И мојата и се обраќаше на ќерка ми со мама/мамичка и тоа стриктно само кога сме сами, пред син и никогаш не и се испушти, јас и плеснав еднаш баба не мама се направи дека не ме слуша…
Мене ми рече е исто е да мама да баба.И кажав исто кога ќе си ја родиш. И да,кога бевме сами и беа глупостите пред мм супер беше.
Ех, мајкиии. А мојов прв збор баба, и со денови брбла баба, баба, а ја гледа еднаш до двапати неделно. И ич не ми е криво, само нека си збори детево, кога некој ќе ми рече нешто околу тоа одма викам, па дадилка ќе му биде нека ја вика баба. Она подмочана од среќа. Ма по 10м да ви кажам и работа и социјазација ми фали, онемев дома со дете, чекано дете, гледано, ама веќе ми требаат колегите. Ми треба кафе шема. Многу му се посветив и се чувствувам дека си фалам самата на себе. Сопругот ќе иде на работа, ќе си дојде уморен, ќе го поигра, причува, ама мене ми фали тој момент од светот. Сакав градинка сега, ама баба му ќе го чувала до 2г,ај дека и Ротата не ја прими, нека се гледаат до лето, па после ќе мислиме. Инаку многу сака деца, премногу, им се радува, ги закача, ги апи, абе ќе ги изгриза од љубов, двапати го однесов да си игра и двапати се разболе. Ајде ќе прекрцаме зима и таман ќе прооди па фешти летото.
Ти по име викај и на бабата, оди кај баба Х наместо само баба, одма ќе примети кажи па 2 баби има да не се буни .
Ве читам и јас и си мислам да не живеевме странство, ќе ми беше мене топ со свекрвата. Жената душа дава за детето, не дека нема по нејзино нешто да направи (и дала вчера плазма да шмука 8 месеци бебе) ама нема реакција и не е крај на светот. Не се потресувам многу, а ми значи што можам раат да се истуширам и јадам. Ама се си има и предности и мани. Иначе странство мм покрај стандарт смена почна и нешто приватно, па си иде одвај за спиење кога ќе стигне, што значи јас се туширам, јадам, одам в продавница и мочам ( со извинение) со бебето. Ручек ? Ретко, нешто со една рака што се прави. Од на нога поткасни и намачкај па еве до 58 килца манакенка се сторив. Мојата цуца сама не седи ни со куп играчки ни со цртани ни една минута. Ноќе се буди на 1-2-3 сати ме бара да цицне некој пат и призаспива. Ако ме нема ќе писне и ќе плаче дури не дојдам. Така да и да бев Македонија ќе не можев да ја оставам. Ама и сум се навикнала да сум до нејзе залепена, еве неколку дена како си дојдовме, ја држи свеки, ја држи золва ми и јас ко да ми фали, ко да ми го зеле детето се чувствувам цел ден Ме слушаат и прашуваат иначе не си прават по свое, затоа е златна свекрва ми. Она сака да ни угоди и да има мир во куќата. Да се знае само дека не се сите исти Утре на свадба ќе се оди а антифони за беби не купив и палто наметка или што и да е за над фустанот немам, ниту идеа што би носела, а цел ден дома и не ми се излегува. Вчера чевли купив прв пат одолеав на високите тенки потпетици и купив удобни на дебели топуци. Ги гледам и ептен ми се грди...јас ко да не сум јас. Ќе се вратам ли некогаш старата се прашувам
Секогаш сакав едно дете. И до скоро викав доволно е. Сега ме фатила некоја baby fever и сакам бебушко, такво мало, мирижљаво, нежно, прекрасно. После ќе ми текне на бременост, пораѓај, обврски, си викам седи мирна што ти е будало. Зошто растат брзо? Мислам, секој период си носи свои убавини ама брзо лета.
Немој да се двоумиш за уште едно дете браќата и сестрите се многу важни личности за сите нас мое лично мислење , јас би родила уште едно кога ќе дојде време сакам деца а и не би сакала син ми да остане сам без братче или сестричка ..се издржува се Господ дава сила
Иста бев пред година и пол.. Еве ме сега со две. Некако толку многу посакав уште едно бебе, кога и да отворев ФБ или инста ми излегуваа видеа со бебиња, потајно посакував уште едно ама не си признавав. Имавме една пијана вечер со мм и ете се фати толку лесно, неочекувано. Кога направив тест не ми се веруваше, имав други планови, викав не сакам уште едно дете, ама сега кога ги гледам заедно не можам да бидам по среќна.
Кај нас откако почна да заладува времево,кога и да отидеме кај мајка ми вели аааа на детево му требаат подебели тренерчиња. Да му купиме? И тоа еве три четири пати по ред прашува Викам дома е пекол, уште со дебели тренерки да го туткам. Свеки е друга приказна. Она си е на дистанца, се слуша само мојот збор, дури и ме препрашува за нешто ако треба да направи. Бабини деветини не сакала од никогаш, голем противник е и сум раат. Мм се лути кога го зема во раце а он мирен, ама ограничено им е времето и си викам мерак и е. И со големиов е исто. Нема дојди кај баба/дедо кога е казнет, се почитува нашиот збор и нема попуштање. Е за свекор ми можам реферати да пишувам. Ако му кажам дека нешто ми треба а го има на другата страна на државава, пали колата и заминува. Спомнав дека машината за алишта слабо ми пере, денес ми донесе нова Од голема помош ми беа двајцата оваа година. За жал тука се уште само неколку дена и после ни почнува пеколот. Дома со бебе, дете на школо, на тренинг, на роденден, пазарење, обврски низ дома, се на мене. Криво ми е што мора да си одат.
Ние едвај дојдовме до ова. По толку перипетии во бременост и пораѓај уште имам трауми да поминам пак низ тоа. Решивме дека на друго ивф нема да одиме, ако даде Бог природно добредојде. Си викам ај накај 40,таман да одмориме од траумите уште некоја година. Така си мислам колку ќе му биде тешко ако биде сам во животот, да нема брат или сестра, си треба таа поддршка да ја има.
Се согласувам. Ја гледаат несигурноста и добрината во нашите очит (добар, културен, ајде да не си и себичен) и само после ќе видиш од прст-цела рака и толку...
Убав ден а јас на работа , но со мисли на друго место ... Порачав за синко за роденден украси топери капички и свашта , има време но додека стасат таман, се надевам ке стасат... Па кога ме обли една таква еуфорија и топлина во душа , кога ли поминаа 2 годинки ми расте детето , обично не сум сентиметална до толку , уствари сум но не покажувам, но сега така ми дојде ... Убав ден мајки уживајте во денот убав
Да ве поздравам на кратко. Одамна не сум шкртнала тука. Почнав на работа, бебо у градинка, едвај се гледаме во денот. Си велам ова можда повеќе ќе не зближи, ама после ми текнува дека следна недела сум втора смена и ми се плаче. Нема по цел ден да се гледаме... А знам дека он нема гајле да има (освен можда за заспивање), ама јас психички ќе попуштам без него. Некои деца се лепенки за родителите, е кај нас е обратно, јас сум лепенка за него. Толку стана паметен во последно време, едно чудо од дете е. Ми покажува какви вежби правеле во градинка, црта на пиши бриши таблата, ме гушка, се гали, сѐ сака да научи. Ама од друга страна и инает е станат. Пред некој ден зема ја откорна гумицата на вратата (затоа што му реков да не гази врз неа) , па ме изгриза по цело лице (иако го учам дека не треба да го прави тоа) и сега сум како тепана.
Ај и јас да се пожалам, вчера ме истошти малиот, цел ден сами, и дека врнеше цел ден дома, ме збесна, по цел ден само ам, ам, ам. Досадно му беше знам, по двапати на ден се шетаме, ама ја претера, предтоа тие денови беше болен и одвај јадеше, абе луѓе детево ми јаде ама нема трпение да седи да јаде,на мајка е во трпението, а не сака додека лазе или стои да јаде, и не знам чаре како да јаде. Ќе изеде цела каша ама занимации цело време треба. Ме умира значи со ам, ам, ам по цел ден. Дали е 7ми скок, дали се чувствува дека не го се уште за се разбираме, не знамаж што е. Денес станува и пак ам, ам. Маж настинал и го пративме малиот кај баба му на гости сосе млеко и каша. Го носела во зоолошка, уживал, денес се нашета и за вчера.
Заби да не го мачат? Да пробаш гелче да му ставиш малку, јас на моето така му правев кога викаше амм амм по цел ден и после 10тина дена извади 2 заба
Еј да, може да се заби, моево извади два доле и еден горе и се повеќе ги фрлам каишите, а јаде корка леб и јогурт почнав од денес, ужива. Него, јас да прашам, сите ли машки нејќат да се пресоблакаат и да менуваат пелени? Леле, не можам да го додржам. Реторичко прашање беше, ама се надевам мајка ми ќе го научи да седи на нокшир. Не можам да се борам, се предавам и шета гол. Добра ноќ мамички
Бебе денес имаше страшни грчеви. Око не склопи, а јас како да помогнам. Сврти го на грб, на меше, тапкај, нишај, рипај, плаче се витка. До сега за саат два завршуваа, ама денес, проклет праз што јадев, стомакот му го откорна. До последно се држев капки да не давам, така и на педијатар ми кажаа, ама ги отворив сепак. Траеше голготата уште 20 мин. и го снема. А и мене со него. Кога за саат време слушам грофтање. Не може да диши. Прскај со аква марис, ништо нема за собирање, почнува да плаче, се удави, не може да диши. Мене срцето во пети, земав пак да прскам, едвај нешто извадив, уште толку почна да плаче. Земав го исправив, се потсмири, па го легнав под агол, а не знам ни зошто. Тоа ми се смее, јас липам, не можам да се смирам. Се преплашив. Коркач невиден сум, храброст никако да најдам. Мислам дека веќе ми треба психијатар. Знаев дека мајчинството е тешко, ама дали уште сум полудена од хормони, веќе не сум ни рационална. Убав ден беше, го утепавме шетајќи, купував и облеки по маалски дуќанчиња за бебуш. Камо така и да завршеше. И сега наместо да спијам кога конечно заспа и диши како што треба, јас бдеам над него и не можам око да склопам. Вака ли ќе биде цело време или полесно станува по некое време? Плаши се од болест, плаши се од лек, плаши се од сидс, плаши се од повреда, ај у пи*** материну, главата желе ми е.