Јас се радувам кога бепка моја сака да се дружи со други луѓе. Досега со тетките што ја зедоа во раце беше супер. Уште немаме два месеци и слабо сме почнати со гости, ама кога ќе почнеме баш сакам да видам како ќе реагира на други луѓе. А многу се радувам со свекрва ми одма заспива, многу ја смирува, си имаат љубов голема. Сакам да е социјална, и нормално да можам и јас раце да одморам. Свекрва ми почна да ја чува се почесто, па можам да отспијам, да одам на доктор итн, во иднина се повеќе и повеќе ќе може да ја чува (нормално не ја злоупотребувам жената, секогаш прво проверувам дали сака и дали може да ја причува, не ми е должна жената). Секој ден ја носам кај неа на гости на кратко за да си се навикнува на неа, досега се топ!
Не ја канев јас, свекрива. Ама вака испаѓа смешно, решив да не се замарам веќе, еве и мајка ми ми вика тоа, ако можам де. Едит: сега прочитав, ти одиш на гости, мене ми е дома. Разлика од овде до Америка.
Не, често сме и со отворена врата и прозори. Јас сум по куси, а тие по боди на куси и панталончиња/хеланиња.
Морнинг, друштво! Ние станавме. Ќерка спие ние со синко будни.надвор уште мрак. Си ја научив лекцијата:бебе во 19:30си легнува јас во 21 . Нема инаку функционирање денски. Инаку ќерка од градинка некоја кашлица зафати среќа синко ништо нема Допрва ни е зимата Колку може се чуваме но тоа е. Инаку како магнет сум за стари особи. А седнам на клупа со количка во парк веднаш некој си седнува до мене Мене тоа страшно ме нервира не можам да дојам. Како во приватноста да ми влегува. Од толку клупи баш до мене. Па и муабет си прават. Еднаш една ми седнува и ми вели спие, а? А јас се спремам за доење. Си станав и седнав на друга клупа без збор. Не знам како можат така жени во години. Ај да е некоја позната. Некако ми е скрос некултурно. Бебе сака цице терам да дремам уште една тура.
Леле и јас сум магнет за баби. И да шетам во движење ми прават муабет дури. Ќе се подзаврти, па спие или не спие. Летоска право во нозете дека е без чорапи. 40 степени, ја под една сенКа да здивнам ми се сипа една дека бебе ми е без чорапи непокриено. И реков на старите им студи, на децата не.
И јас сум во групава посесивни! кога ќе дојдат свекрва ми или мајка ми на гости и го земат да го поддржат, јас не одам никаде туку како маче стојам од страна и одвај чекам да ми го вратат назад! Во цел твој пост се принајдов Али како што кажаа другите, ќе чекаме одвај кога ќе подпораснат некој накратко да ги земе за да средиме нешто, тогаш сите ќе бегаат
со тие капчиња, чорапи, ракавчиња.. ме пукнаа, ме пукнаа више ! амааан а патронажната и кога одиме на контрола доктотката цело време алудираат на тоа да не се преоблекуваат деца. Капче низ дома не! А бабите кога ќе ме подграбнат: "измрзнавте, измрзнавте" ... Ама кој е будала да го измрзне детето. Ако е камен ладно надвор, нормално дека ќе се облечеме соодветно. Оф!
Кажете ми ,градници за доење дали носите цело време? или било какви градници, додека доите.. Јас порано (до пред да се породам) градници избегавав да носам низ дома, и повеќе бев без отколку со. . . А сега ги носам ден-ноќ и ме стега назад тоа за закопчување од што цело време само мењавам и цело време сум со градник ден-ноќ! Дали да ги вадам ноќе? Како ви се справувате? Предлог некој
Арно ме потсетивте за бабите. Еднаш со мајка ми го шетаме син ми, и седнавме на една клупа, кога една баба зема појде накај нас да седнала со нас, а имаше еден куп слободни клупи во близина. Морав одма да реагирам. Земав си се раширив, сосе ранец, па бебе си го извадив од количка го седнав на клупа. Нит ја знам, нит ја познавам, ај шо ќе ми кажува закони, па и уште некоја зараза да му префати на бебето. Бог да чува. Инаку бебуш оздраве, среќа не се мачеше многу, ама мене ми се виде како цела вечност. Јас па уште не можам да се оправам веќе 2 недели, загазив ептен. Овие денови нешто многу почна да се кара, па и гриза, штипе, кој прв му се најде на патот ќе настрада на велико. Ама забележав дека почнало да пробива ново запче, па веројатно затоа таков. Кога сме излезени носам градник за доење, по дома не носам никаков.