Еве сум јас од збор до збор буквално со првото дете пред 5 години. Сеуште вријам во себе, не бев доволно силна да се спротивставам на секој еден збор, што од слабост после пораѓај што од што и така сум мирна. Треба да пресечеш одма, уште пред да почнат, и со еден збор крај еднаш за секогаш да ставиш, ама ете не го применив тоа па те сфаќам целосно како ти е. Зборувај и со маж ти. Кажи дека психички ти влијаат, дека вие сте родители на тоа дете, убеди го маж ти и тој како непоминат низ процес на породување ќе ти помогне можеби. Последици остануваат, а на детето му треба психички здрава мајка. Ние кога бевме Мк сега и една жена по пат ми рече кај му е капчето на бебето и леле мислев дека готово таа ќе си го добие сега како последна капка. Сеуште се прашувам еве зошто ми го рече тоа на поминување, излеговме од кола за до аптека на 30 степени и пак ми е криво што не ја застанам да и раскажам и да ја прашам сега што мислиш дали му треба капче или не и зошто коментираш воопшто на непознати луѓе, може сум го заборавила, може може може илјада причини постојат, зошто едноставно не си одиш по патот. Не можам да прочитам се наназад ама ние одевме по родендени и свадби од сам старт, спиеше на гласната музика и се беше ок. Не сметам дека е во ред, ама не сметам ни дека не е во ред. Секој најдобро си знае за себе, колкаво е бебе, каква свадба, можеш да пробаш да отидеш ама спремен дека можеби ќе треба да напуштиш за 5 минути или саат два итн... Секој знае најдобро за себе, советите од страна се идеи кои можеби не ти паднале на ум во моментот и ти сам избираш што прифаќаш што отфрлат и што е најдобро за вас во моментот, под вас подразбираш мајка татко и бебе, на тројцата заедно што е најдобро.
Е кај мене, со сила му туткаше на болно бебе супа да јадело, кога тоа од шлајмот се дави и повраќа, и кога ќе исповрати и млеко и антибиотик и се повраќа, кога ние упорно и кажувавме да не му дава ништо, и на крај кога мм свика, искоментира дека 9 месечно бебе не се чувало со доење само, затоа болно било, тука ми прекипа чашката и изреагирав, после сама се јадев зашто изреагирав.. Испаѓа тие дека се секираат повеќе од мене, јас 24/7 што си го знам детето, ништо не знам, што 3 дена седев над него и мерев тт на 15 мин, пробував да му дадам да јаде и џабе, не знам ништо и не сум мајка, така се осетив во моментот...
Правеа, јас бев на свадба и крштевка и уште ми е тешко што детето 6 саати не престана со плачење. Вриштење беше тоа, еден, друг го зимаат тоа вришти погласно од музиката мислам дека беше. Да има деца што ќе заспијат, кај нас на свадба едно детенце спиеше, друго го оставија дома зашто од музиката дома се вознемири , а не пак во ресторан.
Секоја мајка најдобро си го познава своето дете …не е за џабе речено “ оф мори мајко” никој не сме рекле оф бабо оф тато па шо реално така си е , а нај трагикомично е шо сите за совети не побарани се први и сите знаат повеќе од мајката и се грижат а кога е ред за ноќно презаспивање тогаш никој нема бебе мајка си бара
Епа секој најдобро си го знае детето. Мојата кога ја оставивме кај мајка ми за да одеме кај кумовите на свадба, почнала да вриште и да не се смирува. Па затоа ја земавме со нас. Заспа само што ја земав и спиеше во ресторанот.
Ви благодарам многу за одговорите Незнаете како се олеснив од кога споделив тука сабалјево. Како пола мака да ми заминала по реката. Ама морав да се искажам тука. Дури лошо ќе звучи, но се чувствувам задоволно што некој ме разбира затоа што веќе поминал низ тоа. Ги читам вашите одговори од сите, по неколку пати. Аман, да ми влезе нешто во главата
"ма сега цицаше бабичка, аеее пак ќе цицаш... татко ти не цицаше на секое.." Значи моето бебе не е Јас и не е Татко му.. Јас стварно незнам За тоа да, со докторите "ма што знаат тие" Не, ние све знаеме. т.е нарочито повозрасниве
Леле не е можно свекрвите сите ко од ист калап правени. Ние сега имаме ситуација со конјуктивит и тоа мажот ми закажи од внуката од деверот која оди во градинка ...ја донесоа кај свеки неделечена... Ќерка ми не ја пуштив да оди оти кашлаше ама маж помал од сите деца закачи и на моите дома им донесе. И му кажувам дека не се чисти со камилица туку со оние ампулчињата со солен раствор и таа пак упорно..да сварам камилица за очите. Абе некој со пониска интелигенција да беше ќе сфатеше од толку повторувања ама не и не...таа најмногу знае.
Вчера му го виде јазикот на бебево бел му бил. Со сода и чепкалка за уши да му го исчистам. Господеее значи ја до сеа не сум го чула тоа да е некаков проблем. Оф бре луѓе
Твоја да не била свекрвата у банка што дојде еднаш додека чекав ред, со истиов муабет. Банкарката и вика Ама госпоѓо мора родителите да дојдат, не можете вие. Е како не можам, јас сум баба, они ќе ги потрошат парите што и ги давам, срамота... Оти ние родителите не знаеме ништо, они се сеќираат поише за нашите деца од нас.
Како се осмелуваат да располагаат со пари кои не се нивни, не ми е јасно. Мајката и таткото ќе ги потрошиле. Што ја гајле неа што ќе правам со парите на моето дете. Ретардирани
оф, незнам...еве незнам зошто им е тешко да разберат. Знаеш, на золва ми ќе им биде страв пис да и речат, ќе им се развикат (родители и се) .И јас ќе и викнам на мајка ми со слобода и после и ќе се смееме и пак ќе се скараме. Небитно. Ама на другата страна е потешко ...кажаниот збор не се враќа, ама кај и да е ќе ми прекипе
Хаха, може и била мојата се секираше, од мекиците парите и што го дарувале детево, дека ние за збеслак ќе ги потрошиме, ќе нема детето