Бејби е кома, маж шета, па мама да шкртне нешто, одамна не пишала . Што не кажувате дека благодет било дете да ти спие преку ноќ?! Па јас се препородив како личност. После година дена неспиење, сум заборавила што убаво било да спиеш . Седам сега си пијам винце, си мезам лешничиња и знам дека не треба на пола саат да трчам накај спална. Млекото во 8 ипол и кома до сабајле. За во градинка не можам да ја освестам, плаче за да спие уште . Кога сме кај градинка топ и е, супер негователка има, заљубени се една во друга. И мене ме бенсида ептен, млада со тетоважи и се носи во "Шизик на ризик". Јас да ја бирав, немаше боље да ја одберам . Џамбазкава моја, што од 7 мес стои на нозе, следна недела прави 14 и нејќе и нејќе сама да се пушти да оди. Не и е страв да се пентари до горе на хранилката ама да се пушти страв и е. Значи ќе трча ако ја држиш за раче ама сама да тргне, освен за гушкање, шанса нема. Се мислам дали да се загрижам што уште не се пушта ама мислам дека се уште нема место за секирации. На тема зборење е ко уклучена на батерии, уста не затвора по цел ден. Мама, тата, баба, деде, кака, папа, нана, банана, тај(чај) ноно(носе), ав ав, мјау мају, меле ли меле. И тоа си ги повторува, си се презентира женска на сите дека научила зборови. Пресмешна е, во Тинекс на касиерките им рецитира. Малце ми е прекомуникативно детево, мафта и им се смее на сите по улица и по продавници, а мене па не ми се муабети многу со непознати . Многу се распишав, да не здосадам . Гушки мајки, гушкајте бебиња
По не знам кој пат потсетник. Темава не е за барање на мислења и совети. Последните две страници беа само со такви мислења кои ги преместив во соодветните теми. Имате тема за искуства за бебиња по возраст, имате тема за менструација по породување, тема за доење. Прашањата упатувајте ги таму, од овде ќе бидат избришани. Темава е за муабет и за споделување секојдневие, не за прашања и совети.
Мајки мои, некако сум многу релаксирана денес. Вчера ги примивме вакцините на 2 месеци, златото мое заплака за цел ден 2-3 пати и толку. Вчера сфатив што се грчеви кај бебе, од ротата ама не беше страшно. Да не ја преречам ама таква љубов ми е, можда ќе се поѓаволи ама битните почетни месеци дур ја да се навикнам ме поштеди од стрес во секоја смисла. Спијам по 10 часа, правам ручек, чистам… се’ по список. Се навикна на ред, иста мајка. Си бара шетање, бањање, спиење во исто време и толку ми олеснува. Со мм сме сами, немам помош од никој освен од неа. Напредува супер, спие кога треба, јаде како треба.. ми идат солзи на очи од тоа дека успеав. Без баби, тетки и утре некој да ми вика ние го исчувавме, не ме сфаќајте погрешно убаво е и помош да имаш. Ова го пишувам најмногу за да споделам дека можеме, дека не’ осеќаат и дека ако им пружиме смиреност и сигурност ќе ја прифатат и ќе ни вратат исто.
Мајка, верувај до детето си е... мирно е, не е плачливо. Еве и јас сум многу смирена со второво за разлика од синко пред неколку години, ама џабе... бебе едноставно си е такво, плачливо како брат и. И јас сум сама, без ничија помош, дури ни сопругот не е тука. Искрено не знам како ќе ги истуркаме уште овие 2-3 месеци кои се "критични", после ќе разбира повеќе и подруго ќе е... а од домашни обврски верувај едвај стигнам и јадење да зготвам од што беба плаче цело време . Ама тоа е, мајки сме а мајките можат се'
Здраво мајки. Синко мој наполни една година. ЕДНА ГОДИНА! Абе кога помина... Многу измешани чувства, сто пати се расплакав вчера. Му менувам пелена и почнувам да плачам. Да ми кажувал некој дека волку многу може да се сака едно битие... Си го прославивме роденденот дома, со најблиските. Роденденко частеше со 2 долги дремки вчера па имавме време да дуваме балони и маси да местиме. Преуредивме цел стан за да има место, столови позајмивме дури од свеки Ама све со полет правев, така ми беше некако мерак. Весело, расположени сите. А синко како доаѓаа гостите сите ги исплакуваше. Па за пет минути ќе почне да се смее и така во круг. Еден куп играчки си доби, од сабајле им се радува. Те една ќе земе, па ќе ја фрли, па друга ќе ја игра па ќе ја фрли, цели два саати така. Полна ми е душава некако. Остана пола торта скоро па ајде елајте на по едно парче. Еве и неколку слики, ништо спектакуларно украсено ама со премногу мерак. И една слика од Марко на тронот. Убава недела имајте мајки!
Денес пак не е добро. Аман, повраќање секое сабајле. Па кога ќе ме гушне такво цело уморно, а сепак се смешка, ми се кине срцето. Ама тоа е, се тешам со тоа дека е период...
Утро мајки Сонцево само за шмек го ставив , не дека нешто толку ми е пријатно и разденето . Две не гледам пред мене Синко се претвори во мало зверче. Не знам што му е ,, ама дефинитивно нешто не е во ред . Гледам не е во скок , т.е за 5 дена ќе влезе во 7 иот . Дал е ова припрема пред влезот ?! Се фалев овде како ни еден скок не не измачи , ама изгледа овој ќе ни наплати за сите . Преку ден си е супер, расположен весел , си јаде најнормално , само да е на земја и да лази и шета низ сите соби остави го и гајле нема . Ама навечер Еве, трета ноќ ми се буди на саат два со вриштење . Не сака во раце , не сака на под, не го занимаат играчки... Сака само да плаче. Не знам како ќе се издржи ако потрае лудилово. А поручек ќе идеме за Штип кај моите . Внучко има роденден , кој знае и таму како ќе пројдеме. За вечер се имам договорено со другарките да излеземе , маж ќе си останел кај мама да се наспие, не му се излегувало на него На мисла ми е како ќе пројде баба со синко . Мош па ќе баталам и јас излегувањето . А многу се радував што ќе се собереме сите другарки . Ај , ќе видиме до вечер како ќе биде. Мада не сумљам во мајка дека ќе се снајде со лошкото Му паѓа главата веќе за спиење . Да пробам да го успијам па и јас да дремнам ако можам топ ќе биде . Ме чека пат , треба да возам 100тина км, а толку сум уморна . Маж на работа , полно било одделението , гарант и он ќе биде здробен после работа , па ќе сака да седи позади со синко и да си спијат по пат Убав почеток на неделава мајки Гушкајте дечињата Јас се испожалив од моето, и си поплакав утрово малку , ама па коа ќе ми текне колку плачев секој месец коа ќе ми дојдеше циклус за миг заборавам на маките. И само си велам - плачи сине , лудувај, беснеј ...мама ќе истрпи се, само биди ми жив и здрав . Колку сум само среќна кога ќе го изговорам зборот СИН МИ И со нетрпение го чекам денот да слушнам како ми вели МАМО Мислам ќе умрам кога ќе ми рече мамо ЧаоС Едит @unearthlysarah среќен роденден Марко , жив здрав и најсреќен да бидеш
Мајко, колку само ми е мерак да те читам!! И јас како тебе многу години копнеев по детенце и еве сега Господ со две  ме израдува. Кога те читам за тоа колку синчето го сакаш како себе да се Читам мајчината љубов е бесконечна, таа е несебична, не бара ништо за возврат а дава се од себе!
Да му даваш парацетамол пред спиење, можеби заби го мачат? На мојава тројки ѝ никнуваат, ноќеска се будеше плачејќи и од што не знам веќе што ѝ е, давав парацетамол и се смируваше и продолжуваше да спие. Неколку вечери пред спиење и давав и цела ноќ спиеше. Синоќа заборавив да ѝ дадам и ноќеска пак вриштеше. Престана кога ѝ дадов. И мојата си спие цела ноќ, освен кога ѝ никнуваат заби. Тогаш среде ноќ вриска, плаче и не може да заспие
@Bubce38 завчера се возевме во кола и големиот син објаснува, кажува, раскажува. Цело време, ,,мамо,, ,,мамо,,. Гледајќи низ прозор, си помислив колку сум благословена јас, некој токму мене ме избрал да ми вика ,,мамо,,. Не дека прв пат ми се обраќа, ама тој момент обрнав внимание колку значење има тој збор ,,мама,,.
Мајки здраво, официјално се приклучувам на темата, верувам примате нови мајки Ми треба препорака за добар педијатар во систина? Кај Марина од ремедика нема место месец дена. Фала ви
Честитки, да сте живи и здрави Мене Симонида ми остави многу убав впечаток, темелна е а и пријатна за разговор за сѐ. Го смееше бебуш башка
Една недела се спремав прво јас психички, за денеска конечно и бебе да спремам рано наутро да однесам на вакцина. Плус свекор ми со колата го ангажирав да не носи, свеки сама изрази желба за друштво. Одам таму сите сестри на еден куп, софрата тежи лежи јадење, аха иххи си прават. Викам за вакцина сум, ааа дојди од среда натаму, нема доктот цела недела. Еден доктор имаме на вакцини во градов и околината. Замислете! Викам ротава да не ја утнеме, последна доза ни е. Нема гајле мајка, до 8 месеци имате фора. Ме шутна така набрзо, да продолжи со латифето со колешките. Значи цела недела си идат на работа, ЗА ЏАБЕ! Свеки слуша и се чуди. Зар е ова можно вика, да нема доктор. Е ова е Македонија и викам. Па ај секако излеговме си истеравме еден пазар, намирници за бебе и батко од школо го зедовме. Не сака со баба му и дедо му никаде да оди. Ако идеш ти вели одам. Позитива денес е приливот на сметката, замислете породилно Ве поздравувам, убав ден