Значи сите сме исти случај... За до душа јас малку ги ставив во ред, иако живееме во иста куќа (они на еден ние на друг спрат со посебни влезови) знаеше без најава да се тупоса како и чини, па вака требало до бебето, па така требало, па немој ова, немој она, па она кога ги чувала во Турско и тн... И така фино лепо јас и кажав и пресеков морав заш мм немаше абер да пресече и сега или ќе се најави и ќе дојде или ќе најде заклучена врата...
Од нив ми и секна млекото, не секое доење обесена до мене, и кажав ама не бе ко на дрво да збориш, јас у спална она по мене, ноќе ќе плачеа па 2-3 пати без да чукне влезе како патобранрц и изнаплескав тогаш и не влага веќе, ама да се свери дека не и е овде местото абер нема!
Ма какво најавување не бре нивно си е ова и се понашаат ко Америка да освоиле а јас ко вишка да сум! Се утепав вц чистејќи несакан бактерии да фатам од седумдесет годишни старци, осет за ништо!
Ништо клуч на врата и прави се улава, или следен пат фино лепо свари им СИКТЕР кафе и фино лепо објасни им и решен проблем ако чекаш на мм никад нема да се среди
Кога се породив, свекрва ми вака си доаѓаше, ненајавена, рано сабајлечки. Додуша, не седеше, по пола саат само, пробуваше да се наметне за помош, зошто она смета дека свекрвата треба десна рука да биде. Јас не дозволував, не сакав никого да ми се врти по дома. Ама прекина вака да доаѓа кога еднаш сум заборавила да заклучам врата, сум се избањала и по гаќи и прслук само бев. Она зазвонила ама јас или не сум слушнала зошто готвев, а детето кенкаше нешто во моментот или не работеше ѕвончето. И си влегла, кога да се свртам она црвена во лицето. Ниту се поздрави од незгодно, ама ми го заграба малово и низ врата без збор. Се облеков, искачам она врти надвор со него. Мм доаѓа у моментот, ме гледа лута, значи мене ми беше повеќе криво што ми го џапна така. Не знам што и рекол, после тоа ми пишуваше на вибер дали и кога може да дојде.
Се немав уклучено неколку дена. Денеска влегов со цел да ве поздравам, и да ви кажам фала што минатата и предминатата недела бевте со мене додека ги имав ОВИЕ проблеми. НО, гледам сега дека друг ги има (не дека кај мене магично исчезнаа, но вашата поддршка ме охрабрува да знам дека ЈАС СУМ НАЈДОБРАТА МАЈКА ВЕРЗИЈА ОД СЕБЕ СИ, КАКО И СЕКОЈА ТУКА ОД НАС! ) Затоа @Inamya сакам да те поддржам, да издржиш, ама и да за'ржиш ако треба. Знам дека звучиме себични, дека сакаме вака-така ние младите, но сепак стојам на тоа дека постариве генерации се стварно без осет. Потполно се согласувам со тоа што го спомна: се оддалечуваат пријателите, на раат до вц да појдеш, ма макар и папасала по земја од умор- ама мирот и слободата да ги имаш. И, Да, не секој ќе се согласи со мене- секако дека ќе речете дека е добредојдена секоја помош. Но, помош со осет- а не дополнителна гњаважа! Потполно се совпаѓам со секоја твоја реченица, и ние исто живееме "посебно" . Само што некогаш велам, можеше да биде ЈОШ ГОРИЈЕ... добро е, ајде...само трпение
Знаеш ли колку пати (бидејќи не сме МК) напоменале за да изнајмиме голема куќа за сите? ууу..... Нот! И да не се секој ден ете кај нас, па на секое да си снимен кој дошол колку седел, кај сте пошле итн итн.. Не дека можеби ќе речат нешто, но сепак... не е исто Скроз сличен случај... За све ќе се согласам и попуштам, нека ми тапкаат на глава, ама тоа не. Тој збор сум си го ветила од средно заколнала да не речам и несакам да го променам. Се надевам дека никогаш нема да имам потреба! Само цврсто... И еднаш кога ме праша мм, додека шетавме (за понудата) му кажав директно-НЕ. Ја несакам и нема да ти ги наметнувам моите родители (и тие се родители да не заборавиме) но и ти немој.Знаеш и самиот дека е така најдобро на денешницава. (И ко што кажа, од 14 год исто и јас сама.Така да ќе го најдеме редот.) Ќе се грижиме и ќе ги сакаме и едните и другите родители- но се рекло СЛОБОДАТА НЕМА ЦЕНА.
Да се пофалам јас, денес имав цел еден саат за мене. Кренав плакар, си истретирав лице, се избањав, кренав соба, јадев, спремив за шетање. Да ви кажам се осеќам поодморено него да спиев тој цел саат. Бебе пак плачеше и кенкаше цела вечер, т.е до 4 сабајле. Тоа цица, мене очи ми паѓаат, па ќе заспие на цице па ќе ја спуштам на кревет и пак ќе почне да плаче и опет поново. Среќа на крај клапна, па поспав колку толку. Сега уште спие, па од таму и на време добив. Ќе пукнам од грчевите. Вода на крај ќе пијам само. Ништо не јадам што прави гасови, не разбирам. Се надевам наскоро ќе поминат. А што убаво до 12 кенкаше и утредента до 12 ќе спиеше, со паузи за јадење. Изгледа среќен човек сум била тогаш. Инаку најдов финта за да не стане кога ќе го спуштам на кревет. Го спуштам прво газето па главчето, меѓутоа на страна го легнувам и го тапкам две минути по газе. Кога ќе навлезе во сонот, вртам на грб. Успева. Кога нема грчеви. Кога има, на глава стои, џабе. Идеме уште малце на шетња, мама некој сокич да пие.
така е ! И такви треба да бидеме. А не како нашите. Мене мајка ми ми е голема лекција и прв пример. 20 год, еее.... за децата да со баба и деда кул- ама нашите мајки. Алал да им е. И тоа не само да живеат и да не растат. Туку и да готват, чистат, печат лебови.. итн инт. Епа, не не бирам таков живот
е ради ова ја немам покането до сега ниеднаш!, од предвремен страв дека ќе ми биде "одземено". а осеќам дека мм сака во неколку наврати да ми понуди, ама ај... ко ќе изгориш и на ладно дуваш
хахаха ве читам и сфаќам дека кај сите е исто. ние исто живееме во еден двор, само шо се породив почна агонијата, секое сабајле во 7 ете ти ја ни да тропне ни ништо влага како рамбо, и советите вака треба така треба, една недела беше вака, после го седнав маж ми и фино лепо или кажи и ти или ја ќе и кажам и ќе и заклучам врата, среќа па мојава е разбрана, не знам шо и кажал али од тогаш почна да ми пишува на вибер само дали може да дојде
Добро ова со тропањево, ги учел некој свекрвиве на основна култура? Дека се тропа па се чека зелено светло за да се влезе. Свекрва ми правеше така и тоа некогаш и навечер после полноќ. Маж ми и рекол неколку пати, таа пак продолжуваше. Еден ден ми пукна филмот и и реков доста ми влегуваш без тропање. Вика тропам јас пред да влезам. И реков тропаш и истиот момент влегуваш не чекаш да ти речам ајде. Со син ти сме маж и жена во брак сега да не зборам ама навечер се влегува така? Не знаеше што да одговори, па и почна будала да ме прави дека никогаш навечер не влегувала. Не и било за нас за малечката и било. И реков нема потреба да трчаш ти на секое кенкање на малата има мајка до неа фала богу жива сум , ако ми требаш сама ќе те викнам. Од тогаш више не влезе. Се прават најпаметни се дека знаат како треба со бебето ние снаите демек ништо не знаеме. Се натпреваруваат со нас. А основна култура немаат, јазк!
Ние болни, се присетив на деновите кога беше многу болежлив, ама многу, среде ноќ уво го фати, јас и така болна, он не може да спие... ми се плачеше. Се смири со 20мл парацетамол и заспа. Стана рано рано во 7ипол среќен дека не го боли увце веќе. Јас што не сум спиена ич не е важно. Сега дур гледа цртани ќе дремнам малку, пола саат, да можам да функционирам. После ќе му ја мислиме како ќе пројде денот. Мајки од Скопје, кај носите на итна деца за вакви проблеми? Увце, кашлање, а без тт. Систина не е опција.
Јане да го слушнат носам, уво ако го однесеш на дежуено одма антиб ќе му дадат бар големи се шансите требало не требало. Однеси го ОРЛ во државна во гастро зградата, после консултирај го Паскалов дали да почекаш до вторник ако ти дадат антиб да пие за уши за да имаш време за кс да видиш што е. До тогаш за болката парац или бруфен.
Болката од вчера не се појави, ама вчера исчепка ушна маст со прстето, дали се повреди или пак дека го болело чепкал, не знам. Ако не крене тт не го носам, да не поткачи нешто појако па да се мислам што ме снашло. Вторник не одиме во школо и на работа, ќе одиме кај Паскалов па ќе видиме. Налет продолжен викенд, налет, вака болни за никаде сме.
Kako ste mamicki, nie polnivme 3 meseci so mojava i da se pofala grcevite pomalku ni pominuvaat pominavme lesno od ESPUMISAN I BIO GAJA lelee mi idet dekoracija vo dnevna da gi stava haha… a na druga strana mama e najsrekna veke 2 meseci dobivam na datum a ceel zivot se macam so ne redoven ciklus so meseci ne dobivav ne mozev nisto da planiras nervozi svee najloso… lelee mislete ke mi ostanit vaka? ko vidov deneska krv naksrekna bev