јас и кажувам на золва ми(пошто таа одма принтскринови ми испрати зошто се носело капче и на лето и на зима) ...јас од другава страна и го кажувам обратното.... Хаос. Ама добро...кога ќе стане мајка, ќе сфати и таа дека мајката има чувства, дека ќе знае и самата да донесува одлуки незнам. Одеднаш станаа сите експерти и заинтересирани
точно! навистина несакам да се отфрлени. Ете не живееме заедно, и несакам да се чувствуваат дека не го гледаат доволно (иако моите родители веа во посета само 4 дена па штобда речам). Дури и тогаш притрчуваа со свекор ми до бебето, наместо да ги остават и мојве да се порадуваат малку. Нејсе, не е тоа темата. Ама ко што ме препозна, сакам се да обострано и рамноправно од двете страни. Не еден повеќе еден помалку. Ама изгледа раа доброта и неснаодливост ќе ми дојде ба главата мм се труди, прилично добро се носи со ситуацијава. Ама јас...јас морам да си најдам некое решение и нешто да применам од вашиве искуства..
Господее , од лошо по лошо имало Моето сакаше првите месеци со јајце скршено во водата да се капело аха важи нема проблем нека мириса на јајце
За првото истото искуство го имав, ве разбирам се, баш си се жалевме со @Eli23 од тогаш. Сега сами ги гледаме, слабо доаѓаат сите за второ а баш сега е повеќе потребна помош, сакам да одморам малце ама може враќаат за првото што не го давав. Е за бабини деветини јас со мајка ми се расправам. Не ме оставаше чао да речам до 40 дена, ќе ми секнело млекото секогаш и барам научно објаснување на глупостите ама нема Преѓе јадев кифличка, а малава цицаше и ми се засркна. Јас ја кренав и ја тапкам, мајка ми вика "коска од боска" речи одма ќе престане луѓе кога се засркнав јас од смеење со кифлата, ќе се задавев. И велам вакви работи да не слушнам повеќе, ќе ме задавеше.
Точно така. Па кога ќе се уклучат најмајките да кажат како треба. И нашите деца на своите родендени нема да сеќаваат кога се мали па сепак им правиме, душата ни е полна во мометот кога ги гледаме како се радуваат. А членката јас обожавам да ја читам со позитивните постови и пред се искрени .
Влегов тука онака викендашки да си се пожалам, дури си поплакувам на само. Бебко од ноќеска со тт, не кашла, нема шлајм, само тт. Ако трае и денес мора да го носам на лекар. Вие имајте убав викенд.
Ве исчитав сите. И мене ми се случува истото моментално. Па дури се мислев јас да не претерувам да не сум многу посесивна ама кога читам дека на сите ви сметало истото, ми олесна. Значи не е до мене. Свекрва ми на почетокот мислеше таа е мајката не бабата. Менуваше памперс ја преслекуваше. Ќерка ми плаче таа упорна не се предава. Она ќе ја смирела. Мислам тоа им е некое его дека можам јас, ако ни ја дадат нас мислат дека се понижуваат. Кои сме ние да го смириме бебето бабата е тука И тој момент кога упорно плаче, како ги држи срце да го слушаат само по нивно да биде, да може ќе го смират ама откако ќе се изнаплаче а кај мене одма се смирува. Не сум и рекла ништо ама ставив сама граница. Вика какана е и уште не докажала демек ќе ја преслечам, јас одма ја пресечувам, да дојадам и ќе ја преслечам јас. Вака неколку пати и више не ја преслекла она. Јас не дозволувам. На почеток и дозволив од ќеиф ама кога видов дека не знае за доста толку беше. А за ова со плачењево уште го прават некогаш одма им ја земам некогаш ги баталувам. Глупав ми е тој момент јас станувам тие не го даваат бебето па буквално додека велам дај ми го сама им го земам од раце. Исто ме нервира јас ја држам и тие дај ми ја мене и неколку пати им имам речено подоцна сега јас ја држам. Ооо па ти цела ноќ и цел ден ја држиш им викам да тогаш ја држам за доење и слично од што така треба а сега ја држам од ќеиф. Еве пример вчера се успа после пладне и не ја видоа многу и доцна стана па и доцна беше бањата и јас нормално си имам ред после бањање ја заспивам. И свекрва ми ела да те ставам во релаксаторот и јас и реков не може сега ќе спие и она вика кажи и на мајка ти па јас сега станав. И викам ќе спие пск после јас нишам до 5 сабајле. Не рече ништо и си замина лута Со нив не гуга и не се смее. Само со мене го прави тоа. И гледаат и неми се тогаш а маж ми само вика како се смее со мајка и, тие ќутат. Сега они пробуваат и гугаат таа ништо и тие леле како ми се смее а тоа нема врска уствари прозева. Овој момент не можсм да го разберам се натпреваруваат со мене или што? И кога почнува да им плаче кој те налути сега, мајка ти ? Тоа е. Колку и да ставаме граници коментарчиња ќе има
Ситуација од вчера. Свеки го чува на девер ми детето и беа горе кај нас. И ми вели ај јас ќе ги симнам доле, ти исчисти си. И кажав нема да може со трите одеднаш. Она: еее абе ќе можам, како не. Викам ок. Јас си исчистив дома и се задржав повеќе од што она мислеше и се симнувам доле, го гледам во двор свекорот со детето на девер ми, го прашувам што барат надвор. Он ми вика свекрва ми рекла дека не можела да ги гледа сите па затоа му рекла да го изнесе надвор детето. Ништо јас си насмеав под мустаки и влегов внатре кај нив. Некогаш ако ги оставам да завршам работа, они сами ги качуваат оти не можат да ги чуват. . Ама зборат дека можат. Јас сум моментано сама, мм не е овде. И покрај тоа што чувам две деца, стасам да направам ручек секој ден, садови, алишта, се ми е спастрено и исчистено. А свекор и свекрва заедно го чуваат детето на девер ми преку 1 недела и пак не може еден ручек да си направи, ниту да исчисте по дома. Нема енергија веќе кога ќе го предаде детето. И после они( за сите зборам) можеле да чуват деца. Ма да
Слободна сум како птица , досадно ми е па да пишам уште еден Ферман оти викендов гарант ќе ме нема Доаѓа мајка,на пат е , тоа значи ќе се ака Направив мала 'збрка" вчера , ама па ако, ја размрдавме темата . Јас уште коа ви дојдов овде ви кажав дека малку ќе отскокнувам од " правилата " на помладите мајки. И свесна сум дека правам 'грешкички' во мајчинството . Почнувајќи од тоа што Не доев оти така одлучив а имав млеко , па тоа дека мајка ми ја викам еднаш на три недели да ми го чува бебето за ние да се издуваме , па тоа дека бебе ми е често во кафичи и кафани ( на отворено) , па еве сега и со будењето . Јас се трудам да бидам најдобрата мајка на моето дете , како и секоја мајка, нормално е тоа . Но не го чувам во стаклено ѕвоно. И да сакам Не можам , татко му работи во болница , секоја бактерија може да ни ја донесе дома . Внимаваме колку можеме , фала богу до сега не е ни настинал синко , изгледа има јак имунитет Еее, ама многу сметка водам за исхраната . До толку се замарам што не само што направивме една огромна бавча само за него и имаме буквално све од зеленчук , туку и водата со која ја вадиме бавчата ја носам од бунар . Свекор да ми е жив и здрав сето ова го прави за нас , т.е за внук му. За овоштарникот си плативме човек , да ги средува и калеми дрвцата па од догодина ќе се има во изобилие. Значи со исхраната сум опседната. Тој готвачот да знае да презбори само . И многу сум ципидлака за хигиена. Перам со дупло плавење , сушам у сушара па пеглам со пареа по два пати. Пеглам за сите , од чорапче и веш, до куњска крпичка . Купивме и крава да има младо телешко за бепка. Немам помош дома , освен што еднаш на три недели од прилика викам жена за генералка. И имам енергија и сила за све. Ручек обавезно имам ,посебно за маж,посебно за горе некогаш . Јас Не сум по манџите , мене најчесто хамбургер или рижото ми е ручек. Не знам дали сум кажала , јас Не работам и не верувам дека би се запослила некогаш . Одбрав да бидам домаќинка Фино ми е , не се жалам Максимално сум посветена на синко , маж Не толку пошто работи нели . Негово е само да го гушка , да си поигра и да го доразгали Ич немам грижа на совест коа го оставам ноќите да спие со баба му. Ногу па разбира он дал сум дома или Не . Знам да си речам - Бубче бе толку години го чекаше ова бебе, зар малку ти беа акања и шетање . Ама па толку фино се осеќам коа ќе се издуваме што одма се предомислувам и станувам свесна дека среќно дете е она кое има среќна мајка. Сувишно е да кажам дека Славенче си го сакам ненормално многу , како и секој родител што си го сака де, ама јас се сакам и самата себе а и мм си го сакам многу . Он е 60 и кусур години . Тоа е многу време изживеано на еден друг начин , без обавези ,без вакви "грижи". Ќе не штрокне нешто ако нагло прекинеме со стариот начин на живот . Затоа да ни е жива и здрава мајка ми, ете , ни доаѓа на помош и ние три дена ќе шетаме навечер , од кога ќе го успиеме. Додуша он сам си заспива ,ама јас дур не го видам заспан Не излегувам . И не давам никој друг да ми го бања . Тоа си е само мое и на мм задоволство . Сега сме на мисла од кога би го запишале во градинка . До пред да се породам бев категорична дека мое дете нема шанса да го "мачам" да иде у градинка . Очи превртував коа ќе слушнев дека невработена мајка носи дете во градинка . Сега Не мислам така . Детето треба да е со деца ,треба да се социјализира ,треба да се осамостојува од мало . Така,сега сум категорична дека ќе оди . Само да одлучиме дали со полни 2 или малку покасно И не можеме да се договориме дали во приватна или државна . Маж сака во приватната , јас мислам нема потреба. Баш ми се свиѓа нашата државна градинка. Ама ќе видиме , отом потом . И тоа мајки Да станам да здробам салата , ќе влезе маж кај и да е. А кај и да е,ќе стане и синко . Следуваат два часа борење ,лазење , и играње ди коњче Ииииии, Вечер дискоооооо Убав викенд мајки Гушкајте дечињата
леле девојки/ жени/ мајки...ма што е ова?? вчера бев скроз растревожена. Реков само јас сум. А денес се чувствувам многу охрабрено.. инаку само да ви се обратам на сите, дека премногу ми олесна што споделив со вас и што ги прочитувам и препрочитувам вашите случки и совети. Ми го олеснивте денот...ме расположивте.Мислам дека вака полесно ќе станеме похрабри, а од тие што веќе поминале низ ова ќе научиме и примениме нешто (нормално корисно и без да направиме кавги) бидејќи само се бориме за нашиот став .
Да. И мојата свекрва беше иста како вашите кога се роди поголемата. Многу ме нервираше со нејзините постапки. Сме се карале (маж ми,не јас) со нив поради тоа. Се е она нај,нај. Па колку ме нервираше кога ќе му рече на бебето бабичка. Сега некако се повлекоа. Многу подруг пристап имаат кон децата
бабичка... кај мене и мамичка и бабичка. Све му вика. Ај на тоа отрпнав, неможам појќе. Со сестрами разговарав и таа : ајде бре, не земај толку не се нервирај... знаеш за пак да е се ок, да не избувнувам. и така некако со поддршка одлучив да не го регистрирам тоа, ма да го слушам
Кај ме потсети еднаш кумовите кога си одеа од кај нас врата пред нос ми затворија да не сум излегла да ги испраќам чао да не речам. Ми се плаче што се имам доживеано со првото дете. Се чувствував ужасно, како изрод, одвратно. Сите ист филм тераа.
Некогаш помислувам дека е до мене. Јас еве сум многу поразлични откако ја родив втората ќерка за разлика од првата. Многубев посесивна тогаш, многу работи ми сметаа, ме нервираа. Сега не. Некако поопуштена сум. Болест. Шта речи