Папок не се струга никако. Инфекциите на папокот се едни од најризичните, хидроген и нежно бришење. А најдобро доктор дерматолог да види, и да е прљаво, не некоја инфекција, пак ќе се среди со хидроген. Од лично искуство, со треска бев кога решив еднаш така да го изрибам папокот и направив бетер инфекција. Качив температура, ми се воспали цел стомак и многу ме болеше, па почна да ми лачи секрет измешан со крв и пиев антибиотик и откако се смири со хидроген и една маст, мислам антибиотска го мачкав, едвај се смири. Од тогаш папокот миење внимателно и бришење нежно и со тапкање.
Кај мене беше гадно, темно. На бањање го нежно истругав, накиснат. Не мислев кој знае колку силно да струга. Сепак ако мисле дека е нешто инфицирани секако треба доктор да се посети, нели.
Нежно може, со пешкир или со мек сунѓер, оти пиша ти стругај и мислев озбилна си да му писне на папокот. Мора внимателно, и јас копав, трљав и докторот ме искара, ми објаснуваше дека папокот ни е најтенка врска со стомачните празнина, дека не смееме да го оштетиме.
Добар ден мајки Постов не знаев како да го започнам а да не бидам погрешно сфатена. Пред да останам бремена во поглед на бебиња јас бев дива никогаш не сум била дечар не знаев ни муабет што да им правам. И ради тоа имав страв и не се осеќав спремна да бидам мајка. Дури и мисли ми се вртеа колку време ќе ми треба да го прифатам и засакам бебето. Откако останав бремена омекнав ама пак ги имав тие мисли. Тие што ме дружеа во труднички памтат. Сега откако се породив јас не можам да се препознаам. Ќерка ми во мене разбуди друга личност. Преку ноќ станав дечар што збори милозливо што пее песнички и сака секоја секунда да биде со ќерката. Од личност што не погледнува бебе на улица, сега сум посесивна личност кога станува збор за ќерка ми. Пример свекрва ми дојде прееска и ме праша дали може со свекор ми да ја изнесат пред зграда да ја прошетаат. Ај реков може. Ама после цело време на прозор гледав. Сакам само со мене да се смее само мене да ми гуга само јас да ја држам. Не можам да се препознаам. Моментално сме 2 месеци и овие работи гугање смеење само со мене ги прави пошто уште е мала и другите сеуште не ги разликува. Моментално само јас ја уживам нејзината љубов. Но, што ќе биде утре кога ќе почне да оди да зборува тогаш сите ќе ги сака со сите ќе се смее ќе седи. Дали до тогаш ќе ми помине ова посесивно лудило. Ако не, како ќе се справувам да ја делам љубовта нејзина со други Убаво неделно пладне мајки
Прво ти е, многу е малечка и најнормално да се чуствуваш така. Ќе расте, ќе стане позахтевна ќе сакаш да ја земат да имаш малце време за себе, тогаш ќе бегаат сите
'Посесивното лудило' како што го нарекуваш ќе спадне со тек на време, но никогаш нема да го снема! Сите сме исти на почеток, дури сме и љубоморни кога со некој повеќе се смее отколку со нас мајките. И јас љубоморев и бев себична кога некој сакаше да го прошета бебето или кога им се смешкаше на други повеќе хахах. Со тек на време како расте бебето ќе станува и потежок за држење,позахтевно, повеќе внимание ќе бара и слично. И те како ќе ти значи да имаш кој да го земе и да го прошета еден саат надвор а ти на раат да се средиш,или кафе да пиеш или да де лакираш,чистиш...што и да е. Пак ќе ти биде криво што ти не си со него ама не толку многу како сега. Гушкај бебе мама брзо ќе порасне
Ќе пројде коа ќе сфатиш дека никој не може да го заземе твоето место. Мене ми пројде коа напраи 5 год малата.
Поголемката е 2 години, тек сега почнав да ја пуштам со свекрва ми до продавница, што значи за 10 мин дома да се, за шетање уште не. Само со маж ми ја пуштам. Помалово исто сега едвај го давам да го држат, ептен ако е некоја лоша ситуација со големкава.. ДијагноЗа ли е, мајчинство ли е не знам.. сакам да кажам не си сама
Добар ден мајкици. Ние викендашки на село,додека маж ги задоволува своите адреналински лудории, се вози со мотор Во двор малку, на воздух. Големово дете го фати некој грд вирус, изгоре од тт, па кашлање страшно кое сеуште трае, па течење на нос. Премногу ми е осетлив, нема самодоверба, еве деновиве болен е легнат зошто некое дете на тренинг му рекло дека не знае да игра фудбал и дека се многу среќни кога синко не одел на тренинг. Почна да губи желба и за учење, а е супер во тоа. Не знам веќе како да постапам, дури помислувам да разговараме со детски психолог. Многу е лошо кога ти се руши сопствената самодоверба, се ствараат комплекси и на крај доаѓа најлошото. Виновна сум, што не го научив да биде суров во овој свет, туку наивен и чувствителен и затоа сега има последици. Малово и тоа беше со шлајм еден куп, среќа намалија ама уште не е како треба. Се плашам да не ја утнеме последната доза рота. Секој ден ни се радува, ни пее, се закачка со нас.... веќе имаме бебче кое разбира. Јас разочарана од сопствениот изглед, стомак, задник и сите маснотии на мене, решив од утре да се ставам на режим. Се надевам дека нема да влијае на доењево, ама морам да заличам на нешто. Психички почнав да се мачам. Резултати ќе пишам за месец дена. Денес на мени уште бањање деца, малку да ппвтприме материјал со големиот и спремни за нова работна недела. Убав ден на сите
Добро е не сум била сама. Разговарав со некои другсрки колешки го немале ова чувство. И си викав што е сега со мене. Како што порано бев антиталент за деца. Ми било страв да ги фатам ни знсев што да им зборам. Едноставно бев на дистанца од деца најмногу ради моето не знаење како со бебиња. Сега со ќерка ми, сум тотална спротивност од ова. Фала на одговорите
Не сум опсесивна, иако така сфаќаат сигурно, колку што гледам дека не знаат како да се грижат, иако израснале деца и внуци. Поготово не сакам на пр сестрата на свекрива што дојде и го разбуди детево па одма вика ајде дојди кај баба па као она одгледала деца и внуци и не смее никој да и каже нешто. Викам детето спиеше зашто треба да одиме на лекар сега, а не да игра, поготово што доаѓа она кај мене, а не јас кај неа. Не сфаќам, никогаш не сум се врекнала кај некого да отидам и да речам дај ми го детето, а исто напраи и ќерка и. Разбирам бебе сакаат сите ама без осет. Јас сум мајка, никој друг. За шетање ок, го праќам у двор, а со татко му и низ град. Стварно је за полудети. Морам да олабавам и јас.иначе лошо ми се пишува.