Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    2.249
    Јас не би носела бебе на свадба,сметам дека не е соодветно за бебето. Исто и во кафана не сум го носела. Гласна музика, загушлив воздух, светлечки ефекти, гужва, вируси и бактерии гратис :D
    На скоро сите свадби до сега што сум била,мене ми беше малтретирање,а не па на бебе :rofl:
     
    На MilaSs12, kankus, Honny и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Ние не сме во МК.
    Родителите од сопругот се тука, но живеат башка (на друг дел од гратчето)..

    Но коментарите се неизбежни. Незнам до кога ќе издржам. Јас сум по природа мирна особа, но кога ќе избувнам тоа е бурно затоа што клокотело долго време тенџерето.. (и на крај пак си велам-претерав...пак јас си велам, јас дека претерав)

    Коментирав и на други теми тука. Можеби веќе сте ме прочитале.
    Мојот проблем е вака:
    "оти не носите капче за дома, ушите ќе му бидат клемпави, ладно да не му е, хипотермија ќе фати,ние огнови сме палеле за вас, ќумбиња,повиени-вие сега измрзнавте.. " бла бла

    А од жешко и саклет температура нема да фати? кај нас дома е 23 степени континуирано..

    "За надвор да го облакате, вака да го облакате-така да го облакате... "
    Како јас да ќе си го оставам сопственото дете да измрзне. Па и мене ми се создал белким некој мајчински инстинкт. Бидејќи се гледаше дека сум смирена и не реагирам (игнорирам)и не слушам туку само потврдно кимам со главата, се употреби друга тактика...
    се јави золва му која воедно е моја генерација и која до вчерата ден не забележуваше такви работи- се јави да ме праша зошто бебето немало капче видела на слика. Специјално тоа, да ! Како ние дома да сме на Сибир, и јас избегавам да се облакаме ...
    " ти знаеш, за надвор вака така, хипотермија,воспаленија на уши...итн,итн

    ВТОРО:
    Почна да ика синоќа бевме до кај нив ..и одма
    "ладно ти е бабичка, сега ќе те завиткам во ќебенцево" - ( јас ќутам не викам ништо, си гледам неш во тел , пијам кафе-како чудно некое чувство-како туѓинец а не како да припаѓам тука) ...
    Да напоменам дека бебето е облечено во долго боди и комплетче згора по долго

    а за икањето читав ,дека новороденчињата така дијафрагмата и дишните патишта ги оформувале и дека нема врска со ладно..

    И во ред. Немора на се ова да ми враќате, но сега главното:

    Кога бебето почне да плаче дома, јас одма го земам -му давам да цица, да се смири..шетаме низ соба итн итн

    Сеа вчера се држеа кај нив (ако, нормално баби и дедовци се,сакаат да ги поддржат. Ете и мајка ми обожава да го држи)
    Но ко ќе заплаче бебето, се трудат упорно да го заќутат, а јас глупата стојам како некоја дева Марија наместо да реагирам (од што незнам ни да реагирам, се чувствувам како под некоја енергија, како да треба да размислам за секој следен потег и чекор дали е исправен или не (да го земам да не го земам) итн итн ...нз дали ме разбирате.

    И за на крај кога не престанува, т.е се гледа дека ме бара мене, јас чекам со пружени раце Една доолга мунута за бебето да ми биде дадено в прегратки мене..
    и уште ред вакви ситници во секојдневието.

    Како би се справиле со последнава случка нарочито? :fubar:
     
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Прво за последното. Јас сум многу јасна. Не стојам и ќутам, ќе речак јасно и гласно дај ми го, се пружам и си го зимам. Многу е едноставно.

    Види, ти си многу фина и како што гледам не сакаш да се осетат навредени или отфрлени.

    Ама...ама...ова е твое дете. Како што ти го знаеш, никој не го знае. Ниту таткото.

    Свекрва ми замараше со облакање, покривање секој пат кога ќе наминеше или кога ќе отидевме.
    Вика ладно му е, викам не му е, доволно е, јас знам.
    Вика покриј го, викам не може, доволно му е топло. Го осеќам, ти да не се секираш.
    Мм кога е тука, он и вика, не треба ики доволно е или ние си знаеме.
    Иако не би смеело да те ставаат во ваква позиција, но ти мора да реагираш.
    Уствари маж ти треба да пресече ама ај.
    Еднаш ми го зема кога имаше грчеви од раце и од тогаш никад не и текнало такво нешто да направи.

    Не ја имам навредено, но имам поставено граница. Сега ме прашува и чорапа дали да му облече кога он сам ќе ја тргне.
     
    На 24.07, Marija2007, Coco31 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Pebeka

    Pebeka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    1.458
    Значи буквално се како јас да сум го напишала ова,до збор.Те разбирам ,иако за многумина не е ништо ,сепак ме вади од кожа.Мислам дека сето ова се случува оти многу размислуваме за секој потег,збор....за да не навредиме ,повредиме некој и изгледаме како несигурни ,а тие тоа го чекаат.
    За последниот случај така беше и кај мене јас и го земав од раце бидејќи беше мало бебенце,нареден пат беше поголем па ја оставив и си седнав релаксирано,кога виде дека неможе да го смири сама ми го даде ,јас само се насмевнав .Така да пробај нешто слично ,на начин на кој сами ќе се уверат,зошто поинаку нема разбирање ако се тврдоглави.
    За золвата што да ти кажам,ако се прави шеф и таа незнам оддалечи се колку можеш.
     
    На Избришан профил 156253 и Eli23 им се допаѓа ова.
  5. Rosa123

    Rosa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    27
    Мајкиии незнам дали за тука да пишам... ама имам Биогаја пробиотик само еднаш искористен не му одговара на бебо... а гледам дека треба да се потроши за 3 месеци јас го отворив пред 2 3 недели ако некоја сака го подарувам нека ми пише порака... Исто така и капки за грчеви на бекутан...
     
  6. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Те читам, како јас со првото да пишувам. Исто, ја нишкаа низ дома што подалеку од мене, ја клатеа а таа плаче до зајдување, само да не ми ја дадат.
    Облакање, јадење, спиење, се исто.
    Икањето исто, капче исто, елече да облакам, папучки плетенки да ми купела....
    И моментот со кафето и чувството дека не припаѓаш. Буквално се сум доживеала.
    И бев многу исфрустрирана, чекав второ дете ко поправен испит да им го покажам местото.

    Не ќути, охрабри се и коментирај. На шала на смеа.
    Јас неколку пати се имам карано така и испаѓа после јас лоша, а јас се каам дека сум претерала.
    Сега се најчив на шала на смеа и да им плеснам, муцката затната, а јас не се фрустрирам.

    Коментари во стилот:
    Јас знам како да го облакам, мајка сум,
    Ние сме родители, ние одлучуваме,
    Не ми се мешајте толку,
    Педијатарот ми рече за икањето вака и вака( јас тоа го користам на секое :rofl:),
    А последно реков и Леле не кажувај така пред други, ќе ти се смеат.

    Зашто јас да испаднам будала за туѓите глупости, нека осетат они за глупостите шо ги праат.
    А золва ти директно би и рекла, леле мама/свеки или како и да ја викаш, и тебе ти се јави да ти се жали?

    Капче само за надвор, па ни тогаш. Свеки и за големата која е 7 год уште кажува дани земам дуксер и капа, на врата ме чека секое искачање.
    Они нема да се сменат, еве 7 години исто е, само ти можеш да се смениш.
    Трпев и станав безгласна буква.
    Не си го прави и ти истото.

    Почни полека со ситници. Не е срамота и не е ништо лошо да си го кажеш своето мислење, својот став.
     
    На Oneo, snegulkata, 24.07 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Pebeka

    Pebeka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    1.458
    Еве исто и кај тебе.
    Не ми е јасно од која причина така прават со бебињата кога плакаат а не го даваат на мајката,сум била сведок повеќе пати,и на мене ми се има случено.Се прашувам што им се врти во главата па така се однесуваат,место да и помогнат на мајката тие уште толку ја нервираат во целата таа нова етапа.
     
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.301
    Допаѓања:
    19.106
    Абе МОЖЕБИ дури плаче си викаат да пробаме да го смириме ти да се одмориш. Може и не е ништо намерно кон тебе.
    А коментари секад ќе има верувај. Јас кога ќе кажев доктор ми кажа вака и така тие одма " да бе шо знае тој" . И со кого да се докажуваш.
    Кога ќе заплаче само кажи " и се цица дај ја".
    И мене ми викаа вас по 2 пара чорапи ви стававме е да затоа сум се смрзната сега :D
     
    На Yowannty, mal.ecka, Erika.greeneyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.054
    Допаѓања:
    4.913
    Исто ми беше. Дури имав некој нелогичен страв да не ми ја земат. Затоа па не ни ја давав да ја држат многу. Ич не ми е криво. Спас ми беше тогаш на почетокот да се дистанцирам, дур не си ја вратив самодовербата. Ама сега да се вратам, охооо колку ќе коментирав, тогаш ќутев, не знаев што да правам, а од внатре вриев. По одвратно нешто од такви коментари на мајка да и дадеш нема, ми се гади буквално кога ќе ми текне. Дај ми јас ќе ја успијам, јас ќе ја нишкам, дај јас дај јас, абе бркајте работа. Пази на главчето, зошто ја држиш така гледај како и е главчето, искривена е. Е после се дрзнав и јас така кога ќе ја земеше да и викам, не ја држиш убаво и она да ми рече не не добро ја држам. После приметија дека не ја давам да се држи :emo:.

    Ослободи се, ќе ти расте самодовербата ќе видиш. И кога ќе сакаш да го земеш бебето оди и земи го не чекај. Ако плаче кажи дојди кај мама и земи го. Ако ти прокоментираат нешто кажи мама знае најдобро.

    А ова со облекувањето мислам дека нема спас, кажи дека такви совети си добила од доктори, педијатри и слично и нема што да се мешаат. Прочитај на интернет колку е полошо да наоблечеш отколку да расоблечеш дете за да имаш факти и аргументи, терморегулација им е на глава, дома никако не смее да се затвара. На крај почнав и да викам дека намерно е голо за да го јачаме со имунитет, стварно не знаев веќе што да кажам, морав да давам едноставни објаснувања.
     
  10. Indi96

    Indi96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    И јас ја користам истата финта гладно е :D Сите имаме такви проблеми али во едно уво нека влегува во друго нека излегува за мир во куќата со тек на време ќе сфатат дека тие ги пораснале нивните деца а сега е ред на нас и ние да одлучуваме за нив .
    Патем имав случка дојде до караница бидејќи кажав и реагирав дека не сакам на два месечно бебе косата со фен да се суши а имам дозволено да го бања бидејќи и било ќејф на свеки е богами кога кажа дека со фен му ја сушела косата морав да реагирам и на крај бев лоша разбрана и ми беше криво
     
    На Избришан профил 156253 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.803
    Допаѓања:
    40.362
    Пол:
    Женски
    Има причина за да не се суше со фен косата или ти така сакаш?
    Прашувам оти јас на моите со фен им ги сушам косите
     
  12. Indi96

    Indi96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Стар искусен педијатар ми кажа дека не е препорачливо поради фонтанелите и со тетра пелена му го бришам косето и одма се суши нема многу коса
     
    На Избришан профил 156253, mal.ecka и forumce им се допаѓа ова.
  13. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Ова за "сликање и фалење" е од свекрва ми муабет(facepalm) да си го покажала внучето пред цела фамилија. Се надевам ќе најдам антифони (ДМ немаме во градов) иначе објавувам војна.
    Толку ми е небитно се и споредно па и свадбата, така да што е до мене можам да си седам дома око да не ми трепне. Да го оставам немам со кој, а и некако освен со 2-3 ца блиски не ми се гледа и дружи со никого, ни по свадби ми се оди.
    Што се сторив ваква? Вели мм да излеземе вечер со тие и тие, јас превртувам очи, губење време ми е тоа. Не бев јас толку асоцијална, ама сега откако сум мајка се сторив таква. Што дека ќе седам со Х луѓе и ќе си зборуваме општи муабети. Поарно да си седам дома и да си го опуштам мозокот со некој филм :| е такво ѓубре сум сторена. Да се надеваме ќе ми пројде.
     
    На Избришан профил 156253, Hellokitty93 и see.emily.play им се допаѓа ова.
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Опушти се, не си стварај лоша слика за себе.
    Таков период е, заморот си го прави своето. Не е тоа ѓубре, тоа е е период во кој ти е потребен мир.
    Ќе биде се ок, само време е потребно.
     
    На kozuf, дамјана и Honny им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.931
    Допаѓања:
    18.825
    Пол:
    Женски
    3 години наполни во јули и по свадби и кафани не го носам. Има кој да го чува додека сме на свадба а ако нема јас не одам. Немам намера да реметам ред на дете.
     
    На elimkd, minne992, Калатеа и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Исправен став што за жал во куќата моја никој не го дели
     
  17. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    2.620
    Пол:
    Женски
    Мојот кога беше бебе до 4м спиеше денски дремки само врз мене. Дојде свеки, вика аа не го учи вака, нема да можеш да јадеш и во вц да идеш. Знам а дека не и беше злонамерен коментарот ама по два дена кога дојде пак, иста песна. Ми вика дај јас ќе го успијам, и го давам, го успива 6 пати и го остава, овој се буди 7 пати. И вика не бива, ми го дава.
    На се и климам и си терам по наше, гледа дека не ја слушам ама нема што да прави. Золва ми е на дистанца, нема право на глас. Е сега свеки ќе го гледа по 2,3ч додека си дојдам од работа и знам дека ќе го наоблекува ама тоа е, нема се совршено. Со педијатарот и јас се вадам по сто пати, само и речам прашав педијатар рече не или рече вака. Без кавги и надигање глас.
     
    На Yowannty и Избришан профил 156253 им се допаѓа ова.
  18. Indi96

    Indi96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Имав 7 свадби ова лето во јули и август на ниту една не бев маж ми одеше сам бидејќи бебе ми беше мало во јуни се породив .
    Единствена свадба на која што бев беше крајот на септември и го оставив на чување 3 саати и се вратив.
    Свадбата и без нас ќе биде тралала трилили неколку саати зошто да му го реметиш редот на детето
     
    На Избришан профил 156253, elimkd и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  19. Sailorgirl

    Sailorgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2021
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    444
    Пол:
    Женски


    @една-поречанка, булвално од збор до збор ко јас да сум пишувала.. Истото и кај нас се случуваше и има моменти уште се случува.. Дури и бетер, до тој степен што бебе уште немаше ни 40 дена, свеки ќе му правеше штедна книшка, пошто ние ќе сме му ги потрошеле парите, а детево мое ко да нема родители што се секираат за него, ко умрени да сме па тие се секираат појќе. И јас чутев, собирав, некогаш на зезање ќе им плеснев, некогаш ќе се ваѓав на тоа " педијатарот така ми рече", мм ќе свикаше во одредени ситуации, али џабе, пак си тераа по нивно, и еве пред некој ден, кога ми прекипа и мене и свикав, испадна дека сум најлоша.. И пак после јас сама се јадев зашто дозволив да се испровоцирам до толку и да свикам, ма да ситуацијата беше стварно за викање.. Незнам дали има лек за ова, еве мм знае и да свика и да пресече да им стави граница и тоа трае така неколку дена и после пак се враќаат на исто.. А за золвата, јас само едно викам, ќе се омажи, ќе има свое дете па ќе види како е.. За свое дете нит баби нит тетки, никој подобро не знае од мајката, и никој повеќе не го сака од мајката.. Незнам зошто им е тешко ова да го разберат..
     
    На Yowannty, mjay.yyy, Erika.greeneyes и 2 други им се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.803
    Допаѓања:
    40.362
    Пол:
    Женски
    После карантините и короната имаше многу кои правеа свадби со бебе.
    На бебе нема да му изреметеш мир и ред од еден ден.
    Ама добро, секој со своето.
     
    На Snowflake92, Lavica2602 и Cloverrrr им се допаѓа ова.