Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.284
    Пол:
    Женски
    Да, имам ги исчитано сите маки...
    По природа сум многу мирна особа, не враќам скоро на никој за ништо (иако секогаш на било кој можам устата да им ја затворам) но не, се трпение, трпение, да не бидам лоша, само нека е мир. И, и на крај секогаш јас го јадам подебелиот крај за што, за ќефови на другите, да им угодам.
    Башка од 14 години сама живеам, далеку од моите, самостална и способна во секој поглед. Немам лошо од старците но, немам ни нерви ни потреба 24/7 да ги гледам, згора на тоа да се понашаат како ќе им прдне, па не сум должна да трпам, едноставно немам потреба. И чаре, како да ги отргнам, мислам да се има ред нека доаѓаат со усул еднаш, двапати неделно на некој саат а не вака. Ако ми беше за живеење со родители ќе се вратев кај моите, после здобивање на неколку дипломи. И да јас сум семејство со мм и бебињата а се друго ни е фамилија, ама како да разберат!
     
    На Kate Rina 93, tina2018, IRBBB и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    4.910
    А да им каже маж ти не бива? Доволно ни помогнавте фала, сега нема потреба да доаѓате, не можеме по гаќи дома да се прошетаме... Ако ни треба помош ќе ве викнеме.

    Мојата свекрва па што ќе и кажеш тоа ќе прави, дури и жал ми е некогаш, ама од друг град е. И сега толку одбивност имам да ја викнам, а ми треба очајно помош. Многу ми е глупо да и кажам да си оди, а сакам да си оди кога ќе се вратам од работа, толку само 3-4 часа да поседи дур ме нема да се причува со бебка. А и јас стварно се шетам по гаќи(poolparty). Мм вика он ќе се договорел.
     
    На Kate Rina 93, IRBBB, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.284
    Пол:
    Женски
    Прво што му кажав на мм беше дека несакан и нема бебињата да ги воспитам и растам ко него. Да, сите си ги почитуваме и сакаме родителите и за сите има посебно место во срцето. Но он има стравопочит или само страв би го нарекла и е како безгласна буква дека е единец. Се плаши да не ги повреди, но не нема, ако се паметни они самите требаше да бидат свесни да не остават а не некој да мора да им каже, ахам и ако не е по нивно ги креваат носовите и се лутат. Стварно незнам и ете не сум паметна што да превземам за да си помогнам да не се нервирам. И да, сакам и по гаќи и по пижами и без прслаче а јас цело време ко на излог....
     
    На Erika.greeneyes, Избришан профил 156253, Eli23 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    8.134
    Пол:
    Женски
    А зошто едноставно не им кажеш?
    Толку сами си го комплицираме животот што дури се чудам.
    Седни си со маж ти, кажи му како се осеќаш, ако не може он кажи им ти, претходно договори се со него да те подржи и биде на твоја страна.
    Кажи им сакам малку да им се посветам на децата со маж ми, да поуживам во овие моменти на само, итн...
    Ако не се разбираат со убаво после има друг начин и готово.
    Крај краева никој никого не треба да трпи, сите треба да си го знаат местото, у случајов ти покажи им каде им е.
     
    На IRBBB, Избришан профил 156253, Eli23 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.224
    Допаѓања:
    111.467
    Пол:
    Женски
    Како и да ги викаш, тетка, чичко, мајка, татко, баба, дедо, доста се малтретиравте, дојде време сами да се грижиме за децата, многу ни помогнавте ама мора да почнеме еднаш сами. Ако вие не не оставите ние нема да се навикнеме никогаш, бла бла, такви работи некои, уважи им го трудот да не се кренат у облаци со носовите. Ако мти не сака да им каже и се плаши од нив ти мораш, ама да бидете сигурни и двајцата дека иста приказна ќе фурате, оти они ќе пробаат со него да се оправаат.
     
    На tina2018, дамјана, IRBBB и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.284
    Пол:
    Женски
    Па очигледно не си го знаат местото или така им чини. Секогаш знам и имам што да вратам ама се преќутувам и си стварам дополнителни нервози...
     
  7. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.284
    Пол:
    Женски
    Никако не ги викам :) ако треба да ги прашам нешто ќе чекам да ни се сретнат погледите :) сега со бебињата некогаш баба и дедо ќе им речам одсечно и толку. Очигледно мм нема храброст и не верувам дека ќе се осмели да им зуцне. Со вас добив малку сила па се надевам ќе си го решам проблемот, а без да испаднам виновна, пошто така иде тоа, многу знае свекрвица да префрла и ќе ме насамари дека јас сум крива!
     
  8. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.536
    Допаѓања:
    23.444
    Пол:
    Женски
    Ова знае да ме насамари, значи не е првпат и те молам пресечи што е можно побрзо. За чување деца ќе успееш сама. Братучетка со 3 бебиња одеднаш ( тројка роди) самааа се правеше. Маж и работеше по цели денови за да ги прехрани и се по ред, она се се се сама. И деца и куќа и ручек и испрано, испеглано…
     
    На Избришан профил 156253, mal.ecka и Inamya им се допаѓа ова.
  9. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.284
    Пол:
    Женски
    Да, не е прв пат. Позади мене триста работи неточни му ја полнат главата.
    Како што пишав во првиот пост сама сум способна и можам и ги чувам, буквално ама буквално никој не ми треба, башка веќе растат и се умни :)
    Да, со ваша поддршка кај и да е морам да пресечам.
     
    На Erika.greeneyes, Избришан профил 156253, Eli23 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.536
    Допаѓања:
    23.444
    Пол:
    Женски
    Сечи со време. Една колешка ми вика, ви се дивам на вас младите, се кажувате без срам, не трпите и не ќутите како нас ( она е постара околу 50 и нешто). Јас сум баш некако на моменти се осеќам и дрска, плескам се, некогаш и претерувам ама така ме насочија неко дешавки во животот, да се ставам себеси пред сите, да не дозволам други со коментари скроз небитни, да не ми влијаат на здравјето( ментално пред се). Се сакам себеси и никој не е повредем од мене за мене. Може звучам себично, ама се ценам себеси пред се, а после другите околу мене.
     
    На Kate Rina 93, mjay.yyy, Erika.greeneyes и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.284
    Пол:
    Женски
    Не воопшто не звучиш себично, напротив такви треба да бидеме сите, но како? Како да го надминам стравот мислејќи дека ќе повредам некого доколку бидам реална и ја кажам вистината во лице, убава-не убава. Жена сум, возрасна и паметна, а правам и трпам работи што си го подгазувам моето достоинство и мојот збор за нечиј ќеф. Морам ама морам, најбрзо што знам да си ја отворам устата, па сакале лутеле се сакале не. Вака у ситуацијава сите среќни и весели освен јас. Каде што јас треба да сум најсреќна, ееејјј сум дочекала да родам две бебиња и тоа од еднаш и да дозволам некој да ми ја смачка среќата. Свесна сум се што треба да зборам и правам ама ај пуста уста, ко уста имам јазик немам ми искачат работата....
     
    Последна измена: 21 октомври 2022
    На tina2018, mjay.yyy, Erika.greeneyes и 3 други им се допаѓа ова.
  12. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.536
    Допаѓања:
    23.444
    Пол:
    Женски
    Дали некој кога ти кажува нешто или прави ( скоро 95% со сигурност ) се запрашува дали и како се осеќаш ти? НЕ. Башка па за деца утре ден да ми се однесува како она да ги родила? Аууу ако ми земе господ паметот само. Утре ден тебе децата ќе те гледаат нервозна и најбитно ќе сфатат дека на мама може се да се каже, мама ќути. НЕ и за ова. Пробај културно како што пиа една членка погоре, а ако не иде културно идеш на дрско културен, па дрско па крај. И најбитно подршка од маж ти.
     
    На tina2018, Избришан профил 156253 и Inamya им се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.224
    Допаѓања:
    111.467
    Пол:
    Женски
    Мислам дека си свесна дека првиот проблем ти е со маж ти, не со нив. Ако он застане во твоја одбрана немаш проблем, ама гледај да не си створи проблем со него со ова, да не застане во нивна одбрана. Џабе ти ќе пуштиш глас ако он го сака до себе. Пробај со повлекување на почеток, земи децата, во соба и спиј, дреми, одмарај, не седи со нив. Од таму на шетање сама со нив ако можеш, ако не со мти договори се, или договори го да ти помогне да ги изнесеш сама. Дојдете си и на бањање и спиење без да бараш од нив нешто, помош или што знам. Едноставно однесувај се како да ги нема. Ако праи ручек топ, искористи го тоа за да имаш време за себе и децата. Ако ти кажат нешто тогаш ќе им кажеш дека сакаш да го искористиш нивното присуство до максимум да бидеш со децата зошто кога ќе ги нема ќе мораш ти и да готвиш и да чистиш. Ќе видиш дека ќе ги снема за час. Од ова посуптилно амин.
     
    На tina2018, mal.ecka, Избришан профил 156253 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    Мајки да прашам за искуство, вие што сте породени царски после колку време ви дојде млеко, јас еве трет ден како сум породена и уште немам а и бебе и се нервирам многу..благодарам за одговорот
     
  15. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    2.618
    Пол:
    Женски
    4 тиот ден ми дојде, исто царски. Ставав топли облоги, не термофори на гради.
     
  16. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    8.134
    Пол:
    Женски
    Јас три дена во болница што ме стискаа таму по некоја капка едвај, после дома топли облоги, пстронажните ми помогнаа многу со масажи и за два дена дома веќе имав млеко.
    Не се обесхрабрувај, јас многу се нервирав, сакав да ја дојам многу а мислев немам млеко.
    Ставај бебе на града само да стимулира и прави масажи, погруби и ке дојде. ( и топол туш/облоги)
    Барем мене ова ми помогна.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.501
    Допаѓања:
    5.859
    ја природно се породив па 4 тиот ден ми надојде, ама послее ми се направи хиперлактација, ќе дојде без нервози, стимулирај само, бебе почесто на града и со пумпа ако имаш :) со лесно!
     
    На Избришан профил 156253 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.275
    Допаѓања:
    50.879
    Пол:
    Женски
    Јас природно се породив па после 3-4 дена ми дојде млеко, имав и порано ама тоа беа по неколку капки.
    Пиј повеќе течности, има чај за доилки земи си.
    Јас иако и сега имам млеко сеуште си пијам чај за доилки.
     
    На Ив10 и Избришан профил 156253 им се допаѓа ова.
  19. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.284
    Пол:
    Женски
    Така и се однесувам, кога е време за спиење и пиење млекце ги зимам и се повлекувам во спална, сама им давам и на двајцата, ги успивам и си лежам до нив, (јадела вафли на мм дека сум ги криела, па и реков не ги кријам ама земи ти спиј у дневна на светло и галама и тропање, си преќуте). Иако се тука голем дел јас ги правам ручоците пошто се прави не и текнува, готвам ради мм и тоа што он јаде. Сама ги бањам едно по едно кога ќе се врати мм од работа, значи ја игнорирам тотално и воопшто не ми е потребна помош. Ќе се спремаме за во парк без покана се помкнува со нас, и се она да ја вози количката, зимам да ги возам и ми вика дај јас, викам па јас што ќе правам ти ако ги возиш (вика од кај да те знам што ќе правиш, алоо без мозок), викам мои деца моја обврска. И упорно ми го следи секој чекор, како да се натпреварува со мене.
     
  20. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Како би требало да живееме без кафе? :D

    Леле жено, сум го проживеала тоа со првото. Со количката истото сеа ми го праеше на одмор. Ја собрав убаво оти преку глава ми е. :devil::envy:
    Знаеш мене шо ми направи? Доаша патронажната, јас, ќере бебе и мм дома, цицката извадена, патронажната ме прегледува дали имам млеко....ете ја свеки се качува на врата, сама си влага. Дошла да чуе што ќе каже патронажната за бебето. Таа, при мајка и татко тука.:^) Среќа ќере е 7 години и збори многу, и вика што си дошла, ајде брзо да си одиш. :$:rofl:
    На моменти сум бесна и си викам ќе се наврти муабетот, еве золвата е пред пораѓај, ќе го навртам муабетот, ќе и плеснам на свеки се. :rofl:
    Ќути ќути, на глава ќе ти се качат.
    Малце дрскост покажи, па и маж ти акп се буни, не мора пред него, на само коа сте. Нема да се осмели за ситници да се жали на секое, на крај ќе се откаже.
     
    На Kate Rina 93, tina2018, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.