Ама син ми прв пат иде на роденден и до догодина нема ни да има кај да оди. Немам ни братучетки ни другарки кои би ме каниле на роденден во игротека. Не ни знам со кој ќе славиме прв роденден , освен со внуците. Толку се нервирам , дури и плачам ради тоа . МаШ ми па ми се смее, абе вика ќе ме натераш да купам неколку костумчиња , да ги дадам на рандом луѓе и да ги замолам да дојдат во игротека со дечиња и нека ти пеат . Стварно не се правдам , ама Не можам да доловам колку само со нетрпение чекав да го доживеам тоа - ДА ПЕЕМЕ јас син ми и татко му. Ние сме доста стари родители , свесна сум дека многу работи нема да дочекам да се израдувам. Затоа сум себична понекогаш, сакам СЕ сега и веднаш
Не ми е верно колку се осуди будењето на 9 месечно бебе во 19 часот! Како сите вие да сте совршенство од родители…
Па не, ајде да седиме дома, да се собираме само за погреби и така. Ми има логика. Не разбиралоооо. Голем краставац. Го чекала тој момент, го дочекала, го изживеала. Што драмите толку?
@Bubce38 немаш потреба да се објаснуваш и да пишуваш фермани, секако на крај секој ќе си остане на своето (за жал). Си постапила како што те понел моментот, а притоа детето останало живо, здраво и безбедно. Демек другиве мамички кои ти ја етикетираа постапкава како себична никогаш не се одрекле од своја потреба или желба за сметка на незначително неудобство на детето Не е во ред континуирано да се прави така ама во случајов е сосем разбирливо. Изгушкај го малиот и те очекуваме со нов инспиративен ферман во Мајчински ❤
@Bubce38 жено, мајка кралица. Немам време да реллицирам многу на постовите твои, а секогаш сакам, бидејќи се препозитивни, пререални (не се знаеме, ама како да се знаеме ... јас и ти си знаеме како ) Ама сега читајќи гледам дека си била трн во око, ееееј ти. Па што ако си го разбудила. Твоето е спанче големо. Ако не си го разбудела во 19, тоа самото ќе стане во 19.10 и пак ќе си презаспие. Ај да е моево како шо не спие, како да го разбудиш. Уствари сама ќе си се разбуди од радозналост, да види што се случува. Не си себична мајка вооошто, баш си предана и грижлива мајка. Башка каква е таа дремка во 19?! секако дете треба да има ноќно спиење. Арно си сторила. П.с. од цел твој пост па тоа со будењето ич не го рецнав, пошто имаше цел беше полн со љубов и нешто долго чекано. Те чекам со нов ферман.
Ти како мене многу чуствителна,а тоа не е добро за тебе .Значи ќе има секогаш коментари, треба да не им придаваш значење и да си правиш како што ти одговара.Има луѓе што кога видат дека покажуваш слабост( во овој случај се правдаш ) ти значи нивниот коментар и само чекаат шанса да префрлат нешто.Додека они уживаат ти ќе се нервираш,и така минува роденденот без уживање со нервози.Ова од мое искуство,но сега не регистрирам никој,си правам како мислам ,се насмевнам и готово.Не ги сакам таквите личности во близина ама еве морам да ги трпам . Ме ојачаа да ти кажам
Да, заборавам на овој дел... Затоа можеби и различно ги доживуваме работите. А и затоа на крајот секој прави како што смета дека е правилно. Инаку, со тоа совршeните мајки, знаеме дека нема таква, доволна добра мајка е се што е потребно, нема потреба да го потенцирате во постовите, ниту пак да настапувате во некаква одбрана кон бубче, доволно си е голема и сама да си напише што сака, да реплицира и да се искаже, па и ќе се разбереме на крајот.
Затоа што ми се драми. Секоја си го гледа детето како мисли дела треба. Дали е тоа правилно и најдобро за детето? Не секогаш.
Не пишувам на темата ама ми паднаа во очи коментарите. Чуму делење на табори (кој ја поддржува и кој не) и правдање во име на мајката, која сама си ја признава грешката? Секој жив човек, без разлика дали е родител и не, греши и тоа е нормално и ништо трагично. Еве и јас не разбирам, зошто би ја повторила истата грешка, ако сметам дека не сум правилно постапила. И да, најмалите не паметат, ама и те како можат да се исплашат и тоа да им влијае понатака. Не зборувам конкретно за случајот туку општо. Секако сум против славење на родендени на мали деца по игротеки/кафани и Цо. со 50+ луѓе итн. Не дека сум затворена личност, туку зошто тоа не се препорачува од психолози за детето. Впрочем правилото е: колку години полни детето, толку деца треба да има на роденденот. Соодветно на тоа, не би го носела ни моето бебе на голем роденден, посебно не вечерно време кога треба да се спрема за во кревет и да се смири топката за да може подобро да заспие. Можеби вака размислувам дека не живеам Мк. и можам да ги видам работите од др. агол. Да сум таму најверојатно не би размислувала така. Погоре споменатите родендени не се прават за детето, туку за себе, што е и те како себично - мое видување на работите. Мое искуство сега, па и пред да имам деца е дека кај нас многу малку се обраќа внимание на потребите (не основните) на детето и децата се сметаат дека ништо не разбираат и дека родителите треба буквално за се да одлучуваат за нив. Нормално дека родителот треба да внимава на сигурноста на детето и неговото здравје итн. ама децата и те како од мн. мали знаат да ги изразат своите желби, карактер и се чувствуваат мн. поубаво ако разговараш со нив како скоро па со возрасен. А да, и јас знам како е да се бориш за мајчинство, па не ми е приоритет да правам фешти туку да го поттикнувам развојот на детето на секој можен начин соодветно на неговата возраст и да му посветам колку можам повеќе внимание, со ставање на мои потреби (не сите) во втор план.
Јас ја разбирам и @RainBow што сакаше да каже ама и @Bubce38 Во околинава важам за мамичка и сите превртуваат очи ама знам како внучка го организира роденденот само и само моите да се со неа,а љубовта на Буба е како мојата кон внучка. Затоа реков дека и јас би го направила истото за нив и само за нив
Ќе не каниш по форумов и ќе најдеме начин да ти дојдеме Јас кога мислев никој нема да дојде исто сакав отворена игротека со рандом луѓе па си викам бар 3 4 дечиња нека има да дувне свеќички Мерак имав да правам и јас во игротека иако е мало детето, ама сепак многу убаво поминавме.
Чему одбрана на Бубче е прашањето? Од мислење на членка кое мене лично ми изгледаше малку на напад. Дали и' беше потребна 'одбраната'? Веројатно не, јасно дека е доволно возрасна и сама може да си ги изјасни ставовите ама нели форум е, не мора да го стискаме нашето мислење за себе дури и ако не сме лично засегнати
Родена сум за драми Ај сменете тема Те нели од старт си имам пишано дека 'згрешив' ама и пишав дека ќе го повторам истото , во смисла следниот ден да беше истиот случај и истото дете ( единствениот ми внук) да славеше роденден . И воопшто Не го сваќам ова дека некој ме брани или треба да го прави тоа . Едноставно секој си споделува свој личен став . Јас што сум малку драма Квин си е мој проблем . Препишете на старост лудост и имајте у предвид дека на повеќето можам свекрва да ви бидам По годините На изглед се држам
Ako znaes deka deca od igroteka se razboluvaat ,zosto si go nosela?Neodgovorno mnogu od tebe,zosto da bide bolno 3 nedeli,moze i doma si igra.Za i ti da izlezes i se druzis so zeni ,ili za bozem za negovo dobro. Epten neubavo si postapila,za sleden pat moze nema???Jas sekade go nosam moeto.
Абе да ви кажам, во реалноста многу повеќе се нападнати тие што себични во однос на комфорот на нивните деца. Не поминува ден без да ми соли памет некој. "Пуштај гласно тв, да се учи." На што да се учи живти се, од која корист е тоа. "Аман, во стаклено ѕвоно ли ќе ја чуваш? Е де, што ќе и биде ако ја разбудиш да ја видиме, ќе спие после." Итн итн. Доаѓаат со деца со растечен нос, кажуваат отпосле и ако направам фаца, лелеее па мора некогаш да настине, аман каква си. Мора бе, ама не сега пошто ти немаш осет и си правела така за твоето. Јас лично откако имам дете станав тотална спротивност од тоа што мислев дека ќе бидам. Мислев ќе одам сегде, ќе ја носам на настани, гости, кафичи, ама не било баш така. Гости најавени, ако дојдат кога е будна арно, ако не друг пат ќе си ја видат. Кога спие не ја реметам, не ја мкнам по веселби (еднаш пробав, на отворено, без гласна музика и баш беше вознемирена), на кафе во парк или потивки кафичи на отворено (и тоа 2 пати дали се случило). Едноставно жал ми е, ако скратам сега седење во кафана нема да пукнам, има време кога да надоместам. Од силни дразби сме изреметени сите. Имав посета од странци на пар наврати, се чудеа како живееме на толку брмчења, хилти, камиони, коли и останато. Ова не е оти вака сите треба да прават, за други деца ич не ме занима, секој родител си знае за неговото, ама некогаш и тие лабавите многу се нападни и досадни, па да се пожалам како е од друга страна.
Роденденот беше од затворен тип. Само поканети во цела игротека. Мајкава ги донесе децата болни. Да си поиграле. Претходна недела беа болни, сите од друштвото знаеја. Мислев има свест дека деца кои прават инхалации не се за во игротека. Грешка моја. Да знаев дека ке ги донесе би го оставила на чување. Или не би одела.
Пред 2 недели присутвував на роденден каде мајката го донесе детето болно со температура на роденден а знаеше дека имало тепература од таму дирекно го однесе на доктор , така и бил планот .. што да кажам натаму има секакви ситации .. Но немора и неможе ради тие несовесни, ние останатите да си ги држиме децата дома затворени ..