Ти барем имаш избор да не одиш по гости и да не го мешаш бебето. Кај мене дома синко поголем скоро 5 год има тргна у градинка одма се разболе, и он ке се приближи до бебето и ке се накашла или ке му кивне, буквално некогш намерно го прави тоа да не налути,еве веќе 3 дена се поделивме јас и бебето во една соба маж ми со синко во друга ама бебе вчера ми кивна со жолти мрсули куп, денес го следам дали ке продолжи или да го носам на лекар. И знам дека вакви ситуации допрва почнуваат ама што да се прави.
Домашните не можеме да ги изолираме реално, поготово деца што со такви намерни кивања во бебето ќе искажуваат револт зошто ги двоите. Ама за возрасни надвор од дома што не кажуваат дека се болни и доаѓаат на гости или те викаат на гости и таму гледаш дека се болни, немам зборови. За таквите по еден ќотек. "Абе малку само така носот ми тече" а дошол кај бебе, ти иде да го здробиш Ја не ѝм ќутам ич, ако сега преќутуваме утре што ќе биде. Па кој се лути нека му е на чест. Гајле ми е.
А на повојница да ви дојдат така? Дојдоа и отпосле ми кажуваат дека детето нивно сабајлето имало растечен нос. Мислам стварно, ми иде да пукнам.
Вака читајќи ве, не знам јас будала ли сум или најнормална шо не ја пуштам во градинка од минатата недела, иако веќе според педијатар е здраво детето Башка што и на возрасните им кажувам да не доаѓаат, дека детето ми кашла и има вирус. А не па со деца да ја мешам
Значи 100% заштита никогаш нема да има за да не се разболуваат бебињата. Еден од родителите оди на работа, во контакт со многу луѓе, некои имаме школарци, деца во градинка и што и да направиме, ако е поосетливо детето ќе си ги собира сите вирусчиња. Ама и овој зимско- есенски период е толку грд,магнет за настинки. Затопли дома, се потат, не затопли им студи. Изнеси го надвор, дувнал ветер, ноќите многу ладни, а денот топол. Против сум за носење по гости болни деца, особено за повојница. Колку бебиња имаве додека беше пандемијата, па купував поклон и им носев до врата, не сум влегла кај бебе. Не шетаме многу ние, последен период не ни доаѓаат гости многу, пријателиве знаат дека ред не реметиме на деца, разбраа дека заспиваат рано, па не дошле.
Исто сме и ние, ретко некаде одиме или некој ни доаѓа. И викам ај нека се радува на деца малку, ама осет за да се немало од родителите бре. Инаку да знам дека дете постојано ќе се разболува, ама ситуација кога родителите не кажуваат дека дете е болно ми е малку ту мач.
Леле јас мислев свекрва ми е специјален случај, настината, кашла ама немало она да му пренесе на син ми, да го земела малку на гости !?
Јас познавам родители кои на прв ден во јасли оставиле дете од 8 до 5, цел ден, и не се јавувале на телефон. И тоа родителите сами си се фалеа, се изнаспале тој ден. Дете се откорнало цел ден од плачење. Факт е дека секое дете во градинка има потенцијал да ги фати сите заразни болести, дека кад тад ќе фати сипаници и се тоа држи вода, ама зошто да се ризикува кога нема потреба. Мислам стварно е безвезе, што знам, еве јас си размислувам што ако тоа дете е на почеток на адаптација и сега од старт со сипаници отидоа во вода месец дена адаптација. Малку осет да се има треба.
Па, искрено, си го направила ете, од чисто себични побуди. ТИ не си држела во раце бебе, ТЕБЕ ти било мерак, не дека е за бебето или нешто. Ќе има многу родендени кај што ќе пееш со него, ќе го држиш, ќе се радуваш, не мора додека е толку мал и онака ништо не разбира, за нив е тоа само малтретирање, ништо повеќе. Непопуларно мислење, ама ете, сакав само да ти кажам дека фокусот на бебето треба да е повеќе, кога и веќе толку си го чекала, него да му е убаво и добро.
Готово, траума ќе му остави, нека му собира пари уште од сега за терапевт да се опорави од ова Mom shaming at its finest
Знам, знам, не дај боже некој нешто спротивно да каже, одма е етикетирано некако. Тебе нека тe разбудат да пееш среќен роденден да видам како ќе ти биде.
@Bubce38 те сфаќам многу убаво. Истото чувство го имав и јас , само нас почнаа да не не викаат во игротеки, ќе ни донесеа торта на врата или ќе не викнеа дома А кога требаше да одиме само ние бевме без деца и мене нозе ми се враќаа, си доаѓав со плачки дома. Е да те утешам мојот и ден денес знае да плаче во игротека Ич не ги сака, му ја земале трамболината, му ја земале количката и плачки , па си преседува со нас во игротеките Ко стринка некоја
За јадењето кај мене донеси ја , мајка ми само за тоа не ја бива. Така е. Јас и на роденден отидов само заради МЕНЕ. Не ни морав да одам кај внук ми зошто и он не разбира сеуште и нема ни да памети дали тетка му била на вториот роденден или Не. Читајќи ти го постот сватив што сакаш да кажеш и во право си . Себично беше од моја страна , пишав и во првиот пост дека од после ми беше жал, ама познавајќи се себе си знам дека и на следниот роденден би го разбудила пак најверојатно .
Искрено бубче, не те разбирам. И не мислам ништо лошо, ама најискрено. Ем знаеш како било, ем пак исто би направила. Толку да сакаш да станеш мајка, па да станеш мајка, најпрво нешто на кое би мислела е бебето, кажувам за себе прво. Ние како луѓе кога влегуваме во нова улога секогаш се прилагодуваме, дури и да е само на ново работно место, а не пак нешто толку важно, како мајка. Ти секако ќе си тераш како сакаш и мислиш, само ете, една поинаква перспектива.