Ај малку полефтерно да си направиме муабет. Толку е страшно да разбудиш 9м бебе од спиење некаде накај 19:00ч?! При тоа посекако ќе станеше коа ќе го ставав у кола за накај дома ,Не му беше време за ноќно спиење , Не го разбудив со џапање, урлање или скубнување ... Полека го откопчав од каишите , го кренав во раце и оно стана. Јас и дома го будам ако ми се успие така у безвеза време. И не знам колку е ТОА што велиш - ТОЛКУ сакаше да станеш мајка . Сакав да станам мајка колку и ти , колку и Милки, колку и Малечка . Колку и секоја жена де која сака да биде мајка. Тоа што јас се мачев одпојќе, не значи дека нема да грешам , нема да бидам некогаш и себична ... Според мене Не секоја мајка го прави најдоброто за своето дете , го сака најдоброто , да , се труди ...ама некогаш не знае или ете едноставно "не сака". За овој роденден јас се спремав од август . Пет пати нарачав алишта за синко и не ги бендисав. Одвај успеав да го облечам како што си го замислував. Маж мртов уморен од 30ч дежурство возеше 130км , Внука ми имаше одбрано специјална капичка за двајцата братучеди, имаше одбрано место каде да седне и да се слика со двајцата во раце, му имаше ставено и на моето свеќичка да ја дувне .... И да не редам ....да не се правдам, да не бидам патетична. Очигледно или не можеш да ми ја разбереш желбата , не можеш да ми осетиш радоста ....или пак јас навистина Не сум свесна дека можеби потфрлувам како мајка . Еве не знам
@Bubce38 жено, Сите сме себични како родители на моменти. За било што. Јас те сфаќам и себично е ама па што? Среќна беше? Па и бебе осеќа дека си среќна. Он нема да памтиз нит ќе има траума. Ама ти ќе памтиш.
Контрадикторна си, ем велиш отпосле жал ти било, ем пак би го направила, ем редиш цел пост со зошто си го направила тоа. Зошто воопшто отпосле ти било жал кога ете, намерно си направила и си сакала? Мислам само дека различно гледаме на мајчинството и тоа е тоа.
Ех, не се сомневам дека можеш да редиш фермани. Можам и јас, ама, се согласувам, и така кажавме што имавме, па само ќе е повторување, што е и досадно. Како и да е, имајте си убав ден, сите, ненаспаните издржете, и тоа ќе помине.
Знаев дека ќе дојде до ова. Јас навистина ќе се поболам. Како за беља се нешто се случува. Секакви сценарија имам во глава. Бебуш цица, јас солзи врз него ронам. Ветив уште додека беше во меше дека ќе го заштитам од се, а од кога се роди од ништо не можам да го заштитам. Чувствувам неуспех и немоќ. Само мислам нешто ако му се случи што ќе правам. Животот ми приреди еден тон изненадувања годинава. Нешто што се случува во растојание од неколку години, кај мене во неколку месеци. Се ми е собрано. Биди силна, биди силна, ама не можам се да соџвакам. Некој само да ми кажеше колку енергија и грижа ќе имаш во ист момент во раце кога ќе го земеш бебуш. Само да биде се во ред.
Буби не мораш да се правдаш никому,посебно не на СОВРШЕНИТЕ МАЈКИ,од тоа си патиме како жени и затоа стануваме лоши свекрви ,кога ќе дојде време.Да појаснам, меракот ти бил голем за сите 20 години со празни раци што си била и си одела секаде,еве да си признам ЈАС НЕ БИ МОЖЕЛА да идам така на родендени,кога загубив бебе љубоморев многу на една колешка циганка што трудна беше и под кирија ,а јас имав веќе едно.Ти си најдобра мајка на свет и поради друго,бидејќи излегуваш со маж заедно и го живееш животот ,дружиш другарки и одиш на фризер.Затоа твоето бебе е мирно и бубалка бидејќи си исполнета и нефрустрирана,а тоа е важно ,НАЈВАЖНО ,за детето прво,за тебе,за бракот за сите.Деца од добри бракови се среќни деца.Прости и на таа 20 годишна,што и да зборела- зашто не знаела друго,и продолжи си .Ама баш ништо нема да му фали на твојот дечко со еден прекинат сон,и следната година ако спие пак разбуди го ако ти е мерак,не го чувај во стаклено звоно дека е толку чекано,услуга ќе му направиш најмногу нему. Ве молам не ме бришете.
А таман помислив дека овде Нема да сметаат моите фермани . И се ќе беше поинаку само ако Не ми удреше на мајчинството во дури три поста . Ме изненади , и тоа многу . Ме доведе во ситуација да се правдам зошто сум го разбудила детето и да треба да пишам "непотребни " фермани . Убав ден и од нас
Ама види, ти сама кажа жал ти било отпосле. И не сметаат твоите долги постови, ама не можеш да очекуваш дека некој нема да ти реплицира ако има нешто да ти каже, долго си тука да знаеш дека е ова форум, па секој може да реплицира.
Баш оти сум доволно долго на форумов и колку толку се "знаеме" , од ТЕБЕ не очекував дека првото твое репцилирање на мој пост во оваа тема ќе ти биде таков каков што ти беше . Очекував дека барем ќе ми напишеш - честито син и добредојде мајка . Е искрено ,тоа го очекував . Детски не детски , морав да си кажам . Ти , која важиш за исклучително толерантна особа , сега ми се учина како само и само да бараше начин да ме "избркаш" од темата . Зошто знам дека ме знаеш оти сум превише осетлива и лутка . А нели темава е за споделување на секојдневие , Не за давање совети
А тоа што имам честитано роденден се рачуна ли? Зошто би сакала да те избркам од темата? Не сум ни толку активна овде веќе, читам само повеќе, ми дојде за нешто и си искоментирав, толку е. И застанувам овде, доволно беше, не би ја полнела темата понатаму, ќе ја ослободам да си пишат останатите за денот. Секое добро.
Мене син ми за 2 род сега ми се изака од масата, се фрли на земја од тантруми, се раскрваве во вилицата цел пошто се удри од маса нозе ми се пресекоа... назад ти е зимата ако од сега за едно будење мислиш дека си потфрлила тогаш ја не знам што да кажам. Посебно коментари што чув на видеото " леле детево што му е има проблем некој", па идело во приватна градинка затоа било такво и баба ми вика " не е крстено затоа е такво", а он едноставно нејќеше да дува торта. А ние не знаевме што сака, пошто и ја сум 2години мајка, не сум се родила учена за улогата. Учиме заедно со нив. Стално си викам " не треба пред народ правдање" и никако да почнам да го користам тоа.
Си нагласила дека мајката е 20 години, ама позрело размислува од тебе. Никогаш не ми се разјасни зошто родителите прават работи за нивен мерак а на штета на детето. Откако ке станеш родител треба да ти е приоритет детето и неговото добро, удобност, комоција, а не твои мераци. Твоето неколку месечно бебе нема да памети ништо од роденденот, ни па разбира дека ке се слика, ама ке е вознемирено. Најверојатно нема ни да има последици и потреба од психолози ама зошто? Едно е да плаче ако даваш сируп, мора да се пие, ама да спие на споени столици за да родителот се весели на свадба? Неодговорно е.
Неодговорно е детето да е гладно, прљаво, голо, босо, болно и нелечено, да го мешаш болно со здрави итн. Останатото е живот.
Hiiiiii Да си кажам за денов, уствари не поточно да си кажам за последните месец и пол. Детево е сменето 180°. Од мирно бајче, бубалче што си спиеше, си играше само, стана еве не знам што. Ваљда порасна а? Сама успивање никако, спиење само во раце. Ноќе станување по 17 пати ( не се заебавам, ги броев завчера ) Сама седење во соба мама да моча, никако. Со мама во скут. Кафе? Што беше тоа топло кафе? Кичмата отидена јабана веќе, живеам на бруфени и + болки. *Пред некој да ми каже дека Х месеци живее вака и слично, Ве молам немојте. Не сум навикната на оваа ситуација и претешко ми е. Сама сум, да напоменам. Помош никаква. Маж работи до касно, ко ќе се врати не ми ни треба On the bright side; мама почна нова работа, од дома. Перфектен тајминг нема што. Со дете што расте со брзина на светлината, од сабајле се живо избута од маса, плачеше 12 пати за да ја земам во раце, идеално време е за да имаш meeting. Среќа па менторката е една разбрана срцка Златна градинкааааа. Од понеделник мислам дека полесно ќе се дише. Ама мислам Како што нема одено 10 дена, ќе ми ѕвонат да си ја приберам осеќам ама ај... Постов каша, јас се пожалив, а вие останете со здравје
Во игротека на роденден мислиш нема болни? Син ми трета недела кашла од роденден во игротека. Неодговорно е да будиш бебе од сон за да се слика. Не разбира, нема да памти, мајката само ке истера мерак. Ти има логика?
Не било жена на жена најголем душман, туку мајка на мајка. А, колку позитивен беше само постот. Ама кој со какви очи го чита.
Морав да пишам, непотребно реплицирање, и делење памет! Да, делење памет И уништување на темата, а притоа нагласено дека темата е за тоа што е! СЕКОЈА МАЈКА Е НАЈДОБРА ЗА СВОЕТО ДЕТЕ И ЗНАЕ ШТО Е НАЈДОБРО ЗА СВОЕТО ДЕТЕ! И еве ми прилика да кажам, @Bubce38 ти ги обожавам постовите!
Абе терајте си по вашиот памет,како така и се сипавте на членката, најискрено си кажа и баш не гледам проблем што го разбудила бебето, големо чудо! Сите вие безгрешни немате ништо никогаш направено со вашето дете за личен мерак? Не верувам. Ама многу лесно е на некого да покажувате со прст.
Не, не е страшно. Зошто да се правите робови на децата? Знаеш маж ми што вика? Ни една слика немам како мал, ниедна! Јас сегде ќе си ја сликам и ќе ја снимам да си се гледа како мала. Точно, нема ништо да памти, ти ќе памтиш, тој ќе си ги гледа можда сликите и видеата. Сигурно нема да рече ау како ме изнервирала овде мама за да се сликам. Себично.. Па себично е и што сме родители ондак. Не е ова практика па трауми да има детето. Сите овде да ги чепнеш имаат нешто, никој не е совршен. Единствено си совршен за своето дете каков што си.