Јас само преку ден, дома не го поднесувам. Носев и за доење у обични, зависно од тоа што имам облечено. Додека да се среди лактација може ќе сакаш да носиш, јас течев по дома ама не го поднесував.
Деновиве цуца моја се буди ноќе како новороденче. Не дека спиела до сега ама овие ноќи на секој саат и не презаспива без млеко. Абе ужас. Жива ненаспана веќе 14 месеци. Не ја примија во градинка, не јаде и се е во негација, а дете едно слатко преслатко да го изедеш. Ми се смачи секое сабајле шо да дадам за доручек оти не сака каши, проја мафини, тоа само по еден залак и на крај завршува со 100мл јогурт. Тоа е доручекот. И после сакам да стави некој грам. Е немааа . Се осеќам на моменти неуспешно на поле мајка ама само во овој дел јадење/спиење, да се разбереме. И сабајлево викам ќе и правам палента па може ќе отвори уста. И оп, да. Се радував како мало дете, не дека изеде нешто многу ама касна нешто. Палента, боровинки и кокосово масло. За прв пат ставив кокосово. Дал беше до тоа незнам. Во што друго може да го ставам и колкава количина? Башка запек и се створи неделава од белиот леб. Спелта/крупник брашно само во дм има тоа на био космос?
И јас се осеќам ко failure со јадењево 90% ми ја фрла храната, 10% завршува во уста. Пробав и да не и давам да цица често и пак исто. Почнав да и давам каши јас, место сама да јаде, не видов подобрување и пак си ја вратив на блв. Ама тие 10% кога си ги ручка сама се топам. Денес јадеше јуфки со блитва, само гледав дали ќе фати некое јуфче со повеќе блитва на него, да знам дека каснала и нешто друго освен тесто и кисело млеко. А може ли само леб и кисело млеко да јадат? Мајка и како тиква е, се' дојадувам за да не фрлам. Последниве 2-3 недели на 2 саати се буди навечер и само со цицање заспива, си мислам гладна е ама преку ден 5 саати остави ја нема да заплаче за јадење. Спелтин гриз купувам од имунно во веро ги има, демек органски пишува на него. Има ли во Скопјево огромни тикви да собере 10м бебе во нив. Ми се уврте во глава да ја издлабам и да ја сликам бебка во нејзе .
Да те утешам мајка, ако кс и е добра, дете ти е здраво, биди помирна. Внука ми 8г живее на млеко, јогурт и леб. Еве ја жива, здрава со одлична кс, никогаш не била сериозно болна. Не сакам да ми иди на спиење оти ме нервира ништо не јаде, ќе направам 100 јадења по барање и желби и демек жешко, па ладно и на крај завршува со јогурт и леб. Оној пат ми побара јуфки, ме прерадува. Инаку не знам колкава ти е малата, можеш да пробаш и кокосово млеко во овошни каши по малку за вкус, оно 12+го пишува. Јас со кафе го пијам наутро.
Јас дур доев константно носев градник за доење. Воопшто не ми се виснати градите откако прекинав да дојам.
Јас кокосово ставам во сите овошни каши насабајле, а маслиново за ручек со зеленчуците. Готвам по бебе готвач, за сега јаде се.
да, и јас ради тоа ама п7чна многу саклет да ме фаќа јазад кај што се закопчува.. сеа ќе практикувам ноќе барем да ги вадам ќе пробам
Здраво, здраво и од мене.. Да се пофалам, од кога се пожалив тука за не јадењето на синко, одма потоа синко се разјаде, како, што, не знам ни јас сама, исто што давав предходно, давам и сега.. Не дека премногу јаде, ама барем знае еден цел оброк да го изеде саглам, па другите два барем до пола стигаме.. Уште со пиењево вода, чајче да се средиме, супер ќе биде.. Туку.. Ние денеска се запишавме в градинка, од јануари стартуваме.. Мама од средина декември назад на работа.. Измешани чувства, хаос во глава.. Од сабајле, само го галам и плачам, еве и сега он спие, јас до него, куцкам и си плачам, многу ми е жал, како ќе го оставам.. А од друга страна пак, со душа чекам да почнам на работа, да се вртам малце во социјализација, си ја сакам работата, сакам да сум во контакт со луѓе, да си имам обврска плус.. Како ќе ја поминеме оваа транзиција, еве не знам, само знам дека тешко ќе е... Затоа мајки, гушкајте, милувајте, времево лета, додека трепнеш, тие пораснале.. Гушки од една размарсулавена, плачлива мајка...
Здраво мајки. Не знам дали ова е за тука, ама ако треба нека биде преместено во соодветна тема. Имам проблем со непријатен мирис под пазуви. Не се потам, немам оние кругови на облеката, ама мирис... :/ Се капам по 2-3 пати дневно и џабе. Сама на себе си мирисам лошо, дури и кога ќе излезам и пак ќе влезам во соба, се осеќа лошиот мирис. Има ли некое чаре или може треба да испитам хормони? Има ли некој со сличен проблем? Инаку, скоро 6 месеци поминаа од пораѓањето.
Мајки јас се вратив на работа. Искрено, брзо се навикнав, иако бев баш под стрес и со мислачки како ќе биде. Дните брзо минуваат. Имам кризни моменти кога ми фале бебко, но како ќе се вратам дома така силно ме гушка . Кажете ми, мајки доилки како правевте вие, бебе не сака да прифати млекце, додека ме нема има два оброци доручер и ручек и пие само водичка, се консултирав со педијатар вика океј е штом цица сеуште. Се доиме пред да одам на работа, после работа и цел остаток од денот и ноќта.
@Dionisija7 Нормалмо е тоа. Демек за бебето да те наоѓа по мирисот, ама тоа и кога ќе почне да те препознава мирисот го има Како поминува времето, така мирисот ќе се намалува. Чаре некое посебно нема, единствено ако не сакаш да ставаш стикови со хемија да пробаш да измешаш сода бикербона со кокосово масло или со вода и да нанесуваш после туширање. Пробај, делува. @bubabuba Па и не мора да прифати млеко. Рачунај дека повеќето бебиња од 9м се во градинка и не добиваат замена за мајчиното. Доволно му е да цица додека си дома. Еве и мојата така почна в градинка, па цицаше до година и пол.
Хелоу момстерс! После 8г реновации повторно, од бременост во бременост, така ние средуваме дома, оти да средуваш без стомакот не е интересно. Дете прв пат отспива во своја соба, не знам кој е повеќе нервозен и под стрес, јас или он. Легна и сега дур да се навикнам ќе ми треба многу време. Среќа у несреќа станувам често навечер за мочање па ќе го проверувам. Превозбуден легна, не знам како заспа. Што се однесува до бременост до пред 2 недели не се осеќав трудно, сега некако веќе не можам, се ми е мачно. Насабајле веќе се задишувам додека одам на работа, пешачам некои 2-3км, убаво ми е, ама тешко од друга страна. Дур можам не се откажувам, ќе одам пешки, и така ќе почнат дождови, сакала нејќела ќе морам со кола. Утре иде мајка, 4 дена ќе уживаме со неа, мм иде на планина, ние ќе си тераме ќефови, ќе ми помогне да исчистиме се по дома и ќе оговараме до миле воља. Ми беше потребно ова. Добра ноќ!
Majki po kolku vreme gi ostavate bebuskite vo relaksator da sedat preku den moevo saka i da si zaspie vo nego kako najubavo da mu e vo nego i poveketo od denot go pominuva vo relaksator
Биди среќна што е така,моето е 9 месеци и се му здосадува за 5 мин па мораме да се држиме во раце или да шетаме