Леле веднаш да смениш мајнд сет како така раце ќе ти се тресат од стрес и од паника што замарале за капче или за кебе!? Пази се, не сакаш најубавиот период од животот на ова да те асоцира нели? Спротивстави се доколку толку се потресуваш или избегнувај контакти со нив... Мене ме нервира и ден денес мајка ми кога ќе почне леле детето голо,наоблечи го,кај вас е ладно детето го измрзнавте (а кај нас 23-24 степени,детево само во покрет е и секако дека не му е ладно) и фино лепо и с'ржувам и терам даље. На свекрва ми ако и преречев на советите одма проработувше големото Его, па лутење,драма итн итн... Затоа сега комуникацијата и видувањето ми е сведено на минимум и супер ми е
хаха ова со фалењето ми е познато , па и кога ке почне да ми кажува работи што знам дека моето дете не ги прави (вака кажа , така направи вака направи а знам дека не е така , пр тие работи не ги прави сеуште ) ама ете таква си е и јас научив да не го тоа ставам на ум , туку додека го земат јас да одморам да испијаме едно кафе на раат или да си зачистам ..
Јас па едвај чекам свекрвата да го земе... на почетокот препека јас ќе го чувам 100 пати кажа.. Коа дојде за чување време еднаш не го причува како што треба, се ескивира.. а не дека има којзнае што работа, пензионерка е.
еве цела недела ве 'трујам' со мојов проблем. Незнам. Работата е што не се лоши луѓе,и несакам да се закарам оти на крај од толку: добра добра добра, аууу оваа се криела си го покажа лицето (иако тоа ќе е после 10000...досаѓања). Многу си ви право..мора да го сменам моето размислување. Да, несакам најубавиот период од животот да го памтам по овие сплетки. Ја незнам друго решение, освен после вчерашните дискусии, ако пак се повторува истото-да избувнам, да ја завршам работата и тоа ќе биде. Кога сака нека го носи кај нив, ја не одам и тоа ќе биде. Само заради мојот сопруг се надевам дека нема да дојде до тоа
Фатив се расчитав сега, цели дискусии се воделе прошла недела. Инспирирана од дискусијата предизвикана од Бубче и постовите за Др. Гуднајт од совети 6 до 12, некако ми дојде да склопам еден пост. Кога се роди ќерка ми, бев класика нервна мамичка. Сега кога се навраќам хормоните беа, зашто не сум таква, напета. Дремки волку треба да има по табела, цицања толку треба, ако ја допреше некој, ја бањав, тетри постилав, ништо да не ја допре. Се расправав ако не стигнеме до 8 да ја успиеме, туку ја успиваме во 8 ипол. Ама пројдоа 3-4 месеци, и си реков стоп. Ваков контрол фрик нејќе бебе, нејќе маж, сама се нејќев. Се олабавив скроз, и мислам дека психчки си помогнав. Сакала да спие, нека спие, сакала тогаш да јаде, нека јаде. На земја е од 3 месеци. Бута во уста што стигне. Во кафана ја носиме, мези барабар со нас на свадба не сме биле . И знаете што, поубаво е вака. Кога не се оптеретуваш се си доаѓа на свое место. На почетокот, не искачавме, мораше да спие во креветче. Сега пали количката накај парк, бебе спие, ние кафе пиеме на раат. Целиот труд за ноќно спиење, ред воведување, да не се буди, и сите Др. Гуднајт глупости се лажга и создадени да фрустрираат родители. Редот и го правев од како е родена, а почна да преспива ноќ на 1 година. Мене искрено топ ми е да сум лабава мајка. Ќерка ми јаде кога сака, спие кога сака ( ок навечер после 8 ипол не можеме да ја одржиме будна), растура играчки колку сака, кине салфети и ги фрла низ цел стан, колку сака. Можда ќе ни е размазено детето ама па за што сме го направиле ако не за да го размазуваме .
Ако едно дете од 8 свадби немало проблем со слух не значи дека друго нема да има. Ако една мајка пушела а бебето и се родило здраво право, не значи дека други деца ке се здрави. Се знае бебе во каква атмосфера спие, а тоа не е ќошец во количка на свадба.
Ајде малку на повесела тема да зборувам. Денес пак со бебе бевме во шопинг, се спремаме за ладно. Испоземав се и сешто. Какви облеки имаат за бебе, ептен се слатки. Да не правам реклама, но има продавничка во лептокарија во средишниот дел на крај, преубав памук на шпихозни. Ми даде тетката дури поклон перничка што и се изнакупував два дена по ред. Се израдував како мало дете. Мислам дека ќе го разгалам ова бебе и тоа ќе биде лигле на мама. Чекам и од нет да стигнат нарачките па и на тоа да се порадувам. Ја симнав апликацијата разговор.мк, се размислувам да поразговарам со психолог. Ќе го направам и тоа кај и да е. Долг период се борев со сопствените ,,демони", ги надминав сите препреки, но останаа некои ситни нешта несредени кои сега и врз бебе ги манифестирам. Морам да се опуштам. На се реагирам бурно и паничам. Свесна сум и сакам да го решам тоа побрзо. Си нана сега до мене, со термофорчето на пупе, кај и да е и јас ќе си легнам. Среќа, да не урочам, ноќите си ги спие 90%, со будење за цицање на два саати. Почна дури и поубаво и пократко да цица, а и сака да седи веќе и да посматра, не е веќе заспано трупче. Чекам и црно белите картички да ми стигнат, па да се занимаваме. И уште ова, седам со блиски, бебе цицаше, па демек спие, па се мази, ми вика мајка ми остави бебето доста во раце го држиш. Ајде го оставив, го покрив, наредив тропки, кога ме фати жал, пази логика, осамено да не било, а тоа до мене. Како од раце да не сакам да го пуштам. И така, има подобри и полоши денови, денес е од првите.
Зошто вакаме потсети на нешто што се трудам да заборавам!! Секојдневно што ми е во мислите и срцето! За жал јас сум првата слика! Пред тоа и четвртата бев!!
Мамички породена сум пред 1ипол месец. Пред да останам брмена носев патики 37 број после нормално имав издувани нози и успевав само во еден пар патики да се напикам. Е сега и во 38 скоро не ме собира Дали тоа значи дека нема да ми се вратат во нормала стапалата?
Здраво мајкички Ќе ја игнорирам дебатата од претходно оти темава прекрасна е и да не ја грдиме. Какви сме, такви сме, сите се трудиме да сме совршени мајки на нашите деца. Пишувам на пауза од работа, денов ко два дена ми е. Доволно спиена сум, а се чувствувам ко тенк да ме прегазил, отепана сум. Минатава недела синко ми се изразболи, 3 дена до 40 температура имаше, душа во мене немам веќе. Нема да разврзувам повеќе, сакам што поскоро да заборавам што ми се случи на детска. Не дај Боже некој да треба да оди таму. Во меѓувреме, синче си се доразгали, не можеме од раце да го симнеме. Плус тоа што скратив подои строго само за успивање, само се мази како некое маченце. Ама да се пофалам, вроди со плод, почна да јади детето, не ми се верува. Пред неполн месец се поплави станот над нас, па фино лепо ни прокисна таванот. Силум прилика ќе правиме голема преселба на народите по 7388292 пат, па така јас пакувам, син ми отпакува и пресреќен е. On the bright side, утре е ден за фризер. Едвај чекам да ми ја потсредат косата, веќе не можам да ја поднесам. Викендов ќе одиме на гости кај мајка, па ќе се регенерирам, многу ми е потребно. @Tea SK да си жива и здрава за постот. Колку нервози кркав за тоа спиење, не сакам да се потсеќам. Мора во толку тоа, во толку тоа, во толку тоа, ред, ред, ред... Ама ако имаш робот, не бебе. Барем не моето. @една-поречанка мама за да немаш нервози ни сама со себе, ни со сопругот, поставете граници фино културно. Без безобразлук, замоли ги да не ти го грабаат бебето и да не прават работи што ти сметаш дека не треба да се прават. Тие се баби и дедовци и нивна "задача" е да ги сакаат и да ги галат, ни да ги покриваат, ни да се притресуваат. Ако продолжат по старо, ќе бидеш и дрска ако треба, ако не можеш ти, маж ти. Имајте најубав ден, галете љубови најголеми. ❤️
За постов браво. И јас се нервирам, толку треба да спие, па прозори на будност. Божем бебињава се по книга.